Наслов Теми Резиме Поврзани права

3 работи

• Миграции
• Војна и тероризам
• Животна средина

Оваа активност користи дискусија и рангирање во форма на дијамант за да им помогне на луѓето да сфатат како изгледа кога некој одеднаш треба да го напушти својот дом.

Право да се бара азил во други земји од прогон. Слобода на вероисповед и верување. Слобода на мислење и информирање.

Џамија во Слипивил

• Вероисповед и убедување
• Дискриминација и нетолеранција
• Граѓанство и учество

Оваа активност го истражува спорот околу градењето на нова џамија во традиционално христијанска област, преку симулација на состанок на градското собрание.

Слобода од дискриминација. Слобода на вероисповед и убедување. Слобода на мислење и информирање.

Пристап до лекови • Здравје
• Глобализација
• Дискриминација и нетолеранција
Оваа активност е симулација која се базира на судењето за „Лекот за ХИВ/СИДА“ во Јужна Африка, во 2001. Таа упатува кон темите за ХИВ/СИДА, пристапот до лекови и конфликтно барање на правата. Право на живот и достоинство. Право на заштита на моралните и материјалните интереси кои резултираат од науката.  Право на здравствена заштита.
Да одглумиме • Општи човекови права
• Деца
• Граѓанство и учество
Низ оваа драмска активност, учесниците ги претставуваат нивните перцепции за концептот на човековите права. Сите човекови права. 
Сите еднакви-сите различни • Дискриминација и нетолеранција
• Глобализација
• Медиуми
Ова е краток квиз, доволно провокативен за да биде интересен, но, исто, е основа за ефективна групна дискусија за перцепциите и стереотипите. Еднаквост во достоинството. Право на правата и слободите без каков и да е исклучок. Право на националност.
Приказната на Ашик • Деца
• Работа
• Глобализација
Оваа е активност со дискусија. Почетната точка е студија на случај дете-работник. Учесниците ги истражуваат аспектите на детскиот труд, причините и како тоа да се запре. Заштита од економска експлоатација. Право на образование. Право на одмор и слободно време.
Верници • Вероисповед и убедување
• Култура и спорт
• Дискриминација и нетолеранција
Учесниците ги споредуваат и ги спротивставуваат нивните различни убедувања. Слобода на убедување и вероисповед. Слобода на мислење и информирање. Слобода од дискриминација.
Внимавајте, ве набљудуваме • Глобализација
• Животна средина
• Граѓанство и учество
Во оваа активност, учесниците учат за социјалните, економските и еколошките трошоци за една памучна маица. Потоа тие планираат и применуваат акција со која укажуваат како да се реши кршењето на човековите права. Право на посакувана работа и вклучување во синдикати. Право на соодветен животен стандард. Право на сигурна и здрава животна средина.
Дали може да влезам? • Миграции
• Дискриминација и нетолеранција
• Мир и насилство
Оваа е активност со играње на улоги за една група бегалци кои се обидуваат да избегаат во друга земја. Го истакнува страдањето на бегалците, како и социјалните и економски аргументи за давање и одбивање азил. Право да се бара азил во други земји. Право на забрана за присилно протерување и враќање. Слобода од дискриминација.
Чахал против Велика Британија • Војна и тероризам
• Мир и насилство
• Демократија
Симулација (мини судење) кое изгледа како вистински случај што се појави пред Европскиот суд за човекови права. Слобода од мачење. Право да се бара азил. Право на праведно јавно сослушување.
Промени ги твоите очила • Сиромаштија
• Попреченост и дискриминација на луѓето со попреченост
• Миграции
Оваа е многу едноставна вежба на отворено која може да се користи како информална образовна активност. Учесниците одат надвор и истражуваат наоколу преку очите на некој друг. Сите права.
Детски права • Деца
• Општи човекови права
• Образование
Оваа активност користи рангирање во форма на дијамант за да се промовира свесноста и дискусија за Конвенцијата за правата на детето. Права на детето (сите). Право на слободно изразување на погледите за сé што го засегнува него/неа. Право на заштита од економска експлоатација. Право на одмор и слободно време и да се ужива во сопствената култура.
Различни плати • Работа
• Род
• Дискриминација и нетолеранција
Ова е симулација која ги соочува луѓето со реалноста во пазарот на трудот. Ги истакнува прашањата за различните плати за исто работно место, дискриминација на работно место и политика на мали плати за млади работници. Право на посакувана работа и вклучување во синдикати. Право на праведни плати и еднаква плата за еднаква работа. Право да не се биде дискриминиран/а врз основа на возраст и пол.
Дали имаме алтернативи? • Мир и насилство
• Деца
• Здравје
Оваа е активност со играње на улоги и опфаќа прашања за меѓусебно насилство и врсничко насилство (булинг). Право на достоинство. Право на заштита од сите форми на физичко и ментално насилство.
Домашни работи • Род
• Мир и насилство
• Здравје
Учесниците дискутираат студии на случај за да ги анализираат причините и начините да се спречат различните типови на семејно насилство. Право на живот, слобода и лична сигурност. Слобода од мачење и деградирачки треман. Право на еднаквост пред законот.
Доста! • Сеќавање
• Војна и тероризам
• Дискриминација и нетолеранција
Во оваа активност учесниците планираат и спроведуваат еден акционен проект за подигање на свесноста за Ромите – жртви на Холокаустот. Право на недискриминација. Право на живот. Културни права.
„Нацртај го зборот“-игра • Општи човекови права Оваа е тимска игра во која луѓето треба креативно да цртаат за да претстават некој збор поврзан со човековите права. Слобода за мислење и изразување. Слобода на мислата. Еднаквост во достоинство и права.
Образование за сите? • Образование
• Деца
• Граѓанство и учество
Во оваа активност учесниците треба да ги пронајдат и да ги спојат паровите карти онака како што размислуваат во врска со нееднаквите можности за образование во светот и како да се постигне „Образование за сите“. Право на образование. Право на целосен физички, ментален, духовен, морален и општествен развој. Право на еднаквост.
Избори • Демократија
• Граѓанство и учество
• Општи човекови права
Оваа е активност која се базира на дискусија и укажува на права и одговорности поврзани со демократијата и демократска дискусија. Право да се учествува во управување и на слободни избори. Слобода на мислење и изразување. Слобода на мислата.
Борци за права • Општи човекови права
• Медиуми
• Граѓанство и учество
Оваа активност користи картички со информации за да го поттикне интересот за борците за човекови права. Слобода на мислење и изразување. Право на еднаквост пред законот и право на праведно судење. Слобода од мачење и деградирачки треман. 
Прсти и палци • Животна средина
• Мир и насилство
• Миграции
Ова е симулација на натпревар за да се пронајде најзелената младинска група. Дали тие ќе бидат искрени или ќе мамат? Право на еднаквост пред законот. Право на живот и опстанок. Право на меѓународен поредок во кој правата и слободите можат да бидат остварени во целост.
Моќ на цвеќето • Општи човекови права
• Вероисповед и убедување
• Деца
Оваа е креативна активност која води кон дискусија за општите човекови права: кои се тие, зошто постојат и како треба да ги заштитуваме. Сите.
Насловна страница • Медиуми
• Глобализација
• Животна средина
Ова е симулација на група новинари кои работат на подготовката на насловната страна од нивниот весник, кој е готов за печатење. Право на слобода на мисла, мислење и изразување. Слобода од мешање во приватноста, семејството, домот и преписките. Право на учество во културниот живот на заедницата.
Хероини и херои • Род
• Дискриминација и нетолеранција
• Граѓанство и учество
Оваа активност вклучува индивидуална, работа во мали групи и работа со целата група, бура на идеи и дискусија за хероините и хероите како симболи на социјализацијата и културата и за тоа како родовите стереотипи имаат свои корени во историјата, културата и секојдневниот живот. Право на еднаквост. Слобода од дискриминација. Слобода на мислење и изразување.
Колку ни е потребно? • Војна и тероризам
• Здравје
• Образование
Оваа активност вклучува дискусија и донесување одлуки. Додека работат во мали групи, учесниците одлучуваат како да ги прераспределат парите од глобалниот воен буџет за да го пополнат недостатокот на финансиски средства за осум од Целите за одржлив развој. Право на живот, слобода и лична сигурност. Право на развој. Право на соодветен животен стандард. Права на здравствена заштита и образование.
Јас сакам да работам! • Попреченост и дискриминација на луѓето со попреченост
• Работа
• Дискриминација и нетолеранција
Оваа активност користи играње на улоги за да се истражуваат прашањата за правото на вработување на луѓе со попреченост. Право на работа. Право да не се биде дискриминиран/а. Право на соодветен животен стандард.
Само една минута • Култура и спорт
• Глобализација
• Општи човекови права
Во оваа активност, луѓето мора да се брзи и инвентивни и да зборуваат една минута за односот помеѓу спортовите и човековите права. Сите.
Јазична бариера • Миграции
• Војна и тероризам
• Дискриминација и нетолеранција
Ова е симулација за тешкотиите со кои се соочуваат бегалците кога бараат азил. Темите ги вклучуваат фрустрациите и емоционалните фактори со кои се соочуваат бегалците, надминувањето на јазичната бариера и дискриминацијата за време на процедурата на аплицирање. Право да се бара и да се ужива азил. Право да не се биде дискриминиран врз основа на етничка припадност или земја на потекло. Право на невиност додека не се докаже вината.
Нека се чуе сечиј глас • Образование
• Граѓанство и учество
• Деца
Ова е вежба со дискусија во мали групи и пленарно, за тоа што е образование и како тоа ги пресретнува или не ги пресретнува потребите на човекот, како и за процесите на донесување одлуки. Право на образование, вклучувајќи и право на образование за човекови права. Слобода на мислење и изразување. Право да се учествува во владата на својата земја.
Ajде да зборуваме за секс! • Род
• Дискриминација и нетолеранција
• Здравје
Оваа активност користи техника „аквариум“ за да се истражат ставовите за сексуалноста, вклучувајќи ја и хомофобијата. Право на еднаквост. Слобода од дискриминација. Слобода за изразување и здружување.
Ловење на китови • Култура и спорт
• Жиивотна средина 
• Глобализација
Оваа активност вклучува работа во мали групи, играње улоги, дискусија и градење консензус за прашањата за одржливата корист од морските ресурси и правата на домородните народи, слободно да го одредат нивниот економски, социјален и културен развој. Право да се учествува во културниот живот на заедницата. Право на храна и пристап до природни ресурси. Право на живот, слобода и лична сигурност.
Поврзување • Граѓанство и учество
• Демократија
• Општи човекови права
Оваа активност вклучува преговори за правата и одговорностите на граѓаните, владата, невладините организации и медиумите во демократија. Право на учество во владата и на слободни избори. Слобода за информирање и изразување. Секој има должности кон заедницата.
Етикети за спомени • Сеќавање
• Војна и тероризам
• Култура и спорт
Учесниците колективно креираат „облак со етикети“ за да ги претстават нивните мисли и чувства, предизвикани од воените споменици. Право на живот, слобода и сигурност на поединецот. Право да се учествува во културниот живот. Слобода на мислата и совест.
Мојот живот не е шоу! • Медиуми
• Мир и насилство
• Образование
Оваа активност има цел да ја развие свеста на луѓето за злоупотребата на информатичко-комуникациската технологија, а особено за сајбер-булингот. Право на слобода на мисла, мислење и изразување. Слобода од мешање во приватност, семејство, дом и преписки. Слобода од нечовечки или деградирачки третман.
На скалата • Граѓанство и учество
• Демократија
• Култура и спорт
Оваа активност вклучува играње на улоги и дискусија. Учесниците размислуваат за значењето на младинското учество и ги дискутираат начините за зголемување на сопственото учество во локалната заедница. Право на учество во влада и на слободни избори. Право на учество во културниот живот. Слобода на мислење и информирање.
Нашите иднини • Деца
• Животна средина
• Здравје
Во оваа активност, учесниците ги цртаат, ги разгледуваат и ги дискутираат нивните надежи и грижи за иднината на нивната генерација. Темите вклучуваат прашања од животната средина кои ги погодуваат идните генерации, локален развој и потреби на луѓето. Право на мислење и пристап до информации. Право да бидат слушнати сите прашања во врска со најдобриот интерес на детето. Право на пристоен животен стандард.
Пат до земјата на рамноправноста • Род
• Дискриминација и нетолеранција
• Образование
Оваа активност вклучува работа во мали групи, имагинација и цртање за да се истражуваат прашања за родовата рамноправност и дискриминацијата врз жените. Слобода од дискриминација врз основа на пол и род. Право на брак и семејство. Право на еднаквост пред законот
Играње со слики • Општи човекови права Во оваа активност луѓето идентификуваат сликите кои илустрираат членови од Универзалната декларација за човекови права. Сите.
Електрична централа • Мир и насилство
• Граѓанство и учество
• Општи човекови права
Учесниците со бура на идеи наведуваат чинови на насилство што се вообичаени во нивниот секојденевен живот, а потоа бараат креативни начини за справување со нив и изнаоѓање решенија за проблемите. Право на живот, слобода и лична сигурност. Слобода од дискриминација. Слобода од мешање во приватноста, семејството, домот и кореспонденцијата.
Одговорајќи на расизмот • Дискриминација и нетолеранција
• Култура и спорт
• Мир и насилство
Во оваа активност учесниците играат улоги во критичен инцидент за да истражуваат прашања за расизам, стереотипи и културни разлики, застапеност на некои форми на расизам и предрасуди, особено против Ромите, како и справување со расизмот во училиштето или во други образовни организации. Еднаквост во достоинството и правата. Слобода од дискриминација. Слобода на мисла, совест и вероисповед.
Бинго на правата! • Општи човекови права Ова е едноставен квиз и варијација на играта „Бинго!“ во која луѓето го споделуваат своето знаење и искуства за човековите права. Сите човекови права.
Трка за богатство и моќ • Сиромаштија
• Глобализација
• Здравје
Оваа активност симулира борба за богатство и моќ, нееднаквоста и неправдата на сиромашните. Еднаквост во достоинството и правата. Право на соодветен животен стандард. Право на здравствена заштита, храна и засолниште.
Видете ја способноста! • Попреченост и дискриминација на луѓето со попреченост
• Дискриминација и нетолеранција
• Деца
Практична активност за поттикнување емпатија кон луѓето со попреченост. Прашањата ги вклучуваат пречките со кои се соочуваат луѓето со попреченост при нивното интегрирање во општеството и перцепциите на правата на луѓето со попреченост како основни човекови права. Право да не се биде дискриминиран/а. Еднаквост во достоинството и правата. Право на социјална сигурност.
Наскоро ќе бидат застарени • Вероисповед и убедување
• Глобализација
• Образование
Во оваа активност луѓето разговараат за тоа како се развиваат верувања, како се засилуваат и како и зошто тие се менуваат со текот на времето. Слобода на мисла, совест и вероисповед. Слобода на мислење и изразување. Право на слободно учество во културниот живот во заедницата.
Спорт за сите • Попреченост и дискриминација на луѓето со попреченост
• Култура и спорт
• Здравје
Ова е високо-енергетска активност. Учесниците ја користат нивната имагинација и креативност за дизајнирање нови игри. Право на уживање во физичкото и ментално здравје. Еднаквост во достоинството и правата. Право на одмор и слободно време.
Направи еден чекор напред • Дискриминација и нетолеранција
• Сиромаштија
• Општи човекови права
Ние сите сме рамноправни, но некои се порамноправни од другите. Во оваа активност, учесниците избираат улоги и се движат напред во зависност од нивните шанси и можности во животот. Право на еднаквост во достоинството и правата. Право на образование. Право на соодветен животен стандард за добро здравје и благосостојба.
Приказна за два града • Граѓанство и учество
• Животна средина
• Работа
Ова е друштвена игра на табла во која играчите гласаат за таков град во каков што сакаат да живеат и удобностите, во кои сакаат да уживаат. Прашањата кои се адресирани се: социјална солидарност, последици од плаќање даноци и вредност на локалната демократија. Право на социјална сигурност. Право на сопственост. Право на соодветен животен стандард.
Тероризам • Војна и тероризам
• Мир и насилство
• Глобализација
Користејќи студии на случај, учесниците дискутираат за тоа што го прави нештото терористички чин и формулирање на дефиницијата за тероризам. Право на живот, слобода и сигурност на поединецот. Слобода од мачење и деградирачки третман. Право на мир.
Фрлање камења • Војна и тероризам
• Мир и насилство
• Деца
Оваа активност користи играње на улоги за да ги разгледа причините зошто луѓето се вклучуваат во насилни дејства. Право на живот, слобода и лична сигурност. Право на признавање како личност пред законот. Право на еднаква заштита од страна на законот.
Временска рамка • Општи човекови права
• Сеќавање
• Вероисповед и убедување
Учесниците прават колективна временска рамка на настани кои го обележуваат развојот на концептот на правата од 2000 година п.н.е. до денес, како и претпоставки за иднината. Право на образование, вклучувајќи и образование за човекови права. Право на живот, слобода и лична сигурност. Слобода за вероисповед и убедување.
Да се гласа или да не се гласа? • Демократија
• Граѓанство и учество
• Општи човекови права
Оваа активност вклучува анкета на луѓето од заедницата за да се истражат прашањата во врска со гласање на избори и граѓанското учество. Право да се учествува во владеење и право на слободни избори. Слобода на мислење и изразување. Право на мирно собирање и здружување.
Состанокот на синдикатот • Работа
• Демократија
• Граѓанство и учество 
Ова е симулација на средба помеѓу работодавачот и вработените заедно со претставници од нивниот синдикат за да преговараат за платите и работните услови. Право на работа. Право на праведни услови за работа. Право за формирање и вклучување во синдикати. Право на штрајк.
Насилство во мојот живот • Мир и насилство
• Војна и тероризам
• Здравје
Оваа е активност во која луѓето ги истражуваат нивните искуства во меѓучовечкото насилство. Право на живот, слобода и лична сигурност. Слобода на мисла, совест и вероисповед. Слобода од мачење и деградирачки третман.
Мрежа на животот • Животна средина
• Глобализација
• Здравје
Во оваа активност, со бура на идеи, учесниците ги откриваат врските во глобалната мрежа за храна. Тие ја истражуваат меѓузависноста на живите и неживите работи и влијанието на сите човечки активности врз животната средина. Право на живот, слобода и лична сигурност. Право на слободно располагање со природните богатства и ресурси. Слобода на верување и вероисповед.
Кога ќе дојде утре • Мир и насилство
• Глобализација
• Медиуми
Оваа активност користи информативни листови и дискусии за да ги истражи проблемите во врска со заштита на општеството од криминалци, човекови права на криминалците и смртна казна. Право на живот. Слобода од мачење и деградирачки третман. Право на еднаквост во достоинството.
Каде стоиш ти? • Општи човекови права
• Граѓанство и учество
• Сиромаштија
Во оваа активност со дискусија, луѓето, буквално се залагаат за своите мислења во врска со граѓанските, политичките, социјалните и економските права. Сите.
Кои сме јас? • Род
• Дискриминација и нетолеранција
• Вероисповед и убедување
Оваа активност вклучува buzz групи, бура на идеи, цртање и групна дискусија за истражување на прашања на идентитетот Еднаквост во достоинството и правата. Слобода од дискриминација. Право на живот, слобода и лична сигурност.
Работа и бебиња • Работа
• Род
• Дискриминација и нетолеранција
Оваа активност е со играње на улоги, која се занимава со прашања за репродуктивни права и дискриминација на жените на работното место. Право на посакувана работа и вклучување во синдикати. Право на брак и семејство. Слобода од дискриминација.
Календар на човековите права • Сите Листа на денови за одбележување на човековите права од страна на луѓето низ целиот свет; оддавање признание на борците за човекови права, сеќавање за злоупотребата на човековите права и славење на надежите и радоста. Клучните датуми се собрани од официјалните меѓународни денови на ОН, меѓународни денови признати од невладините организации и годишници од историски настани. Сите.
Игри за загревање • Игри за загревање Игрите за загревање, опишани овде, не помагаат само да се создаде позитивна групна атмосфера, туку имаат и функција да ги претстават идеите за човековите права на еден забавен начин. Сите.
Активности за разгледување • Поддршка за секого и за секоја активност од Компас Прегледувањето е суштински дел од циклусот на искуствено учење, кој е основа на пристапот користен во овој прирачник за образование за човекови права. Следниве активности се лесни и забавни и им помагаат на луѓето да учат од нивните искуства. Тие можат да се користат после водењето на некоја активност од Компас, но не треба да бидат замена за деталното резимирање и еваулација. Право на образование за човекови права. Право на образование. Право на учество.