Повлечете едно нешто во природата, и ќе видите дека тоа е поврзано со остатокот од светот!

Преглед

Во оваа активност, учесниците ги „откриваат“ врските во глобалната мрежа на исхрана.
Тие истражуваат:

  • Меѓузависност на живите и неживите работи
  • Неизбежното влијание на сите човечки активности врз животната средина и последиците 
Поврзани права
  • Право на живот, слобода и лична безбедност
  • Право на слободно располагање со нивното (човековото) природно богатство и ресурси
  • Слобода на верување и религија
Цели
  • Да научат за меѓузависноста на живите и неживите работи
  • Да развијат вештини да работат кооперативно и критички да размислуваат
  • Да се поттикне почитување на суштинската вредност на животот
Материјали
  • Клопче од тенка жица или цврста волна
compass-key-date
  • 2 ОктомвриСветски ден против смртната казна

Инструкции

Оваа активност е поделена на 3 дела: дел 1 - градење мрежа на живот; дел 2 – нејзино уништување; дел 3 –бура на идеи за активнсти за заштита на животната средина.

Дел 1
1. Замолете ги учесниците да застанат во круг.
2. Објаснете дека треба да изградат модел на мрежата на животот.
3. Вие започнете. Држете го клопчето во раката и кажете едно зелено растение , на пример, зелка.
4. Држете го крајот на конецот и фрлете го клопчето на некој од спротива во кругот. Тој го фаќа! Сега има права линија од конец меѓу вас двата.
5. Оваа личност треба да именува животно кое јаде зелка, на пример, гасеница. Таа, го држи конецот и го фрла клопчето преку кругот на трето лице.
6. Третото лице треба да размислува за животно што се храни со гасениците, на пример птица, или ако знае некој, може да каже вид на птица, како што се дрозд. Потоа ја фрла топката на четврто лице.
7. Продолжете со играта, така што топката од конец ќе помине напред и назад низ кругот се додека не се направи вкрстена мрежа што ја претставува „мрежата на животот“.

Дел 2
8. Сега прашајте го секој учесник по ред да даде конкретен пример за тоа што ја уништува оваа мрежа на животот, (на пример, автопати кои се градат над обработливо земјиште, прекумерен, риболов или горење на фосилни горива). Откога ќе кажат, го пуштаат конецот.
9. Откога сите ќе кажат, замолете ги учесниците да го разгледаат купот на исплеткани конци што бескорисно лежат на подот . Кажете им дека ова ќе биде нашиот свет ако не правиме ништо, но дека не мора да биде вака; постојат едноставни работи што сите можеме да ги направиме за да спасиме нешто од сегашната ситуација.

Дел 3
10. Поканете ги учесниците по ред да ветат дека ќе преземат едноставна, практична акција за спасување на светот. На пример, за да заштедите електрична енергија со исклучување на компјутерот, наместо оставање на стенд-бај, помалку јадење месо или помалку летање.
11. Како што секој ќе каже ветување, подига конец по случаен избор од подот.
12. На крајот, погледнете за кратко во новата мрежа и посочете дека не е истата мрежа како таа претходно; премногу е доцна за тоа; вистинското закрепнување е невозможно, бидејќи истребувањата се неповратни.

Резимирање и евалуација Goto top

Започнете со прашањето како учесниците се чувствуваа првен кога ја гледаа мрежата уништена и потоа создавајќи нова. Потоа продолжете да зборувате за проблемите и за тоа што треба да се направи за да се заштити околината.

  • Што чувствувавте кога го гледавте постепеното уништување на мрежата?
  • Дали е лесно да се именуваат животни и растенија во различни мрежи за исхрана? Колку е добро знаењето на луѓето за историјата на природата?
  • Дали ви е важно ако, на пример, поларните мечки исчезнат за 10 години?
  • Како се чувствувавте додека го гледавте формирањето на новата мрежа? Дали е лесно да се размислува за лични активности кои го намалуваат нашето влијание врз животната средина?
  • Колку се ефикасни индивидуалните активности?
  • Чија е одговорноста за заштитата на животната средина? ООН, владите, невладините организации, поединците?
  • Балансот на природата е многу сложен и не е лесно да се предвиди што ќе бидат глобалните последици од некоја конкретна акција. Како тогаш може да се донесат одлуки како да ги користиме ресурсите на Земјата?
  • Како треба да се донесат одлуки за тоа како да се користат ресурсите? На пример, дали да се сечат шумите, за да може земјиштето да се користи за одгледување на култури? Луѓето кои го добиваат нивниот живот од шумата ќе страдаат на сметка на оние кои прават профит од земјоделството. Се доведува во прашање принципот на правичност.
  • Член 1 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права вели дека „сите народи можат, за свои цели, слободно да располагаат со своето природно богатство и ресурси“. Дали ова значи дека луѓето имаат право да ја оштетат околината?
  • Ние се потпираме на нашата околина за да ни обезбеди храна за јадење и чист воздух за да дишеме. Без здрава животна средина не можевме да живееме. Тоа е услов за живот. Затоа, ние имаме огромна должност да ја почитуваме околината која ги ограничува нашите права да ја користиме (на ист начин на кој имаме должност да ги почитуваме правата и слободите на другите, што ги ограничуваат нашите сопствени права како поединци)?
  • Дали ни се потребни нови човекови права за да не заштитат од последиците од климатските промени?

Совети за обучувачите Goto top

Оваа активност најдобро функционира со 10-15 луѓе. Ако има многу учесници, направете ја активноста во неколку групи.

Секој синџир на исхрана треба да ги илустрира вистинските или можните односи: на пример, трева – овци- луѓе; или планктони - китови; или планктон - скуши- свињи (свињите често се хранат со рибино брашно) -луѓе - тигри! Запомнете дека кога животното умира, бактериите го распаѓаат неговото тело и ослободените минерали се земаат од други зелени растенија. Така циклусот на живот започнува одново. Милијарди и милијарди такви циклуси меѓусебно се поврзуваат за да ја направат мрежата на животот.

Обидете се да ги натерате учесниците да смислат колку што е можно повеќе различни  синџири на исхрана. Размислете на примери во шумски предел, шума, планина, висорамнина, мочуриште, езерце, речни и морски живеалишта. Можеби ќе треба да интервенирате така што ќе кажете нешто како „сега минералите се мијат од морето и се користат од морските фитопланктони (растителни планктони)“. Или, на пример, да се преместите од морски екосистем на копнен, можеби ќе треба да кажете „сега галебот што јадеше ракови покрај брегот летна во внатрешноста за да пребарува над нивите каде и умре“. Ако некој играч не може да смисли следен линк, сугерирајте дека можат да побараат предлози од другите во групата.

Во вториот дел, првите неколку пати кога учесниците ќе го пуштат конецот нема да се направи голема разлика бидејќи начинот на кој нишките се вкрстуваат едни со други ќе ја држат мрежата заедно, повеќе или помалку. Сепак, како што повеќе луѓе го отпуштаат, ќе останете со куп на бескорисни конци што лежат на подот окружени со луѓе кои беспомошно стојат. 

Во делот 3 во резимирањето, ќе мора да бидете подготвени за некои контроверзни одговорина прашањето „што ја оштетува мрежата?“ Некои луѓе, на пример, вегетаријанци, може да речат дека луѓето што јадат месо ја оштетуваат мрежата. Треба да го прифатите гледиштето и да ги прашате другите играчи за нивното мислење. Сепак, внимавајте да не влезете во голема дебата во оваа фаза; најпрвин завршете ја играта, а вратете се на крајот при резимирањето и дискусијата.

Обидете се да не бидете заглавени во дискусијата, туку држете се до целта на активноста, која е, ефектот на човековата активност врз животната средина.

Може да најдете добри примери за успешни приказни на www.ecotippingpoints.org. Исто така би требало, да побарате локални извори на информации. На пример, во Португалија, здружението Quercus (www.quercus.pt) редовно ја користи јавната телевизија за да дава информации за прашањата поврзани со животната средина и совети за тоа како да го намалиме нашето влијание врз животната средина - како да живееме на „поеколошки“ начин.
Можеби ќе сакате да ги прочитате информации за Животната средина во Поглавје 5 пред да поставите прашања за односот помеѓу човековите права и животната средина.

Ова е добра активност која може да се направи на часот по наука.

ВаријацииGoto top

Во вториот дел, кога ќе побарате од учесниците да дадат конкретни примери за тоа што му наштетува на оваа мрежа на живот, земете пар ножици и за секој пример засечете низ мрежата . Постепено мрежата се уништува и на крај, она што е пред вашите нозе е куп на бескорисни конци. Уништената мрежа е многу моќна слика и глобалната ситуација е навистина депресивна, но важно е луѓето да не се чувствуваат беспомошни во пресрет на задачата која е пред нив. Затоа, од суштинско значење е да оставите време во кое ќе следи барем една кратка активност на бура на идеи или дискусија за напредокот што во моментов се прави за заштита на животната средина.

Предлози за следни активности Goto top

Направете бура на идеи за успешни локални и глобални еколошки приказни. Не е сè безнадежно! Има многу активни луѓе низ целиот свет кои работат на тоа да обезбедат одржлива околина за добробит на идните генерации. „Справување со климатските промени, заедници кои прават подобрување“, продуцирани од Акт на Меѓународна алијанса, е одличен извор за ова.

Оваа активност може да се користи како стартер за дебата за човековите права и животната средина. На пример, дали би било добра идеја ако би постоело човеково право на животната средина, како што има други човекови права? Дали животната средина има вредност преку и над нејзината инструментална вредност? Дали има смисла да се даваат права на животните?  (Видете повеќе на background information)

Развивањето на одржливото користење на ресурсите бара политичка волја, време, напор и пари. Размислете колку многу повеќе би можеле да направат сите земји по пат на еколошко образование, научно-истражувачки и практични шеми за заштита на животната средина, доколку не потрошиле толку многу на оружје и војска. Ако групата би сакала понатаму да ги истражува овие прашања, би можеле да ја направи активноста "Колку нам ни е потребно?".

Климатските промени влијаат врз сите живи суштества насекаде. Тешките последици, на пример, од поплавите, претварањето во пустини и порастот на морското ниво значи дека многу луѓе не можат да преживеат во нивните сегашни места на живеење и се принудени да се движат. Ако сте заинтересирани да истражувате некои од прашањата што се однесуваат на климатските бегалци, можете да ја направите активноста "Три работи".

Идеи за акција Goto top

Вклучете се во локални еколошки проекти. Има многу невладини организации кои би можеле да ги контактирате:

  • Млади и животна средина Европа (Youth and Environment Europe-YEE). YEE е чадор организација со над четириесет регионални и национални самоуправни младински организации кои се вклучени во истражување и заштита на природата и животната средина низ цела Европа. www.tigweb.org
  • Мрежа за климатска акција Европа (Climate Action Network Europe - CAN-E). CAN-E е препозната како водечка мрежа во Европа која работи на климатските и енергетските прашања. Со над 127 членови во 25 европски земјите, CAN-E се обединува да работи за спречување на опасните климатски промени и промовирање одржлива енергија и политика за животна средина во Европа.
  • Пријатели на Земјата www.foei.org
  • WWF мрежата работи со влади, бизниси и заедници низ целиот свет, за луѓето и природата да напредуваат рамномерно врз природните ресурси на планетата. www.wwf.org

Намалете го личниот јаглероден отпечаток. На www.cutco2.org можете да најдете многу практични совети. Исто така, можете да пронајдете инспирација на Фејсбук од групата Young People Finding Solutions (Млади луѓе наоѓаат решенија) за да го намалат нивниот јаглероден отпечаток.

Понатамошни информации Goto top

Во природата сè е поврзано со сè друго. Сите живи нешта и неживите работи се поврзани преку циклуси, на пример, јаглеродниот циклус и циклусот на водата. Синџирите на исхрана се дел од овие циклуси. Синџирот на исхрана започнува кога зеленото растение ја користи светлосната енергија од сонцето, минералите од почвата и водата за да ја нарави сопствената храна за да има енергија да живее и да расте. Кога зеленото растение, на пример, зелката, се изеде, минералите и енергијата складирани во листовите се пренесуваат и се користат, на пример, од страна на гасеницата да живее и да расте. Како што секое животно е изедено од некое друго, енергијата и минералите се пренесуваат преку синџирот на исхрана. Кога животното од врвот на синџирот на исхрана умира, неговото тело се распаѓа, бидејќи е „изедено“ од бактериите. Минералите кои биле во телото се (пре)земаат од зелени растенија и започнува нов синџир на исхрана.