Цивилизацијата е метод на живеење и став на еднакво почитување на сите луѓе. 

 Корасон Аквино  

Преглед

Ова е друштвена игра (на табла) во која играчите гласаат за таков град во каков што сакаат да живеат и погодностите што сакаат да ги уживаат. Наведените теми вклучуваат:

  • Социјална солидарност
  • Импликациите од плаќање даноци
  • Вредноста на локалната демократија
Поврзани права
  • Право на социјално осигурување
  • Право на сопственост
  • Право на соодветен животен стандард
Цели
  • Да се разбере важноста на социјалната благосостојба за животот на заедницата
  • Да развие вештини за комуникација и тимска работа
  • Да се промовираат вредностите на солидарност и одговорност кон заедницата
Материјали
  • 1 примерок од играта (картонската табла)
  • A3 големина на картичка или хартија (опционално, но се препорачува)
  • 1 зар (коцка)
  • Спајалици во две бои (на пример, црвена и сина).Еднаков број од секоја боја. Во доволен број, по една за секој играч.
  • Ножици
  • Гума за лепење или “Blu-tack”
  • 4 комплети на картичките за замена
  • 2 пликови
  • Пари (по 6.000 Еми за играч)
  • 2 примероци од работниот лист на Градскиот Банкар
  • 1 примерок од работниот лист на Банкарот на играта
  • Хартија и пенкала
  • Штоперица
  • Проектор и да се прикажат правила (опционално)
Подготовка
  •  Прочитајте ги инструкциите за да се запознаете со играта,картичките за замена и правилата.
  • Земете два листови картички за замена и исесечете ги. За да не се извалкаат, секој сет ставете го во посебен плик, јасно означен со А или Б ! (Останатите 2 примероци од листовите ќе се користат за референца на состаноците на градскиот совет)
  • Залепете ја фотокопијата на играта на картон или тврда хартија да биде цврста и издржлива
  • Изберете три лица за да ги преземат посебните улоги на банкарите. На секој град му е потребен банкар, а исто така потребен е и еден Банкар на играта. На секој од двата Градски банкари дајте им по една копија од работните листови, а на Градскиот Банкар дајте му го неговиот работен лист. Банкарите нека си направат етикети за да може лесно да бидат идентификувани за време на играта.
  • Поделете го остатокот од групата подеднакво, во две групи. На едната група дајте им црвени спајалици, а на другата група сини спајалици.
  • Кажете му на секој играч да направи картичка за себе запишувајќи го своето имена едно мало парче хартија кое ќе го стави со спајалица во соодветната боја за групата. 
  • Испечатете ги парите ! Копирајте ги парите од страница 360 и исечете ги во банкноти. Ќе ви требаат по 6.000 Eми за секој играч/граѓанин.
compass-key-date
  • 1 OктомвриСветски ден на домувањето

Инструкции

1. Објаснете дека оваа активност е друштвена игра (на картонска табла) и покажете им ја картонска табла. Покажете ја патеката што го претставува градот А, а потоа и патеката што го претставува градот Б. Посочете ги местата каде се вкрстуваат двете патеки и површните каде што ги подигаат своите плати, ги плаќаат даноците и добиваат „шанса“, што значи шанса да се преселат и да си играат во другиот град.
2. Објаснете како се игра (погледнете го материјалот подолу). Бидете сигурни дека сите ги разбираат правилата. Одлучете кога играта ќе заврши.
3. Нека банкарите си направат едноставни идентификациски знаци за да може играчите да знаат кому да ги му ги платат даноците!
4. Играјте ја играта! Кога ќе завршите, преминете на резимирање и евалуација.

Резимирање и евалуацијаGoto top

Започнете со разговор за тоа како протече самата игра, а потоа продолжете да разговарате за она што луѓето го научиле.
1. Дали учесниците уживаа во играта? Што им се допадна, а што не им се допадна?
2. На почетокот, дали луѓето сметале дека не е фер што некои играчи морале да платат повеќе даноци отколку другите? Дали и по некое време од играњето сеуште го чувствуваа истото?
3. Како поминаа состаноците на Градскиот совет? Како беа донесени одлуките? Демократски?
4. Како се чувствувале луѓето што не се согласуваа со одлуките на градскиот совет?
5. Кој се пресели од еден во друг град? Зошто го сториле тоа?
6. Дали некој на состанокот на советот даде пари од сопствениот џеб за да придонесе за социјалната благосостојба на заедницата? Зошто го сториле тоа?
7. На почетокот на играта, социјалните услови во градовите А и Б беа исти. Како завршиле? Имаше ли разлика? Кои беа тие?
8. Во кој град вие би сакале да живеете? Зошто?
9. Дали вреди да се плаќаат повисоки даноци за да има подобар живот за сите во заедницата? Или повеќе би сакале да ја задржите целата плата и да си купите работи што ви требаат и што ги сакате?
10. Каква беше ситуацијата во однос на двата града на крајот на играта? Дали тие беа во „Градот на еднаквоста“ („Equaltown“) со дух на заедништво на жителите кои се подготвени да платат за социјални добра или во „Јас градот“ („Egotown“), каде што жителите имаат индивидуалистичка етика и не сакаат да плаќаат даноци за социјални добра?
11. На скала од 1 до 10 (1 е екстремно „Јас градот“ и 10 е екстремно „Градот на еднаквоста“), како би го оцениле сопственото општество?
12. Погледнете го секое поле од таблата. Кои човекови права се прекршени?
13. Дали во вашата земја постојат заедници или групи чии права за соодветен животен стандард за нивно здравје и благосостојба се прекршени? (член 25 од УДЧП) Кои и зошто?

Совети за обучувачите Goto top

Играта е прилично лесна за секој кој знае да игра друштвени игри, но внимавајте добро да ги објаснете правилата на играта и како да се игра. Може да им помогне на играчите ако ги напишете правилата на „флипчарт“ или ако употребите слајд на проектор или им дадете копии од правилата на играта.
Играта најдобро функционира со максимум 10 луѓе кои играат како граѓани, a на почетокот на играта, во секој град треба да има еднаков број граѓани. Ако имате на пример 16 учесници, можете да ги натерате банкарите да работат во парови. Ако работите со поголема група, најдобро е да изиграте две игри. Во овој случај, не заборавајте да ги размножите сите материјали дупло, и осигурајте се да имате асистент кој ќе биде одговорен за втората игра!

Добар совет: пред да ја пробате играта со вашата група, изграјте ја со пријатели и соседи! Така потоа ќе се почувствувате посигурни во давањето на инструкции, а играта да се одвива лесно.

Забелешка
Луѓето одговорни за собирање на даноци и управување со фондовите на градовите се нарекувани „банкари“. Во реалноста банкарот не ги извршува овие функции. Терминот се користи затоа што зборот е користен во многу популарни друштвени игри, на пример, Монопол. Ако чувствувате дека терминот „банкар“ не е најсоодветен, наместо него одберете друг, на пример, „Финансиски администратор“.

Предлози за следни активности  Goto top

Во активноста "Пат до земјата на рамноправноста" можете дополнително да ги истражите факторите кои го помагаат и го попречуваат развојот на поправедно општество. "Нашите иднини" е друга активност која им помага на луѓето да ги истражуваат проблемите околу силите кои овозможуваат промените да се случат и ги охрабрува младите луѓе да веруваат дека тие можат да ја градат иднината што би сакале да ја видат.

Идеи за акција  Goto top

Добијте копија од локалниот план за развој за местото каде живеете и разговарајте за него во групата.Испитајте ги прашањата кои ве засегаат, на пример, кои ќе бидат потребите на младите луѓе во вашето место и да видете дали/како тие се исполнети во планот. Или пак може да бидете загрижени за пристапноста на лицата со попреченост, или за безбедноста на улиците и планови за подобрување на безбедноста во велосипедизмот. Дајте им го вашиот фидбек на властите преку учество на јавни состаноци или привлечете други од местото и вклучете ги преку создавање на блог, пишување во весник или организирање јавен состанок или настан за подигање на свеста.

Групата може да дознае повеќе за „партиципативно буџетирање“ и да биде инспирирана од иницијативи што биле преземени од страница на заедниците низ целиот свет. Тие исто така може да дознаат повеќе за Градови во транзицијаи да се здружат со други за да започнат локална иницијатива за да направат одржливи прилагодувања за климатските промени и потребата за намалување на емисиите на CO2.

Понатамошни информации  Goto top

„Партиципативно буџетирање“ е процес на демократско учество кој директно ги вклучува луѓето локално во донесување одлуки за приоритетите за трошење на јавниот буџет, на пример за локални еколошки проекти, објекти во заедницата, мерки за безбедност на патиштата или локални иницијативи против криминал. Ставете „Партиципативно буџетирање“ во вашиот пребарувач за да најдете корисни линкови.

Transition Towns, www.transitiontowns.org is a network of people all over the world who are asking: How can our community respond to the challenges, and opportunities, of peak oil and climate change? They work at community level to find ways of reducing energy usage as well as increasing self-reliance. Initiatives so far have included creating community gardens to grow food; business waste exchange, which seeks to match the waste of one industry with another industry that uses this waste; repairing old items rather than throwing them away; developing local exchange trading systems (LETS - http://www.gmlets.u-net.com).

Европски кодекс за социјална сигурност 

Европскиот кодекс на социјална сигурност на Советот на Европа стапи во сила во 1968 година. Заклучно со март 2010 година тој беше ратификуван од 21 земја-членка. Обезбедува широк спектар на социјална заштита, вклучувајќи и гаранции за:
• Медицинска нега, која опфаќа грижа од општ лекар, специјалистичка нега и итна медицинска помош
• Надокнада за невработеност
• Надокнада за старост
• Надокнада за попреченост.

ПрилозиGoto top

Преземи во PDF

Број на играчи
Помеѓу 7 и 13. Три лица ги добиваат улогите на банкарите. На почетокот на играта треба да има еднаков број на играчи во секој град.

Цел на играта
Победникот е играч кој има најмногу пари на крајот од натпреварот.

Како се игра
1. Побарајте од тројца луѓе да ги преземат улогите на банкарите: еден Банкар за градот А, еден Банкар за градот Б и еден Банкар за играта.
2. Половина од играчите имаат црвени ознаки, а половина имаат сини ознаки.
3. На почетокот, играчите се поделени во две еднакви групи. Секоја група има еднаков број на „црвени“ и „сини“ играчи. Едната групата ќе патува по патеката во градот А, другата група ќе патува по патеката во градот Б.
4. Сите играчи почнуваат од полето „почеток и плата“.
5. Во текот на играта играчот може само да го промени градот ако тој/таа застане на полето „шанса за промена“
6. Секој играч започнува со плата според нивната боја:
• Сините играчи: 500
• Црвените играчи: 100
7. Фрлете го зарот за да се одлучи кој ќе започне. Започнува највисокиот број, а потоа секој играч по ред, обратно од стрелките на часовникот.
8. Како им доаѓа редот, секој играч го фрла зарот и соодветно на добиениот број, се движи напред по полињата по должината на патеката на сопствениот град. Кога некој играч ќе застане на полето, тој ја чита наредбата гласно, и прави она што кажува инструкцијата.
9. Забелешка: Играч кој има инструкција да се движи наназад, застанува кога ќе стигне до полето кое е цел. Тие не ги почитуваат инструкциите на ова второ поле.
10. Доколку треба да се плати, а играчот нема доволно пари за да плати, останува на плоштадот и станува просјак.
11. Два или повеќе играчи може да бидат на истото поле во исто време.

Специјални полиња
Даночен придонес

Секој пат кога некој играч го поминува полето „плаќање данок“, тој/таа мора да плати данок. (Играчите плаќаат додека поминуваат преку полето, дури иако не застануваат на него). Износот на данокот што треба да се плати зависи од платата на играчот и од градот.
Град А 40% ако плата е 500 или повеќе
10% ако платата е 100 или помалку
Град Б 10% без оглед на платата
Забелешка: Невработеното лице без надомест за невработеност не плаќа данок. Невработеното лице кое добива придонес плаќа 10% од придонесот за невработеност, без оглед на градот. Данокот му се плаќа на Градскиот банкар на соодветниот град. (Играчите во град А на банкарот на градот А , а играчите од градот Б на Банкарот на градот Б).

Забелешка: Невработеното лице без надомест за невработеност не плаќа данок. Невработеното лице кое добива придонес плаќа 10% од придонесот за невработеност, без оглед на градот. Данокот му се плаќа на Градскиот банкар на соодветниот град. (Играчите во град А на банкарот на градот А , а играчите од градот Б на Банкарот на градот Б).

Плата
Секој пат кога некој играч го поминува полето „почеток и плата“ (не морате да застанете на полето, само да го поминете), тој/таа ја добива соодветната плата од Банкарот на градот. Ако играчот е невработен, и ако во градот има систем за социјално осигурување, тој добива надоместок за невработеност од Градскиот банкар.

Шанса за промени

Секој играч кој ќе стапне на полето „шанса за промена“ може да избере дали ќе го смени градот или не (да го промени градот А во градот Б, или градот Б во градот А). За да ја направи промената, играчот треба само да ја објави својата одлука на останатиот дел од играчитеи на банкарите. Кога ќе им дојде следниот ред, тие се движат по патеката на другиот град.
Играчот кој го сменува градот продолжува да ја прима истата плата како и порано, но плаќа даноци според даночната шема на новиот град.

Средби на Градскиот совет

Сите играчи од градот присуствуваат на состаноците на градскиот совет. Средбата е можност да се направат промени (ако ги има) на политика на градот.
Средбата може да се одржи на секое 5-то плаќање на данок. Градските банкари водат евиденција за тоа колку луѓе во нивниот град го имаат поминато полето за плаќање данок. Кога секој петти човек го поминува полето, тој/таа повикува на состанок.
Играчите во градот можат да одлучат дали сакаат да одржат состанок или не.
Играта запира за време на состанокот на градскиот совет и играчите од другиот град треба да чекаат додека не заврши состанокот, пред играта да продолжи. Играчите имаат 5 минути да одлучуваат за потребите на градот и за било какви промени во политиката. Опциите за политиките се дадени на картичките за замена и граѓаните можат да се повикаат на копијата од листот со замена на картички за да знаат кои политики се „на дневен ред“ (тоа се, опциите што можат да ги изберат).
За да се промени политика, играчите треба да ја купат картичката за замена со парите од даноците на градот. Цената е наведена на секоја картичка. Градскиот совет може да направи само промени што може да си ги дозволи. Градскиот банкар му го плаќа наведениот износ на Банкарот на играта. Граѓаните можат да одлучат да променат колку што сакаат политики, но, мора да бидат во можност да си ги дозволат.
Градскиот совет што е во финансиски проблеми може да одлучи да „продаде назад“ една или повеќе картички за замена на Банкарот на играта.
Цената на „откуп“ е 50% од оригиналната цена.
Богатите поединци можат, ако сакаат, да придонесат во градските фондови со цел да се купат картички за замена.
Банкарот користи мала количина на „Blu-tack“ за да ја залепи картичката за замена на таблата за играње над договореното поле.

Картички за замена

Постојат 17 заменски картички кои ги претставуваат политиките што градскиот совет може да ги усвои на состанокот на советот. Картичките за замена се купуваат од Банкарот на играта по цена која е напишана на картичката. Откако ќе се купи, Градскиот банкар ќе ја/ги залепи картичката(ите) на таблата, над постоечкото поле, како што одлучиле граѓаните.
Секое поле може да биде „заменето“. Ако, во моментот на замена, на тоа поле има играч, тој/таа не го следи новото упатство. Новата политика влегува во сила само кога следен играч се доаѓа на тоа поле.
На состанокот на Градскиот совет граѓаните/играчите одлучуваат за градската политика и можат да купат една или повеќе картички за замена. За сите картичките мора да се плати.

Питачи

Играч кој нема пари да ги плати даноците или другите плаќања останува на полето каде што дошол и станува „питач“. Меѓутоа, ако има дом за бездомници во градот, питачите можат да изберат да спијат таму, ако тие сакаат, наместо на полето каде што дошле. Преселувањето не го ослободува питачот од неговите/нејзините долгови.
Тој/таа може да моли за пари од секој играч кој доаѓа на полето каде што стои. Зависи од секој играч дали ќе му даде пари на питачот или не. Кога „питачот“ има доволно пари за да ги плати своите давачки, чека да му дојде редот, ги плаќа даноците го фрла зарот, и продолжува понатаму.
„Питачите“ го фрлаат зарот секогаш кога ќе им дојде редот. Тоа е шанса што ја имаат.

Фрли 6 – ка Наоѓате 50 Еми во корпата за ѓубре.
Фрли 5 – ка Соберете 20 празни шишиња од пиво и добијте 50 Еми за нивното оставање - ако градот има центар за рециклирање!
Фрли 4 – ка Следната личност која те поминува ти дава 10 Еми
Фрли 3 –ка Ладно ви е и немате енергија, го преспивате следниот круг.
Фрли 2 – ка Спиете во паркот наоѓате 10 Еми под клупата. Ако градот го реновирал паркот, наоѓате 20 Еми.
Фрли 1 – ца Ограбен сте . Следната донација што ќе ја добиете, дајте му ја на Градскиот банкар

Добивките на питачите ги плаќа Градскиот банкар од градот во кој живее питачот. 

Кога завршува играта?

Играчите одлучуваат како да ја завршат играта пред да започнат. Тие можат да изберат една од следниве опции:
• кога првиот играч завршува 20 круга
• по договорено време, на пример, 45 минути.
Забелешка: играта автоматски завршува ако еден град банкротира

Победник е лицето со најмногу пари на крајот на играта.

Картички за замена  

Реновирање на парк, со базен за пливање и детско игралиште. Цена: 200 Еми Исчистете го паркот. Цена: 100 Еми Патиштата се сега добри. Целосно реконструирани. Одете 3 полиња. Цена: 400Еми Патишта се во ред, дупките се санирани. Добри се само до следниот состанок на Советот на градот. Цена: 200 Еми. Ја губите работата! Фондот за невработеност ви плаќа 30% од вашата плата. Градот мора да има резерва од 1000 Еми.
Се разболевте. Државната болница е е целосно субвенционирана. Платете само 10 Еми. Цена: 600 Се разболевте. Државната болница е е делумно субвенционирана. Платете 30Еми за третман. Цена: 400 Еми. Бесплатен пристап до плажа! Само уживајте! Цена за субвенционирање на пристапот: 100 Еми. Транспортните проблеми олеснети со велосипедска патека. Цена на велосипедската патека: 150 Eми. Штрајкот во училиштата заврши. Имајте дополнително фрлање! Трошоци за зголемени плати: 400 Еми.
Отворени се нови театар и кино. Цена: 400 Еми. Вашиот татко е пензионер, но нема пензија. Воспоставете пензиска шема. Цена: 400 Еми. Сакате да читате и сега има библиотека! Имате екстра фрлање. Цена на библиотеката: 200Еми. Нема повеќе улични деца. Изграден е дом за деца без родители. Цена на домот за деца без родители: 200Еми. Системот за рециклирање го намалува ѓубрето. Одете напред 3 полиња. Цена на системот за рециклирање: 150 ЕМС.
Имате правен проблем. Добивате адвокат кој е финансиран од државата Одете 2 полиња напред. Цена: 200 Еми. Нема веќе бездомници кои немаат место за спиење. Се отвори засолниште ( шелтер) Цена: 200 Еми.      


„Парите“ за играта може да се најдат тука.

Листа на задачи на Градските банкари
Ниту еден град не започнува со пари. Сите приходи ќе доаѓаат од даноците што се плаќаат кога играчите ќе го поминат полето за плаќање данок.

1. Градските банкари го користат листот со линии за да водат евиденција за тоа колку играчи го поминуваат полето за „плаќање данок“ и свикуваат состанок на градскиот совет после поминувањето на секој петти играч. 

2. Градските банкари собираат даноци од секој играч во нивниот град, откога играчот го поминува квадратот за плаќање данок. Забелешка: Играчите кои го смениле градот ги плати новите даноци. 

Даночната шема е како што следува:
Град А 40% за плата од 500 или повеќе
10% за плата од 100 или помалку

Град Б 10% без оглед на платата
Невработените граѓани кои не добиваат надомест не плаќаат данок
Невработените граѓани кои добиваат надомест плаќаат 10% од нивниот надомест.

3. Други задачи на Градските банкари:
• се грижат за парите на градот
• му плаќаат на Банкарот на играта за купување на картичките за замена
• ги залепуваат картичките за замена над полињата за кои се согласиле граѓаните на состанокот на советот
• го администрираат фондот за невработеност како и кога градот ќе одлучи да го основа
• исплаќаат надомест за невработеност на играчите кои имаат право да го добијат доколку градот се согласи да основа систем на социјално осигурување. Во времето на поставување на системот, во банката мора да има најмалку 1.000 Eми
• надгледувајте ги питачите во вашиот град и осигурајте коректна игра кога имаат шанса да го фрлаат зарот:
Фрли 6 – ка Тие наоѓаат 50 Еми во корпа за ѓубре
Фрли 5 – ка Тие собираат 20 празни шишиња за пиво и добиваат 50 Еми за депозитите - ако градот има центар за рециклирање!
Фрли 4 – ка Следната личност која ги поминува, им дава 10 Еми
Фрли 3 – ка Тие се пијанат и го преспиваат нивниот следен круг
Фрли 2 – ка Тие спијат во паркот и наоѓаат 10 Еми под клупата. Ако градот го реновирал паркот,тие наоѓаат 20 Еми.
Фрли 1 – ца Тие се ограбени и ја предаваат следната донација - или било кои пари кои може да ги најдат со следното фрлање.
Забелешка: вие му ги давате парите ако имале шанса да ги најдат во паркот или во корпата за ѓубре, а вие ги земате парите од нив ако се ограбени. 

Евиденција за плаќање на данок
Секој пат кога некој играч во вашиот град ќе го помине полето „данок на плаќање“, соберете го данокот и штиклирајте едно поле во првиот круг. Кога 5 играчи ќе бидат штиклирани, свикајте го првиот состанок на градскиот совет. Кога играта ќе продолжи, започнете да ги штиклирате сегментите од вториот круги така натаму

Карта за улогата на Банкарот на играта
На почетокот на играта Банкарот на играта ги има сите пари. Тој/таа треба да:

1. Осигура играта да тече непречено
• да ја започне играта
• да обезбеди да се почитуваат правилата
• време на сите состаноци на градскиот совет. Тие треба да траат најмногу 5 минути и
• да ја запре играта по договореното време за игра или кога првиот играч го комплетира договорениот број на кругови,во зависност од тоа колку биле договорени.

2. Води евиденција.
• на почетокот на играта го пишува името бојата и градот на секој играч
• евидентира колку пати секој играч поминува „почеток и плата“

3. Исплаќа плата на секој играч на почетокот на играта, и секој последователен пат кога го поминува полето „почетокот иплата“. Платите се исплаќаат според боите на играчите, без разлика во кој град се наоѓаат:
• Сини играчи: 500 Еми
• Црвени играчи: 100 Еми

4. Ги собира сите исплати за замена на картички од Градските банкари.

Лист со линии  
Запишете ги имињата на играчите со црвено или сино пенкало во зависност од нивната боја. Се препорачува да го користите методот на пет цртки во листот со линии.Секој од првите четири круга се бележи со цртка а петтиот круг тие се прецртуваат. Шестиот круг започнувате со уште еден сет од пет. На овој начин можете лесно да ги сумирате круговите. Така бројка од дванаесет ќе изгледа вака:

Играчи од градот А на почеток на играта  
Име на играчот Број поминати пати преку „старт“ (до 20 пати)
   
   
   
   
   
   

 

Играчи од градот Б на почеток на играта
Име на играчот Број поминати пати преку „старт“ (до 20 пати)