Се излегува од правата на другите и мојата бесконечна должност да ги почитувам. 

 Емануел Левинас 

Преглед

Ние сме сите еднакви, но некои се повеќе еднакви од другите. Во оваа активност учесниците избираат улоги и се движат напред во зависност од нивните шанси и можности во животот.

Поврзани права
  • Право на еднаквост во достоинството и правата
  • Право на образование
  • Правото на животен стандард соодветен за добро здравје и благосостојба
Цели
  • Да се подигне свеста за нееднаквоста на можностите
  • Да се развие имагинација и критичко размислување
  • Да се поттикне емпатија со други, кои се помалку среќни
Материјали
  • Картички за улоги
  • Отворен простор (ходник, голема просторија или простор на отворено)
  • Лента или CD плеер и нежна/релаксирачка музика
  • Шапка
Подготовка
  • Внимателно прочитајте ги упатствата. Прегледајте ја листата на „ситуации и настани“ и прилагодете ги на групата со која работите.
  • Направете картички на улоги, по една на учесник. Копирајте го (прилагодениот) лист, рачно или на фотокопир; исечете ги лентите, превиткајте ги и ставете ги во шапка.
compass-key-date
  • 15 JуниСветски ден на храната

Инструкции

1. Направете мирна атмосфера со нежна музика во позаднина. Алтернативно, побарајте од учесниците да бидат тивки.
2. Замолете ги учесниците да извлечат картичка со улоги од шапката. Кажете им да ја чуваат за себе ида не ја покажуваат на никој друг.
3. Поканете ги да седнат (по можност на под) и внимателно да ја прочитаат нивната картичка со улога.
4. Сега побарајте од нив да почнат да влегуваат во улогата. За да им помогнете, прочитајте некои од следните прашања, паузирајќи после секое од нив, за да им дадете време да размислат и да направат слика за себеи за своите животи:

  • Какво беше вашето детство? Во каква куќа живеевте? Кои видови на игри ги игравте? Каква работа работеа вашите родители? 
  • Каков е вашиот секојдневен живот сега? Каде се дружите? Што правите наутро, попладне, во вечерните часови?
  • Каков животен стил имате? Каде живеете? Колку пари заработувате секој месец? Што правите во слободното време? Што правите за време на одморите?
  • Што ве возбудува и од што се плашите?

5. Сега побарајте од луѓето да останат апсолутно тивки додека се наредат едни покрај други (како на пример на стартната линија)
6. Кажете им на учесниците дека ќе прочитате листа на ситуации или настани. Секој пат кога на изјавата може да одговорат со „да“, треба да направат чекор напред. Во спротивно,треба да останат таму каде што се и да не се поместуваат.
7. Прочитајте ги ситуациите една по една. Паузирајте помеѓу секоја изјава за да им дадете на луѓето време да исчекорат напред и да разгледаат наоколу за да ги забележат своите позиции во однос на другите.
8. На крај поканите ги сите да ги забележат своите финални позиции. Потоа дајте им неколку минути да излезат од улогата пред резимирањето на пленарната сесија.

Резимирање и евалуација Goto top

Започнете прашувајќи ги учесниците за тоа што се случило и како тие се чувствуваат во врска со активноста, апотоа продолжете да зборувате за проблемите што се покренаа и што научиле.

  • Како луѓето се почувствуваа исчекорувајќи напред - или не?
  • За оние кои често чекореа напред, во кој момент почнаа да забележуваат дека другите не се движат толку брзо како нив?
  • Дали некој почувствува дека имаше моменти кога нивните основни човекови права беа игнорирани?
  • Дали луѓето можат да ги погодат улогата на другите? (Во овој дел од дискусија лицата може и да ги откриваат своите улоги)
  • Колку лесно или тешко беше да се играат различните улоги? Како си ја замислувале личноста која ја играле?
  • Дали вежбата е огледало на општеството на некој начин? Како?
  • Кои човекови права се доведени во прашање за секоја од улогите? Може ли некој да каже дека нивните човекови права не се почитуваат или дека немале пристап до нив?
  • Кои први чекори би можеле да се преземат за решавање на нееднаквостите во општеството?

Совети за обучувачите Goto top

Ако оваа активност ја правите на отворено, осигурајте се дека учесниците може да ве слушаат, особено а која работите со голема група! Можеби ќе треба да ги користите вашите помошници за да ги пренесат изјавите.

На почеток, во фазата на замислување, можно е некои од учесниците да кажат дека тие малку знаат за животот на личноста за која ја имаат улогата. Кажете им, дека тоа нема големо значење и дека треба да ја користат нивната имагинација и да го направат тоа најдобро што можат.

Моќта на оваа активност лежи вовлијанието кое го има гледањетона тоа како се зголемува растојанието меѓу учесниците, особено на крајот кога треба да има големо растојание помеѓу оние кои често чекореа напред и оние кои не го правеа тоа. За да се зголеми влијанието, важно е да ги прилагодите улогите, за тие да ја одразат реалноста на сопствениот живот на учесниците. Како што го правите тоа, бидете сигурни дека ги прилагодувате улогите така што само минимум луѓе можат да чекорат напред (т.е.да одговорат со „да“). Ова исто така важи и ако имате голема група и треба да изготвите повеќе улоги.

За време на резимирањето и евалуацијата, важно е да се истражи како учесниците знаеле за ликот чија улога требаше да ја играат. Дали тоа било преку лично искуство или преку други извори на информации (вести, книги и шеги?) Дали се сигурни дека информациите и сликите што ги имаат за ликовите се сигурни? На овој начин можете да направите вовед за тоа како функционираат стереотипите и предрасудите.

Забелешка

Оваа активност беше научена од Елс ван Мурик (Нешто друго)и другите.

Оваа активност е особено релевантна за поврзување на различните генерации на права (граѓански/политички и социјални/економски/културни права) и пристапот до нив. Проблемите на сиромаштијата и социјалната исклученост не се само проблем на формалните права - иако последново постои и за бегалците и барателите на азил. Проблемот многу често е прашање на ефективен пристап до тие права.

ВаријацииGoto top

Оваа прва варијација додава уште една димензија на симболиката на нееднаквоста. Ви треба многу долг тенок конец или хартиена лента која лесно ќе се скине. Кога учесниците ќе бидат наредени на почеток, одете по должината на линијата и одмотувајте ја лентата како што одите. Како што поминувате покрај секоја лице, лицето ја зема лентата, така што секој завршува „поврзан“ со лентата и заедно со другите. Кога доаѓа моментот да се направи чекор напред, некои учесници ќе се соочат со дилемата дали да се движат и да ја скинат лентата или не. Исто така може да се случи да тие што остануваат назад ги обвинуваат другите за кинењето на лентата. Затоа може да биде потребно да ги потсети луѓето на правилото дека „секој пат кога на изјавата ќе може да одговорат „да“, треба да направат чекор напред. Инаку, ќе треба да останат таму каде што се и да не се движат. “

Втора варијација: Стартувајте го првиот круг како што е опишано, а потоа играјте го вториот круг кој го има потенцијалот да ги открие понекогаш потценетите компетенции. Учесниците ги задржуваат истите улоги. Во вториот круг, прочитајте ги изјавите што претходно сте ги подготвиле кои се фокусираат на силата што може да ја имаат обесправените луѓе, токму поради нивната ситуација. На пример:

  • Вие зборувате повеќе од два јазици и ги користите секој ден.
  • Сте надминале лична физичка или ментална попреченост, која ви даде самодоверба и внатрешна сила за да се носите со невработеноста.
  • Вие страдате од терминална болест и ја знаете подобро од другите вредноста на животот.
  • Бевте израснати во далечено село и имате длабоко разбирање за еколошката криза со која се соочува светот како резултат на климатските промени.
  • Знаете како да живеете со мал буџет и каде да ги најдете најповолните работи.

Можете да го прилагодите овој метод за да ги нагласите нееднаквостите во многу други области, например за пристап до вода, учество во политички или социјален живот или родови прашања. Ако се фокусирате на друго прашање, тогаш ќе мора да припремите различни улоги и изјави. Кога го правите тоа, бидатете свесни за потенцијално чувствителните улоги и изјави.

Еден начин да се донесат повеќе идеи на маса и да се продлабочи разбирањето на учесниците е прво да се работи во мали групи, а потоа групите да ги споделат своите идеи на пленарна сесија. Да се има асистенти е речиси неопходно ако го правите ова. Обидете се со овој метод правејќи го вториот дел одрезимирањето – после откривањето на секоја улога - во помали групи. Побарајте од луѓето да истражуваат кој во нивното општество има помалку, а кој има повеќе шанси или можности, и кои први чекори можат и треба да се преземат за решавање на нееднаквостите. Алтернативно, побарајте од луѓето да земат еден од ликовите и прашајте што може да се направи, односно какви обврски и одговорности тие самите, заедницата и владата имаат кон оваа личност.

Предлози за следни активности Goto top

Во зависност од социјалниот контекст каде што работите, можеби во групата ќе сакате да поканите да зборуваат претставници од групи кои се застапници на одредени културни или социјални малцинства. Дознајте од нив за кои прашања тие се борат во моментов и како вие и младите луѓе можат да помогнат. Таков состанок лице-в-лице исто така ќе биде можност да се посочат или разгледаат некои од предрасудите или стереотипи кои се појавиле во текот на дискусијата.

Ако групата сака да дознае повеќе за прашањата поврзани со нееднаквостите во обезбедувањето на образование ширум светот и мерките што се преземаат за решавање на проблемите, може ќе сакате да ја разгледаат активноста, "Образование за сите".

Групата може да сака да посвети повеќе време на стереотипните слики што ги имаат за луѓето претставени во "Направи чекор напред". Можете да ја користите активноста "Карта на Европската железница'" од едукативниот пакет „Сите различни -Сите еднакви“ за да прашате со кои луѓе би сакале најмногу да патувате заедно со воз, а со кои луѓе најмалку би сакале да патувате.

Идеи за акција Goto top

Земете ги идеите од идните активности (погоре). Преку нив, размислувајте како вие и младите луѓе можете да им помогнете на групите и организациите кои работат со културни или социјални малцинства и да ги претворите идеите во пракса. 

ПрилозиGoto top

Преземи во PDF

Карти за улоги 

Вие сте невработена самохрана мајка Вие сте претседател на партиско-политичка младинска организација (чија „мајка“ партија сега е на власт). 
Вие сте ќерка на локален менаџерот на банка. Студирате на економски факултет. Вие сте син на кинески имигрант кој води успешен бизнис за брза храна.
Вие сте арапски муслиманка која живее со своите родители кои се религиозно посветени луѓе. Вие сте ќерка на американскиот амбасадор во земја каде што сега живеете.
Вие сте војник во армијата, во задолжителна воена обврска. Вие сте сопственик на успешна фирма за увоз и извоз.
Вие сте млад човек со попреченост кој може да се движи само во инвалидска количка. Вие сте пензиониран работник од фабрика за производство на чевли.
Вие сте 17-годишна Ромска (Циганска) девојка која никогаш не завршила основно училиште Вие сте девојка на млад уметник кој е зависник од хероин.
Вие сте ХИВ-позитивна, средовечна проститутка. Вие сте 22-годишна лезбејка.
Вие сте невработен факултетски образован кој чека прва можност за работа. Вие сте модел од африканско потекло.
Вие сте 24-годишен бегалец од Авганистан Вие сте бездомник, млад човек на 27 години.
Вие сте илегален имигрант од Мали. Вие сте 19-годишен син на земјоделец во оддалечено село во планините.


Ситуации и настани Прочитајте ги следните ситуации гласно. Откако ќе ја прочитате секоја ситуација, дајте им време на учесниците за да исчекорат напред, а исто така и за да видат колку далеку се придвижиле во однос на другите.

• Никогаш не сте се соочиле со сериозна финансиска потешкотија.
• Имате пристоен дом со телефон и телевизија.
• Имате чувство дека вашиот јазик, религија и култура се почитуваат во општеството во кое живеете.
• Имате чувство дека вашето мислење за социјалните и политичките прашања е важно и дека вашите ставови се слушаат, исто така.
• Други луѓе ве консултираат за различни прашања.
• Вие не се плашите дека полицијата ќе ве запре.
• Знаете каде да се обратите за совет и помош ако ви треба.
• Никогаш не сте се почувствувале дискриминирани поради вашето потекло.
• Вие имате соодветна социјална и здравствена заштита за вашите потреби.
• Можете да одите на одмор еднаш годишно.
• Можете да ги поканите пријателите на вечера дома.
• Имате интересен живот и позитивни сте во врска со вашата иднина.
• Чувствувате дека можете да учите и да ја следите професијата која е ваш избор.
• Вие не се плашите дека ќе бидете малтретирани или нападнати на улица, или во медиумите.
• Вие можете да гласате на национални и локални избори.
• Можете да ги славите најважните религиозни празници со вашите роднини и блиски пријатели.
• Можете да учествувате на меѓународен семинар во странство.
• Можете да одите во кино или во театар барем еднаш неделно.
• Вие не се плашите за иднината на вашите деца.
• Можете да купите нова облека барем еднаш на секои три месеци.
• Може да се заљубите во личност по ваш избор.
• Вие чувствувате дека вашата компетентност е ценета и почитувана во општеството каде што живеете.
• Можете да го користите Интернетот и да имате корист од него.
• Вие не се плашите од последиците од климатските промени.
• Слободно можете да користите било која интернет страница без страв од цензура.