Играње со слики
Сликата кажува илјада зборови, а камерата не лаже - или лаже?
- Преглед
Во оваа активност луѓето идентификуваат слики кои илустрираат Членови од Универзалната декларација за човекови права (УДЧП)
- Поврзани права
- Сите
- Цели
- Да се подигне свеста за важноста на човековите права во секојдневниот живот
- Да се развијат вештини за „визуелна писменост“, слушање и комуникацски вештини
- Да се промовира емпатијата и почитувањето на човековото достоинство
- Материјали
- Збирка од 20-30 нумерирани фотографии
- Голема маса
- Лист хартија за на ѕид со наведените членови на УДЧП (препишани од скратената верзија)
compass-key-date
- 25 ОктомвриМеѓународен ден на уметниците
Инструкции
1. Поставете ги сликите на голема маса.
2. Кажете им на учесниците да работат поединечно.
3. Прочитајте еден од членовите од УДЧП и запишете го на таблата/флипчарт.
4. Замолете ги учесниците да ги разгледаат фотографиите и да ја изберат онаа, што според нивното мислење, најдобро го претставува членот.
5. Потоа побарајте од секоја личност по ред да каже која слика ја избрал и зошто.
6. Запиеште кои фотографии биле избрани; запишете ги броевите на таблата.
7. Направете уште четири или пет кругови, именувајќи различни членови од УДЧП (Изберете мешавина од граѓанските и политичките и социјалните и економските права.)
Резимирање и евалуација
Започнете со разговор за активноста,а потоа продолжете да разговарате за тоа што учесниците научиле.
- Дали учесниците избрале различни слики во различните кругови, или сметале дека со една или две слики се кажува сè?
- Дали различни луѓе избрале исти слики во различни кругови, или дали луѓето имале многу различни идеи за тоа како се претставувани различните права? Што тоа ни кажува за тоа како секој од нас го гледа светот?
- Разгледајте ја листата на флипчартот. Кои фотографии беа најчесто избрани? Што беше посебно за овие слики? Зошто тие често биле избрани? Дали големината или бојата ја направило разлика, или пак она што беше на сликата беше значајно?
- Дали некоја слика била избрана да претсавува неколку различни права?
- Дали некој не се согласуваше со нечија друга интерпретација на одредена слика?
- Дали имаше некои слики кои ниеднаш не беа избрани? Би можеле ли тие, и покрај тоа, да бидат интерпретирани за да претстават човеково право? Кое?
Совети за обучувачите
Не постои ограничување за тоа колку пати некоја слика може да биде избрана. Една иста слика може да биде избрана неколку пати во еден круг, или може да биде избрана во различни кругови. Со други зборови, таа може да претставува еден член за неколку луѓе, или може да претставува различни членови за различни луѓе.
Погледнете го поглавјето 1 "Основни методи" за повеќе информации околу правењето на вашата сопствена колекција на фотографии. Сликите за оваа активност треба да покажат широк спектар на аспекти на „животот на земјата“; тие треба да вклучуваат слики на поединци и групи, луѓе од различни возрасти, култури и способности. Треба да има слики во рурални и урбани средини, во индустријата и во земјоделието, и луѓе кои работат различни видови на работа и рекреативни активности. Не се обидувајте да ги ставите сликите по некаков редослед кога ги нумерирате. Целта на броевите е само да може сликите лесно да се идентификуваат.
Секогаш имајте на ум да проверите дали има авторски права на сликите и фотографиите кои сакате да ги користите. Ќе зависи од групата и од нивните општи вештини на „визуелна писменост“ колку ќе биде потребно да ги водите учесниците да ги анализираат сликите. Можеби ќе треба да размислите да ја започнете активноста со заедничка анализа на една или две слики. Прашањата претставени подолу, во делот „понатамошни информации“, може да се користат како водич.
Варијации
Исто така можете да ги замолите учесниците да ја изберат онаа што најдобро го претставува општиот концепт на човековите права. Кога сите ќе изберат, замолете ги да ги споделат своите причини.
Можете да направите копии од карикатурите на „Панчо“ во Глава 5 и да ги замолите учесниците да кажат кои човекови права тие ги одразуваат.
Ако сакате да користите видео наместо слики, тогаш размислете да ја направите активноста "Да одглумиме", која користи драма за да го истражи концептот на човекови права, и натерајте ја групата да ги снима сцените и да ги постави на youtube.com.
Предлози за следни активности
Позајмете камери, или најдете некои за еднократна употреба кога тие се на распродажба и наравете проект „Поглед на човековите права“во вашето место.
Активноста "Промени ги твоите очила" ги поттикнува луѓето да го истражуваат и фотографираат нивното место од гледна точка на човековите права.
Сликите не доаѓаат само од фотографиите; тие исто така доаѓаат од ситуациите и настаните. Нека групата ја „види“ дискриминацијата преку активноста "Направи еден чекор напред".
Идеи за акција
Направете изложба на фотографии од проектот „Погледи на човековите права“. Алтернативно,развијте некои од идеите за постери од другите предлози подолу и искористете ги за изложба.
Повеќе начини за игри со слики