Можеби дојдовме со различни бродови, но сега сите сме во ист чамец.

Мартин Лутер Кинг, Јуниор

Преглед

Ова е симулација на натпревар за да се пронајде најзелената младинска група. Дали тие ќе бидат искрени или ќе мамат?

Поврзани права

• Право на еднаквост пред законот
• Право на живот и опстанок
• Право на меѓународен поредок во кој правата и слободите можат да бидат остварени во целост

Цели

• Да се развие разбирање за вредноста на соработката и потребата за мониторинг и верификација на договорите
• Да се изградат вештини за соработка
• Да се промовира чувство на правда и чесност

Материјали

• Копии од листот со инструкции, по еден за група
• Копии од листот за поени, по еден за група
• По едно пенкало во група за оној кој ги запишува поените
• Простор за работа во мали групи

compass-key-date
  • 5 јуниДен на животната средина

Инструкции

Наместете ја сцената: Постои натпревар за да се пронајде најзелениот младински клуб во градот (или училиште или одделение/клас). Секој учесник претставува различна младинска група и ова е плеј-оф кој ќе покаже кој оди во наредната фаза од натпреварот. Целта е да се освојат најмногу можни поени.
1. Замолете ги учесниците да се поделат во 5 групи и да седнат во мали кругови.
2. Четворица се претставници од четири младински клубови, кои се натпреваруваат, а еден ги запишува поените. Објаснете дека оној кој запишува, исто така, е и судија и одговорен за давањето сигнал за почеток на наредниот круг. Тој/таа е одговорен/а за пополнување на листот за поени и треба да внимава дека сите ги почитуваат правилата.
3. Замолете ја секоја група да одлучи кој ќе ги запишува поените.
4. Поделете го листот со инструкции на оние кои ќе ги запишуваат поените во секоја група. Замолете ги да им го прочитаат во групата, така што играчите ќе знаат како да играат и сите ќе ги разберат правилата за оценување. Поставете го листот онаму каде што сите можат да го видат, во случај да сакаат да се потсетат во врска со давањето поени.
5. Кога групите се готови, тие можат да започнат со играње во првиот круг. Ако секому е јасно што треба да се прави, тогаш натпреварот може да почне.
6. Кога сите групи ќе ги изиграат сите 10 кругови, замолете ги оние кои ги пишуваа поените, да го соберат вкупниот резултат на групата и да ги прибележат највисокиот и најнискиот поединечен резултат. Потоа, преминете на резимирање и дискусија за тоа како помина играта и што научија тие, прво, во нивните мали групи, а потоа и пленарно.

Резимирање и евалуација Goto top

Во малите групи замолете ги учесниците да размислат:

  • Кој доби најмногу поени? Како игравте за да победите?
  • Кој доби најмалку поени? Како се чувствувате?
  • Дали некој се чувствува измамено? Зошто?
  • Дали направивте некакви договори пред петтиот, осмиот и десеттиот круг? Што се случи?
  • Дали некој го прекрши договорот? Зошто?

СОР 15 е кратенка за 15 Конвенција на државите во рамките на Конвенцијата за климатските промени при Обединетите нации (UNFCCC). Уште позната како Конференција за климатски промени при Обединетите нации, 2009.

Пленарно:

  • Замолете ги оние кои ги запишуваа поените да ги соопштат највисоките и најниските индивидуални резултати и вкупниот резултат на групата. Јасно прибележете ги овие бројки на флип-чарт.
  • Кои групи остварија највисок вкупен резултат? Дали беа оние групи во кои играчите соработуваа или пак оние групи во кои играчите мамеа?
  • Како оваа игра е поврзана со реалноста? Дајте конкретни примери!
  • Кога луѓето се согласуваат да преземат акција за заштита на животната средина, како можеме да бидеме сигурни дека сите играчи играат праведно?
  • Дали има некаква смисла една група да биде „најзелената“ на сметка на другите?
  • Една од причините за неуспехот на политичарите да го постигнат договорот за емисиите на CO2 на COP 15 Климатска конференција, во 2009 година, беше дека земјите не можеа да се договорат за верификацијата. Можеби би помогнало доколку тие направеа „еден чекор назад“ од фокусот врз практичните детали и да погледнеа кои човекови права се прекршени? Зошто?
  • Во врска со промената на климата, чии права се најмногу засегнати? Кои права се прекршени?
  • Да се има во предвид, во врска со промената на климата, сиромашните народи повеќе страдаат, а богатите народи го предизвикуваат проблемот. Што мислите, дали постои праведен начин за да се реши проблемот?
  • Зголемувањето на лошите временски периоди, последица од промената на климата, значи дека милиони луѓе ќе останат без своите домови. Како вашата земја би требало да одговори на ова?
  • Дали образованието за човекови права има улога во борбата против промената на климата: Ако има, како?

Совети за обучувачитеGoto top

Резултатот од играта ќе биде дека групите, во кои играчите соработуваа, ќе имаат највисок групен резултат. Оние групи, во кои некој мамел, ќе добијат понизок, вкупен, групен резултат; со други зборови, поединецот може да го постигне најдоброто за себе, но за сметка на другите. Поентата, која треба да се научи, е дека доколку луѓето соработуваат, тие и ќе победат

Кога се дискутира за слабоста на доброволните договори, како и за и против насоките и законите од владата, можете да ги прашате учесниците што мислат за информативните кампањи за поддршка од гласачите, кои можеби се непопуларни, но се неопходни мерки. Размислете за овој пример: пред неколку години, групата Tidy Britain водеше кампања „Моето мало фрлено хартивче нема да направи некаква разлика“. Тие покажаа улична сцена со расфрлани обвивки од чоколатца и на многу од нив беше напишан слоганот „Јас не правам некаква разлика“. Што би помислиле кога би го виделе овој постер?

  • Ако направам напор и си го однесам ѓубрето дома, тогаш улиците би биле малку почисти и тоа може да биде добар пример за другите. (Тоа е како 1 палец и 3 прсти.)
  • Ако тоа го направат неколкумина, нема да има некоја значајна разлика, доколку другите луѓе го зголемат количеството на ѓубре кое го фрлаат. (2 прсти и 2 палци)
  • Ако можеме да ги убедиме повеќето луѓе да се грижат, тогаш улиците би биле почисти. Сепак, секогаш ќе има некои кои ќе фрлаат ѓубре, но ќе имаат корист од напорите кои ги вложуваат другите. Зошто тие да уживаат во „бесплатното возење“? (3 палци и 1 прст)
  • Зошто јас би го правел тоа, кога никој друг не сака? (4 прсти)

Овој пример подеднакво може да се однесува и на „мојата малечка кола нема да направи некаква разлика (за намалување на емисијата на CO2) или „користењето на машината за сушење алишта нема да направи некаква разлика (заштеда на енергија). Вие треба да најдете пример со кој, луѓето од вашата група, лесно ќе се поврзат. Во многу градови постојат казни за фрлање ѓубре и кога вашето куче го валка тротоарот; тогаш волонтерската акција не важи. Треба да постои некаков вид на регулатива. Една клучна слабост на Спогодбата од Копенхаген, резултат од самитот COP15, беше тоа што не беа вклучени јасно-одредени методи за мониторинг и верификација на емисиите на CO2.

Предлози за идни активностиGoto top

Групата можеби ќе сака да ја земе во предвид ефективноста на различните видови на санкции и казни за оние кои не ги почитуваат правилата во домот, на училиште, во младинската група или локалната заедница. Кои се најдобрите начини да ги натераат луѓето да ги почитуваат правилата?

Предложете им на учесниците дека најдобриот начин да се оствари највисокиот резултат е да им се нареди на сите да играат со палците. Во вистинскиот свет, како паралела, владата да им нареди на сите да престанат со возењето коли (за да се редуцира емисијата на CO2), да гледаат ТВ максимум еден час во денот (за да заштедат струја), да купуваат максимум по еден технолошки уред, на пример, мобилен телефон, дигитален музички плеер или конзола за видео игри на секои три години (за да се зачуваат ресурсите) и да преминат во вегетаријанство (поголема искористеност на земјата, помалку CO2 и помало производство на NOx од животински ѓубрива). Може ли групата да најде примери од легислативата, која има ефект кога на сите ќе им се каже дека тие мора „да играат со прстите“? (Регулирањето на сообраќајот може да биде само една илустрација.). Замолете ја групата да размисли дали овие примери ги кршат човековите права? Кои и како?

Активноста "Трка за богатство и моќ" е уште една симулација која ги третира неправдите кои произлегуваат од нерамноправното делење на ресурсите. Ако сакате да ја истражувате рамнотежата на природата и како ние ја уништуваме, обидете се со активноста "Мрежа на животот" .

Идеи за акцијаGoto top

Можеби групата сака да го идентификува локалниот проблем со животната средина и да им се придружи на другите за да се направи притисок врз локалните политичари и тие да почнат да дејствуваат.
Ако групата е заинтересирана за меѓународна политика, тие можеби ќе сакаат да го разгледаат примерот на неуспешно постигнување на договор на COP15 и како да се промовира доверба и разбирање помеѓу народите.

Потребата за акција за климатските промени е најнеодложен предизвик со кој во моментот се соочува човештвото. Наведете ја групата да размислува што можат тие да сторат за да се редуцира емисијата на CO2 лично, локално, на национално и меѓународно ниво. Започнете www.footprintdiary.com,  на мобилен телефон и веб-апликација, давајќи информации за последиците од климатските промени и да им се помогне на корисниците да дејствуваат според нивнoто лично користење.

Понатамошни информацииGoto top

Доброволната акција не е залудна; подобро е да се прави нешто, отколку да не се прави ништо, а вашиот пример може да го води патот. Ова е основата на иницијативата WWWs Climate Savers. Целта е да се убедат компаниите да ги намалат нивните јаглеродни емисии http://www.worldwildlife.org/climate/business.html

Транспарентноста беше главна тема на COP 15 пред да пристигнат меѓународните лидери на сцената за време на последните конференциски денови. На поранешниот COP, договорен беше принцип дека редукцијата на емисијата на штетни гасови во земјите во развој би требало да биде „мониторирана, да се дава извештај за неа и верификувана“ – или кратко кажано MRV (мониторинг-извештај –верификација). Овој концепт особено бил применуван во „Соодветните национални мерки за ублажување“, кои земјите во развој ги преземале доброволно, па според тоа интересот да се поседуваат најголемите емитери во индустријализираниот свет, особено во Кина и Индија, поставува цели и се согласува со режимот за мониторинг и верификација. Овој неуспех околу согласноста за праведен процес на мониторирање ја илустрира комплексноста на проблемот, особено во врска со правдата и еднаквоста. Дел од опозицијата на земјите во развој, особено Кина, сметаа дека предлогот беше крајно неправеден, бидејќи нивните емисии, по глава на жител, се помали од оние на развиените земји, а со тоа, тие имаат и поголема вина за проблемот и треба да преземат поголема одговорност за редуцирање на емисиите.

Оваа активност е преземена од „Ајде да го земеме светот во наши раце“ cWoodcraft Folk, 1993

Фондацијата Environmental Justice прави директен линк помеѓу потребата за сигурност на животната средина и одбраната на основните човекови права http://www.ejfoundation.org

ПрилозиGoto top

PDFПреземи во PDF

Лист со инструкции

Целта на играта е да се победи со најмногу можни поени.
Како да ја играте оваа игра:
• На даден знак од оној кој го запишува резултатот, испружете ја право вашата дланка со прст кој покажува или со палецот нагоре. Во секој круг мора да играте или со „прст“ или со „палец“.
• Вие не смеете да комуницирате со другите натпреварувачи во кое било време, освен пред петтиот, осмиот и десеттиот круг.
• Мора да ги изиграте сите 10 кругови.

Како се оценува

Ова зависи од комбинацијата на „прсти“ и „палци“ која ќе ја одиграат натпреварувачите.
• Ако сите 4 натпреварувачи играат „палци“, тогаш секој играч добива +1 поен.
• Ако тројца играчи играат „палци“, а еден игра „прст“, тогаш на оние кои играле „палци“ им се одзема 1 поен, а играчот кој играше „прст“ добива +3 поени.
• Ако двајца играчи играат „прсти“ и двајца играчи играат „палци“, тогаш на оние со „палците“ им се одземаат 2 поени, а на оние со „прстите“ им се додаваат +2 поени. • Ако еден играч игра „палец“, а останатите тројца играат „прсти“, на „палецот“ му се одземаат 3 поени, а на „прстите“ им се додава +1 поен на секој.
• Ако сите играчи играат „прсти“ тогаш секој од нив добива -1 поен.
Ова е напишано во табелата подолу (комбинација на прсти и палци и индивидуален резултат):

Палец Палец
Палец Палец
Палец Палец
Палец Прст
Палец Палец
Прст Прст
Палец Прст
Прст Прст
Прст Прст
Прст Прст
+1 +1 +1 +1 -1 -1 -1 +3 -2 -2 +2 +2 -3 +1 +1 +1 -1 -1 -1 -1

Kруговите 5, 8 и 10 се бонус кругови. Ќе добиете дополнителни поени, како што е наведено:
Круг 5 –вашиот резултат за тој круг помножен со 3
Круг 8 –вашиот резултат за тој круг помножен по 5
Круг 10 - вашиот резултат за тој круг помножен по 10
После секој круг, оној кој го запишува резултатот пополнува во листот за поени.

Лист за поени
Име на играчот        
Круг        
0 (пробен круг)        
1        
2        
3        
4        
5 (резултатот х 5)        
6        
7        
8 (резултатот x 5)        
9        
10 (резултатот x 10)        
Вкупно поени , кругови 1-10