Кога ќе дојде утре
Ако ги судиш другите како што овој систем те осуди тебе, нема да бидеш подобар од тие кои те осудија на смрт.
Двајт Аданандус
- Преглед
Оваа активност користи информативни листови и дискусии за да ги истражи проблемите во врска со:
- Заштита на општеството од криминалци
- Човековите права на криминалците
- Смртната казна
- Поврзани права
- Право на живот
- Слобода од тортура и деградирачки третман
- Правото на еднаквост во достоинството
- Цели
- Да ги испита предрасудите за криминалците и размислувањата за некои од импликациите од смртната казна
- Да се развијат вештини за слушање и критичко размислување за информациите
- Да се промовира чувство на човечко достоинство и правда.
- Материјали
- По една копија за учесник од материјалот „Кога ќе дојде утре“
- Лист хартија и молив за секој член на групата.
- Флипчарт или големи листови хартија и пенкала за сумирање поени направени на пленарната седница
compass-key-date
- 10 OктомвриСветски ден против смртната казна
Инструкции
Чекор 1.
1. Прочитајте го делот 1 од „Кога ќе дојде утре“ на глас во групата. Кога ќе завршите, дајте им на луѓето околу 5 минути да се потсетат на сите главни точки и да ги запишат со сопствени зборови. Потоа замолете ги да ги разменат листови хартија со својот сосед, да ги прочитаат забелешките од другиот и да дадат повратни информации.
2. Поканете некои волонтери да ги прочитаат своите белешки, потоа разговарајте за разликите помеѓу верзиите: дали некои луѓе запомнаа повеќе детали од другите? Дали некои луѓе измислиле детали кои не биле споменати во оригиналната приказна?
3. Прашајте ги луѓето за нивната реакција на приказната: кој мислат дека е нараторот? Што се случило?
Чекор 2.
4. Прочитајте го исечокот од весникот и дел 2 од раскажувањето на Нанон.
5. Сега овозможи им на паровите 10-15 минути да разговараат за новите информации со нивните партнери. Дајте им примероци од „Кога ќе дојде утре“ во случај да сакаат да се вратат назад на поентите во текстот.
6. Потоа замолете ги да размислат за следните две прашања:
- Дали тие го променија своето мислење, било за Двајт или за Нанон кога научија дека тие беа осудени на смртна казна? Како? Зошто?
- Што мислат дека Двајт мислел велејќи: „Ако ги судиш другите како што овој систем те осуди тебе, нема да бидеш подобар од тие кои те осудија на смрт.“ Дали се согласуваат со него?
7. Отворете го проблемот на општа дискусија, од различните парови побарајте повратни информации за овие прашања
Резимирање и евалуација
Оваа активност може да се искористи за да поттикне повеќе важни и интересни прашања кои можат да бидат предмет на понатамошни активности или дискусии. Сепак, препорачливо е при резимирањето да се држите доста внимателно на темите кои групите веќе ги препозна, отколку да се отвараат целосно нови теми (видете подолу, во Совети за обучувачите).
- Дали оваа активност ве научи на нешто за себе? Дали таа ве натера повторно да размислите за некои од вашите претходни мислења или верувања?
- Што мислите дека активноста имаше за цел да илустрира? Дали успеа во оваа цел, иако не, зошто не?
- Што активноста има да ви каже за правото на живот, ако ништо повеќе? Дали во неа имаше и некои други прашања за правата кои беа покренати во дискусијата? Забележете ги овие прашања на голем лист хартија или флипчарт хартија за да ви користат за во иднина.
Совети за обучувачите
Во првата дискусија (по читањето на дел 1) важно е на луѓето да не им се даваат никакви навестувања за ситуација на двата мажи: обидете се да ги извлечете впечатоците на луѓето за ликовите, но без да сугерирате дека имате некоја посебна причина за тоа. Целта е луѓето да ја испитаат човечката страна на двајцата, без да знаат ништо за нивната ситуација или минато.
Поентата на менување на белешките на крајот на чекор 1 е да им се даде идеја за различните начини на кои луѓето можат да перципираат или запомнат ист дел од информацијата.Треба да се нагласи дека ова не треба да се гледа како „тест“, за луѓето да не се чувствуваат усрамени од нивните белешки; туку како начин за прикажување на различни гледишта. Обидете се да побарате коментари од луѓе чија белешки радикално се разликуваа од оние на нивните соседи. Прашајте зошто е тоа така - зошто, на пример, некои луѓе се сеќаваа на одредени делови од информациите кои пак биле пропуштени од други.
Самата активност, најверојатно, ќе поттикне премногу проблеми за само една сесија, така што вие треба да се обидете да ја одржите дискусијата според предложените прашања, наместо да им дозволите на луѓето да бидат заведени во дебатирање - на пример – за самата смртна казна. Обидете се да ја задржите дискусијата фокусирани на двете клучни прашања на:
1. Степенот до кој ние, државата, сите, сме склони да ги „судиме“ луѓето врз основа на нешто (во што ние веруваме) дека тие направиле. Ова веројатно е она што Двајт го има на ум кога зборува за не „судење“ на другите, како што државата му пресуди нему (и на Нанон). Државата ефективно ги отпишала како човечки суштества на основа на нешто (што таа верува) тие го направиле во минатото.2. Дури и таканаречените „тврдокорни криминалци“ поседуваат и ги задржуваат своите инхерентни човечки карактеристики - не само „грижливост и сочувството“, за кои зборува Двајт, туку и „фрустрацијата и депресијата“ што Нанон ги опишува како резултат на затворањето.
Кога разговарате за прашањето „право на живот“, обидете се да ги држите коментари подалеку од практичните аргументи за или против смртната казна. Водете ја дискусијата околу прашањата за тоа дали овие двајца луѓе може да се рече дека се уште имаат право на живот - и ако не, како некој може да го изгуби тоа право. Дали некој, на пример, има овластување да го отстрани тоа право од други граѓани, дури и ако тие сториле кривично дело?
Забелешка:
Целосното дело (Кога ќе дојде утре) може да се најде на CCADP (Канадска коалиција против смртната казна) веб страна http://www.ccadp.org.
Предлози за следни активности
Песните отсекогаш биле моќна алатка во борбата на луѓето за права. Групата можеби ќе сака да слушате некои песни за слобода и правда или да напише своја.
Можеби ќе сакате да прикажете филм поврзан со ова прашање. Нашите предлози се:
- Мртвиот човек чекори ( Dead ManWalking) од Тим Робинс 1995. Тоа е американски филм кој ја раскажува приказната за Сестра Хелен, која се спријателува со затвореник cо смртна казна.
- Декалог V: „Не убивај“ - од Кшиштоф Кисловски 1988 година. Главниот лик е млад човек на 20 г. чиј чин на убиство е ужасен, но исто таков е и варварскиот начин на кој државата го убива. Драмата открива дека сите животи мора да се почитуваат и дека никој не заслужува да биде убиен.
- Филмот, Во бездна (2011) од Вернер Херцог. Разговорите помеѓу затвореникот со смртна казна Мајкл Пери и оние засегнати од неговото злосторство служат како истражување за тоа зошто луѓето - и државата – убиваат.
Можеби ќе сакате да читате или да ја изведете (цела или извадоци од) претставата Ослободените од Џесика Бланк и Ерик Јенсен (theexonerated.com). Претставата се одвива меѓу монолози во прво лице и сцени поставени во судница и затвор за да ги раскаже приказните на шест храбри луѓе кон кои Американскиот кривичен правосуден систем ужасно згрешил, како и за тоа како тие истрајаа да преживеат.
Продолжете со проблемите покренати на крајот на активноста. Организирајте формална дебата или користете ја методата "Избори". Темите можат да вклучуваат:
- Прашања на казнувањето: која е целта од затворањето на криминалците и/или од нивното егзекутирње? Дали е тоа првенствено да се заштити општеството, да се промени однесувањето на криминалците или е одмазда/казна?
- Смртната казна: кои се аргументите за и против смртната казна?
- Безбедноста на нацијата наспроти безбедноста на поединецот: кои се границите на начинот на кој владата може да ги третира нејзините најлоши криминалци или терористи? На пример - дали мачење на индивидуата е оправдана ако е во прашање безбедноста на нацијата?
Може да развиете проект за смртната казна во врска со правата на детето. Во неколку земји деца се осудуваат на смрт и може да бидат егзекутирани. За да најдете повеќе информации напишете „деца осудени на смрт“ („Death Row Kids“) во вашиот пребарувач и на видео на youtube.com.
Идеи за акција
Посетете ја веб-страната на Канадската коалиција против смртната казна и прочитајте повеќе од пишувањето на затворениците (http://ccadp.proboards.com). Потоа напишете му на некој што е со смртна казна (веб-страницата на ccadp) содржи информации за тоа како да станете пријател преку допишување или да контактирате со вашата локална асоцијација на Амнести Интернејшенал (Amnesty International).
За детален извештај за случајот на Нанон и за грешките направени при неговото судење, видете на www.nawisa.ch .
Понатамошни информации
Советот на Европа го направи укинувањето на смртната казна да биде предуслов за членство. На територијата на земјите-членки на организацијата не е извршено убивање од 1997 година. Прва година во која никој не беше убиен низ цела Европа беше 2009 година; сепак во март2010 Белорусија погуби две лица.
Информации за тоа кои земји ги ратификувале меѓународните договори за укинување на смртната казна можете да најдете на веб-страницата на Amnesty International, www.amnesty.org.
Според извештајот на Amnesty International, Смртни казни и егзекуции 2014, се знае дека најмалку 2,466 лица во 55 земји се осудени на смрт во 2014 година.
Ова претставува пораст од 28% во споредба со 2013 година, кога во 57 земји беа регистрирани 1.925 смртни казни. Ова зголемување во голема мера се должи на големиот пораст на смртните казни во Египет (од 109 во 2013 година на 509 во 2014 година) и Нигерија (од 141 во 2013 година на 659 во 2014 година), двете земји во кои судовите, во некои случаи, наметнаа масовни казни
. Се верува дека на крајот од 2014 година со смртна казна биле најмалку 19.094 луѓе во светот.
Егзекуциите намалени, но не за малолетни престапници од Хјуман рајтс воч (1 април 2015година), наведуваат дека во 2013 година се забележува зголемување на бројот на смртните казни за злосторства извршени од страна на деца.
Иран, речиси сигурно, е светски лидер во егзекуција на малолетни престапници, усмртувајќи 14 во 2014 година и дури 77 во последните 10 години. Иран, исто така, продолжи да воведува нови смртни казни за деца престапници минатата година. Вкупно, најмалку 160 малолетни престапници во државата чекаат извршување на смртна казна.
На други места, минатата година беа изречени смртни казни за деца престапници во Египет и Шри Ланка. И други останаа со смртна казна во Малдиви, Нигерија, Пакистан, Саудиска Арабија и Јемен.
Во 2013 година, во Саудиска Арабија беа егзекутирани 3 малолетни престапници, а и други веројатно извршени во Иран и Јемен.
Во март 2014 година Пакистан го уби Мухамед Афзал, кој имал 16 години кога бил осуден на смрт, а судовите ја одобриле смртната казна на Шафкат Хусеин, кој се смета дека бил 14 или 15 години, кога бил осуден, во 2004 година.
За да видите како тој „сè уште преживува“, следете ја Нанон Вилијамс на Фејсбук и Твитер.
Извештајот на Амнести „Децата и смртната казна: Егзекуции ширум светот од 1990 година“, објавен во 2002 година, открива дека САД се на врвот на листата во однос на бројот на егзекутирани млади мажи кои биле под 18 години кога ги извршиле своите злосторства; САД егзекутираа 18; Пакистан егзекутира едно кое било само 13 кога го извршило престапот.
За детален извештај за случајот на Нанон и за грешките направени при неговото судење, видете
http://murderpedia.org/male.W/w/williams-nanon.htm.
Human Rights Watch наведува: Само за Иран, Судан, Кина и Пакистан се знае дека екзекутирале малолетни престапници од 2004 година. Судан извршил две такви егзекуции во 2005 година, додека Кина егзекутираала еден малолетен престапник во 2004 година, а Пакистан егзекутираал еден малолетен престапник во 2006 година. За споредба, познато е дека Иран егзекутираал најмалку три малолетни престапници во 2004, осум во 2005 година и четири во 2006 година. Во вкупен број, само Кина направила повеќе егзекуции од Иран. По глава на жител пак, Иран егзекутира повеќе луѓе годишно од која било друга земја. (www.hrw.org Јуни 2007)
Прилози
Кога ќе дојде утре од Нанон Вилијамс
Дел 1
Тоа беше еден ден по смртта на Двајт Адананд кога навистина погледнав на животот сосема поинаку од она што тој беше, или да кажам, кој посакував да биде. Ова беше на почетокот на зимата, и како што лежев уште размислувајќи за пријателот кој секогаш носеше насмевка кога денови изгледаа толку непотребни, почувствував мачење. Како што нежно се поместив, подигајќи го весникот од под вратата, весникот ја раскажа неговата приказна. Читајќи за тоа и знаејќи дека никогаш повеќе нема да го видам, повторно чувствував како некој да ми забодуваше игли во моето срце, повторно и повторно. Понекогаш нишајќи тој ќе дојдеше во дворот викајќи: „Како е е младичу?“ А јас ќе погледнев околу мене, зјапајќи назад, и велам: „Човеку, кој го викаш младо момче“, и ние двајцата ќе почнаме да се смееме, бидејќи јас бев најмладиот во нашиот блок. И кога мислам на тие моменти сега, длабоко се растажувам, бидејќи никогаш нема да се радувам дека повторно ќе бидам во дворот во близина со Двајт кој ќе ги исправи браздите од лутина кои го издлабуваат моето лице. Како што поминуваа годините, моите методи на поминување на времето се сменија, но сакам да мислам дека овие нови методи се надевам ќе ме направат да станам подобар човек еден ден, како што стана Двајт. За време на моите моменти на слабост, секогаш се прашував што би направил Двајт.
„Запомни“, ми рече: „Системот може да те има само ако му дозволиш. Смири се со твојот Бог, кој и да е тој и започни да живееш најдобро што можеш и цени го тоа. Тогаш, тој ќе продолжеше, Младичу, знам зошто си тука, но знам дека не припаѓаш тука“
Дел 2
„....... Всушност, никој не припаѓа тука, не на смртна казна. Има силувачи, киднапери, разбојници, измачувачи на деца и садисти на кои ни малку не им е гајле за тебе. Меѓутоа, исто така, има грижливи и сочувствителни луѓе кои ги направеле истите тие работи, но најдоа начин да се променат и сакам секогаш да го запамтиш тоа“, ми рече неколку недели пред да биде убиен. „Запомни го ова ако ништо друго. Ако ги судиш другите како што овој систем те осуди тебе, тоа нема да те направи подобар од тие што те осудијана смрт!“ И како што тие зборови ми ѕвонат во ушите сега, се прашувам зошто ми требаше толку долго за да разберам што мислеше тој. Се разбира, јас слушнав што кажа и тоа имаше смисла, но имање смисла и целосно разбирање на значењето на тие зборови беше нешто сосема друго. Претпоставувам дека тогаш бев младичот, како тој ме викаше, но вистината боли кога конечно ќе одвоиш време да ја видиш. Знам дека затворањето е целосно психолошко оружје на тортура што прави фрустрација се додека не се вгнезди депресијата, но некако духот и желбата да се продолжи остануваат кај неколкумина. Двајт, го имаше тој дух, без оглед на тоа што го направи и што го стави на смртна казна и со тој дух ги промени животите на другите кои гниеја како живи трупови во гробиштата на системот. „Знам дека не е лесно Младичу“, би рекол тој. „Но, никој не кажа дека животот е лесен. Земи го секој ден со вредноста што ја има и се додека можеш да видиш светло на крајот од патот, тоа нека ти биде силата што ќе те води“, беа последните зборови што ми ги кажа низ солзи, додека го кажуваше неговото последно збогум . Јас не се осмелувам да објаснам што значи тоа за мене, како што претпоставувам дека ми го кажа тоа за да можам да најдам своја сила што ме одржува низ годините што поминаа и веројатно низ годините што доаѓаат. Никогаш не ги напуштив моите принципи или нештата што најмногу ги ценам во животот - како моето семејство, така што повеќе од веројатно е дека љубовта и еден ден влегувањето во небесните порти, навистина е она што утре ќе дојде “.
Нанон Вилијамс беше осуден на смртна казна од страна на државата Тексас во 1992 година, кога беше 17 години, обвинет за капитално убиство. Тој го негира обвинението и помина 13 години како осуден на смрт пред да му ја преиначат казната на доживотен затвор во 2005 година со пресудата од Ропер В. Симмонс од Врховниот суд на САД, кој ја забранува егзекуцијата на малолетниците. Во 2010 г. Федералниот суд наредил Нанон да биде ослободен од затвор поради лажните докази што му биле презентирани на поротата и несоодветноста на неговата изјава за одбрана на неговото судење во 1992 година.
Извор: Канадската коалиција против смртната казна (Canadian Coalition against the Death Penalty)
Исечок од весникот
Хантсвил - 2 октомври 1997 година. Осудениот виновник беше егзекутиран во средата вечер за убиство со огнено оружје пред девет години на бизнисмен од Сан Антонио кој се обидел да го спречи да избега од банката. Аданандус, 41, беше осуден на смрт за убиство на Вернон Ханан, кој беше застрелан во градите на 28 јануари 1988 година, додека се бореше со Аданандус во фоајето на банката на северниот дел на Сан Антонио.
11 песни кои го потресоа светот „Адаптирано од Songlines World Музичко списание, март 2009 г.
Ослободен Нелсон Мандела – ЏериДамерс и Специјалниот AKA
Од малите нешта големи
работи
растат - Кев Кармади и Пол Кели
Стани, исправи се - Боб Марли
Gracias a la Vida -Мерцедес Соса
Ал Атлал - Оум Калтум
Бико - Питер Габриел
Диди - Калед
Замисли - Џон Ленон
Зомби - Фета Кути Nkosi Sikelel ‘iAfrika - Методистичка химна, компонирана од Енох Сонтонга во 1897 година
Џелем Џелем - химна на Ромите , компонирана од Жарко Јовановиќ на традиционална Ромска мелодија.