Што е активизам? 

Зборот „активизам“ е стар околу 100 години, барем за денешната употреба и произлегува од глаголот да се делува. Активист е некој кој е активен во кампања за промена, обично на политички или социјални прашања. Активизам е она што го прават активистите, односно методите што ги користат за да донесат промени.

Мировни протестанти и правото на протест

Двајца активисти за мир организираа јавното читање на имиња пред вратата на „Даунинг стрит“, каде што живее британскиот премиер. Едната, Маја Еванс (23),го читаше името на секој убиен британски војник, додека нејзиниот пријател продолжуваше со долга листа на Ирачани за кои се знаеше дека ги загубија своите животи, како резултат на војната во Ирак. Маја беше уапсена за активноста бидејќи претходно не ја известила полицијата за протестот. Настанот доби национално покривање во медиумите и предизвика дебата за слободата на говорот и правото на протест. Како резултат на ова, но и на многу други слични акции, владата се согласи да го преиспита законот за забрана за протест во центарот на Лондон без претходна согласност од полицијата.

„Не сакав да бидам уапсена, но што се однесува до мене, јас не мислев дека правам нешто грешно со тоа што стојам таму на врнежливо утро во вторник со колега, читајќи имиња на луѓе кои починале во војна. Не мислам дека тоа е кривично дело и не мислам дека требаше да бидам уапсена за тоа“. Маја Еванс

Активизмот, кога се применува на човековите права, значи одбрана на човековите права кога и да се загрозени или повредени, и на кое било ниво. Оттука, активизмот за човекови права е реагирање на неправда, на навредлив третман, на насилство или на дискриминација и се обидува тоа да го исправи. Станува збор за подготвеност да помага и да демонстрира солидарност со борбата на другите луѓе, борба за да се осигура дека тие се третираат со почит и достоинство, и помага да се олесни движењето кон похумани, порамноправни, општества кои ги почитуваат правата. Ефективните активисти поседуваат упорност, креативност,посветеност и честопати храброст, но пред сè, верување во човечките суштества и во човековите права. Тие веруваат дека светот во кој на човечките суштества им се почитуваат човекови права е можност, и тие тоа да сакаат да се оствари.

Прашање: Дали активистите толку многу се разликуваат од „нормалните“ човечки суштества? Кои квалитети на активистите може да ги идентификувате во себе? 

Активизмот несомнено бара и зависи од посветеноста на каузата или идеалот, и нормално постојана и долгорочна посветеност. На пример:

Да се види што е правилно, а тоа да не се направи е недостаток на храброст
Конфучие

  • Активистите за заштита на животната средина извојуваа една битка да се запре изградба на енергетска постројка на јаглен и веднаш започнуваат со друга кампања за запирање на продолжување на аеродромска писта.
  • Мировните активисти водат 30-годишна борба за да се донесе меѓународна конвенција за забрана за нагазни мини.
  • Локалните активисти кои се борат против затворање на болницата или спортската сала им пристапуваат на прашањето од секој агол, отворајќи друг пат кога едниот не успеал.

Бидете самите промената која би сакале да ја видите во светот.
Ганди

Иако веруваме дека секое човечко суштество е „мини-активист“, кој е вклучен во борбата за различни каузи во текот на неговиот/нејзиниот живот, во овој прирачник имаме тенденција да не се однесува на активизмот, туку на „преземање акција“. Активистите - во нивната потрадиционална смисла- исто така, „преземаат акција“, но тоа го прават постојано, користејќи многу различни методи, и тие веројатно не запираат додека нивните акции не повлијаат врз проблемот кој се обидуваат да го решат. Младите луѓе со кои работите, поверојатно е дека ќе преземаат и излегуваат од акција, понекогаш приклучувајќи им се на други активисти, а понекогаш делувајќи сами за прашање кое тие сметаат дека е важно. 

Прашање: Може ли да се сетите на „каузи“за кои што ст есе заложиле и бореле да се одбранат?Дали мислите на образованието како на „кауза“?

Што е „преземање акција“?  

Кога зборуваме за група што презема акција, ние мислиме на нешто повеќе од „формална“ активност - како оние во Поглавје 2 - и нешто што веројатно вклучува заедница поширока отколку самата група. Преземањето акција, како дел од ОЧП, е креирана да доведе до резултат кој е вреден не само од гледна точка на образованието, туку и повеќе од тоа. На пример:

  • Посета на локално засолниште за бездомници или центар за азил, може да помогне да паднат бариерите или предрасудите и да бидат извор на утеха за оние што се посетуваат.
  • Писмо од млади луѓе до весниците, кои ги подгреваат расистичките или нетолерантните ставови, може да ги предупреди медиумите за ставовите на младите луѓе, и може да ги поттикне новинарите да се соочаат со сопствените предрасуди.
  • Изложба на фотографии во локалната заедница, која го покажува влијанието на загадувањето врз околината, може да им ги отвори очите на другите а може и да помогне да започне движење за да се реши проблемот.

Театарот е форма на знаење; тој треба и исто така може да биде средство за трансформирање на општеството. Театарот може да ни помогне да ја градиме нашата иднина, наместо само да ја чекаме.
Аугусто Боал

Секоја од овие акции има цел и има влијание надвор од групата, но секоја е исто така зајакнувачка и ангажирачка за самите млади луѓе. Практичната акција може да донесе лекција за живот: таа може да им даде значење на човековите права и да ги претвори во нешто позитивно. Гледајќи дека од вашето дејствување другите може да имаат корист –а и вие - е моќна лекција, мотивирачка сила и охрабрување дека работите можат да се променат ако се вклучиме во нивно менување.

Прашање: Ако сте работеле со група која била вклучена во акција, што биле клучните резултати, во смисла на влијание и во смисла на учење?

 

 ОЧП, преземање акција и активизам: кои се разликите      

        • Активностите за учење во Поглавје 2 се насочени главно навнатре, кон групата: целта е образование на поединечните учесници.
        • Преземањето акција во надворешниот свет е од образовна вредност за групата, но исто така има и надворешен фокус, кон вистински проблем во светот.
        • За активистите - и професионални и „со скратено работно време“ - единствената вистинска цел е проблемот и надворешниот свет. Активистите ќе продолжат да работати да водат             кампања се додека не се постигне нивната цел.

„Децата кои растат“ (Putos qui a ta cria) 

Група млади луѓе што живееја во предградието на Лисабон, сите со африканско потекло, користеа музика за да се справат со чувството дека се исклучени од општеството и да ги едуцираат другите за почитувањето на културната разновидност. Како што групата објаснува на нивната веб-страна, втората генерација емигранти често се чувствуваат „исклучени од општеството во земјата во која се родени и живеат и се исклучени од општеството од земјите каде што биле родени и живееле нивните родители. Еден од начините на изразување на оваа дилема и фрустрациите што ги носи, отсекогаш била музиката“. 

Така младите уметници одлучија да користат рап и друга музика како форма на социјално образование која што може да мотивира млади луѓе и да промовира социјална кохезија. Тие користеа ритам и поезија за да ја пренесат својата порака и да дадат поддршка на други рапери за да ги охрабрат да ја користат музиката како алатка за социјална трансформација. По неколку курсеви за обука и со поддршка на Програмата за млади од Европската Унија, групата Putos que a ta cria сними две CD-иња и ДВД, учествуваа на различни јавни настани, организираа младински фестивал за човечки ресурси и мотивираа другите рапери. „Хипхопот е забавен, но исто така е интервенција.“
http://www.myspace.com/putosquiatacria

„Целта” во ОЧП и во активизмот

Image: The “target” in HRE and in activism

Кога може групата да преземе акција? 

Граѓански активизам е нешто што ве охрабрува секојдневно да правите мали дела.Понекогаш разбирате дека промената на овој свет станува твојата смисла на животот. Понекогаш мислите дека можете да направите многу подавајќи им рака на оние на кои им е потребна. Вие станувате слободни и го гледате светот со нови очи.
Иван Кондратенко, уредник на рускиот студентски весник „Переход“

Краткиот одговор е „во секое време“. Акциите на заедницата опишани во дел 2 од ова поглавје најчесто може да се користат или пред или по активностите за учење во клубот или училницата. Предноста на одвивањето на акцијата по активноста е тоа што групата би требало да има подлабоко разбирање за проблемите и можеби ќе можат да бидат покреативни за тоа што може да биде најефективната форма за акција. Предноста на водењето на акцијата првен е дека групата тогаш може да биде повеќе ангажирана во активноста, самата согледувајќи ја важноста на проблемот за кој станува збор. 

Едукаторите кои редовно работат на ОЧП честопати ќе се префрлат од еден на друг модел, во зависност од конкретната тема, степенот на интерес или свесност на групата, и можеби сопствениот однос со дадена група. Се обидовме да поврземе многу од активностите предложени во ова поглавје со конкретни активности во Поглавје 2. Тие се наведени на маргината, а во многу од нив на крајот од активностите стои „Идеи за акција“. Речиси сите може да се направат или како вовед, пред активноста, или потоа, како начин да се даде практична смисла на прашањата кои се веќе истражени.