Прашања и одговори за човековите права
Прашање: Што се човекови права?
Човековите права се морални права кои секој поединец во светот ги поседува едноставно врз основа на фактот дека тој или таа е човечко суштество. Во барањето на нашите човекови права, ние правиме морално барање, обично до нашата сопствена влада, дека не може да го направи тоа, затоа што тоа е прекршување на мојата морална сфера и моето лично достоинство. Никој - ниту поединец, ниту влада - никогаш не може да ни ги одземе нашите човекови права.
Прашање: Од каде доаѓаат?
Тие доаѓаат од фактот дека ние не сме само физички суштества, туку и морални и духовни човечки суштества. Човековите права се потребни за да се заштити и зачува човечноста на секој поединец, да се осигура дека секој поединец може да живее достоинствен и живот што е достоен на човечко суштество.
Прашање: Зошто секој „треба“ да ги почитува?
Во основа, затоа што секој е човечко суштество и според тоа морално битие. Мнозинството од луѓе, ако се покаже дека го прекршуваат личното достоинство на некој друг, ќе се обидат да се воздржат. Во принцип, луѓето не сакаат да повредуваат други луѓе. Сепак, во прилог на моралните санкции на сопствената совест или на другите, сега во повеќето земји во светот постои законодавство, кое ги обврзува владите да ги почитуваат основните човекови права на нивните граѓани, дури и кога тие можеби не сакаат да го направат тоа.
Прашање: Кој има човекови права?
Апсолутно сите. Криминалците, шефовите на држави, децата, мажите, жените, Африканците,
Американците, Европејците, бегалците, лицата без државјанство, невработените, банкари-те,
оние кои се обвинети дека вршат терористички дејства, добротворни работници, наставници,танчери, астронаути ...
Прашање: Дури и криминалци и шефови на држави?
Апсолутно сите. Криминалците и шефовите на држави се луѓе исто така. Моќта на човековите права лежи во самиот факт дека тие ги третираат сите како еднакви во однос на поседувањето човековото достоинство. Некои луѓе можат да ги прекршат правата на другите или можат да претставуваат закана за општеството и затоа може да има потреба нивните права да бидат ограничени на некој начин со цел да се заштитат другите, но само во рамките на одредени граници. Овие граници се дефинирани како минимални кои се неопходни за животот со човечкото достоинство.
Прашање: Зошто некои групи бараат посебни човекови права? Дали тоа значи дек атие имаат повеќе права од другите?
Не, некои групи, како што се Ромите во Европа или Далитите и воспоставените касти во Индија,трпат таква долгорочна дискриминација во нашите општества што им се потребни посебни мерки за да им се овозможи пристап до општите стандарди за човекови права на еднаква основа со други. Години на институционализирана дискриминација и стереотипи, и целосна омраза и препреки, и само најавувајќи општо применливи права за нив, и очекувајќи дека ова е доволно за да се обезбеди еднаквост, би било фарса.
Прашање: Зошто зборуваме за човековите права, а не за човечките одговорности?
Иако некои мислители и невладини организации наведоа силни аргументи за потребата за човечки одговорности, па дури и кодекси или декларација за нивно артикулирање, заедницата за човекови права генерално е воздржана во врска со оваа дебата. Причината е дека многу влади го прават „доделувањето“ на човековите права зависно од одредени „должности“ наметнати од државата или владетелот, на тој начин правејќи ја целата идеја за вродени права бесмислена. Сепак, се подразбира дека треба да се однесуваме одговорно како поединци и групи да ги почитуваме правата на другите, а не да ги злоупотребуваме човековите права и да ги унапредуваме правата на другите, како и сопствените . Всушност, член 29 одУДЧП препознава дека „1. Секој има обврски кон заедницата во која е можен ослободен и целосен развој на неговата личност. 2. При остварувањето на неговите права и слободи, сите ќе бидат предмет на толкави ограничувања кои што се утврдени со закон само единствено поради обезбедување на должно признавање и почитување на правата и слободите на другите и исполнувањето на правичните барања на моралот, јавниот реди општата благосостојба во едно демократско општество“.
Прашање: Кој се грижи за човековите права?
Сите ние треба да се грижиме. Постои закон и на национално и на меѓународно ниво што наметнува ограничувања за тоа што владите можат да им направат на своите граѓани, но, ако никој не посочи дека нивните дејства ги кршат меѓународните норми, владите можат да продолжат да ги прекршуват без да бидат казнети. Како поединци, не треба само да ги почитуваме правата на другите во нашиот секојдневен живот, но и да ги надгледуваме нашите влади но и другите. Системите за заштита постојат за сите нас, доколку ги користиме.
Прашање: Како можам да ги бранам ( заштитам) моите права?
Обидете се да посочите дека сте биле повредени; бараје ги вашите права. Нека другото лице знае дека вие знаете дека тие немаат право да ве третираат на овој начин. Посочете ги релевантните членови од УДЧП, од ЕСЧП или од други меѓународни документи. Ако постои легислатива во вашата земја, укажете и на тоа. Кажете им на другите за тоа: кажете им на весниците, напишете им на вашиот парламентарен претставник и шеф на државата, информирајте ги сите невладини организации кои се занимаваат со активизам за човекови права. Прашајте за нивни совети. Зборувајте со адвокат, ако имате можност. Бидете сигурни дека вашата влада знае какви акции вие преземате. Направете ги да сфатат дека нема да се откажете. Покажете им ја поддршката кој можете да ја добиете. Во краен случај, и ако сè друго не успеа, можеби ќе сакате да се прибегне кон судовите.
Прашање: Како да одам во Европскиот суд за човекови права?
Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи содржи постапка за индивидуални жалби. Сепак, постојат силни барања за допуштеност пред случајотот да се разгледа На пример, потребно за да се осигури дека вашата жалба е веќе подигната во националните судови во вашата земја (до највисокиот суд!), пред да може да поднесете случај до Европскиот суд. Ако сакате да се обидете, а вие верувате дека ги задоволувате условите за допуштеност, тогаш може да поднесете жалба. Сепак, ви препорачуваме да побарате правен совет или совет на невладини организации кои работат на терен, со цел да бидете сигурни дека вашето барање има реално шанса за успех. Бидете свесни дека тоа може да биде долг и комплициран процес пред конечна пресуда да биде донесена!
Прашање: Од кого можам да ги побарам моите права?
Речиси сите основни човекови права кои се наведени во меѓународните документи се барања кон вашата влада или државните служби. Човековите права ги штитат вашите интереси од државата, така што треба да ги барате од државата или од нивните претставници. Ако сметате дека вашите права се прекршени од, на пример, вашиот работодавец или вашиот сосед, не можете директно да прибегнете кон меѓународното законодавство за човекови права освен ако не постои нешто што владата на земјата требаше да има направено за да ги спречи работодавците или соседите да се однесуваат на овој начин.
Прашање: Дали некој има должност да ги заштити моите права?
Да. Правото е безначајно без соодветна одговорност или должност од некоја друга страна. Секој поединец има морална должност да не го нарушува вашето лично достоинство, но вашата влада, при потпишувањето на меѓународните договори, нема само морална должност туку и законска обврска.
Прашање: Дали човековите права се проблем само во недемократските земји?
Не постои земја во светот која има целосно чисто досие за човековите права, дури и денес. Во некои земји може да има почести прекршувања отколку во другите или тие можат да имаат влијание на поголем дел од населението, но секоја повреда е проблем што не требаше да се случи и кој треба да се реши. Едно лице чии права се нарушени во една од воспоставените демократии е тешко веројатно да се утеши од фактот дека, воопшто, неговата земја има „подобро“ досие за човековите права од другите земји во светот!
Прашање: Дали направивме некаков напредок во намалување на кршењето на човековите права?
Голем напредок - дури и ако понекогаш изгледа дека е само капка во океанот. Размислете за укинување на ропството, гласањето на жените, земјите кои ја укинаа смртта казната, ослободување на затворениците на совеста како резултат на меѓународниот притисок, колапсот на режимот на апартхејд во Јужна Африка, случаите кои се судени пред Европскиот суд и законите кои требаше да се променат како резултат на тоа. Размислете за фактот дека постепената промена во меѓународната култура значи дека дури и најавторитарните режими сега треба да ги земат предвид човековите права со цел да бидат прифатени на меѓународната сцена. Имаше многу позитивни резултати, особено во текот на изминатите 50 години, но останува уште многу да се направи.
- Поглавје 1 -Образование за човекови права и Компас: вовед
- Поглавје 2 - Практични активности и методи во образованието за човекови права
- Поглавје 3 - Преземање акција за човекови права
- Поглавје 4 - Разбирање на човековите права
- Поглавје 5 - Информации во контекст на глобалните теми за човековите права
- Додатоци
- Речник