Идеалот е она за кое живеам и она кое сакам да го постигнам. И ако треба, идеалот е она за кое сум подготвен да умрам.

Нелсон Мандела

Преглед

Оваа активност користи картички со информации за да го поттикне интересот за борците за човекови права. Прашањата, кои ќе се дискутираат, вклучуваат:
• Политичка репресија
• Активисти за човекови права во дваесеттиот век
• Борба за правата во различни земји

Поврзани права

• Слобода на мислење и изразување
• Право на еднаквост пред законот и право на праведно судење
• Слобода од мачење и деградирачки треман

Цели

• Да се стекнат знаења за поединци кои се бореле за човековите права во различни земји
• Да се развиваат вештини за организирање и користење на информации, соработка и групна работа
• Да се промовира почит, одговорност и љубопитност за човековите права

Материјали

• Еден комплет од 30 картички за секоја мала група
• Ножици
• Пликови
• По желба: лепило и парчиња леплива хартија за задниот дел на картичките

Подготовка

• Уредете го просторот за да можат луѓето да работат во мали групи
• Направете копии од картичките така што ќе имате по еден комплет за секоја мала група.
• Исечете го секој комплет од триесет картички, измешајте ги да не бидат по ред, а потоа ставете ги во пликови. Важно е комплетите да се чуваат одделно едни од други!

compass-key-date
  • 10 декемвриДен на човековите права

Инструкции

1. Замолете ги учесниците да се поделат во мали групи од 3 до 4 луѓе. Поделете по еден комплет картички на секоја група.
2. Замолете ги да ги наредат картичките со сликата надолу.
3. Објаснете дека картичките опишуваат настани од животот на шест активисти за човекови права. Целта на секоја група е да ги поврзат настаните со точниот лик и така да изградат краток опис за секоја личност.
4. Објаснете дека секој од ликовите е изграден од „комплет од пет“ (на пример, една „А“, една „Б“, една „В“, една „Г“ и една „Д“ картичка).
5. Кажете ѝ на секоја група, во кругови, да избира по една картичка, сé додека не се потрошат картичките.
6. Дајте им на луѓето неколку минути да ги прочитаат нивните картички во тишина.
7. Потоа ослободете ги… Дозволете ѝ на секоја група да смисли свои стратегии за градење на личностите. Ним ќе им требаат околу 15-20 минути во оваа фаза.
8. Соберете ги сите заедно и замолете го претставникот од групата да ја претстави, со свои зборови, една од личностите. Потоа, истото повторете го со останатите групи, така што секоја личност ќе биде целосно претставена, а секоја група ќе може да провери дали тие точно ги споиле „деловите“.  

Резимирање и евалуацијаGoto top

1. Колку беше лесна оваа вежба и кои стратегии ги употребија групите за да ги наредат комплетите од картички?
2. За кого од личностите луѓето веќе имаа слушнато, а кои личности беа нови? Зошто за некои ништо не слушнале, додека, пак, другите им беа добро познати?
3. Беа ли луѓето изненадени од некои информации? Што беше за нив најшокантно или најимпресивно?
4. Замолете ги луѓето да одберат цитат со кој тие се идентификуваат: како тие би се однесувале доколку би се нашле во истата позиција како оваа личност?
5. Кои човекови права ги барале различните „борци“?
6. Дали „хероизмот“ е несоодветен начин на дејствување за одбрана на човековите права? Кои акции се достапни за луѓето кои се жртви на кршењето на човековите права?

Совети за обучувачитеGoto top

Постојат достапни информации во изобилство за секоја од овие личности, како и кратки биографии, кои нудат површни (и субјективни) перспективи за темата. Постојат стотици активисти за човекови права кои ги има на листата. Погледнете на http://www.universalrights.net/heroes/

Ако одлучите да ги искористите примерите од Компас, но мислите дека личностите се далечни за младите луѓе со кои работите, тогаш започнете со една кратка воведна активност. Земете слики од четири или пет познати амбасадори од ОН, кои се добро познати во вашата земја, залепете ги портретите на големи листови хартика и ставете ги на ѕидот. Замолете ги членовите на групата да ги именуваат и да кажат што прават тие како амбасадори на ОН.

Секако, треба да се напомене дека луѓето не треба да чувствуваат „притисок“ за што и да е. Постојат многу начини на борба за човековите права, па и различни поединци ќе одберат различни патишта, согласно со нивните верувања и способности, на пример, работа во невладини организации, или организирање петиции или насочување на лобирањето.

ВаријацииGoto top

Дајте ѝ на секоја група празна картичка и замолете ги да напишат кратка биографија за еден борец за човекови права по сопствен избор. Потоа замолете ги групите да си ги заменат картичките и да погодуваат за кој „борец’ пишувала другата група. Ако ја правите оваа варијација, бидете подготвени за изненадувања, бидејќи борците можат да вклучат познати личности и музички ѕвезди. Вие треба да ги прифатите сите предлози и да ставите акцент на она за што тие се бореле и го постигнале. Поканувањето на останатите учесници да коментираат може да биде добар пристап во случај ако не се согласувате со дадениот запис на личноста во врска со човековите права.

Предлози за идни активностиGoto top

Препорачливо е да се обидете да реализирате идни активности после оваа активност преку поттикнување на луѓето да најдат и некои други активисти за човекови права, така што тие ќе развијат чувство за личностите, кои низ историјата, придонесле во борбата за човекови права. Групата би можела да организира сопствена „галерија со портрети“ од активисти за човекови права. Дадените шест во оваа активност можат да се искористат како почетна точка: фотографиите можат да се залепат на парчиња хартија заедно со цитати и кратки биографии, а потоа да се прикажат во собата. Од секој член на групата се бара да најдат податоци за други личности и да ги додадат во галеријата со портрети. Шесте личности кои беа овде претставени воделе кампањи во областа на граѓанските и политичките права, но вие може да го проширите рангот на правата и да вклучите социјални и економски права. Чико Мендес би можел да биде еден пример..

Во граѓанското општество постојат неколку начини за изразување на мислење и борење за правата. Ако сакате поблиску да ги разгледате, можете да ја направите вежбата „Поврзување“.

Можеби треба да знаете за ситуации во кои вие сами ќе треба да ги одбраните вашите права. Ако е тоа така, оберете играње на улоги „Погоди кој доаѓа на вечера“, во едукативниот пакет „Сите еднакви-сите различни“, каде се поставува сцена во која ќе истражувате што би можело да се случи ако доведете „несоодветно“ момче/девојка во вашиот дом за да ги запознае вашите родители.

Идеи за акцијаGoto top

Дознајте повеќе за некои сегашни политички затвореници или активисти, на пример, оние кои Amnesty International ги обележа како „Затвореник на совест“. Напишете писмо или организирајте кампања за да ги информирате луѓето за овој затовореник и направете притисок врз значајните индвидуалци за да го ослободат него/неа.

Понатамошни информацииGoto top

Одделот на Amnesty International во Велика Британија има направено сопствен историски ѕиден приказ за бранителите на човековите права, кој може да се порача преку нивната вебстраница: http://www.amnesty.org.uk

ПрилозиGoto top

PDFПреземи во PDF

 

A

„Се борев против доминацијата на белците и се борев против доминацијата на црните луѓе. Го славев идеалот на демократско и слободно општество, во кое, сите луѓе живеат заедно во хармонија и со еднакви можности. Идеал е да се живее и да се постигне тоа. Но, ако е потребно, идеалот е она за кое сум подготвен да умрам.“
Нелсон Мандела
A

„Како резултат на одредени болни, но истовремено и утешителни средби, видов како од длабочините на моралното дивјаштво наеднаш се појави крик: „Тоа е мојата грешка“ и како со тој крик болниот повторно го стекна правото себеси да се нарекува човечко суштество.“
Евгенија Гинзберг
Б

Роден/ае во село близу Умтата и бил/а избран/а за претседател на Јужноафриканската Република на првите демократски избори во таа земја, на возраст од 76 години. Дотогаш, но и потоа, неговиот/нејзиниот живот бил посветен на
Б

Роден/а е во 1906 во Русија и умрел/а во Москва во 1977. Работел/а спокојно како учител/ка и новинар/ка сé додека не бил/а прогласен/а како терорист од страна на сталинистичкиот режим во едно лажно судење. Поминал/а 18 години во 
В

борбата против апартхејдот, расистичкиот систем преку кој поранешната бела влада го угнетувала мнозинското црнечко население. Тој/таа бил/а подложен/а на разни форми на репресија: забрана за учество на состаноци, бил/а принуден/а да се крие и конечно бил/а
В

сибериски затворски логор во застрашувачки услови, бидејќи одбил/а да ги обвини луѓето за делата што не ги сториле. Првата година ја поминал/а во самица, во влажна ќелија, со забрана да зборува, вежба, пее или да лежи во текот на денот. Подоцна бил/а
Г

уапсен/а и осуден/а на доживотен затвор на возраст од 44. Тој/таа поминал 28 години од неговиот/нејзиниот живот зад решетки, далеку од неговото/нејзиното семејство и деца.
Г

испратен/а од еден во друг сибирски работен логор, вклучувајќи ја и казната за помагање на друг затвореник, од кој само неколку луѓе се вратиле живи.  

 

A

„Јас сонувам дека еден ден оваа нација ќе го исполни и ќе го доживее вистинското значење на нејзиното уверување: „Овие вистини сами по себе се точни: сите луѓе се еднакво створени.“ Сонувам дека еден ден моите деца ќе живеат во држава каде нема да им се суди заради бојата на кожата, туку според нивниот карактер.“
Мартин Лутер Кинг
A

„Ненасилството е најголемата сила што човештвото ја има на располгање. Тоа е помоќно и од најмоќното оружје за уништување, создадено од човекот.“ Махатма Ганди
Б

Роден/а е во Атланта, Џорџија, во 1929, кога законот пропишувал црните луѓе да седат на посебни места во автобусите, театрите и кината и да пијат вода од посебни чешми каде што не пијат белците. Кога имал/а 28 години учествувал/а во формирањето на
Б

Роден/а во 1869, од Хинду родители кои живееле во Гуџарат, во време кога Индија уште била британска колонија. Тој/таа водел/а борба за независност и никогаш не се откажал/а од своето убедување во моќта на  
В

организација на црквите на црните луѓе, која поттикнувала ненасилни маршеви, демонстрации и бојкоти против расната сегрегација. Организацијата учествувала на протест во Бирмингем, Алабама, каде што стотици распеани деца од школите
В

ненасилниот протест и верската толеранција и покрај неколкуте апсења и затворања. Кога Индијците употребиле сила еден против друг или против британскиот раџа, тој/таа штрајкувал/а со глад сé додека не прекинало насилството. Тој/таа го водел/а маршот низ Индија, долг 241 милја и
Г

Ги наполниле улиците во знак на поддршка. На полицијата ѝ било наредено да ги растера со кучиња и пожарникари со млазови вода. Тој/таа бил/а уапсен/а и притворен/а.
Г

ги убедил/а своите следбеници да ја прифатат бруталноста на полицијата и војската без да возвратат. Тој/таа поминал/а вкупно 2338 денови во затвор, неуморно посветувајќи се на мирот.

 

A

“Честопати имам нагон да плачам, но не го покажувам тоа. Ги проголтувам чувствата”. „Кога сонувам, сонувам дека сум назад во Аушвиц“.
Зили Шмит
 
A

„Ах, оваа тажна песна во моето срце ја испраќам на оние кои им помагаат на затворениците. Овие чувства и ужасни мачења во ова темно време никогаш нема да ги заборавам. Оваа моја затворска беда никогаш да не биде нанесена на друго човечко суштество.“
Нгаванг Сангдрол
Б

Роден/а во 1924 година во Тиринген, Германија, од Синти, семејство на патувачки изведувачи. Преживувајќи го логорот на истребување - Аушвиц-Биркенау, тој/таа се обврзала да му кажува на светот што му/ѝ било направено

Б

Тој/таа е будистички/а калуѓер/калуѓерка, кој/а верувал/а дека Тибет треба да е независен од Кина и кој/а бил/а затворен/а, прв пат, на 10 години од страна на кинеските власти. Неговата/нејзината вина лежи во тоа што учествувал/а 
В

на Ромскиот народ од страна на нацистичкиот режим. Во 1939 г. Тој/таа била уапсена во Стразбур. „Криминал: Циган/ка“ гласело полициското досие. Тој/таа бил/а испратен/а во затворскиот логор во Лети, во денешна Чешка, но успеал/а да избега. Кратко потоа, бил/а приведен/а. Во март 1943 година била депортиран/а

В

на мирни демонстрации за независност на Тибет. Повторно бил/а уапсен/а на возраст од 15 години и казнет/а на 3 години затвотр. Казната била продолжена, бидејќи тој/ таа пеел/а песни за независност во затворот, а потоа и продолжена на 8 години, бидејќи
Г

во Аушвиц-Биркенау. Во „циганскиот семеен камп“ гладот, жедта, болестите, насилството и смртта биле дел од секојдневниот живот. Ризикувајќи го животот, тој/ таа крадел/а храна и облека за да им помогне на децата и другите во кампот да преживеат. Два пати, неговото/ нејзиното име било на списокот за во гасна комора. Сепак, тој/таа два пати избегал/а. Целото негово/нејзино семејство завршило во гасна комора од страна на нацистите.

Г

извикал/а: „Слобода за Тибет“ додека стоел/а на дождот во затворскиот двор. Денес тој/таа има проблеми со бубрезите како резултат на претрпените мачења.