Фер работен ден заслужува фер дневница ! 

Преглед

Ова е симулација на средба помеѓу работодавец и вработени заедно со претставници од нивниот синдикат (С) да преговараат за платите и условите. Прашањата кои се разгледуваат се:

  • Улогата на синдикатите
  • Колективно преговарање на работното место
  • Работнички права
Поврзани права
  • Право на работа
  • Правото на правични услови за работа
  • Право на формирање и приклучување во синдикати, право на штрајк
Цели
  • Да се прошири разбирањето за работата и улогата на синдикатите во граѓанското општество
  • Да се развијат вештини за донесување одлуки со консензус
  • Да се промовира учество, одговорност и солидарност
Материјали
  • Копии од материјалот 1, „Ситуацијата„ по една на учесник
  • Копии од материјалот 2, „Краток поимник на некои работни термини“,по една на учесник
  • Етикети заради идентификација (не е задолжително)
  • Хартија, маркери и пенкала во боја (опционално)
  • Две простории (подобро е, но е опционално)
Подготовка
  • Прочитајте ја целата активноста, вклучувајќи ги и прилозите за да можете да бидете добро подготвени да дејствувате како ресурс на секој од играчите за време на активноста.
  • Подгответе ја просторијата. Ставете пет столици во круг. Овие столици се за претставниците на различните партии и лицето кое ќе претседава со состанокот. Зад нив, поставете други столици за останатите учесници.
Поврзани права
compass-key-date
  • 1 МајМеѓународен Денот на трудот

Инструкции

1. Претставете ја активноста. Објаснете дека тоа е симулација на состанок помеѓу работодавачи, од едната страна и вработените и претставници на синдикатот, од друга страна. Целта е да се направи договор за платите и условите на работниците користејќи колективно договарање.
2. Како загревање, замолете ја групата да одлучи за името и бизнисот на компанијата што сакаат да ја постават на сцената. Тоа може да биде вистинска или измислена компанија која произведува вистински или измислени производи. Исто така нека им дадат име на синдикатот.
3. Сега разделете ги учесниците во две групи во сооднос 2:1. Помалата група се работодавачите, а поголемата група се вработените и нивните претставници од синдикатот.
4. Разделете копии од материјалот 1, „Ситуацијата” и материјалот 2, „Краток поимник на некои работни термини“. Дајте им десет минути за да ги прочитате документите, а потоа проверете дали сите ги разбраа информациите.
5. Објаснете накратко како ќе се одвива симулацијата: Работодавачите свикуваат собири еден од нив претседава со состанокот. Тие први ќе го стават својот предлог на маса. Потоа РС и претставниците на вработените ќе го поднесат својот предлог. Потоа сите страни ќе преговараат и ќе се обидат да постигнат договор.
6. Побарајте од учесниците да се согласат со процедурите за состанокот, на пример, кога преговорите се во тек, треба да има временско ограничување за тоа колку долго некој може да зборува - можеби најмногу 2 минути? Вкупното време за состанокот? Процедурите на земање кратки паузи за да можат претставниците да ги консултираат своите бази ( изборни единици) итн. Кој друг може да зборува, или дали само претставниците ќе можат да заборуваат?
7. Сега побарајте од луѓето да влезат во нивните две групи за да се подготват (30 минути). Работодавците треба да изберат двајца претставници и некој кој ќе претседава со состанокот. Работниците/РС треба да изберат двајца претставници. Двете групи потоа треба да :

  • Елаборираат нов предлог кој ќе биде презентиран на состанокот.
  • Одлучат кои преговарачки овластувања треба да ги имаат претставниците.
  • Која е нивната долна линија, тоа е она што е најлошо сценарио и најнизок прифатлив договор?

8. Кога групите се подготвени, поканете ги претставниците да седнат на петте столчиња во кругот внатре, а другите да седнат зад нив. Поканете го претседавачот да го отвори состанокот.
9. Кога состанокот е завршен, направете кратка пауза за луѓето да излезат од улогите, а потоа преминете на Резимирање и евалуација.

Резимирање и евалуација Goto top

Започнете со краток осврт за тоа дали луѓето уживаа во активноста, а потоа продолжете да разговарате за она што се случи и за она што го научиле:

  • Како двете групи работеа заедно за да одлучат за првичните предлози? Дали беше лесно или беше тешко?
  • Кога ги развиваат своите првични предлози, дали групите ги земаа предвид своите сопствени интереси или оние на компанијата како целина?
  • Дали групите развиле тактики за преговорите?
  • Како протече состанокот? Дали секој што сакал да зборува, добил шанса да го стори тоа?
  • Дали страните можеа да постигнат заеднички прифатлив договор?
  • Правото на припадност кон синдикат е признато човеково право. Колку е важно тоа право? Кои би биле последиците ако се нема тоа право?
  • Колку луѓе знаат за синдикатите, што се, и што прават тие?
  • Колку се силни синдикати во вашата земја? Што е со работодавците, дали тие имаат организации на работодавачи?
  • Дали некој од учесниците припаѓа на синдикат? Зошто? Кои се предностите и недостатоци?

Совети за обучувачите Goto top

Пред да започнете со оваа активност треба да ја земете предвид атмосферата, мислењето и ставовите воопшто кон синдикатите во вашата земја. На пример, во пост-комунистичките општества, може да има отпор кон оваа активност поради наследството од времето кога синдикатите се гледаа како „Училишта за комунизам“. Во вакви околности можеби ќе сакате да започнете со истражување на сликите и стереотипите кои луѓето ги имаат за синдикатите. Исто така може да ги замолите учесниците да контактираат со локалните синдикати за информација и да направат други истражувања за работничките проблеми во нивната земја. Вие би можеле да ја истакнете релевантноста и важноста на синдикатите во заштитата на правата на работниците, независно од политичкиот систем со кој тие биле идентификувани.

Во зависност од групата, можеби ќе треба да дадете повеќе насоки за процесот на договарање. Можеби ќе сакате на учесниците да им дадете неколку совети за тоа што да имаат предвид кога ги развиваат нивните ставови и предлози, на пример:

  • Дали би било прифатливо за вработените да се откажат од зголемувањето на платите со цел да ги задржат сите работници?
  • Која категорија работници треба да се отпушти, ако се прават отпуштања?
  • Дали предлогот е реален? Дали компанијата може да го издржи економскиот товар?

На состанокот и преговорите нека се случи тоа што треба да се случи! Ако, за време на дискусиите, вработените и синдикатот размислуваат да го поддржат нивниот предлог со штрајк, може да ги снабдите со хартија и пенкала за да нарават плакати за штрајкот. Ако работодавачите сакаат да ги затворат работниците надвор, односно да организираат заклучување,(затварање на фабриката) осигурајте се дека имате уште една просторија во која ќе одат работниците!

Повеќето земји во Европа имаат закони кои го регулираат колективното договарање. Можеби ќе сакате да најдете такви закони и да копирате некои од важните членови за да им помогнете на учесниците да ја развијат оваа активност во нејзиниот целосен потенцијал.

ВаријацииGoto top

Друг пример за ситуација во која се вклучени преговори за права може да биде состанок во училиште за решавање на спор со „проблематичните“ ученици. Средбата може да биде помеѓу ученикот и неговите или нејзините родители од една страна, и директорот и телото на родители - наставници од друга страна.

Предлози за следни активности Goto top

Поканете член на некој синдикат да дојде и да одржи говор. Ќе ги најдете телефонските броеви на синдикатите во локалниот телефонски именик. Генерално, синдикатите се спремни да се приближат кон младите луѓе и тоа може да биде добра можност за вас!

Ако групата ужива да разговара за идеи тогаш може и да уживаат во активноста, "Каде стоиш ти?" во која луѓето треба да ги бранат своите мислења за голем број прашања за човековите права.

Идеи за акција Goto top

Информирајте се за правата на работниците во вашата земја. Ако имате работа со полно работно време или ако работите за џепарлак, работа со скратено работно време, студентска работа или летна работа, информирајте се за вашите права, на пример за тоа да ви се плаќа повеќе во текот на ноќна работа и за време на викенди, да се биде пријавен заради данок, осигурување, со соодветна опрема, и така натаму; Дознајте ги исто така и прописите за здравје и безбедност. Развијте проект заедно со некој локален синдикат за промовирање на синдикализмот меѓу млади луѓе.

Понатамошни информации Goto top

Меѓународната Конфедерација на синдикати ИСК(International Trades Union ConfederationI TUC-CSI) претставува 176 милиони работници во 151 земја и територии и има 301 национални филијали. Таа прави годишен преглед на повредите против синдикалните права со детални извештаи за статусот на ограничувањата, на пример, приклучување кон синдикатите, право на штрајк, колективно преговарање и заштита на вработените во земјите низ светот, вклучувајќи и многу од Европа. Видете www.ituc-csi.org.

Забелешка

Оваа активност беше развиена во соработка со ГМО Синдикална организација во Обединетото Кралство, Европскиот синдикален колеџ (ETUCO) и Здружението за Европска обука на работници за влијанието на новата технологија (AFETT).

На 23 март 2010 година, ИСК започна кампања за поврзување на работата на глобалните синдикати за регрутирање и организирање на млади луѓе. Новата Младинска кампања користи спектар од различни алатки, вклучувајќи видео, социјално вмрежување, постери и веб страници, како и посебен водич за кампања.
Повеќе информации за членството на младите и синдикатите, има во Глава 5 во прегледот на информаци и во делот Работа.

 

 

ПрилозиGoto top

Преземи во PDF

Прилог 1. Ситуацијата 

Сцената е состанок на компанијата, меѓу работодавачите, вработените и синдикатот (С), кои се во ќор-сокак во обид да се постигне договор за барање за плата.
Фабриката работи 24 часа на ден, 365 дена во годината. Таа има вкупна работна сила од илјада души, од производство до управување. Сите работници се членови на синдикатот.
Во моментов компанијата се соочува со финансиски и економски тешкотии, но во суштина не се соочува со банкрот. Профитите остануваат високи, но тие се намалија минатата година, бидејќи секторот како целина се соочува со криза. Во текот на изминатите три години платите се намалија за 3% во реални услови и бројот на вработените се намали за 10%.
Работниците бараат зголемување на платите во согласност со порастот во другите сектори на индустријата.

Менаџментот посочи дека намалувањето на персоналот ќе биде неопходно за да се исплати зголемување на платите. Нивниот предлог е:
• 4% пораст на платите, вообични стапки на пораст на плати во текот на 12 месеци за договори на поединци (инфлацијата во моментов е 2% на годишно ниво).
• Плати врз основа на работени часови на годишно ниво, наместо на ниво на дневни или неделни часови и укинување на прекувремена работа
• Намалување на персоналот (10% од вработените - претежно од оние со скратено работно време, на времени позиции и стажирање – согласно правилото „последни дојдени, први отпуштени“) и доброволен технолошки вишок.

Предлогот на раководството беше одбиен од страна на Генералното собрание на работниците кои беа загрижени бидејќи со предлозите би било уште полошо (во моментот 40% од вработените добиваат значаен дел од нивната плата од прекувремено работење ). Синдикатот и вработените направија контра-предлог до раководството:
• Зголемување на платите од 9% во текот на две години
• Прекувремената и бонусите да останат
• Да се задржи сегашниот број на вработените и секој вработен кој е принуден на технолошки вишок да биде преквалификуван на трошок на компанијата.
• Ако барањата не се исполнети, ќе се преземат мерки за штрајк.

Контра-предлогот беше одбиен од раководството, кој тврдеше дека предлогот на Синдикатот и на вработените не би ги решиле проблемите со кои се соочува компанијата.
Преговорите се одвиваат веќе два месеци. Политиката на компанијата е дека кога не може да се постигне договор во рок од два месеца, треба да се свика посебен состаноки да бидат повикани сите заинтересирани страни. Тоа е овој состанок кој е основа на симулацијата.
Двете страни се задолжени да дојдат со нов предлог кој е реална основа за да се дојде до заемно задоволителен договор.
Околу преговарачката маса треба да има вкупно пет луѓе: двајца претставници од раководството, еден претседател на состанокот (назначен од работодавачите) и двајца претставници на Синдикатот. Бидејќи ова е специјален генерален состанок, сите вработени се добредојдени да присуствуваат.

 

Прилог 2. Краток поимник на некои работни термини 

Колективно договарање: Ова е процес на преговарање во кој претставниците на работодавачите и вработените заеднички се обидуваат да се согласат и да ги решат прашањата, како што се плати и услови за работа.
Заклучување:  Заклучувањето е едно од најрадикалните средства на работодавецот на внесување на сила.
Работодавецот одбива да им дозволи на вработените да влезат на нивните работни место, тој/таа буквално ги заклучува од надвор во обид да ги принуди да ги прифатат барања на раководството.
Технолошки вишок : Работниците се технолошки вишок: кога ќе бидат отпуштени, бидејќи работодавецот ќе одлучи да го затвори бизнисот. Вработените можат да имаат право на исплата на технолошки вишок како компензација.
Отпремнина: Ако постојан вработен е неправедно отпуштен или е отпуштен врз основа на преструктуирање на компанијата тогаш тој/таа има право да добие надомест, кој се нарекува отпремнина. Вредноста на отпремнината често е врз основа на платата што вработениот ја добивал, на пример, една неделна плата за секоја година на работа.
Штрајк: Правото на штрајк е основно, социјално, човеково право кој се смета за неопходен елемент за успешно колективно договарање и како алатка за ублажување на суштинската нееднаквост во односот на работодавачот - работник. Штрајкот е одбивање да се работи, или опструкција на работата од страна на вработените. Работниците не можат да одат на штрајк кога ќе им се посака! Треба да бидат исполнети одредени услови, кои обично се утврдени во закон и се разликуваат од земја до земја.
Синдикат: Синдикатот е здружение кое постои за да ги заштитат интересите на работниците, вклучувајќи ги платите и условите за работа. Синдикатот генерално ги застапува работниците во преговорите со работодавачот. Во многу земји Синдикатите се организирани во конфедерации.