Работа
Работата е неопходна за луѓето за живот со достоинство. Тоа не само што ни обезбедува егзистенција, туку придонесува и за нашиот индивидуален развој и ги зајакнува заедниците и општеството воопшто. Сепак, не секоја работа придонесува за позитивен личен и професионален развој; само пристојна работа може да го поддржува животот со достоинство. Правото на работа е човеково право, кое честопати се нарекува социјално и економско право. Правото на работа подразбира повеќе отколку да се биде во можност да се работи, како што ќе видиме во наредните пасуси.
Меѓународната организација на трудот
Меѓународната организација на трудот (МОТ) е создадена во 1919 година како дел од Версајскиот договор со кој заврши Првата светска војна. Пристојниот третман на луѓето кои работат стана основен елемент за одржување на универзален и траен мир.
МОТ стана првата специјализирана агенција на ООН во 1946 година и сè до сега е сеуште единствената меѓувладина организација во која невладините партнери работат заедно на еднаква основа со владите.1 МОТ е меѓународно тело одговорно за изготвување и промовирање меѓународни стандарди на трудот.
Не може да има траен мир без социјална правда.
Устав на МОТ
МОТ има подготвено голем број меѓународни конвенции за заштита на работните права, вклучувајќи2:
- Конвенција за принуден труд, 1930 година
- Конвенција за слобода на здружување и заштита на правото на организирање, 1948 година
- Конвенција за правото на организирање и колективно договарање, 1949 година
- Конвенција за еднаков надомест, 1951 година
- Конвенција за укинување на присилниот труд, 1957 година
- Конвенција за дискриминација (вработување и занимање), 1958 година
- Конвенција за минимална возраст, 1973 година
- Конвенција за најлошите форми на детскиот труд, 1999 година
Прашање: Дали вашата земја ги ратификувала овие конвенции на МОТ?
Право на работа
Правото на пристојна работа е загарантирано во голем број меѓународни и регионални договори, вклучително и во Универзалната декларација за човекови права, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, Конвенцијата за правата на детето, Конвенциите на МОТ, Европската социјална повелба и Повелбата за фундаменталните права на Европската Унија. Правото на работа ги опфаќа сите форми на работа, вклучително и вработување за плата, самовработување, работа од дома и други активности што создаваат приходи. Правото на работа не треба да се сфаќа како апсолутно и безусловно право за вработување.3Наместо тоа, правото на пристојна работа треба да се сфати како право на секој да има можност да заработи за животот работејќи работа со прифатлив квалитет во кој правата се заштитени и што создава соодветен приход со соодветна социјална заштита. Затоа, правото на пристојна работа има три димензии на права: право на работа, права во работата и право на соодветна социјална заштита4.
Прашање: Ако немате работа, дали е тоа повреда на вашето право на работа?
Право на работа
Без работа, целиот живот се распаѓа. Но, кога работата е бездушна, животот се задушува и умира.
Алберт Ками
Правото на работа значи дека нашите држави треба да создадат социјално, економско и физичко опкружување во кое сите луѓе имаат можност да заработат за својот живот преку работа што е во согласност со нивното достоинство. На пример, за да се обезбеди правото на работа, државите имаат обврска да усвојат и спроведат национална стратегија за вработување; да се спроведат програми за техничка и стручна обука; да ги заштити работниците од незаконско отпуштање од работа; и да се создадат закони што ги штитат луѓето од било каква форма на дискриминација при пристапот до вработување.
Права во работата
Секој има право на уживање на праведни и поволни работни услови, вклучително и безбедност на работното место, фер плати, еднаков надоместок за работа со еднаква вредност, еднакви можности, разумни часови на работа и одмор, како и права за организирање и колективно договарање. Како резултат на тоа, правото на пристојна работа подразбира забрана на принудна работа, детски труд и работни услови слични на ропство.
Соодветна социјална заштита
Правото на пристојна работа исто така значи дека нашите држави имаат обврска да креираат добро дизајнирани и соодветни механизми за социјална заштита за лица кои се погодени од политичка или економска криза и поради тоа не можат да добијат редовно вработување.5
Правото на работа во Европската социјална повелба на Советот на Европа
Лишени од значајна работа, мажите и жените ги губат своите причина за постоење.
Фјодор Достоевски
Европската социјална повелба беше усвоена во 1961 година и ревидирана во 1996 година. Правата гарантирани со Повелбата ги засегаат сите лица во нивниот секојдневен живот, вклучително и работните права: забрана на присилна работа и детски труд; заштита на работници на возраст од 15-18 години; правото на заработка за живот со професија која е слободно избрана; економска и социјална политика дизајнирана да обезбеди целосно вработување; фер работа и услови; заштита од сексуално и психолошко вознемирување; слобода за формирање синдикати и колективно договарање; заштита во случај на разрешување; правото на штрајк; и пристап до работа за лица со посебни потреби.
Повелбата има механизам за контрола засновани врз презентирањето на националните извештаи од страна на државите (Протокол 1991) како систем на колективни поплаки (Протокол за 1995 година), кој овозможува, меѓу другото, синдикатите и невладините организации да презентираат колективни жалби до Европскиот комитет за социјални права.
Европската социјална повелба во практиката
Меѓународна комисија на правници (МКП) против Португалија (1/1998)
МКП тврдеше дека Португалија го прекрши членот 7 (1) (услов дека минималната возраст за започнување на вработување е 15) години) на Европската социјална повелба со тоа што не успева правилно да го надгледува детскиот труд. Тие тврдеа дека голем број на деца на возраст под 15 години работеле нелегално во многу економски сектори и се соочиле со нездрави услови за работа. Португалската влада ги оспорила бројките и тврдела дека неплатената активност во рамките на семејството не спаѓа во член 7. Во 1999 година, Европскиот комитет за социјални права најде дека Португалија го прекршува член 7 и потврди дека забраната за вработување деца под 15 години важи исто така и за деца кои работат во семејни бизниси.
Конфедерација на независни синдикати во Бугарија, Конфедерација на труд „Поткрепа“ и Европска конфедерација на синдикати против Бугарија (32/2005)
Во жалбата се тврди дека бугарското законодавство го ограничувало правото на штрајк во здравствениот, енергетскиот и комуникацискиот сектор, како и на државните службеници и железничките работници, на начин што не соодветствува на Ревидираната Европска социјална повелба. Европскиот комитет за социјални права утврди дека ограничувањата на бугарскиот закон за правото на штрајк во железничкиот сектор и дозволување на државните службеници да се вклучат само во симболичко дејствие кое законот го квалификува како штрајк, како и забранување за нивно колективно повлекување на нивниот труд, претставуваат повреда на Повелбата.6
Повелба за основните права на Европската унија
Кога Повелбата за основни права на Европската Унија стана правно обврзувачка во декември 2009 година, Европската Унијата (ЕУ) стекна надлежност над повеќе аспекти на вработувањето и социјалниот живот за кои претходно се сметаа одговорност на националните влади.(7) Правото на работа е загарантирано со Повелбата, член 15, кој предвидува: „1. Секој има право да се занимава со работа и да извршува слободно избрана или прифатена професија; 2. Секој граѓанин на Унијата има слобода да бара вработување, да работи, да остварува право на основање и да дава услуги во која било земја-членка “. Покрај тоа, правата на солидарност, предвидени со Повелбата, вклучуваат право на работникот на информации и консултации, право на колективно договарање и дејствување, право на пристап до услуги за сместување, заштита во случај на неоправдано отпуштање, фер и праведни услови за работа и забрана на детски труд и заштита на младите на работа.
Вработување и млади
Човек мора да работи и се осмели ако навистина сака да живее.
Винсент ван Гог
Да се има работа подразбира многу повеќе отколку да се имаат средства да се издржуваме. Тоа е исто така алатка за животно искуство Преку вработувањето, поединци (особено младите луѓе) развиваат многу вештини, почнувајќи од основни технички вештини до лични вештини. Невработеноста и лошите работни услови се дел од комплексот меѓусебно поврзани прашања создавјќи пречки за целосен развој на луѓето и нивно одржување на суштинското достоинство. Некои примери на овие последици вклучуваат неможност на невработените да си дозволат соодветни услови за живот за себе и за лицата кои зависат од нив, потенцијално создавање на голем број работни места во „црниот пазар“ намалувајќи ја безбедноста на работниците и нивната способност да ги заштитат своите права, како и потребата да се креира голема шема за социјално осигурување создадена со цел да им се пружи помош на невработените.
Генерација на „практиканти“
Информации обезбедени од Европскиот младински форум. Резултатите од истражувањето можат да се консултираат на http://bit.ly/internsrevealedresults
Во 2011 година, Европскиот младински форум спроведе паневропски поглед на животот на практикантите ширум Европа, за да открие зошто последната генерација на млади се чинеше дека стана „генерација на практиканти“. Истражувањето откри дека практиканството станало норма за европските млади кои сакаат да ја надминат бариерата за работа. Специфичните податоци откриваат постојано користење на практиканти како замена за платени работници со полно работно време. Постојаната практика да се бара од апликантите за платена работа да имаат завршено неколку практиканства пред да може да се продатат на пазарот, се чини дека води кон „изгубена генерација“ на работници кои никогаш нема да можат целосно да влезат на поширокиот пазар на труд. Еден практикант кој завршил вкупно четири практикантства, го сумираше искуството: „Работодавците знаат дека можат да се извлечат без му да плаќаат нешто на практикантите затоа што на дипломираните студенти им треба „искуство“, а како резултат на тоа работодавците очекуваат некој да започне со работа на почетно ниво и да знае сè на неговиот прв ден“. Ваквиот цитат открива дека практиканството сега е задолжително за влез на пазарот на трудот, но некои стравуваат дека практикантството може да се претвори во свој сопствен суб- пазар на труд, каде што евтината (дури и бесплатната) работна сила не само што е прифатена, туку и посакувана од оние што аплицираат за неа.
Транзицијата од училиште на работа е клучна фаза за младите во нивниот личен и професионален развој и која има влијание, се до животот како возрасни. Последиците од невработеност на млада возраст можат да бидат сериозни. Невработеноста кај младите е често поврзана со социјални и здравствени проблеми како што се насилство, криминал, самоубиство и злоупотреба на алкохол и дрога.
Прашање: Дали веќе сте ја имале својата прва платена работа?
Стапката на невработеност кај младите луѓе е често поголема отколку кај возрасните. Оваа разлика може да биде голема или мала, во зависност од специфичниот контекст на земјата. Постојат различни причини за високата зачестеност на невработеност кај младите луѓе. На пример, во Европа младите луѓе обично се вработени со привремени договори или фатени во циклусот на неплатени и долготрајни практикантства8. Други причини за високата невработеност кај младите би можеле да бидат технички и организациски промени што создадоа побарувачка за повисоки квалификации, преферирање на вработените да ангажираат искусни работници и криза на пазарот на трудот, што значеше помалку работни места и со тоа повеќе невработени работници. Глобализацијата и де-локализацијата на производството во одредени сектори го надополни недостигот на вработеност во индустриите каде трудот претставува голем дел во вкупните трошоци. Секторите за облека и текстилната индустрија, кожа и обувки, бродоградба и базичните метални индустрии се меѓу оние кои изгубиле најголем број работни места во Европа во текот на изминатите две децении9.
Изгубена генерација?
Младите се премногу застапени меѓу оние во привремени договори и почесто работат под несигурни услови. Според МОТ, „проблемот е особено акутен во земјите со високи приходи каде што е императив да се спречи појава на „изгубена генерација“на млади чии изгледи за вработување значително се влошија во пресрет на глобалната криза“.10
Во 2011 година, бројките за невработеност во Европа достигнаа рекордни висини и предизвикаа масовни демонстрации и протести на младите луѓе. Во јуни истата година, едно од пет лица на возраст меѓу 16 и 24 години беше невработено во Велика Британија, а неверојатни 44,3% од младите во Шпанија беа невработени - повеќе од било каде на друго место во Европа. Во Грција, невработеноста кај младите изнесуваше 36%, 27,8% во Португалија и 31,5% во Ирска.11
Во 2011 година, во Европската Унија имало околу 7,5 милиони млади кои биле не вработени, не во образование и не во обука.
Младинската работа може да игра важна улога во борбата против невработеноста кај младите. Неформалното образование и програми, особено оние кои се одвиваат во младински организации и младински центри, можат да им помогнат на младите луѓе да ги развијат потребните вештини за да стекнат значајно вработување и тие се покажаа ефикасни за младите ангажирани во нив. Други организации го поддржуваат младинското претприемништво, а некои дури и финансираат мали проекти за да им помогнат на младите луѓе да изградат иднина за себе преку самовработување.
Европската конфедерација на млади претприемачи има за цел да ги подобри економските и социјалните перформанси на младиското претприемништво во Европа. (www.yes.be)
Европскиот младински форум работи на вработувањето како една од неговите основни приоритетни области преку анализа на ситуациите во областа на вработувањето, воспоставувајќи стратешки партнерства и формулирање на побарувања за политики кои ја поддржуваат ситуацијата на младите луѓе на пазарот на трудот. Според Форумот, подобрувањето на интеграцијата на пазарот на трудот кај младите треба да се сфати како колективна одговорност, која бара еднаква вклученост на актерите како што се јавните власти, социјалните партнери и младинските организации.12
Детски труд
МОТ го дефинира детскиот труд како „работа што ги лишува децата од нивното детство, нивниот потенцијал и нивното достоинство, а тоа е штетно за физичкиот и менталниот развој. Се однесува на работа која е ментално, физички, социјално или морално опасна и штетна за децата; и го нарушува нивното школувањето преку:
- лишувајќи ги од можноста да одат на училиште
- барајќи да го напуштат училиштето предвреме, или
- барајќи од нив да се обидат да комбинираат посетување на училиште, со претерано долга и тешка работа. “13
Во 2010 година, МОТ процени дека имало 215 милиони деца ширум светот кои биле вклучени во детски труд. Детскиот труд е неприфатлив од повеќе причини. Прво, вклучува деца кои се премногу млади и треба да бидат на училиште. Второ, дури и кога децата законски ги исполнуваат условите за вработување, затоа што ги достигнале минималните старосни критериуми, работата што ја прават е несоодветна за лице под 18-годишна возраст. Трето, децата честопати се подложени на најлоши форми на детски труд, како ропство, проституција, вклученост во вооружени судири, како и друга работа што може да им наштети на нивното здравје, безбедност и морал.14
Прашање: Какви видови работа работат децата во вашата заедница?
Меѓународната организација на трудот долго време ги посвети своите активности на искоренување на детскиот труд и за таа цел, има голем број препораки и конвенции. Постојат две главни конвенции кои се однесуваат конкретно на детскиот труд: Конвенцијата на МОТ за најлошите форми на детскиот труд (1999) стапи во сила во 2000 година. Од јуни 2010 година, 172 земји ја ратификуваа оваа конвенција. Конвенцијата ги дефинира најлошите форми на детскиот труд како што се :
- Сите видови на ропство, вклучително и продажба и трговија со деца; принудна работа за да исплатат долг; било кој друг вид присилна работа, вклучително и употреба на деца во војна и вооружен судир
- Сите активности кои сексуално ги искористуваат децата, како што се проституција, порнографија или порнографски претстави
- Секое учество во нелегални активности, особено производство или трговија со дрога
- Секоја работа што може да го оштети здравјето, безбедноста или благосостојбата на децата (т.н. „опасна работа“).15
Конвенцијата за минимална старост на МОТ (1973) нагласува обврската „да спроведува национална политика дизајнирана да обезбеди ефективно укинување на детскиот труд и да ја подигне постепено минималната возраст за прием на вработување или работа на ниво што е во согласност со максималниот физички и ментален развој на млади лица “.
Синдикати, кои работат за работниците
Никој не може да дојде од тоа да биде талентиран сам. Бог дава талент; работата го трансформира талентот во гениј.
Ана Павлова
Синдикатите се здруженија на вработени (постојат и здруженија на работодавачи) и нивната главна цел е да ги претставуваат интересите на вработените пред работодавците. Правото на формирање и влез во синдикат, како и правото на колективно договарање се широко признати човекови права.
Историјата на синдикатите може да се проследи уште од 18 век, кога Индустриската револуција како работна сила привлече жени, деца, рурални работници и емигранти во бројни и нови улоги. Правата на работниците несомнено се подобрија, дури и ако само постепено, а синдикатите играа клучна улога во овој процес.
Меѓународни денови на работниците: 1 Мај
1 Мај ја слави историската борба на работните луѓе ширум светот. 1 Мај е роден од борбата за осумчасовен ден во време кога работниците биле принудени да работат 10, 12 и 14 часа на ден. Првите денови од мај во 1886 година беа обележани со штрајкови и демонстрации во САД. 1 Мај брзо стана годишен настан. Работници ширум светот во сè повеќе и повеќе земји го одбележаа денот на трудот на 1 Мај. 1 Мај за прв пат се прослави во Русија, Бразил и Ирска во 1891 година.
Улогата на синдикатите беше и е многу различна низ цела Европа. Во некои земји, каде се воспоставиле тоталитарни режими, синдикатите биле прегазени или создадени од државните органи и политичката елита и се претвориле во алатка за нивните угнетувачки режими. Како резултат на оваа историска реалност, многу луѓе денес сè уште се скептични за улогата што синдикатите можат да ја играат, а само во последно време работниците од овие земји започнаа.
Солидарност
Solidarnos´c´ (Солидарност) беше национално синдикално движење што ја зафати Полска во текот на 1980-тите. Движењето беше иницирано на 14 декември 1970 година, кога работниците во бродоградбената индустрија решија да протестираат, а нивниот марш од бродоградилиштата кон центарот на Гдањск беше брутално потиснуван од полицијата. Во летото 1980 година, многу штрајкувачи покажаа дека движењето „Солидарност“ се вкорени како сила за социјални и демократски промени. Членството во „Солидарност“ порасна на над девет милиони членови. Репресивната политика на владата стана очигледна со забраната на„ Солидарност“, која поради тоа беше должна да работи во тајност неколку години.
Меѓународна работничка солидарност за човековите права
Сакам да знаете дека ние стоиме со вас, како што вие стоевте со нас. Сакам да знаете дека ниту една сила не може да ја оспори волјата на луѓето кога веруваат во нивните права. Кога тие го креваат својот глас гласно и јасно и се борат против експлоатацијата.
Камал Абас, генерален координатор на независниот египетски центар за синдикати и работнички услуги во порака за солидарност до американските работници; 20 февруари 2011 година.
Покрај тоа што играат улога во борбата за подобри услови за работа, синдикатите имаа (и продолжуваат да имаат) клучна улога во градењето на социјалните движења и влијание врз социјалните промени. Во 1963 година, кога режимот на апартхејдот сè уште беше на власт, данските пристанишни работници одбија да растоварат брод од Јужна Африка. Оваа директна акција ја следеа синдикалните работници во Шведска, Сан Франциско и Ливерпул, кои сите - во солидарност со угнетените - одбија да ја растоварат стоката од Јужна Африка. Во 2009 година докерите на Јужна Африка ја објавија својата одлука дека не го растовараат бродот од Израел.16 која реши да ги блокира сите израелски бродови кон и од Израел во период од девет дена, во знак на протест против нападот на Израел против „флотила на слободата“ и блокада на окупираниот појас на Газа.
Заплашување и анти-синдикален прогон
Меѓународната конфедерација на синдикатите (ITUC), во своето годишно истражување, документираше дека во 2009 година биле убиени 101 синдикалисти, најголем дел од убиствата се случиле во Латинска Америка. Покрај атентатите, илјадници работници обединети да ги осудат нездравите услови за работа, да бараат плата или да протестираат против недоволните мерки за справување со глобалната финансиска и економска криза, биле физички нападнати, уапсени и притворени..18
Работата ќе ве научи како да го направите тоа.
Естонска поговорка
Според ITUC во Европа, и покрај постоењето на закони кои ги штитат правата на синдикатот, синдикалните работници сè уште се соочуваат со угнетувачка тактика кон вработените, како што се трансфер, наметнување на намалување на платите, отпуштања, вознемирување и манипулација.19
Прашање: Дали е безбедно да станете член на синдикат во вашата земја?
Корпорција ги дискриминира работниците во синдикатот
ITUC извести во 2009 година дека работниците во службата за ладење на водата „Нестле“ во Домодедово, Москва, формираа синдикат за решавање на прашањето за намалување на платите и влошување на работните услови. Управата на корпорацијата реагираше со покренување анти синдикална кампања: започна да го дистрибуира обемот на работа на дискриминаторски начин, така што членовите на синдикатот не беа во можност да ги завршат своите задачи во рамките на работното време или да ги исполнат своите квоти.20
Младите и членство во синдикатот
Може да се приклучите на Меѓународната конфедерација на синдикатите (ITUC) или Европската конфедерација на синдикатите (ЕТУЦ) на Фејсбук, или да ги следите на твитер @ituc и @etuc
Синдикатите сега прават големи напори за зголемување на членството со младите. Многумина развиваат работна агенда која ги зема предвид потребите и реалноста на младите работници, како и соодветните структури за да се обезбедат активно учество на младите работници во синдикатите. Вклучувањето на младите во синдикалното движење е од суштинско значење за решавање на проблемите со невработеноста кај младите. Младинскиот комитет на Конфедерацијата на синдикатите ги претставува младите работници во рамките на конфедерацијата. Младинскиот комитет осигурува дека младинската перспектива е вклучена во различни политики и зазема позиции за прашања кои ги засегаат младите луѓе на работа. Преку активности на неформално образование, како што се студиски сесии, конференции, семинари и кампањи, Младинскиот комитет ITUC презема активности за поддршка на човековите права на младите работници низ цела Европа.
Операција Вил
Во 2009 година, млади активисти на синдикатот во Финска решија да го потенцираат проблемот со невработеноста кај младите со употреба на страници за социјално вмрежување на Интернет. Тие го одбрале случајот со 26-годишниот Вил Карху, кој бил невработен четири месеци. Неколку дена пред започнувањето на операцијата, на Фејсбук страницата наречена „Операција Вил“ имаше неколку стотици членови, кои даваа идеи и предлози за тоа како да најдат работа за Вил. На денот на операцијата, активистите формираа „патроли“ и излегоа на улиците да помогнат да најдат работа за Вил. Дури и финскиот министер за труд дојде да посака среќа на Операцијата. Покрај ова, една водечка младинска радио станица ја презеде приказната и го емитуваше напредокот на операцијата од час во час. До крајот на денот Операцијата беше завршена: Вил најде работа.21
Фусноти
1 Член 3 од Уставот на МОТ
2 Сите стандарди на МОТ се достапни тука: http://www.ilo.org/ilolex/english/convdisp1.htm
3 GC 18, став 6..
4 ОХЧР, намалување на сиромаштијата, стр 31.
5 ОХЧР, намалување на сиромаштијата, стр 31.
6 https://wcd.coe.int/wcd/ViewDoc.jsp?id=1653863&Site=CM
7 http://www.civitas.org.uk/eufacts/FSSOC/CIT4.htm
8 EYF 0076-09 Документ Мислење за практикантска работа
9 http://www.ifri.org/files/Economie/Elargissement_Veugelers.pdf
10 Европски младински форум, 2011 година, Откриено практиканство, стр 35 - http://issuu.com/yomag/docs/yfj_internsrevealed_web
11 The Telegraph, 9 јуни 2011 година, http://www.telegraph.co.uk/finance/jobs/8564500/Interactive-graphic-Youth-unemployment-in-Europe.html
12 Европски младински форум, 2008 година, Политички документ за вработување на млади, стр 17
13 http://www.ilo.org/ipec/facts/lang--en/index.htm
14 веб-страница на МОТ, http://www.ilo.org/global/What_we_do/Publications/lang--en/docName--WCMS_126685/index.htm
15 Конвенцијата за најлоши форми на детскиот труд на МОТ.
16 http://www.labournet.net/world/0902/cosatu1.html
17 http://ibnkafkasobiterdicta.wordpress.com/2010/06/03/the-swedish-dockers...
18 http://www.ituc-csi.org/ituc-annual-survey.html
19 http://survey.ituc-csi.org/+-Europe-Global-+.html
20 http://survey.ituc-csi.org/+-Russian-Federation-+.html
21 ITUC, На работни места за подобра иднина: водич за најдобри практики за организирање на млади, стр.5
compass-key-date
- 1 МајМеѓународен Денот на трудот
- 12 ЈуниСветски ден против детскиот труд
- 10 ДекемвриДенот на човековите права
Повреда на еден е повреда на сите. Мотото што го користат синдикатите