Дали некогаш сте се обиделе да играте кошарка во инвалидска количка? 

Преглед

Ова е високо-енергизирачка активност. Учесниците ја користат нивната имагинација и креативност за дизајнирање нови игри.

Поврзани права
  • Право на уживање во физичкото и менталното здравје
  • Еднаквост во достоинството и правата
  • Право на одмор и рекреација
Цели
  • Да се подигне свеста за социјалната и политичката исклученост од спортски активности
  • Да се развијат групни и кооперативни вештини и креативност
  • Да се поттикне почитување и вклучување, особено за лицата со попреченост
Материјали
  • Отворен простор
  • Шапка
  • Картички за улоги
  • Завои (еластични завои се најдобри)
  • Парче дрво или сличен материјал (за да се врзе под нечија нога, прибл. 30cm x 12cm x 10 cm).Ќе ви биде потребно по еден сет на опрема за секоја мала група.

Предлозите вклучуваат:

  • големи кофи или канти за отпадоци
  • клопче од дебел конец / јаже
  • топки
  • весници
  • парчиња креда за да се обележат границите
  • ножици и ленти за конструирање на опрема
Подготовка
  • Одлучете кои попречености сакате да ги претставите во активноста и подгответе ги картичките за улоги; соберете ги заедно лентите за врзување на очи, „тапи“ за уши, завои и се друго потребно
  • Подгответе сетови карти за улоги и ставете ги во комплетите подготвени за секоја група.
  • Соберете го остатокот од опремата така што ќе имате еден комплет за секоја мала група.
compass-key-date
  • 26 MајСветски ден на предизвиците

Инструкции

  1.  Кажете им на учесниците за Светскиот ден на предизвиците и објаснете им дека задачата е да измислат нова игра во духот на Спорт за сите. Единствениот критериум е дека играта мора да биде таква што вклучува некоја форма на физичка активност која го забрзува отчукувањата на срцето за 15 минути во континуитет.
  2. Побарајте од луѓето да формираат мали групи.
  3. Подадете им ја шапката, во која се ставени картичките со улоги, на секоја група по ред и побарајте од секој учесник да избере една картичка. На оние луѓе кои имаат картичка за попреченост, дајте им неколку минути за да се подготват за улогата, на пример да си ги врзат очите или да си ја врзат рака зад грб.
  4. Објаснете дека секоја група има триесет минути за да осмисли игра во духот на „Спорт за сите“, што е игра во која секој може да учествува. Тие можат да користат дел или целата опрема што ја имаат. На секоја група е да одлучи за целите на новата игра и правилата. Секој во групата мора да учествува во планирањето и донесувањето одлуки.
  5. Групите нека ги играат игрите на другите групи.

Резимирање и евалуација Goto top

Започнете со преглед на тоа како луѓето во различните групи комуницираа едни со други и дали уживале во активноста. Потоа продолжете да разговарате за самите игри и за инклузијата и дизабилизмот.

  • Како се одвиваше дизајнирањето на играта? Кои фактори ги зедовте предвид? Дали беше важно тоа што во групата имаше лица со попреченост?
  • Како работеше групата? Демократски или дали еден или двајца луѓе ги донесуваа одлуките?
  • Луѓето кои беа со попреченост: Дали ви беше тешко да ја играте вашата улога? Дали мислите дека успеавте да играте реално? Дали сте задоволни од вашиот придонес кон конечниот резултат?
  • Лицата без попреченост: Кои размислувања требаше да ги земете предвид за да ги надминете бариерите кои можеа да го попречат целосното и ефективно учество на лицата со попреченост?
  • Кои видови компромиси требаше да ги направите кога ги осмислувавте игрите, за да може навистина да кажете дека ова е „Спорт за сите“?
  • Што мислите, како е да се биде млад човек со попреченост во вашата земја? Кои би биле тешкотиите со кои би се соочите?
  • Дали мислите дека правата на лицата со попреченост се целосно почитувани? Ако не – кои права мислите дека се најмалку почитувани, и што мислите кои се главните причини за тоа?
  • Во реалноста, како одредени групи се исклучени од спортот? Дали исклучувањето е прекршување на нивните човекови права?

Совети за обучувачите  Goto top

Обидете се да се осигурате дека групите се „мешани“, на пример, дека постојат природно високи и ниски луѓе, со очила и без наочари, мешани според пол, возраст, атлетски способности итн.

Улогите треба да се поделат така што нема да има повеќе од две лица со посебни потреби во една група. Тие може да бидат со исти пречки во секоја група или со различни. Ако секоја група има лица со слични пречки, тогаш потоа учесниците ќе може да споредат како се соочиле со сличните предизвици. Ако различните групи имаат лица со различна попреченост, тогаш може да биде интересно и да се види дали групите дизајнирале игри кои би можеле да ги вклучат сите попречености или само оние кои се претставени во нивната посебна група.

Во зависност од групата, можеби ќе треба да ја започнете сесијата со брза бура на идеи во врска со карактеристиките на игрите воопшто. На пример, игрите треба да имаат јасни цели или цели и правила. Можеби ќе треба да поставите ограничувања, на пример, дека играта мора да биде одиграна на одредена локација или да не трае подолго од 20 минутиво целост.

Ако групите не успеат да ја завршат задачата, или ако не се задоволни со резултатот, посочете дека ова се одразува на она што се случува во реалноста и не треба да се сфати дека активноста (или групата) не успеала. Во резимирањето треба да разговарате за работите кои не довеле до постигнување на резултатот или дека некои луѓе не биле задоволни од резултатот.

Во резимирањето луѓето може да речат дека исклучувањето и дискриминацијата реално не се големи проблеми затоа што луѓето имаат тенденција да избираат спорт во кој тие се природно  добри. На пример, високи луѓе може да играат кошарка и помалку енергичните типови може да играат билијард или шах. Сепак, постои проблем, доколку само оние млади луѓе кои имаат дарба, го добиваат целото внимание и можности да играат во натпревари, додека оние кои сакаат да играат за забава добиваат помалку. Некои спортови исклучуваат врз основа на богатство, бидејќи, на пример, им е потребна скапа опрема или обучувачи.

ВаријацииGoto top

Ако сакате да ја користите оваа активност првенствено за да ги унапредите вештините за групна работа, може да побарате од една група да осмислат кооперативна игра, а од другата група - натпреварувачка. Во резимирањето може да се спореди колку пријатна била секоја од игрите.

Можете да ја користите активноста за да се фокусирате на еднаквост, правда и улогата на човековите права како „правила на играта“. Во овој случај, можеби ќе сакате да го исклучите елементот „попреченост“ и да се фокусирате на тоа како луѓето работеа заедно да ги креираат своите игри и да го оставите за во дискусијата прашањето дали сите, вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби или други групи, може да учествуваат.

Добри правила, како што се човековите права, постојат за да се осигура дека играта е фер ограничувајќи ја употребата на моќ од страна на некои играчи над другите. Правилата мора да се применуваат за сите играчи на ист начин како што се универзалните човекови права. Многу правила ги пропишуваат правата заедно со должностите. На пример, фудбалерот има право да ја удри топката, но не и играчот. Постојат казни во случај на злоупотреба на правилата. Процесот на донесување одлуки за промена на правилата може да се спореди со тоа како се менуваат законите во „реалниот живот“. Дали тие се менуваат со уредба, од законодавното тело или од луѓето преку референдуми или консултации со НВО и други?
Во резимирањето можете да дискутирате:

  • Во кои игри учесниците уживаа најмногу? Што ја прави играта „добра игра“?
  • Колку е важно да се има јасна цел и фер правила со цел сите да почувствуваат дека можат да учествуваат?
  • Членовите во УДЧП може да се сметаат како правила за живеење во плуралистичкиот свет. Но, дали се тие добри правила? На пример, дали се универзално прифатливи за сите играчи (за секого низ цел свет)? Дали има доволно правила или премногу? Дали правилата се фер? Дали сите играчи (сите земји) играат според правилата?

Предлози за следни активности Goto top

Ако групата е заинтересирана за истражување на други прашања за еднаквоста, можеби ќе сака да ја направи активноста, "Пат до земјатана рамноправноста", во која се разгледуваат прашањата за родова рамноправност. Симулациската активност "Трка за богатство и моќ" lги разгледува нееднаквостите што се должат на богатството. Активноста, исто така, поттикнува прашања кои се во врска со еднаквоста на можностите, кои би можеле да се поврзат повторно со условите со кои се соочуваат лицата со посебни потреби.

Идеи за акција Goto top

Организирајте кооперативен „Спортски ден“. Поканете ги младите луѓе од други клубови за да ја играат вашата нова игри. Групата ќе мора да одлучи како да го направи настанот што е можно поинклузивен.
Стапете во контакт со TAFISA и направете ги вашите игри да бидат придонес кон Светскиот ден на предизвиците.
Остварете контакт со локални организации кои ги поддржуваат лицата со посебни потреби во вашата околина и најдете како можете да се вклучите и да помогнете.
Направете анкета во вашето училиште, клуб или место за состаноци и дадете предлози за едноставни подобрувања кои ќе го направат местото повеќе пријателско за луѓето со посебни потреби.

Понатамошни информации Goto top

TAFISA е водечка меѓународна организација Спорт за сите, со над 200 членови од повеќе од 130 земји на сите континенти. Организира практични програми и настани во тесна соработка со, на пример, МОК, СЗО, ИЦСПСП и УНЕСКО.

Светскиот ден на предизвици СДП (WCD) е организиран од TAFISA. СДП е пријателски меѓународен натпревар во Спорт за сите и физичка активност каде што заедници од целиот свет се натпреваруваат едни против други. Секој може да учествува. Светскиот ден на предизвиците е достапен за мали заедници, од само неколку илјади луѓе, па до најголемите градови во светот. Целта е да се промовира физичката активност и Спорт за сите, не само во натпреварувачки спортови или само за луѓе кои се веќе активни и во форма, туку и во однос на сите форми на активност и за сите луѓе од секоја возраст, според нивото на способност. Единствениот критериум е дека игрите мора да вклучуваат некоја форма на физичка активност која ја зголемува срцевата акција на учесниците за 15 минути во континуитет.

Младински олимписки игри: Визијата на Олимписките игри за млади МОИ (YOG) е да ги инспирира младите луѓе од целиот свет да учествуваат во спорт и да го прифатат и да живеат според олимписките вредности.

Параолимпијада: Меѓународниот параолимписки комитет МПК (IPC) е посветен да им овозможи на параолимписките атлетичари да постигнат спортска извонредност и да развијат спортски можности за сите лица со попреченост од почетно до елитно нивоа. Покрај тоа, МПК има за цел да ги промовира Параолимписките вредности, кои вклучуваат храброст, истрајност, инспирација и еднаквост.

Можеби ќе ви биде корисно - за вас и за учесниците - да ги земете предвид следните разлики помеѓу Глуви, глуви и наглуви лица:

Глуви: културен, јазичен и политички идентитет стекнат од многу глуви лица. Поединци кои се членови на Заедницата на Глуви ги прифатиле единствените културни норми, вредности и традиции на таа група. Нејзините членови обично го користат знаковниот јазик како нивен прв јазик.

глуви: термин кој се користи да опише неможност да се слушне нормален говор и обични звуци; медицински опис на губење на слухот.

Наглувост: се однесува на лица со различен степен на губење на слухот кои комуницираат првенствено со говорниот јазик, дополнето со читање од усни. Наглувото лице може да користи слушни помагала и/или кохлеарни импланти и може да го надополни слушањето со помошни слушни апарати. Тој/таа може да биде медицински глув/а но, со технички помагала, со интегрирано воспитување и образование, функционираат како наглуви.

Дефинициите и информациите за попречености човековите права може да се најдат во Попреченост и дискриминација на луѓето со попреченост, во Поглавје 5..

ПрилозиGoto top

Преземи во PDF

Карти на улоги  

Вие сте глуво лице.
Земете неколку „тапи“ за уши. Можете да зборувате (но не слушате).
Обидете се да ја претставите вашата улога реално, без претерување или прибегнување кон стереотипи.

Вие сте некој кој е наглув
Земете памук за да го ставите во ушите. Обидете се да ја претставите вашата улога реално, без претерување или прибегнување кон стереотипи.

Вие користите инвалидска количка
Седнете во количкатата и научете како да ја управувате. Обидете се да ја претставите вашата улога реално, без претерување или прибегнување кон стереотипи.

Вие сте лице со една рака.
Со завој врзете ја едната рака назад на грбот. Обидете се да ја претставите вашата улога реално, без претерување или прибегнување кон стереотипи.

Вие сте лице без раце
Со завој врзете ги двете раце назад на грбот. Обидете се да ја претставите вашата улога реално, без претерување или прибегнување кон стереотипи.

Вие сте лице кое накривува
Со завој врзете дрвен блок на едното стапало за да имате чувство дека едната нога ви е подолга од другата. Обидете се да ја претставите вашата улога реално, без претерување или прибегнување кон стереотипи.

Вие сте лице со една нога
Со завој врзете го едното стапало горе зад бутот како да сте ја изгубиле ногата под коленото.Земете штеки.Обидете се да ја претставите вашата улога реално, без претерување или прибегнување кон стереотипи.

Вие сте лице со потешкотии во учењето
Нервозни сте и немате самодоверба, работите треба да ви се објаснат многу внимателно. Обидете се да ја претставите вашата улога реално, без претерување или прибегнување кон стереотипи.

Вие сте слепо лице
Ставете лента на очите. Обидете се да ја претставите вашата улога реално, без претерување или прибегнување кон стереотипи.

Вие сте глуво и немо лице
Земете „тапи“ за уши. Нити може да слушате нити да зборувате, може да комуницирате со знаковен јазик и со пишување и цртање. Обидете се да ја претставите вашата улога реално, без претерување или прибегнување кон стереотипи.

Вие сте способно лице без попречености
Обидете се да ја претставите вашата улога реално, без претерување или прибегнување кон стереотипи