Детскиот труд го создава неопходниот приход за семејствата и заедниците. Тргнете го настрана и децата најмногу ќе страдаат. Нели се согласувате?

Преглед

Оваа е активност со дискусија. Почетната точка е студија на случај дете-работник. Учесниците ги истражуваат аспектите на детскиот труд, причините и како тоа да се запре.

Поврзани права

• Заштита од економска експлоатација
• Право на образование
• Право на одмор и слободно време

Цели

• Да се прошири знаењето за детскиот труд, особено во релација со Целите за одржлив развој (ЦОР)
• Да се развиваат критичко мислење и вештини за анализа на сложени проблеми
• Да се култивираат вредносите на правда и одговорност за изнаоѓање решенија при кршењето на човековите права

Материјали

• Копии од фактите за животот на Ашик; една копија за секој учесник
• Моливи или фломастери, по еден за секоја мала група
• Флип-чарт хартија или голем лист хартија (А3)

Подготовка

• Ископирајте го дизајнот од листот „Идеи за решенија“ на големи А3 листови хартија: по еден за секоја мала група, плус еден за пленарно
• Информирајте се за детскиот труд, дефинирањето на детскиот труд и колку е тоа распространето
• Информирајте се за Целите за одржлив развој

compass-key-date
  • 12 јуниСветски ден против детскиот труд

Инструкции

1. Прашајте ги учесниците што знаат за детскиот труд.
2. Објаснете дека активноста се заснова на една студија на случај за Ашик, дете-работник од Пакистан, кое работи во фабрика за тули. Задачата е да се обидете да најдете можни начини за промена на ситуацијата на Ашик.
3. За да се загреете, направете еден круг со „раскажување со составување“. Составете една имагинарна приказна за еден ден од животот на Ашик. Одете низ кругот, замолувајќи сите да додадат една реченица.
4. Поделете ги учесниците во мали групи, со максимум 5 луѓе во група. Дајте им на сите копија од студијата на случај на Ашик. Дозволете им 10 минути за читање и споделување коментари.
5. Дајте ѝ на секоја група копија од листот „идеи за решение“. Објаснете им дека нивна задача е, преку бура на идеи да набројат решенија за проблемите со кои се соочува Ашик и другите деца-работници, како него. Тие мора да ги запишат можните чекори во соодветните колони, а кои можат да се преземат за решавање на проблемот „до утре“, „до наредниот месец“ и „до 2030“. Тие имаат 30 минути за да ја завршат задачата и да именуваат лице кое ќе презентира.
6. Пленарно, повратна информација ќе се добие за секоја колона. Сумирајте ги идеите на флипчарт. Дозволете дискусија за идеите, но бидете свесни за временското ограничување!
7. Кога ќе завршите со табелата, преминете на поцелосна дискусија и резимирање.

Резимирање и евалуацијаGoto top

Длабочината на дискусијата ќе зависи од општото знаење на учесниците, но обидете се да ги покриете прашањата и со нивните погледи за детскиот труд, како и со можните решенија

• Колку знаеле луѓето за постоењето на детскиот труд пред да ја изработат вежбата? Како тие знаеле? Од каде ги добиле информациите?
• Дали постои детски труд во нивната земја/град? Каква работа работат децата и зошто тие работат?
• Дали на децата им е дозволено да работат, ако сакаат да работат?
• „Детскиот труд го создава неопходниот приход за семејствата и заедниците. Тргнете го настрана и децата најмногу ќе страдаат.“ Како ќе одговорите на ова?
• На кои начини, ние како потрошувачи, имаме корист од детскиот труд?
• Како беше да се размислува за можните чекори за решавање на детскиот труд? Кои од трите колони – „до утре“, „до наредниот месец“ или „до 2030“ – беа најтешки за пополнување? Зошто?
• Постојат многу национални и меѓународни декларации и конференции за прашањето за детскиот труд. Зошто е тоа опсежен проблем во светот?
• Како Универзалната декларација за човекови права (УДЧП) и Конвенцијата за правата на детето ги штитат децата од експлоатација?
• Кој би требало да е одговорен за решавањето на проблемот? (Земете различни боички и напишете ги предлозите на флип-чарт.)
• Што можат обичните луѓе, како нас, да направат и да придонесат во постигнувањето Целите за одржлив развој, особено оние кои би ја искорениле екстремната сиромаштија и глад и би постигнале универзално основно образование? Како и кога?

Совети за обучувачитеGoto top

Ако учесниците малку знаат за детскиот труд, можеби ќе сакате да ја започнете активноста давајќи им нови факти за детскиот труд и неговите последици. Забавен начин да се направи тоа е да се земе статистиката од табелата во делот „Понатамошни информации“, подолу, и да ја претворите во краток квиз.

Можеби треба да нагласите дека 2030 е годината кога треба да се постигнат Целите за одржлив развој (ЦОР). Доколку е потребно, објаснете дека Целите за одржлив развој продолжуваат онаму каде што Милениумските равојни цели запираат во 2015. 17 Цели за одржлив развој ја рефлектираат реалноста дека прашањата за човековиот развој се сложени и се испреплетуваат.

Три од нив се поврзани со ситуацијата на Ашик:

•Прва цел – Крај на сиромаштијата, во сите форми, насекаде
•Четврта цел – Да се овозможи инклузивно и достапно квалитетно образование и да се промовираат можности за доживотно учење за сите
•Осма цел – Да се промовира рамномерен, инклузивен и одржлив економски раст, целосно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите

За повеќе информации за Целите за одржлив развој, погледнете ја активноста “Колку ни е потребно?“ и www.undp.org .

Може да биде тешко групите да најдат идеи за првите две колони (утре и наредниот месец) и тоа може да предизвика чувство на немоќ и фрустрација. Вие можете да ги мотивирате, читајќи им ја следната изјава:
"„Задачата е голема, но не толку голема сé додека не ја докаже тегобната страна. Вреди земјите во развој да се справат со детскиот труд. Ова покажува дека тоа што го предизвикало проблемот со детскиот труд, сигурно не е недостатокот на ресурси, туку недостатокот на вистинска ревност. Да не дозволиме ова да продолжи.“
Врховниот суд во судски случај, Индија, 1986

Вообичаено, учесниците сфаќаат дека за да се најдат ефективни и трајни решенија за проблемот, прво е потребно да се идентификуваат причините. Со анализирањето на причините, решенијата често стануваат повидливи. Сепак, ова треба да го истакнете пред некои групи, особено ако заглават при идентификувањето на решенија. Вие можете да испровоцирате идеи за решенија преку предлагање на едно или повеќе од следниве:
• Да се намали сиромаштијата, па така ќе има помалку потреба децата да работат
• Да се зголемат платите на возрасните, па така ќе има помалку потреба децата да работат
• Да се развие образованието за да биде попривлечно и порелевантно за потребите на децата
• Да се развијат меѓународни стандарди за вработување на децата
• Забрана на производи направени со детски труд
• Да се развијат минимум стандарди во работата на глобално ниво како услов за членување во Светската трговска организација (WTO).

Употребете некакви тековни вести за детски труд – или локално или глобално - за активноста да биде тематска и интересна.

ВаријацииGoto top

Ако сакате да го развивате знаењето на учесниците за концептот на детскиот труд пред активноста, можете да употребите квиз, на пример, еден од веб-страниците www.unicef.org или www.thinkquest.org.
Наместо загревањето со „раскажување со составување“ (фаза 3 од инструкциите), поделете ги учесниците во мали групи, со максимум 5 луѓе во група. Дајте ѝ на секоја група 5 парчиња хартија А3 формат и замолете ги да нацртаат пет настани од еден типичен ден на Ашик и да ги презентираат како стрип. Кога групите ќе завршат, замолете ги да ги презентираат нивните приказни.

Обучувачите кои се добри во цртање стрипови можеби ќе сакаат да ја нацртаат приказната на Ашик како стрип со секоја сцена од неговиот живот во различен квадрат. Направете го тоа едноставно, вклучувајќи само основни информации. Направете копии од приказната (по една копија за група) и исечете ги квадратите. Дајте по еден комплет слики на секоја група и замолете ги да ја состават приказната за Ашик, со додавање на кратки текстови или говорни облачиња. Кога групите ќе завршат, замолете ги да ги презентираат нивните приказни.

Предлози за следни активностиGoto top

Инспирирајте ги членовите на групата да станат активни учесници во кампањи за права, раскажувајќи им како едно 12-годишно момче од Канада, заедно со неговите другари, ја основале организацијата „Децата можат да ги ослободат децата“, откако прочитало еден напис во весник за убиството на едно 12-годишно момче, кое работело во фабрика во Пакистан и кое проговорило против злоупотребата на детскиот труд. http://en.wikipedia.org/wiki/Free_the_Children Дознајте како децата-работници од Перу се организирале самите во Национално движење на организации на млади работници од Перу (на шпански): http://mnnatsop-natsperu.blogspot.com/

Можеби ќе сакате и да ги разгледате прашањата за нееднаквите можности на младите луѓе во вашето општество преку активноста „Еден чекор напред“. Ако сакате да научите повеќе за Целите за одржлив развој и да погледнете колку би чинело да се подобри животот на Ашик, споредено со тоа колку се троши за воени цели насекаде во светот, погледнете ја активноста „Колку ни е потребно?“.

Доведете ги блиску до дома. Наведете ја групата да размислува каде лежи линијата која ги разделува работодавачите кои експлоатираат деца, како Ашик, и работодавачите кои им плаќаат ниско-смешни дневници на младите луѓе кои работат во сабота навечер за да заработат џепарлак место да останат на училиште или факултет. Што е со родителите кои ги користат нивните деца и им даваат должности во домот или семејниот бизнис? Кои се искуствата на учесниците? Ако учесниците сакаат да ги проследат овие идеи, погледнете ја активноста „Моето детство“ во образовниот пакет „Сите еднакви – сите различни“.

Идеи за акција Goto top

Вие можете да учествувате во некои кампањи, на пример: http://www.cleanclothes.org и можете да почнете да избирате облека и други предмети, земајќи ја предвид земјата на потекло. Согласно со проценките на Меѓународната организација на трудот (ILO), во 2013, проценето е дека глобалниот број на деца-работници опаднал за една третина од 2000 година, од 246 милиони на 168 милиони деца. Повеќе од половина, 85 милиони деца се ангажирани во изведување на опасни работи (бројот опаднал, од 171 милион деца во 2000 год.). 

Понатамошни информацииGoto top

Во извештајот „Децата зад нашиот памук“, на Фондацијата Environmental Justice, се откриваат шокантни услови за, како што е проценето, повеќе од еден милион деца – некои на возраст од пет години – кои работат по 12 часа дневно, во екстремно жешко или студено време. Многу од нив страдаат од физичка, вербална, а понекогаш и сексуална злоупотреба
http://www.ejfoundation.org/page481.html

Детскиот труд се однесува на вработувањето на деца во редовна и одржлива работна сила. Оваа практика се смета за експлоататорска од страна на многу меѓународни организации и е нелегална во многу земји. Детскиот труд се разликува од редовен и повремен, кој го практикуваат многу деца и млади луѓе за да заработат џепарлак или да ги надополнат стипендиите. Сепак, и луѓето кои заработуваат за џепарлак понекогаш се експлоатирани.

Во Поглавје 5, во основните информации, во деловите за „Деца“ и „Работа“, има повеќе информации за детскиот труд, за производите направени со детски труд, меѓународниот закон за детски труд и последиците од детскиот труд врз детето.

Следната табела го покажува бројот на деца на возраст од 5-17, и тоа вработување на деца, злоупотреба на детскиот труд и деца кои се ангажирани во опасни работи (%), по регион (2012).

Број на деца на возраст од 5-14 години ангажирани во детски труд (%), по региони (1999-2008)

 

Region(a) Children in employment Child labour Hazardous work
  (‘000)      %             (‘000)      % (‘000)      %

Asia and the Pacific

129,358   15.5 77,723     9.3 33,860     4.1
Latin America and the Caribbean 17,843     12.5 12,505     8.8 9,638       6.8
Sub Saharan Africa 83,570     30.3         59,031     21.4 28,767     10.4
Middle East and North Africa 13,307     12.1 9,244       8.4 5,224       4.7
World total 2012    264,427   16.7 167,956   10.6

85,344     5.4

Reference. Tables 1 and 2 from Marking progress against child labour Global estimates and trends 2000-2012 ILO

Note: (a) The regional totals sum to less than the world totals because the latter include countries that are outside of the four main regions reported here.

ПрилозиGoto top

PDFПреземи во PDF

Прилог 1: Факти за животот на Ашик.

Лични податоци
Име: Ашик Хашмир
Возраст: 11 години
Националност: Пакистанец
Семејство: Родители, по двајца баби и дедовци,
1 сестра и 3 браќа
Семеен приход: околу 70 €/месечно

„Професионални податоци“ 
„Професија“: работник во фабрика за тули
Работни часови: помеѓу 12-16 часови дневно (половина час пауза) – 6 денови неделно
Работно производство: околу 600 тули дневно
Плата: 1.3 евра за 1000 тули (но 50% одат за плаќање на заемот направен од страна на неговото семејство)
Работи од 5 години

Други информации
Неговото семејство е обврзано на 2 години, бидејќи зеле заем од околу 110 евра. Сега, заедно со каматата, износот што го должат е околу 280 евра.
Ашик бил испратен во училиште 3 месеци, од страна на неговиот татко, но сопственикот на фабриката го отстранил и го пратил да работи.
Неговиот татко бил казнет за она што го направил.
Семејниот приход е многу низок и, последично на тоа, недоволен за да се пратат децата на училиште и за да им се обезбеди соодветна храна и здравствена заштита.. 

Извор: http://www.freethechildren.org

Прилог 2: Идеи за решенија

Што може да се направи околу ситуацијата на Ашик, како и на другите деца-работници?

До утре? До наредниот месец?  До 2030?