Сите човечки суштества се универзално еднакви и специфично различни. Универзалната еднаквост и специфичните разлики треба да се почитуваат.

Преглед
Овој е краток квиз, доволно провокативен за да биде интересен, но исто е основа за ефективна групна дискусија.
Поврзани права

• Еднаквост во достоинството
• Право на правата и слободите, без каков и да е исклучок
• Право на националност

Цели

• Да се прошири сфаќањето за универзалноста на човековите права
• Да се развијат вештини за критичко и независно читање на информации
• Да се поттикне свесноста за етноцентризмот кај себе и кај другите и да се развиваат вештини за меѓукултурно учење

Материјали

Прилози
• Моливи или пенкала, по едно за секого
• Голем лист хартија (A3) или флип-чарт и фломастер.

Подготовка

Копирајте го прилогот, по еден за секој учесник. По избор, може да пишувате на табла или да користите проектор.

compass-key-date
  • 5 мајДенот на Европа

Инструкции

1Декларација за права и одговорности на човечките суштества предложена од страна на млади луѓе (1989)

1. Кажете им на учесниците дека следната активност е еден вид квиз, но целта не е да се види кој е во право, а кој не; тоа е само почетна точка.
2. Поделете ги или проектирајте ги двата извадока. Дајте им на учесниците пет минути да ги прочитаат.
3. Потоа, замолете ги, индивидуално да одлучат:
а) Изворот на првиот текст; од која книга или документ е извадок?
б) Од која земја/регион во светот доаѓа авторот на вториот текст?
4. Кога сите се подготвени, замолете ги да се поделат во мали групи по тројца луѓе. Дајте им по 20 минути да ги дискутираат и да ги анализираат нивните индивидуални избори. Тие треба да размислуваат за следните прашања и доколку е можно, да дојдат до заеднички одговор:
• Зошто тие одбрале еден одговор по желба на другите?
• Што кажуваат текстовите за нивните автори?
• Зошто авторите ги напишале овие текстови?
• Кои коментари ги добиле за текстовите?
5. Кога ќе завршат групите, движете се наоколу и соберете ги одговорите на прашањето под а). Поканете ги групите да ја наведат причината која ги довела до нивните избори. Потоа, движете се наоколу и соберете ги одговорите на прашањето под б). Запишете ги одговорите на флипчарт.6. Откријте го авторот, Саид Ал-Андалузи (од Шпанија), и продолжете со резимирање и оценување. 

Резимирање и евалуацијаGoto top

Започнете со краток преглед на активноста и потоа, доколку почувствувате дека групата е подготвена, започнете со вовед во поимите за „предрасуди“ и „етноцентризам“. Упатете ги следните прашања (или пленарно или во мали групи, ако е потребно):
• Дали учесниците беа изненадени од решението?
• Како луѓето ги направија првичните индивидуални избори? Дали тие се засноваа на погодување? Интуиција? Или вистинско знаење?
• Дали луѓето се премислија во врска со нивните избори за време на дискусиите во мали групи? Што ги натера да се премислат? Притисокот од групата? Добрите аргументи?
• Како луѓето ги бранат нивните избори при дискусиите во малите групи? Дали тие се држат до нивните избори - несигурно или силно?
• Зошто авторот така ги опишал луѓето од север?
• Какви заклучоци дава вториот текст за авторот, неговите погледи и неговата култура?
• До кој степен ставот на авторот е резултат на неговиот етноцентричен поглед и предрасуди? Или дали е праведно да се каже дека во тоа време културите во Северна Европа беа помалку „цивилизирани“ во однос на неговата култура?
• Можат ли учесниците да размислат за примери кога тие слушнале или прочитале за некои други луѓе на сличен начин? Какво би било чувството да те сметаат за инфериорен човек?
• Кога луѓето не се вреднуваат за она што се, до какви последици често доаѓа? Можат ли тие да се сетат на некои примери од историјата? И од сегашноста?
• Што треба ние да направиме за да се спротивставиме на ефектите од предрасудите? Дали постојат луѓе или групи, во области или земји од каде доаѓаат учесниците, кои се, исто така, предмет на предрасуди? Кои се тие?
• Образованието е еден од начините да се бориме со предрасудите. Што треба друго да се направи?

Совети за обучувачитеGoto top

Извадоците беа земени од книгата на познатиот научник од Кордоба, Андалузија, кој бил роден во 1029 година. Саид Ал Андалузи бил научник добро познат по неговата мудрост и знаење. За него, цивилизацијата и науката биле многу блиски до познавањето на Светиот Куран. Тој не учел само од религијата, туку бил извонреден и во арапската литература, медицината, математиката, астрономијата и други науки.

Треба да се запомни дека во тоа време, Медитеранот, а особено Арапското кралство околу него, според авторот, биле центар на „цивилизацијата“. Знаењето не било ни блиску напредно на „Северот“, како што Саид ја нарекува Северна Европа, во однос на Арапскиот свет, Персија, Кина и Индија.Имајте во предвид дека, во зависност од вашата група, можете да им дадете насоки на учесниците како покритички да го читаат текстот. Можете да истакнете дека вториот текст открива повеќе за авторот, неговата појава и неговата култура, на пример, дека тој морал да има виткана коса и темна кожа. Критичкото читање не вклучува само разбирање на содржината на текстот, туку и размислување за контекстот, кој е авторот и зошто тој/таа така пишува. Сфаќањето на ова е еден значаен чекор да се разбере како да се читаат сите пораки (историја, вести, поеми, текстови од песни, итн.) и да се биде свесен за вредноста која ја пренесуваат.

Еден начин за претставување на прашањето за етноцентризмот е да им се нагласи на учесниците дека Саид, со неговата темна кожа и виткана коса, дава многу добра дефиниција на „спротивното“ – некој кого повеќето Европјани не би го сметале за „нормален“. Исто така, важно е, преку дискусија, да им се помогне на учесниците да сфатат дека културните разлики не ги прават „подобри“ или „полоши“ од другите. Треба да истакнете дека е тешко да не им се суди на другите без предрасуди, бидејќи ние ја земаме сопствената културолошка перспектива да биде „норма“. За да се цени ова – нашиот етноцентризам – суштински чекор е неговото признавање кај другите и можноста успешно да се комуницира со луѓе од други култури.

Оставете дополнително време на крајот од активноста за да имате флексибилност за подлабока дискусија за произлезените прашања и идеи. На пример, можеби ќе сакате „анализа на..“ или „дискусија за...“, историско предавање и колку многу (или колку малку), ние од Европа, учиме за другите култури.

Предлози за следни активностиGoto top

Ако сакате да ги продлабочите идеите за универзалноста на човековите права, можете да ја искористите активноста „Да одглумиме“ која вклучува креативност и драма.

Идеи за акцијаGoto top

Забелешка 

Извадоците се земени од „Книга за категориите на нациите – наука во средновековниот свет“ одСаид Ал Андалузи, преведена од Sema’an I. Salem и Alok Kumar, Универзитет од Тексас Прес, Остин, 1991

Погледнете во книгите и на Интернет за различни верзии на тековен или историски настан кој се случува во вашата земја/заедница и споредете ги извештаите од различни страни/групи на интерес. Веб-страницата на Voxeurop е добро место за наоѓање вести презентирани во различни весници од различни земји, достапни на различни јазици. www.voxeurop.eu.
Друг извор е Indymedia, здружение на независни медиумски организации и стотици новинари, кои работат самостојно и не се корпорациски покриени. Достапен е на различни јазици. http://www.indymedia.org

ПрилозиGoto top

PDFПреземи во PDF

Квиз - Сите еднакви – сите различни

a) Кој е изворот на следниот текст? Од која книга или документ е извадок?
„Сите луѓе на земјата, од исток-запад, од север и од југ, формираат единствена група; (тие) се разликуваат по три различни карактеристики: однесување, физичка појава и јазик.“Одбери еден од следниве одговори:
a) Декларацијата за расизам на UNЕСПO, 1958д) Саид Ал Андалузи, роден 1029
б) Херодот „Историја“, околу 430 пне. ѓ) Mарко Поло во Патувањата, 1300
в) Ведите, Индија, 3.000 пне е) Никој од наведените
г) Извештај од Младинската кампања
„Сите различни-сите еднакви“, Совет на Европа, 1996

б) Од која земја/регион во светот доаѓа авторот на текстот подолу?
„Оние кои живеат на крајот од Север (на Европа...) страдаат од преголема оддалеченост од сонцето. Нивниот воздух е студен, а нивното небо е облачно. Како резултат на тоа, нивниот темперамент е студен, а нивното однесување е грубо. Како резултат на тоа, нивните тела стануваат огромни, нивната боја се претвора во бела, а нивната коса опаѓа. Тие ја имаат изгубено острината на разбирањето и изостреноста на перцепцијата. Тие се обземени од незнаење и мрзливост и преполни со замор и ступидност.“

Одбери еден од следните одговори:
a) Кина б) Европа в) Индија г) Африка д) Персија ѓ) Никоја од наведените