Јас сум сите врски што ги градам со другите. 

Алберт Жакард

Преглед
  • Оваа активност вклучува buzz групи, бура на идеи групна дискусија за истражување на прашања за идентитетот.
Поврзани права
  • Еднаквост во достоинството и правата
  • Слобода од дискриминација
  • Право на живот, слобода и лична безбедност
Цели
  • Да се зголеми разбирањето на концептот на идентитетот и да се прошири свеста за себе
  • Да се развијат комуникациски вештини
  • Да се промовира солидарност и почит
Материјали
  • Пенкала во баја и маркери, ако е можно различна боја за секој учесник
  • Доволно хартија, по еден лист за секого
  • Флипчарт хартија и маркери
compass-key-date
  • 10 ОктомвриСветски ден на менталното здравје

Инструкции

1. За да се загреете, замолете ги луѓето да направат парови за да формираат buzz групи. Замолете ги да се преправаат дека не се познаваат и да се претстават меѓусебно.
2. Сега побарајте од луѓето да размислат што е интересно или важно да се знае за некој друг кога за првпат ќе се сретнете и размислувајте за општите категории на информации. На пример, име, возраст, пол, националност, семејна улога, религија, возраст, род, етничка припадност, работа/студија, вкус во музиката, хоби, спорт, општо што му се допаѓа и не му се допаѓа и друго.
3. Сега објаснете дека учесниците ќе откријат колку секој од нив има заедничко со другите во групата. Разделете ја хартијата и пенкалата и објаснете дека првиот чекор е секој од нив да нацрта презентација на нивниот идентитет. Треба да мислат за себе како ѕвезди; аспекти на нивниот идентитет зрачат од нив во нивното општество. Прашајте ги луѓето да размислат за осум до десет најважни аспекти на нивниот идентитет и да ја нацртаат својата лична ѕвезда.
4. Кажете им на луѓето да одат наоколу и да ги споредат нивните ѕвезди. Кога ќе најдат некој друг со кого делат зраци или зрак, треба да го напишат името на таа личност во близина на зракот. (На пример, ако Јан и Парвез имаат зрак „рапер“, тие треба да го запишат името на другиот на тој зрак). Дозволете 15 минути за ова.
5. Сега вратете се заедно и побарајте од луѓето да разговараат за тоа како беше и тоа секој од нив индивидуално. Може да прашате:

  • Кои заеднички аспекти на идентитетот ги имаат луѓето, а кои се уникатни?
  • Колку слични и колку различни се луѓето во групата? Дали луѓето имаат повеќе заедничко едни со други отколку што имаат разлики?

6. Конечно, направете групна бура на идеи во врска со аспектите на идентитетот што луѓето ги избираат и оние со кои тие се родени. Напишете ги во две колони на флипчарт.

Резимирање и евалуација Goto top

Сега продолжете да разговарате за она што луѓето го откриле за себе и едни за други и импликациите за човековите права.

  • Што научиле луѓето за себе? Дали беше тешко да се одлучите кои беа десетте најзначајни аспекти на нивниот идентитет?
  • Дали луѓето беа изненадени од резултатите од споредувањето на ѕвездите? Дали имаа повеќе или помалку заеднички работи отколку што очекуваа?
  • Како луѓето се чувствуваа во врска со разновидноста во групата? Дали чувствуваа дека тоа ја направи групата да биде поинтересна, или тоа ја направи групата потешка за да се биде или да се работи заедно?
  • Дали имало аспекти од идентитетот на другите луѓе за кои учесниците се чувствувале силно решени да реагира и да кажат: „Јас не сум“? На пример, не сум фудбалски навивач, не сум фан на техномузика, не сум љубител на кучиња, не сум хомосексуалец или не сум христијанин.
  • Како се развива идентитетот? Кои аспекти се социјални конструкции, а кои се наследени и фиксни?
  • Особено, во однос на родовите прашања, кои аспекти се социјални конструкции а кои се наследени и фиксни?
  • Дали учесниците напишале „жена“ или „маж“? Што луѓето подразбираат под зборовите „жена“ и „маж“? Дали асоцијациите се исти за двата пола и за сите мажи и за сите жени?
  • Колку за луѓето се суди според нивниот индивидуален идентитет и колку според групата на која тие ѝ припаѓаат?
  • До кој степен луѓето имаат слобода да го изберат својот идентитет? Кои се импликациите за себе и за нивното општество, а особено за човековите права на еднаквост и почит?

Совети за обучувачите Goto top

Името на оваа активност не е погрешно! Има намера да ги збуни учесниците. Ако сакате во позаднина да свири некаква музика додека ја играте оваа игра, можете да ја користите песната на Френк Запа: “You are what you is“ („Вие сте она што си“).
За време на загревањето можеби ќе сакате да им дадете на учесниците совет да размислат за правилните стихови. Можете да се дадете себе како пример или да користите имагинарна личност како во примерот.

Целта да му се даде пенкало со различна боја на секој учесник е да им се даде на луѓето идеја дека секој е единствен и дека групата е составена од виножито од идентитети. Ако имате голема група и ако двајца или повеќе луѓе треба да делат исто пенкало по боја, замолете ги да користат различни стилови на пишување.
Ако сакате, можете да ја направите активност пософистицирана со тоа што ќе им сугерирате на луѓето да ги нацртаат нивните лични ѕвезди со подолги или пократки зраци или зраци според тоа колку јавен или приватен е некој аспект од нивниот идентитет. Подолгите зраци стигнуваат подалеку во општеството, па зарди тоа се повеќе јавни.

Некои од следниве точки би можеле да се појават во финалната бура на идеи (во чекор 6):

  • Аспекти на идентитетот кои можам да ги изберам: име, пријател, работа, членство во политичка партија, омилена музика, стил на облека, фудбалски тим кој го поддржувате, каде живеете,
  • Аспекти на идентитетот со кој јас сум роден: пол, возраст, висина, боја на очите,
  • Ќе има некои аспекти на идентитетот кои може да предизвика контроверзи, на пример, националност, род и сексуалност, религија, припадност на малцинство.

Дискусијата за тоа како се развива идентитетот и кои аспекти на идентитетот се социјални конструкции, а кои се наследени и фиксни, исто така, ќе биде контроверзна, особено онаа што се однесува на религија и род. Вреди од учесниците да се побара да го разгледаат сопствениот процес на растење и како одредени аспекти на нивниот идентитет се менувале со текот на годините, можеби дури и тие аспекти од нивниот идентитет за кој мислеле дека се фиксни.
Можеби ќе сакате да извлечете некои заклучоци од дискусиите, на пример, дека сите сме човечки суштества кои имаме права кои не можат да нѝ бидат подарени или одземени независно од расата, бојата, имотот, раѓање или друг статус.

ВаријацииGoto top

Во точка 3 од инструкциите, замолете ги учесниците, во центарот на нивната ѕвезда, да нацртаат автопортрет или да залепат фотографија од себе како дете.
Ако имињата од ѕвездите се изоставени, тогаш учесниците може да се обидат да погодат која ѕвезда на кого припаѓа.

Понатамошни информацииGoto top

Едукативниот пакет на Советот на Европа „Сите различни– сите еднакви “ содржи богатство на информации и повеќе активности кои се занимаваат со прашања за идентитетот.

Предлози за следни актвностиGoto top

Правете ја оваа вежба со вашите пријатели, колегите и семејството.
Оваа активност може да послужи како почеток за многу други дискусии, на пример, прашања за универзалноста на човековите права, дискриминацијата и ксенофобијата, детските права и државјанство.
Ако групата сака да ги разгледува понатаму прашањата за идентитетот и родовите прашања, може да ужива во активноста,, “Хероини и херои”.
Ако сакате да се движите од разгледување на идентитетот до правата на поединецот, до еднаквост во достоинството и до човековите права воопшто, тогаш имаме еден предлог- може да се игра играта “Нацртај го зборот”.
Ако групата е мултикултурна и сакате да ја поттикнете љубопитноста на учесниците за нивните различни култури, тогаш добра следна активност е „Мојата приказна“ од едукативниот пакет „Сите различни – сите еднакви“.