Image: Theme 'Citizenship and Participation' by Pancho

Што е граѓанство? 

Традициите и пристапите за граѓанството варираат низ историјата и во светот, земајќи ги предвид различните земји, истории, општества, култури и идеологии, и резултираат со различни сфаќања за концептот на граѓанството.

„Не е секогаш исто да се биде добар човек и добар граѓанин.“
Аристотел

Потеклото на граѓанството може да се следи од Античка Грција, кога „граѓани“ биле оние кои имале законско право да учествуваат во државните работи. Сепак, не секој бил граѓанин: робовите, селаните, жените или странците биле само предмети. Оние кои имале привилегиран статус да бидат граѓани, идејата за „граѓански особини“ или да се биде „добар граѓанин“ биле значаен дел од концептот. Учеството сé уште не се земало предвид – само правото и должноста, пред сé. Граѓанин кој не ги исполнувал своите должности се сметал за општествено деструктивен. 

Граѓанството е комплексна и повеќе-димензионална реалност која треба да се воспостави во нејзиниот политички и историски контекст... Демократското граѓанство, особено, се однесува на активното учество од страна на поединците во системот на правата и одговорностите, што подразбира многу граѓани во демократските општества.
Консултативен состанок за Програмата за образование за демократско граѓанство од Советот на Европа, 1996

Овој концепт на граѓанство се рефлектира и во денешното сфаќање на граѓанството, кој се однесува на правната врска помеѓу поединецот и државата. Повеќето луѓе во светот се правни граѓани на една или друга земја и тоа им овозможува одредени привилегии или права. Да се биде граѓанин значи да се има и одредени должности во смисла што очекува државата од поединците под нејзина јурисдикција. Според тоа, граѓаните исполнуваат одредени обврски кон државата и за возврат тие можат да очекуваат заштита на нивните витални интереси.

Сепак, концептот на граѓанството има далеку-повеќе слоеви во значењето отколку правното граѓанство. Денес „граѓанството“ е многу повеќе од правна конструкција и се поврзува – меѓу другото – и со личната припадност на поединецот, на пример, чувството на припадност во заедницата, кое може директно да се обликува и да се влијае.

Една заедница може да се дефинира преку разновидни елементи, на пример, споделен морален код, идентичен сет на права и одговорности, лојалност кон цивилизацијата во заедничка сопственост или чувство на идентитет. Во географска смисла, „заедницата“, обично, се дефинира на две главни нивоа, кои се делат на локална заедница, во која поединецот живее и  држава, на која поединците припаѓаат. 

Во врската помеѓу поединецот и општеството можеме да разликуваме четири димензии кои се во корелација со четири субсистеми, кои можат да се препознаат во општеството, а кои се значајни за нејзиното постоење: политичка/правна димензија, општествена димензија, културна димензија и економска димензија.1

Политичката димензија на граѓанството се однесува на политичките права и одговорности Image: Dimensions of citizenshipнаспроти политичкиот систем. Развојот на оваа димензија треба да произлезе преку познавањето на политичкиот систем и промовирањето на демократските ставови и вештините за учество.

Општествената димензија на граѓанството има врска со однесувањето помеѓу поединците во едно општество и бара мерење на лојалноста и солидарноста. Општествените вештини и познавањето на социјалните односи во општеството се потребни за развојот на оваа димензија.

Културната димензија на граѓанството се однесува на свесноста за заедничкото културно наследство. Оваа културна димензија треба да се развива преку познавање на културното наследство и историјата, како и поседување основни вештини (јазични способности, читање и пишување).

Економската димензија на граѓанството се однесува на врската помеѓу поединецот, трудот и пазарот на потрошувачката. Тоа подразбира право на работа и на минимално ниво на егзистенција. Економските вештини  (поврзани со работата и други економски активности), како и стручното образование, играатImage: Chair - dimensions of citiizenship  клучна улога во исполнувањето на оваа економска димензија. 

Овие четири димензии на граѓанство се стекнуваат преку процеси на социјализација кои се случуваат во училиштето, во семејствата, граѓанските организации, политичките партии, како и преку здруженија, медиуми, соседство и врснички групи.
Како и четирите ногарки на столот, секој поединец би требало да ги практикува четирите димензии на балансиран и еднаков начин. Во спротивно, целосното граѓанство не би било избалансирано.

Прашање: Кои чувства на припадност ги препознавате во себе?

Кога ние сме дел од заедницата, ние можеме да влијаеме, да учествуваме во нејзиниот развој и да придонесуваме за нејзината благосостојба. Според тоа, граѓанството, исто така, се подразбира и како практика на играње активна улога во нашето општество. Ваквото учество може да биде во нашето соседство, во формална или неформална општествена група, во нашата земја или во целиот свет.Поимот за активно граѓанство подразбира работа насочена кон подобрување на заедницата на поединецот преку учество за да се подобри животот на сите членови на таа заедница. Демократското граѓанство е тесно поврзан концепт, кој го нагласува верувањето дека граѓанството би требало да биде засновано врз демократски принципи и вредности, како што се плурализам, почитување на човековото достоинство и владеење на правото.

Прашање: Дали се сметате себеси како активен граѓанин? 

Граѓанство, учество и човекови права 

Секој има право слободно да учествува во културниот живот на заедницата, да ужива во уметноста и да учествува во научниот напредок и во користа, која произлегува оттаму.
Универзална декларација за човекови права, член 27 

Членот 15 од Универзалната декларација за човекови права го признава правото на државјанство, правото на промена на државјанство на поединецот и правото да не биде некој лишен од сопственото државјанство. Правото на државјанство е потврдено во многу други меѓународни инструменти, вклучувајќи ја и Европската конвенција за државјанство од Советот на Европа (1997). Во контекст на меѓународните норми, „националноста“ и „државјанството“ обично се користат како синоними. Ова се однесува и на Конвенцијата, како што е подвлечено во нејзиниот Извештај со објасненија4:"…„државјанството...се однесува на посебна правна врска помеѓу поединецот и државата, а тоа е признато од државата... согласно со ефектите од Конвенцијата, термините „националност“ и „државјанство“ се синоними.“

Правото на државјанство е премногу значајно заради неговото влијание врз секојдневниот живот на поединците во секоја земја. Да се биде признат граѓанин на една земја има многу позитивни страни, кои можат да вклучат – во зависност од земјата – право на глас, право да обавува јавна функција, право на социјална сигурност, право на здравствени услуги, право на јавно образование, право на постојан престој, право да поседува имот или право на вработување.
Иако секоја држава може да определи кои се нејзините државјани и граѓани и кои права и обврски ги имаат, сепак меѓународните инструменти поставуваат некакви ограничувања на државниот суверенитет врз регулирањето на државјанството. Имено, универзалниот принцип на човековите права за недискриминација и принципот дека поединците без државјанство треба да се избегнуваат, ја ограничува државната дискреција врз граѓанството.

Учеството, во политичкиот и културниот живот, е основно човеково право, признато во бројни меѓународни спогодби за човекови права, започнувајќи од Универзалната декларација за човекови права, која овозможува право на учество во управувањето на земјата и слободни избори, право да се учествува во културниот живот на заедницата, право на мирно собирање и здружување и право на вклучување во синдикати. Учеството, исто така, е суштествен принцип на човековите права и е услов за ефективно демократско граѓанство за сите луѓе. 

Учеството е еден од водечките принципи од Конвенцијата за правата на детето. Оваа конвенција вели дека децата (сите луѓе на возраст под 18 години) имаат право нивниот глас да биде слушнат кога возрасните носат одлуки кои нив ги засегаат, а нивните гледишта треба да се земат во предвид, во согласност со возраста на детето и неговата зрелост. Тие имаат право на слободно изразување и да добиваат и споделуваат информации. Конвенцијата го признава влијанието на децата врз одлуките кои ги засегаат, да споделуваат мислења и според тоа, да учествуваат како граѓани и актери на промени.

Без целиот спектар на човековите права, учеството станува тешко доколку нема можност за пристап. Очајното здравство, ниското ниво на образование, забраните за слобода на изразување, сиромаштијата итн. влијаат на нашата способност да учествуваме во процесите и структурите кои не засегаат нам и нашите права. Еднакво на тоа, без учество, многу човекови права се тешко пристапни. Учеството е она врз кое ние градиме општество засновано на човекови права, развиваме општествена кохезија, го подигаме гласот за да го слушнат оние кои донесуваат одлуки, постигнуваме промена и стануваме субјекти, а не објекти, во нашиот живот.

Прашање: Кои форми на вклученост во учеството, поразлични од гласањето на избори, се можни за еден обичен граѓанин?

Остварување на граѓанството 

Секој има право да учествува во управувањето со јавните работи на својата земја, непосредно или преку слободно избрани претставници. Универзална декларација за човекови права, член 21

Повеќето дискусии, кои се однесуваат на граѓанството, се фокусираат на проблемот за зголемување на граѓанското вклучување и учество во процесите на демократското општество. Тоа сé повеќе подразбира дека периодичното гласање, од страна на граѓаните, не е доволно, ниту да ги направи одговорни оние кои владеат во тој период, ниту за промовирање на чувството на зајакнување на обичните граѓани. Според тоа, нискиот одзив при гласањето укажува на нивото на политичката апатија меѓу популацијата, која сериозно го спречува ефективното функционирање на демократијата.

Секој има право на слобода на мирно собирање и здружување.
Универзална декларација за човекови права, член 20

Вторите прашања се однесуваат на прашањето за оние поединци, кои заради една или друга причина, не добиваат целосна корист од граѓанството. Еден аспект од ова е резултатот од континуираниот вид на дискриминација во рамките на општеството: малцинските групи многу често имаат формално државјанство од земјата во која живеат, но често се спречувани во целосното учество во тоа општество. 

Вториот аспект од проблемот е последицата од зголемената глобализација, вклучувајќи и нови модели на работа и миграција, кои водат кон значаен број на луѓе низ светот, кои се странски државјани, но не се во можност да аплицираат за формално државјанство. Оваа група луѓе вклучуваат работници-мигранти, бегалци, привремени жители дури и оние кои одлучиле трајно да живеат во некоја друга земја. 

Прашање: Дали работниците - мигранти имаат право на придобивки од државјанството, ако не и на формално државјанство?

Се проценува дека 70,000–80,000 Роми се без државјанство низ5 Европа.

Третиот аспект е прашањето на ситуацијата без државјанство. Иако правото на државјанство е човеково право, загарантирано од меѓународните закони за човековите права, постојат милиони луѓе ширум светот кои се државјани на која било земја.UNHCR , Агенцијата за бегалци при ОН, процени дека имало 12 милиони луѓе без државјанство до крајот на 2010. Тоа е често резултат на распадот на земјите, како што беше Советскиот Сојуз или Југославија, но во луѓе без државјанство можат да се вклучат и раселени лица, протерани мигранти и оние чие раѓање не е регистрирано.

„Идејата на граѓанското учество е како да се јаде спанаќ: во принцип, никој не е против тоа, бидејќи е добро за тебе.6
Шери Р. Арнстејн 

Форми на учество 

Учеството на граѓаните во нивната влада се смета дека треба да биде камен-темелник во демократијата и дека треба да се случува низ различни механизми и форми, на различни нивоа. Неколку модели на учество се развиени, а веројатно и се најмногу познати под името Скала на учество на Шери Арнстејн (1969).

Арнстејн идентификувал осум нивоа на учество, и секое одговара на еден степен од скалата, со малку или без граѓанско учество, на едниот крај и целосна форма на граѓанско учество, на другиот крај. Колку сте повисоко на скалата, толку поголема моќ имате при одредување на исходот. Најниските две скалила – манипулација и терапија – не се партиципативни и би требало да се избегнуваат. Наредните погорни три – информирање, консултација и придобивање – се токенистички; тие дозволуваат да се слушне гласот на граѓаните, но нивните гледишта може да не се земат предвид од оние кои се на власт. Последните три чекори – партнерство, делегирана моќ и граѓанска контрола – сочинуваат вистинска граѓанска моќ и целосна форма на граѓанско учество.

Права наспроти реалноста 

Ромските заедници рутински се дискриминирани во многу делови од Европа. Во некои случаи, на Ромите им се одбива државјанството во земјите во кои тие живеат. Во 1990-те години, кога се растурија Чехословачка и Југославија, дел од Ромите беа оставени без државјанство, бидејќи новоформираните земји сметаа дека тие припаѓаат на друго место и имплементираа закони кои го негираа нивното државјанство. Освен тоа, ромските родители, кои се без државјанство или кои мигрирале во некоја друга земја, често не успеваат да ги регистрираат нивните деца, иако тие деца имаат право на државјанство според меѓународните закони. Како последица, таквите деца немаат пристап до некои од нивните основни права, како што се здравствена заштита или образование. И други заедници со патувачки животен стил, на пример Патници во Британија, можат да се соочат со слични проблеми.
Дури и кога Ромите се официјално признати како граѓани, тие можат да бидат исклучени од целосно учество во нивните заедници и во пракса да се третираат како второстепени граѓани, заради распространетата дискриминација и предрасуди.

Државите членки му ги признаваат правата на детето за слобода на здружување и за слобода за мирно собирање.
Конвенција за правата на детето

Моделот на Арнстејн понатаму беше развиван од Роџер Харт и прилагоден за темите кои се однесуваат на децата и младинското учество. Харт утврдил дека учеството е основно право на граѓанството7, бидејќи овој е начинот да се научи што значи да се биде граѓанин и како да се биде граѓанин. Младинското учество може да се смета и како вид на партнерство помеѓу млади и возрасни. Постојат различни степени до кои младите можат да бидат инволвирани или да преземат одговорност, во зависност од локалната ситуација, ресурсите, потребите и нивото на искуство. Скалата на учество илустрира различни степени на вклученост на децата и младите луѓе во проектите, организациите или зардниците. Постојат осум нивоа на младинско вклучување:

Земјата е само една татковина, а човештвото се нејзините граѓани.
Бахаула

Скалило 8: Заедничко донесување одлуки
Проектите и идеите ги иницираат младите луѓе, кои ги канат возрасните партнерски да учествуваат во процесот на донесување на одлуки.

Скалило 7: Младите како предводници и иницијатори
Проектите или идеите ги иницираат и предводат младите луѓе; возрасните можат да се поканат да ја пружат потребната поддршка, но проектот може да продолжи и без нивната интервенција.

Скалило 6: Заедничко донесување на одлуки по иницијатива на возрасните
Возрасните иницираат проекти, но младите луѓе се поканети да ја споделат моќта и одговорностите при одлучувањето како рамноправни партнери.

Скалило 5: Консултирани и информирани млади
Проектите ги иницираат и водат возрасните, но младите луѓе даваат совети и предлози и се информирани за тоа како овие предлози придонесуваат за крајните одлуки или резултати.

Скалило 4: Назначени и информирани млади
Проектите ги иницираат и водат возрасните; младите луѓе се поканети да преземат конкретни улоги и задачи во рамките на проектот, но свесни се колкаво е нивното влијание во реалноста.

Учеството значи да се биде вклучен, да се добијат задачи, да се сподели и да се преземе одговорност. Тоа значи да се има пристап и да се биде вклучен.
Петер Лауритцен3

Скалило 3: Токенизам
Младите луѓе добиваат некакви улоги во проектите, но немаат вистинско влијание врз одлучувањето. Оттука (намерно или ненамерно) се создава илузија дека младите учествуваат, а всушност немаат никаков избор во тоа што прават и како прават.

Скалило 2: Младите луѓе како украс
Младите луѓе се потребни во проектот за да ја претстават младината како непривилегирана група. Тие немаат значајна улога (освен да се присутни) и исто како и кај украсите, се ставаат на видлива позиција во рамките на проектот или организацијата за да можат лесно да бидат забележани однадвор.

Скалило 1: Манипулација на младите луѓе
Младите луѓе се покануваат да учествуваат во проектот, но немаат вистинско влијание врз одлуките и нивните резултати. Всушност, нивното присуство се користи за да се постигне некоја друга цел, како на пример, победа на локални избори, да се создаде подобар впечаток за институцијата или да се обезбедат дополнителни фондови од институциите, кои го поддржуваат младинското учество.
Постојат многу начини преку кои младите луѓе играат активна улога како граѓани во нивните општества. Во 2011, направено е истражување со млади луѓе, на возраст од 15-30, кои живеат во земјите-членки на ЕУ, со цел да се дознае како младите граѓани на ЕУ учествуваат во општеството. Тоа беше фокусирано на нивното учество во организациите (пр. спортски клубови, волонтерски организации), политички избори, волонтерски активности и проекти кои поттикнуваат соработка со младите луѓе од другите земји.

Заклучоците го вклучуваат следново: 

  • Во сите земји, мал број на млади луѓе рекле дека биле вклучени во активности кои имале цел поттикнување соработка со младите луѓе од други земји; овој број се движел од 4% во Италија до 16% во Австрија.
  • Околу четвртина од младите возрасни биле вклучени во организирана волонтерска активност во 2010. Највисок степен бил запазен во Словенија, Данска, Ирска и Холандија (36%-40%).
  • Помеѓу младите луѓе кои биле доволно возрасни да гласаат, отприлика 8 од 10, рекле дека гласале на политички избори на локално, регионално, национално или европско ниво во претходните три години. Овој број се движел од 67% во Луксембург до 93% во Белгија (каде што гласањето е задолжително).
  • Отприлика една третина од младите луѓе во ЕУ биле активни во спортски клубови во 2010. Околу една шестина биле вклучени во младинска организација, а еден од седум млади учествувал во активности на културни организации.8

Прашање: Како би можело вашиот глас да се слушне во вашата младинска група, организација или училиште?

Младинско учество во Советот на Европа 

Целта на младинската политика на Советот на Европа е да им овозможи на младите луѓе – девојки и момчиња, млади жени и млади мажи – еднакви можности и искуство кои ќе ги оспособат за развивање на знаење, вештини и способности за целосно да учествуваат во сите аспекти од општеството.9

Советот на Европа ја игра главната улога во поддржувањето и поттикнувањето на учеството и активното граѓанство. Учеството има централна улога во младинската политика на Советот на Европа на различни начини:

Учеството и активното граѓанство значи да се има право, средства, простор и можност, а таму каде што е потребно, поддршка да се учествува и да се влијае врз донесувањето одлуки, како и вклучување во дејства и активности, така што ќе се придонесе за градење на подобро општество.
Ревидирана Европска повелба за учеството на младите луѓе во локалниот и регионалниот живот

  • Младинските политики би требало да го промовираат учеството на младите луѓе во различни сфери од општеството, особено оние кои се најмногу значајни за нив. Ова вклучува поддршка за младинските организации, воспоставување на младински платформи или консултативни тела, признавајќи ја улогата на ученичките совети и ученичките унии во управување со училиштата итн.
  • Младинските политики би требало да се развиваат, имплементираат и оценуваат со младите луѓе, имено на начини кои ќе ги земат во предвид нивните приоритети, перспективи и интереси и ќе ги вклучат во процесот. Ова може да се направи преку младинските совети и форуми (национални, регионални или локални) и/или преку други начини за консултирање на младите луѓе, вклучувајќи форми на е-учество.
  • Младинските политики и програми треба да поттикнуваат пристапи на учење и делување кои се насочени кон учесникот, како што е образованието за човекови права, преку кое учесниците учат и го применуваат учеството и граѓанството.

Овие димензии на младинско учество ги рефлектираат пристапите на ревидираната Европска повелба за учеството на младите луѓе во локалниот и регионалниот живот, а која го нагласува следново: „...да се учествува значи да се има влијание - врз и одговорност - за одлуките и дејствата кои се однесуваат на животите на младите луѓе или се, едноставно, значајни за нив. Во пракса, според тоа, ова може да значи гласање на локални избори, како и формирање на младинска организација или Интернет форум за да се разменуваат информации за хоби и интереси или други креативниImage: RMSOS approach to young people’s participatipationначини на поминување на слободното време. Дефиницијата за учество во Повелбата, исто, покажува поместување во пристапот до младите луѓе и младинското вклучување. Младите луѓе не се третираат како жртви или како ранлива група, на кои им треба заштита и помош (така наречениот „пристап заснован врз проблем“). Тие не се третираат ни како објекти на интервенција од страна на возрасните, со нивните претпоставки дека тие знаат што е најдобро за младите луѓе. Сега, младите луѓе се сметаат за активни учесници во организациите или во животот на заедницата; тие се сметаат за партнери со многу потенцијал, таленти и сила. Тие би требало да имаат можност да ги искажат нивните потреби и да најдат начини за нивно задоволување.10

Европската повелба за учеството на младите луѓе во локалниот и регионалниот живот11 (издадена во 1992, а ревидирана во 2003) е меѓународен документ одобрен од Конресот на локални и регионални авторитети при Советот на Европа. Повелбата се состои од три делови кои се поврзани со различните аспекти на младинското учество на локално ниво. Првиот обезбедува насоки за локалните и регионалните авторитети за тоа како да ги водат политиките кои ги засегаат младите луѓе во бројни области. Вториот дел обезбедува алатки за продлабочување на учеството на младите луѓе. И на крај, третиот дел обезбедува совети како да се овозможат институционални услови за учеството на младите луѓе.

Кажете го своето!“ е прирачник од Своетот на Европа за ревидираната Европска повелба за учеството на младите луѓе во локалниот и регионалниот живот12 ,
достапна на Интернет на 11 јазици

Повелбата истакнува 14 области во кои младите луѓе би требало да се вклучени. Тие се следниве:
1. спорт, рекреација и здружување
2. работа и вработување
3. домување и транспорт
4. образование и обука
5. мобилност и меѓукултурна размена
6. здравје
7. рамноправност на жени и мажи
8. млади луѓе во рурални средини
9. пристап до културата
10. одрлив развој и животна средина
11. насилство и криминал
12. недискриминација
13. љубов и секасуалност
14. пристап до правата и законите.

За да се имплементира младинското учество во младинската политика на единствен начин, Советот на Европа воведе систем на ко-управување во младинскиот сектор, каде претставниците на европските невладини младински организации и владините претставници работат заедно за да развиваат приоритети и даваат препораки кои се значајни за младите. Овој систем на ко управување се состои од три тела: Европски управен комитет за млади, Советодавен совет и Заеднички совет за млади.
Советодавниот совет се состои од 30 претставници од младинските невладини организации и мрежи, кои обезбедуваат мислења и ги применуваат во сите активности на младинскиот сектор. Има за задача да ги разгледува мислењата и предлозите за било кои прашања во врска со младите, во рамките на Советот на Европа.
Европскиот управен комитет за млади се состои од претставници на министри и организации, одговорни за младински прашања од државите-членки од Европската конвенција за култура. Поттикнува на поблиска соработка помеѓу владите за младински прашања и обезбедува форуми за споредување на национални младински политики, разменувајќи ги најдобрите практики и креирајќи нацрт-верзии на текстови. Овој комитет организира и Конференции за европските министри одговорни за младински прашања и изработува нацрт-верзии за закони и регулативи за младинска политика во државите-членки.
Заедничкиот совет на млади ги доведува Европскиот управен комитет за млади и Советодавниот совет во едно тело за заедничко донесување на одлуки, кое ги воспоставува приоритетите, целите и буџетите на младинскиот сектор.

Европскиот младински форум е независна, демократска, младински управувана платформа, која претставува над 90 национални младински совети и меѓународни младински организации од цела Европа. Младинскиот форум работи на зајакнување на младите луѓе за активно учество во општеството со цел да ги подобрат нивните животи, преку претставување и застапување на нивните потреби и интереси и оние на нивните организации.13

Фусноти

1 Овие четири димензии на граѓанството беа развиени од страна на Ruud Veldhuis во „Образование за демократско граѓанство: димензии на граѓанството,основни компетенции, варијабли и меѓународни активности“, Стразбур, Совет на Европа,1997, документ DECS/CIT (97) 23, цитирано овде од T-Kit 7 – Европското граѓанство во младинската работа, T-Kit за европското граѓанство, Совет на Европа и Европска Комисија, Стразбур, 2003
2  T-Kit 7 – Европското граѓанство во младинската работа, T-Kit за европското граѓанство, Совет на Европа и Европска Комисија, Стразбур, 2003
3 Петер Лауритцен, воведно излагање за учеството, презентирано на тренинг курс за развој и имплементација на проектите за учество на локално и регионално ниво, Европски младински центар, јуни 2006
4 Извештај со објасненија за Европската конвенција за државјанство, член 2, параграф 23:
http://conventions.coe.int/Treaty/en/reports/html/166.htm#FN2
5 Меган Роулинг го цитира Томас Хамарберг, Комесар за човекови права при Советот на Европа во: „Главниот на правата ја повикува Европа да ги направи граѓани Ромите без државјанство“, AlertNet 23 август 2011:: www.trust.org/alertnet/news/interview-eu-governments-should-give-stateless-roma-citizenship-commissioner
6 Шери R. Арнстејн, „Скала на граѓанското учество“, JAIP, изд. 35, бр. 4, јули 1969, стр. 216. 
7  Роџер Харт, Детското учество: од токенизам до граѓанство, УНИЦЕФ InnocentiИстражувачки центар, Фиренца, 1992
8 „Млади во движење“, Аналитички извештај, Европска Комисија, мај 2011 http://ec.europa.eu/public_opinion/flash/fl_319a_en.pdf
9 Резолуција на Советот на министри (2008)23 за младинската политика при Советот на Европа
10 „Кажете го своето!“ – прирачник за ревидираната Европска повелба за учеството на младите луѓе во локалниот и регионалниот живот, во издание на Советот на Европа,2008
11 Повелбата е достапна овде:: www.salto-youth.net/downloads/4-17-1510/Revised%20European%20Charter%20on%20the%20Participation%20of%20YP.pdf
12 www.coe.int/t/dg4/youth/Source/Coe_youth/Participation/Have_your_say_en.pdf
13 Научете повеќе за Европскиот младински форум на веб-страницата: www.youthforum.org

compass-key-date
  • 18 МартПрви парламентарни избори со универзално право на глас (1917)
  • 5 МајДенот на Европа (Совет на Европа)
  • 12 АвгустМеѓународен ден на младите
  • 19 СептемвриДен на правото на глас на жените
  • Една недела, влучувајќи го и 15 ОктомвриНедела на европската локална демократија
  • 5 ДекемвриМеѓународен ден на волонтерите за економски и општествен развој
  • 10 ДекемвриДен на човековите права