„Секој има право, поединечно или во заедница со други, да промовира и да се залага за заштита и остварување на човековите права и основните слободи на национално и на меѓународно ниво.“
Член 1, Декларацијата на ОН за бранителите на човекови права]

Што се НВО?

Стани, исправи се, застани за твоите права!
Боб Марли

Терминот невладини или непрофитни нормално се користи за покривање на опсег на организации кои го сочинуваат граѓанското општество. Таквите организации се карактеризираат, општо со тоа што целта на нивното постоење е нешто друго од финансиска добивка. Сепак, ова остава огромен број на причини за постоење и широки разлики на работа и активности. НВО се движат од мали групи за притисок на пример, специфични загрижености за животната средина или конкретни прекршувања на човековите права, преку образовни добротворни организации, жени бегалци, културни здруженија, верски организации, правните фондации, програми за хуманитарна помош - и листата може да продолжи – сè до огромните меѓународни организации со стотици па дури и илјадници филијали или членови во различни делови на светот
 Во овој дел, ќе погледнеме накратко за значајната улога која овие организации ја имале и продолжуваат да ја имаат во заштитата на човековите права во целиот свет. На речиси секое ниво на различните обиди да се зачува достоинството на поединечните граѓани кога тие се загрозени од моќта на државата, невладините организации играат клучна улога во:

  • борбата против индивидуални кршења на човековите права, или директно или преку поддршка на одредени „тест случаи“, преку надлежните судови
  • нудат директна помош на оние чии права се повредени
  • лобирање за промени на национално, регионално или меѓународно право
  • помага да се развие суштината на тие закони • промовирање на знаење за и почитување на човековите права меѓу населението.

Придонесот на НВОи е важно не само во однос на резултатите кои ги постигнале, а со тоа и за оптимизмот што луѓето може да го чувствуваат во врска со одбраната на човековите права во светот, но исто така и поради тоа што НВОи, во многу директна смисла, се алатки кои се достапни да се употребат од страна на поединци и групи од целиот свет. Тие се управувани и координирани - како што многу организации се - од приватни лица, но тие, исто така, голем дел од нивната сила ја црпат од другите членови на заедницата нудејќи им доброволна поддршка за нивната кауза. Овој факт им дава големо значење на оние поединци кои би сакале да придонесат за подобрување на човековите права во светот.

Видови на НВО за човекови права

На Светската конференцијана ОН за човекови права oд 1993 - позната како Виенската конференција - присуствуваа 841 невладина организација од целиот свет и сите се опишаа себеси дека работат на мисијата на човековите права. Иако бројката, сама по себе, е импресивна, ова всушност претставува само мал дел од вкупниот број на НВО за човекови права кои се активни во светот.

Повеќето самонаречени „организации за човекови права“ имаат тенденција да бидат вклучени во заштита на граѓанските и политичките права. Најпознатите од тие организации, барем на меѓународната сцена, ги вклучуваат Амнести Интернешнал, Хјуман рајтс воч, Меѓународната федерација за човекови права, Прво човекови права и Интерајтс (Interights - Меѓународно правен центар за човекови права). Но, како што видовме, граѓанските и политичките права, се само една категорија од многуте различни човековите права кои се признати од страна на меѓународната заедница, а нови права продолжуваат да се појаваат дури и денес. Кога тоа ќе се земе предвид и ќе се разгледаат невладини организации активни во борбата против сиромаштијата, насилство, расизамот, здравствени проблеми, бездомништво и загриженоста за животната средина, да споменеме само неколку, вистинскиот број на невладини организации вклучени во заштита на човековите права, во една или друга форма, брзо се менува во стотици илјади низ целиот свет.

Прашање: Дали знаете некоја НВО која се бори за човекови права во вашата земја?

Како тие влијаат на процесот?

Бог ни дава раце, но Тој не нѝ гради мостови.
Арапска поговорка

НВО може да се обидат да се вклучат во заштита на човековите права во различни фази или нивоа, па стратегиите кои ги користат ќе се разликуваат во зависност од природата на нивните цели - нивната специфичност или севкупност; нивната долгорочна или краткорочна природа; нивните локални, национални, регионални или меѓународни опсези, и така натаму.

а. Директна помош

Особено е често за НВО кои работат на социјалните и економските права да понудат некоја форма на директна услуга на оние кои биле жртви на кршење на човековите права. Таквите услуги можат да вклучуваат форми на хуманитарна помош, заштита или обука за да се развијат нови вештини. Алтернативно, каде што правото е заштитено со закон; тие може да вклучуваат правно застапување или совети за тоа како да ги презентираат побарувањата.
Во многу случаи, сепак, директната помош на жртвата од повредата или бранителот на човекови права, или не е возможно, или не е најдобриот начин на употреба на ресурсите на организацијата. Во вакви случаи, и тоа веројатно е во најголемиот број на случаи, невладините организации треба да гледаат долгорочно и да измислат други начини, или на отстранување на повредата, или за спречување на слични појави да се случуваат во иднина.

б. Собирање на точни информации

Ако постои темелна стратегија која лежи во основата на различните форми на активизам на НВО, тоа е можеби идејата на обидување да „покажат“ на сторителите на неправда. Владите многу често се во можност да ги намалат своите обврски во рамките на меѓународните договори, или други стандарди за права кои ги потпишале, бидејќи влијанието на нивните политики, едноставно не им се познати на пошироката јавност. Собирањето на таквите информации и користејќи ги за промовирање на транспарентност во документите на владите за човековите права е од суштинско значење за одржување на нивниот збор (одоворност) и често се користи од страна на невладините организации. Тие се обидуваат да направат притисок врз луѓе или влади со идентификување на прашање кое се однесува на чувството на неправда кон луѓето, а потоа истото го изнесуваат на виделина. Двата најдобри примери на организации кои имаат репутација за нивниот правилен мониторинг и известување се Амнести Интернешнал и Меѓународниот комитет на Црвениот крст. И двете овие организации имаат авторитет, не само кај пошироката јавност, туку и на ниво на ООН, каде што нивните извештаи се земаат предвид како дел од официјалниот процес за следење на владите кои се согласиле да бидат обврзани со одредбите на меѓународните договори.  

в. Кампањи и лобирање

Може да биде забавно да им се пишува за луѓето кои водат авторитарни или репресивни режими, да се има диктаторот како некој за допишување, и да биде комплетна непријатност за него испраќањето на овие писма.
Стинг

Меѓународни актери често се вклучуваат во кампањи и застапување со цел да се донесе промена на политиката. Повторно, постојат бројни форми, и една невладина организација ќе се обиде да усвои најсоодветна, со оглед на целите што ги има на ум, природата на нејзината „цел“, и секако, своите расположливите ресурси. Некои општи практики се наведени подолу.

  • Кампања на пишување на писмо е метод кој се користи со голем ефект од Амнести Интернешенел и други невладини организации. Луѓе и организации бомбардираат владини претставници со писма од илјадници своите членови од целиот свет.
  • Улични акции или демонстрации, со нивно медиумското покривање кое тие нормално го привлекуваат, може да се користи кога организациите сакаат да ја пријават поддршката на јавноста или да се обелодени нешто за очите на јавноста со цел да се „повика и усрами“владата.
  • Медиумите често ќе играт важна улога во практиките на лобирање, а социјалните медиуми и Интернетот сега имаат се позначајна улога.
  • Извештаите во сенка се доставуваат до органите на ООН за набљудување на човековите права да се даде перспектива на НВО на реалната ситуација во однос на уживањето на човековите права во одредена земја.

Во прилог на демонстрации за поддршка или незадоволство на јавноста, невладините организации исто така можат да се вклучат во приватни состаноци или брифинзи со официјални претставници. Понекогаш само заканата нешто да се обелодени пред очите на јавноста може да биде доволно да ја смени политиката или практика; како и во приказната подолу. Додека ова се користеше за мобилизирање едно време, со ленти, постери и факсови, сега се мобилизира преку e-mail кампањи и петиции, интернет сајтови, блогови и електронски социјални мрежи.

Во принцип, колку поголема поддршка од јавноста или од други влијателни актери (на пример, владите на другите земји), толку поверојатно е дека кампањата ќе ги постигне своите цели. Дури и ако тие не секогаш ја користат оваа поддршка директно, невладините организации можат да се осигураат дека нивната порака е слушната едноставно преку покажување дека масовно народно движење би можело да биде мобилизирано против владата или многуте влади.

Прашање: Дали имало некои големи кампањи во вашата земја? Што беше исходот?

г. Образование за човековите права и свесност

Предизвикот на образованието за човекови правае да се фокусира по прашањата на учество, достапност и вклученост.  Форум за живеење; Учење со дејствување за човекови права, 2009 година

Голем број невладини организации за човекови права, исто така вклучуваат, барем како дел од нивните активности, некој вид на јавна свест или образовна работа. Сфаќајќи дека суштината на нивните поддршка лежи во пошироката јавност, невладините организации често ќе се обидат да им дадат поголемо познавање за прашањата за човековите права на јавноста. Поголемо познавање на овие прашања и на методите за нивна одбрана веројатно ќе предизвика поголема почит и тоа за возврат, ќе ја зголеми веројатноста да бидат во можност да мобилизираат поддршка за конкретните случаи на прекршување на човековите права. Тоа е таа поддршка, или потенцијална поддршка, која лежи во основата на успехот на заедницата на невладините организации за подобрување на опкружувањето на човекови права.

Примери за успешен активизам

Центар за правата на домување и иселување (ЦПДИ-COHRE)

Оваа организација за човекови права е основана во 1994 година со цел да работи за заштита на правата на домување и за спречување на присилно иселување ширум светот. ЦПДИ го користи меѓународниот закон за човекови права разбирајќи го значењето на „домувањето“ како повеќе од само покрив над главата. COHRE нагласува дека „приближно половина од светското население моментно нема пристап до соодветно домување кое им е гарантирано според меѓународното право за човекови права“. Во обезбедувањето на заштита на правата на соодветно домување, COHRE и неговите партнери ширум светот обезбедуваат анализа, застапување, јавно образование, обука и судски постапки во врска со:

  • присилно иселување
  • безбедност на мандатот
  • пристап до земјиште
  • вода и санитација
  • жени и права за домување
  • судски постапки и правно застапување
  • повраток и враќање
  • влијанието на мега настаните врз правата на домување

Видете ја веб-страницата на COHRE: http://www.cohre.org

Во неодамнешната важна одлука од ноември 2010 година, во COHRE против Италија, Советот на Европскиот комитет за социјални права (надгледувајќи ја Ревидираната европска социјална повелба) откри дека Италија ги прекршила правата на својата ромска популација поради уништувањето на ромски кампови и иселување и протерување на Роми од Италија. Овие масовни протерувања на не-италијанските Роми кои се државјани на други земји на ЕУ драматично се зголемија по 2008 година. Прекршувања беа пронајдени во врска со: дискриминација и кршење на правата на Роми за соодветно домување; социјална, правна и економска заштита; заштита против сиромаштијата и социјалната исклученост; и правото на ромските семејства-мигранти на заштита и помош. Италијанските политики и практики, кои ги оставаат жителите Роми да живеат сегрегирани и во многу несоодветни услови за домување, исто така беа критикувани.

Член 31 - Право на домување

Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на домување, страните се обврзуваат да ги преземат мерките наменети за:
- да се промовира пристап до домување на соодветен стандард 

- да се спречи и намали бездомништвото со цел на постепено отстранување 

- да ја направи цената на домувањето достапна за оние без соодветни ресурси. Европска социјална повелба (ревидирана), 1996 година]

Загриженост за животната средина во Швајцарија

Токсичнoто наследство од хемиската индустрија не треба да стане товар на идните генерации.Стефан Вебер, Гринпис кампања

Помеѓу 1961 и 1976 година, неколку големи хемиски гиганти исфрлија повеќе од 114.000 тонина токсичен индустриски хемиски отпад во поранешната глинена јама на Бонфол во Швајцарија. И покрај тоа што денес би било незаконски да се исфрла отпадот, во 1961 година, кога депонијата беше започната, законот не ги забрануваше таквите депонии. Токсичниот отпад остана на местото и продолжи да ги контаминира околните заедници и животната средина со мешавина на органски и неоргански загадувачи.
На 14 мај 2000 година околу 100 активисти на Гринпис ја окупираа хемиската депонија Бонфол, во близина на Базел, Швајцарија, барајќи од хемиските компании кои го фрлија токсичен отпад на локацијата да презема целосна одговорност за негово чистење. Активистите изјавиле дека ќе ја окупираат локацијата додека хемиските компании не се посветат самите да го исчистат на начин кој нема да претставува понатамошен ризик за човековото здравје или за животната средина.

Види ја веб-страницата на Гринпис: www.greenpeace.org                 

Окупацијата на депонијата ја принуди хемиската индустрија да се сретне со претставници од заедницата и со Гринпис и како резултат на тоа, хемиската индустрија конечно потпиша договор да направи студијата за расчистување до февруари 2001 година и да започнат со процесот на расчистување во 2001 година. Индустријата, исто така, се согласи да ги вклучи локалните заедници и еколошките организации целосно во расчистувањето и да ги информираат локалните заедници за загадувањето на подземните води и водата за пиењето кое било резултат од депонијата. На 7-ми јули 2001 година Гринпис ја заврши својата окупација на хемиската депонија. 

Борба против дискриминацијата - Европскиот центар за правата на Ромите ЕЦПР (ERRC)

Погледнете ја веб-страницата на ЕЦПР: http://www.errc.org

ЕЦПР работи за да се осигура дека прашањата за човекови права со кои се соочуваат ромските заедници се цврсто на политичката агенда во Европа и пошироко. Прецизното истражување на ЕЦПР обезбеди тековни детални информации за состојбата со човековите права на Ромите, особено насилството со кое се соочуваат, структурни форми на дискриминација против нив и негирање на пристапот до економски и социјални права на Ромите. ЕЦПР се обидува да придонесе за состојбата со човековите права на ромските заедници преку подигање на свеста, развој на политики и стратешки судски постапки. Кампањите го покажаа насилството и говорот на омраза против Ромите, сегрегација во школувањето, присилно иселување и принудната стерилизација против нив.
Преку својата работа за едукација за човекови права, ЕЦПР првенствено има за цел да ги поттикне ромските активисти да се борат за нивната еднаквост. Ова се прави преку практиканти, истражувачки стипендии, работилници и објавување на прирачници како што се„ Знаење на вашите права и борење за нив“: „Водич за ромски активисти“

„ЕЦПР истражувањето во Бугарија, Унгарија, Чешка, Словачка и Романија во почетокот на 2010 година со полицијата, невладините организации и експерти за борба против трговијата со луѓе откри дека Ромите се смета дека претставуваат 50-80% од жртвите [трговија со луѓе] во Бугарија, 40-80% во Унгарија, 70% во Словачка и до70% во делови на Чешка. “ Информативен лист за правата на Ромите, ЕЦПР

Дијамантските војни 

Види го нивниот веб-сајт: http://www.globalwitness.org

Глобален сведок (Global Witness) е НВО која прави кампањи против конфликти поврзани со природните ресурси и корупцијата и злоупотребите на животната средина и човековите права што произлегуваат од тоа. Таа работи за да ја открие бруталноста што води до тоа и да ги изведи сторителите пред лицето на правдата. Една од нејзините кампањи се однесуваше на крвавите дијаманти или „конфликт дијаманти“ – тоа се, скапоцени камења кои потекнуваат од области контролирани од сили или фракции што се спротивставени на легитимни и меѓународно признати влади, и се користат за финансирање на воена акција против тие влади, или против одлуките на Советот за безбедност на ООН. Доказите открени од страна на „ Глобален сведок“ потврдија дека таквите ресурси се користат за финансирање на конфликти во Африка што доведоа до смрт и раселување на милиони луѓе. Дијаманти исто така биле користени од страна на терористички групи како што е АлКаида за финансирање на нивните активностии со цел на перење пари. Тие соработуваа со други невладини организации и лобираа се додека не се појави глобална кампања способна да преземе глобална индустрија. Во мај 2000 година главните земји со трговци и производители на дијаманти, претставници на индустријата за дијаманти и невладините организации, вклучувајќи го и„ Глобалниот сведок“, се сретнаа во Кимберли, ЈужнаАфрика и воспоставија меѓународна шема за сертификација на дијаманти, во 2003 година, позната како „Процес на Кимберли“. Според шемата, сите дијаманти тргувани од земјите-членки се сертифицирани така што купувачите можат да бидат сигурни дека се без конфликт. „Глобален сведок“ е официјален набљудувач на оваа шема и продолжува со кампања за зајакнување и ефективна имплементација на нејзините правила за да се осигури дека дијамантите никогаш повеќе нема да бидат гориво за конфликт и, наместо тоа, да може да станат позитивна сила за развој. „Глобал сведок“ беше ко-номиниран за Нобеловата награда за мир за 2003 година за својата работа во борба против конфликтните дијаманти. 

Рампи за инвалидски колички во Тузла

Јас сум целосно уверен велејќи дека Тузла е најмногу достапен град за корисници на инвалидски колички во цела Босна и Херцеговина.
Учесник во кампањата, Тузла

Во 1996 година, НВО за инвалидност во Тузла, Босна и Херцеговина, одлучи да води кампања„ сообраќајна свест“. Лотос, организацијата, имаше за цел да ја подигне свеста за лицата со посебни потреби луѓето и сообраќајните прашања, и идентификуваа неколку конкретни цели, вклучително и посебни паркинг простори за хендикепирани лица, подобар пристап до јавен превоз и достапни тротоари и патишта. Тие одржаа настани во текот на една недела, непосредно пред да започне предизборната кампања. На крајот, јавната свест беше зголемена и сите тротоари во Тузла повторно беа изградени со рампи!