Дали имаш добра меморија? Сега е време да ја тестираме!

Преглед

Во оваа активност учесниците треба да ги пронајдат и да ги спојат паровите картички онака како што размислуваат во врска со нееднаквите можности за образование во светот и како да се постигне четвртата цел од одржливиот развој-Квалитетно образование за сите.

 

Поврзани права

• Право на образование
• Право на целосен физички, ментален, духовен, морален и општествен развој
• Право на еднаквост

Цели

• Да се развие знаење за образованието и како тоа ги допира сите сфери во животот
• Да се развиваат вештини за меморирање и за критичка анализа
• Да се поттикнува одговорноста и чувството за човеково достоинство и правда

Материјали

• По 1 комплет на картички за секои три или четири учесници
• Хартија и пенкала за забелешките во вториот дел

Подготовка

• Запознајте се со прашањето и прочитајте ги сите картички со изјави
• Запознајте се со четвртата цел од Целите за одржлив развој (SDG) и нејзините таргети (погледнете во делот за „Образование“)
• Ископирајте ги листовите со картичките, залепете им одназад картон за да бидат потрајни. Исечете 40 картички

compass-key-date
  • 8 СептемвриМеѓународен ден на писменоста

Инструкции

Прашајте ги учесниците што знаат за Целите за одржлив развој. Ако е потребно, кратко објаснете кои се Целите за одржлив развој и објаснете дека четвртата цел овозможува квалитетно образование за сите до 2030.

Објаснете дека активноста е поделена на два дела: прв дел – игра со меморија и втор дел – известување за проблемите.

Прв дел - Игра со меморија (10 минути)

  1. Објаснете дека има дваесет парови од картички. Секој пар се состои од картичка со тема и картичка со слика, а задачата е да се спојат двете картички. Изјавите на картичките со теми се поврзани со проблемите кои ги земаат предвид четвртата цел за одржлив развој и образованието за човекови права. Прашањата (кои се со закосени букви - Italic) се за подоцнежна дискусија.
  2. Прашајте ги учесниците дали ја знаат играта наречена „Концентрација“, „Меморија“, „Пелманизам“ или „Парови“, бидејќи таа игра ќе ја играат во мали групи по четворица. Разгледајте ги правилата: тие ги редат картичките со предната страна свртена надолу кон подот или масата. Првиот играч почнува и отвора две картички. Ако едната (или двете) се картички тема, тогаш играчот гласно го чита насловот и изјавата. Ако картичките се пар, тогаш играчот ги задржува и истиот продолжува понатаму. Ако картичката не се сложува, тој/таа ја враќа назад и ја превртува на истото место од каде што ја зеде. Потоа, наредниот играч одбира две картички. Играта завршува кога сите картички ќе се спарат. Победник е оној кој ќе има најмногу парови со картички.

Втор дел –Известување за проблемите (60 минути)
1. Направете листа на проблемите на флип-чарт. Повикајте доброволци да ги прочитаат насловите на картичките додека вие ги запишувате.
2. Замолете ја групата да идентификува четири до шест проблеми кои најмногу ги интересираат.
3. Поделете ја групата во мали групи од 4-5 луѓе. Замолете ја секоја подгрупа да одбере два од проблемите за кои најмногу би сакале да дискутираат.
4. Кога проблемите ќе бидат одбрани, дајте им на групите 20 минути за дискусија. Почетната точка за дискусиите треба да биде прашањето, напишано со закосени букви, на картичките.
5. После 20 минути, повикајте ги учесниците за пленарна дискусија. Разгледајте ги сите проблеми. Дајте ѝ на секоја група 5 минути за повратна информација и не дозволувајте повеќе од дополнителни 5 минути за прашања од останатите.
6. Откако сите групи ќе дадат извештај за проблемите, преминете на резимирање.

Резимирање и евалуацијаGoto top

Вие имавте добра можност да дискутирате за проблемите, па потоа оценете ја играта и што научија луѓето:

  • Дали учесниците уживаа во играта?
  • Дали тоа беше добар начин за почеток на дискусија во врска со проблемите на образованието?
  • Како течеа дискусиите во групите? Дали сите беа во можност да учествуваат?
  • Дали имаше премногу предизвици? Дали е можно да има „образование за сите“?
  • Членот 26 од Универзалната декларација за човекови права е правото на образование. Што значи ова право во пракса?
  • Дали има премногу предизвици со кои се соочува образованието? Дали е возможно да се оствари целта за овозможување на инклузивно, праведно и квалитетно образование, како и можностите за доживотно образование за сите до 2030?
  • Зошто мислите дека образованието е една од Целите за одржлив развој?
  • Кои се главните предизвици за правото на образование во вашата земја, заедница или училиште?
  • Што можете вие, вашата група, вашата заедница да направите во постигнувањето на четвртата цел, од Целите за одржлив развој, во вашата земја и/или во земјите во развој?
  • Дали постои опасност – правото на образование за човекови права да биде „заборавено“ кога има толку голема потреба за фокусирање кон образованието за описменување, сметање, техчнички и стручни вештини. Ако постои, што би можело да се стори?

Совети за обучувачитеGoto top

Намерата за користење на оваа техника е да се воведе доза на забава во процесот на стекнување информации кои ќе бидат потребни за дискусијата.

Оваа е, речиси, лесна активност за водење. Бидете сигурни дека сте ги прочитале сите картички пред да започнете со активноста и која картичка се спојува со кој проблем, така што, за време на играта, можете да понудите насоки и да потврдите кога паровите се точно споени. Кога објаснувате како се игра играта, можеби ќе сакате и да ги демонстрирате инструкциите, покажувајќи како изгледа еден од паровите. Нагласете ја разликата помеѓу изјавата и прашањето.

Можете да им кажете дека играта е наречена „Меморија“, бидејќи луѓето треба да запомнат каде лежат различните картички, така што тие треба да одберат две картички кои формираат пар.

Во вториот дел, можеби ќе сакате да организирате две различни групи да дискутираат еден ист проблем. На овој начин ќе се генерираат повеќе идеи. Тоа значи дека подгрупите ќе мора да преговараат за кои проблеми ќе дискутираат.

Вие ќе мора да одлучите, во кој дел од активноста, групата ќе добие детални информации за четвртата цел од Целите за одржлив развој и за нејзините таргети. Кога и како ќе го сторите тоа ќе зависи од групата и од времето со кое располагате. Тоа може да биде кога ја претставувате активноста или во резимирањето. Можеби ќе сакате да ги сумирате целите за да добиете подобар преглед.

Кога ќе ги фотокопирате картичките, добра идеја е да ги зголемите, бидејќи така полесно ќе се читаат. Ако потоа залепите картон на задната страна, тие ќе бидат потрајни и полесни за употреба.

Некои од картичките содржат акроними, на пример, ОЧП (образование за човекови права). Кога ја претставувате играта, објаснете и што значат овие скратеници.

Забележете дека една третина од картичките содржат изјави поврзани со четвртата цел од Целите за одржлив развој, прифатени од Обединетите нации во 2015. Останатите картички се за човекови права и проблеми во образованието со цел да се поттикне размислување како да се постигне квалитетно образование за сите.

ВаријацииGoto top

Ако немате доволно време за вториот дел, можете да ја искористите техниката опишана во активноста „Само една минута“, на страница 205. Замолете го секој учесник да одбере еден од проблемите на картичките и да зборува за него една минута, без да се двоуми или да повторува. Исто така, ова е добра опција ако чувствувате дека учесниците имаат потреба да ги подобрат нивните вештини за усна презентација.

Во вториот дел, ќе добиете во време, доколу претходно подготвите комплет на многу големи карти со слики на кои ќе ги запишете и насловите кои одговараат. Потоа, место да ја пишувате содржината, можете само да ги залепите овие. Тоа ќе ви заштеди време и изгледа убаво.

Предлози за идни активностиGoto top

Неколку проблеми кои можат да се појават во играта со меморија можат да се појавуваат и во други активности. На пример, ако сакате да го истражувате прашањето за буџетот при образованието и другите општествени потреби и буџетот потрошен за воени цели, можете да ја направите активноста „Колку нам ни е потребно“. Прашањата поврзани со детскиот труд и недостатокот од пристап до образование може да се истражува во активноста „Приказната на Ашик“.

Идеи за акцијаGoto top

Картичките за меморија покажуваат бројни проблеми кои ја попречуваат можноста за постигнување квалитетно образование за сите до 2030. Групата може да одбере некој од проблемите и да го истражува, да најде идеи како да се остварат целите и крајно, да преземе акција. Разгледајте го Поглавје 3 „Преземање акција“ за совети како да се изведе тоа.

Зошто и да не напишете писма до пратениците во вашиот Парламентот и да се распрашате што прави вашата земја за да ги оствари таргетите, поставени во четвртата цел од Целите за одржлив развој?

 

Понатамошни информацииGoto top

Правото на образование е наведено во член 26 од Универзалната декларација за човекови права. Иако постои општа прифатеност и обврска од страна на државите да понудат бесплатно основно образование за сите, реалноста е дека бесплатното образование не е за сите, туку само за мал број. Таргетот 4.1, од Целите за одржлив развој е најнова иницијатива на ОН која го овозможува тоа право за сите.

Во минатото, имаше и други иницијативи кои промовираа образование насекаде низ светот. Целта на Образованието за сите произлезе од Светската конференција Образование за сите, во Џомтиен, Тајланд, 1990. Потоа, во 2000, меѓународната заедница се собра во Дакар, Сенегал, за Светскиот образовен форум (WEF) со цел разгледување на напредокот за овозможување основно образование за сите и обновување на обврската за Образование за сите. Околу 1100 учесници од 164 земји ја усвоија Рамката за дејствување од Дакар, обврзувајќи се и себеси во постигнувањето квалитетно основно образование за сите до 2015. На UNЕСПO му беше доверена целосната одговорност за координирање на сите меѓународни учесници и за одржување на глобалната динамика.

Извор

UNESCO Образование за сите: Светски образовен форум, Финален извештај, 2000.

Иницијативата на Светскиот образовен форум се совпадна со усвојувањето на Милениумските развојни цели од страна на ОН и кои требаше да се постигнат до 2015. Две, од осумте Милениумски развојни цели, беа поврзани со образованието: втората цел – да се постигне универзално основно образование и третата цел – да се промовира родова рамноправност и да се зајакнат жените.

За повеќе информации за Образование за сите погледнете на UNЕSCO.org; за Милениумските развојни цели погледнете на www.un.org/millenniumgoals, а за информации за меѓународните политики и соработка во образованието и обуките погледнете на www.norrag.org.

Во 2015, Генералното Собрание при Обединетите Нации формално ги призна Целите за одржлив развој како продолжение на Милениумските развојни цели. (За општи информации за Целите за одржлив развој погледнете во делот „Понатамошни информации“, после активноста „Колку нам ни е потребно?“ и на www.undp.org). Четвртата цел од Целите за одржлив развој е за квалитетно образование. Оваа цел, до 2030, треба да овозможи инклузивно, праведно и квалитетно образование и да промовира можности за доживотно учење за сите. Четвртата цел од Целите за одржлив развој има седум таргети:

1 . До 2030, да се осигура дека сите девојчиња и момчиња завршиле бесплатно, подеднакво достапно и квалитетно основно и средно образование кое води до значајни и ефективни резултати од учењето

2. До 2030, да се осигура дека сите девојчиња и момчиња имаат пристап до раниот детски развој, грижа и предучилишно образование така што тие ќе бидат подготвени за основното образование

3. До 2030, да се обезбеди еднаков пристап за сите жени и мажи до достапно и квалитетно техничко, стручно и терцијарно образование, вклучувајќи и високо образование

4. До 2030, значително да се зголеми бројот на младите и возрасните кои имаат соодветни вештини, вклучувајќи технички и стручни, за вработување, пристојна работа и претприемништво

5. До 2030, да се елиминираат родовите разлики во образованието и да се обезбеди рамноправен пристап до сите нивоа на образование и стручни обуки за припадниците на ранливите групи и лицата со попреченост, домородното население и децата во ранливи ситуации

6. До 2030, да се осигура дека сите млади и значителен број возрасни, и мажи и жени, постигнале јазична и нумеричка писменост

7. До 2030, да се осигура дека сите ученици ќе стекнат знаења и вештини потребни да се промовира одржливиот развој, вклучувајќи, меѓу другото, и преку едукација за одржлив развој за одржлив живот, човекови права, родова рамноправност, промоција на културата на мирот и ненасилството, глобално граѓанство и разбирање на културната разновидност и придонес на културата за одржлив развој 

 

Повеќе можете да прочитате на следните веб-страници:

ПрилозиGoto top

PDFПреземи во PDF

 

Пари & образование
Без пари, владите не можат да ги исполнат нивните обврски. Тоа е прашање и на стандардот; слабо – платените наставници и недостатокот на материјали го намалуваат квалитетот на образованието. Нема пари, нема образование! Дали се сложувате?
Родова рамноправност & образование 

Многу земји направија големи чекори кон целта за родовата рамноправност. Сепак, во некои земји, на девојчињата и жените им е забрането да посетуваат училиште.

Дали мислите дека ова го нарушува кредибилитетот на четвртата цел од ЦОР?

Храна & образование

Програмите Храна за образование (FFE) обезбедуваат училишни оброци и/или оброци за дома, а со тоа се осигуруваат дека и сиромашните деца ќе бидат здрави и способни да учат.

Дали FFE програмите се клучни за остварување на четвртата цел од ЦОР ?

Образование за сите

Претходните иницијативи да се овозможи основно образование за сите имаа недостаток во нивните таргети. Сега, четвртата цел од ЦОР има за цел да обезбеди квалитетно образование и можности за доживотно учење за сите.

Дали има некаква вредност воспоставувањето на очигледно недостижни цели?

Зависности & образование
Употребата на алкохол, цигари и други супстанции е проблем во многу училишта/универзитети. Злоупотребата ги спречува учениците да учат и го зголемува насилството.

Дали строгата училишна политика, во врска со злоупотребата на зависности, е одговорот?

Војска & образование
Во многу земји, висок процент од буџетот отпаѓа на трошоци за војската и ништо не останува за општествениот сектор, особено за образованието.  

Дали сигурноста е поважна од образованието?

Наставници & Образование
Добрите и квалитетни наставници се суштински. Но, во многу земји во развој, обуката може да биде минимална.

Дали треба да постои минимум кој е потребен, како што е диплома за наставници и тоа да важи за сите наставници во училиштата?

Миграции & образование
Колку повисоко ниво на образование, толку е поверојатно дека поединецот би емигрирал. Многу лекари, наставници, инженери и експерти за компјутерска технологија од земјите во развој работат во Европа.

Дали е морално и дали може да се одбрани одливот на мозоци кои Европа ги добива од оние земји каде овие луѓе се навистина потребни?

Бесплатно образование

Таргет 4.1 од четвртата цел од ЦОР –До 2030 да се осигура бесплатно основно и средно образование за сите.

Дали е ова навистина добра идеја? Дали луѓето повеќе ги вреднуваат работите кога плаќаат за нив?

Образование за човекови права
„Секој поединец и секој општествен орган, имајќи ја во предвид Универзалната декларација, ќе настојува, преку учење и образование, да го промовира почитувањето на овие права и слободи.“ – Генерално Собрание при ОН.

Кои „општествени органи“ се најефективни во испорачувањето на ОЧП?

Глобализација & образование
Глобалните синџири ги присилуваат фирмите во земјите во развој да се специјализираат во одредени функции, на пример, изработка на облека во фабрики, каде за работното место е потребен само мал тренинг и образование.

Дали глобализацијата ја поткопува вредноста на образованието?

Мир & образование
Образованието за мир треба да биде дел од наставната програма во формалното образование. Не е доволно да се најде само во неформални образовни рамки.

Како би го вклучиле образованието за мир во формалната наставна програма?

Интернет & образование
Во многу земји, информатичката технологија е клучен дел од образовниот процес, суштинска во истражувањето и за домашните задачи.

Ако секое дете во светот има пристап до компјутер, каков потенцијал би се отклучил? Кои проблеми би можеле да се решат?

Спорт & образование
Спортот секогаш треба да биде во училишната наставна програма. Тој учи за многу работи кои не можат да се научат во другите предмети. Спортот е суштински за целосен развој на телото и умот.

Дали се согласувате или дали и на други предмети треба да им се даде приоритет, на пример, технологија и обука за вешини?

Универзитет (високо и понатамошно) образование

Таргет 4.3 од четвртата цел од ЦОР-до 2030 да се обезбеди еднаков пристап до достапно и техничко, стручно и терцијарно образование.

Кои мерки треба да се преземат за да се обезбеди „еднаков пристап“ и да е „достапно“ во пракса?

Социјално исклучување & образование
Во некои европски земји, ромските деца автоматски се ставаат во одделенија за деца со психички пречки, со самиот факт дека се Роми. Во други земји, тие се ставаат во одделни и инфериорни училишта или училници, наменети за Ромите.

Кој е најдобриот начин за интегрирање на ромските деца во образовниот систем?

Животна средина & образование

Животниот стил на многу луѓе во европските земји е неодржлив. Ако луѓето донесат одлука за тоа како да го променат нивниот животен стил, тие треба да ги разберат еколошките врски, економијата и политиката.  

Како би го вклучиле образованието за одржливост во наставната програма?

Доживотно учење

Неписменоста кај возрасните е голем проблем во многу земји. Една од целите на Образовниот форум е 50% подобрување на ниво на описменување на возрасни до 2015.

Дали е разумно да се вложуваат пари во програми за описменување на возрасни отколку во инвестирање во иднината и вложување во основното образование? 

Дисциплина & Образование
Училиштата во различни земји користат различни начини да обезбедат дисциплина. Методите вклучуваат телесно казнување, суспендирање, дополнителна работа, истерување и учество во советот на училиштето/колеџот.

Според вас, кој е најдобриот пристап, кој ја гарантира дисциплината?

ХИВ/СИДА & Образование
„Првата добиена битка во војната против сидата е битката која го сруши ѕидот на молкот и стигмата во врска со неа.“ (Кофи Анан)

Каква улога би требало да играат образовните институции во борбата против ХИВ/СИДА?