Демократијата не е нешто во кое веруваш ниту место каде ја прикачуваш шапката. Тоа е нешто што го правиш. Ти учествуваш. Ако престанеш да го правиш тоа, демократијата се урива.

Еби Хофман 

Преглед

Оваа активност вклучува преговори за правата и одговорностите на граѓаните, владата, невладините организации и медиумите во демократија.

Поврзани права
  • Право на учество во владата и на слободни избори;
  • Слобода за информирање и изразување;
  • Секој има должности кон заедницата
Цели
  • Да се развие разбирање за поврзаноста помеѓу правата и одговорностите;
  • Да се развијат дискусија и вештини за соработка;
  • Да се промовира граѓанска одговорност.
Материјали
  • Лист хартија А4 формат и молив за секоја група за правење белешки;
  • 4 големи листови хартија (А3) или флип-чарт хартија (еден за секоја група за „лист за евиденција“);
  • 3 фломастери – еден црвен, еден зелен и еден син – за секоја група;
  • 4 клопчиња од конец или волница (различна боја за секоја група);
  • Селотејп за секоја група;
  • Ножици
  • Лист со правила на играта, по еден за група
Подготовка
  •  Исечете 6 должини (1,5 м долги) од конец или волна од секое клопче. (Вкупно 24 нишки, од секоја боја, по една боја за секоја група).
compass-key-date
  • 15 СептемвриМеѓународен ден на демократијата

Инструкции

1. Објаснете дека целта на активноста е да се „нацрта“ мапа на врски помеѓу 4 „актери“ во едно (идеално) демократско општество.
2. Поделете ги учесниците во четири еднакви групи за да ги претставуваат четирите „актери“ во демократијата: влада, невладин сектор, медиуми и граѓани.
3.  Дајте ѝ на секоја група лист хартија (А4) и молив за да прават белешки и замолете ги да потрошат десет минути за бура на идеи за улогата која ја игра нивниот „актер“ во демократското општество и кои главни функции ќе ги изведува. На крајот, тие треба да се договорат за пет најважни функции.
4. Наредно, тие ќе ги подготват нивните „листови за евиденција“. Поделете ѝ на секоја група голем лист хартија (А3 или флип-чарт хартија) и црвен фломастер и замолете ги, најгоре, да го напишат „актерот“, кој го претставуваат“, а под тоа нека ги запишат нивните пет најважни функции.
5. Доведете ги групите заедно да ги презентираат нивните „листови за евиденција“. Групата нека ги сподели нивните реакции. Прашајте ги дали се согласуваат околу главните функции на овие четири „актери“. Ако сакаат, групите можат да ги изменат нивните листи како резултат на повратната информација.
6. Сега, повторно поделете ги четирите групи и поделете ги зелените фломастери. Дајте им петнаесет минути за бура на идеи во врска со тоа што тие бараат едни од други, со цел да ги реализираат нивните функции. Пред да истече времето, замолете ги групите да дадат приоритет на две најважни барања, кои тие ги бараат едни од други и набројте ги под одделни наслови, користејќи го зелениот фломастер. 
7. Поделете ги копиите од „Правила на играта“, поминете ги заедно и бидете сигурни дека сите разбрале што треба да прават. Потоа, замолете ги групите да ги донесат нивните „листови за евиденција“ во средината на просторијата и да ги постават во форма на квадрат, одделени на 1 метар (видете го дијаграмот). Замолете ги членовите на секоја група да се позиционираат близу нивниот „агол“.
8. Поделете ѝ на секоја група 6 нишки волница, селотејп и син фломастер.
9. Сега започнуваат круговите на преговарање. Треба да им дозволите по 10 минути за секој круг. Потсетете ги учесниците дека целта е да се мапираат врските помеѓу различните „актери“ и кога барањето е прифатено, еден дел од волницата треба да се залепи помеѓу двете хартии како симбол на прифаќање на одговорноста.
10. Преминете на резимирање и оценување додека учесниците сé уште седат околу мапата.

Резимирање и евалуација Goto top

Замолете ги учесниците да ја погледнат мапата која ја креираа и да размислат за активноста:

  • Дали беше тешко да се размислува за функциите на владата, невладините организации, медиумите и граѓаните, кои се изведуваат во демократијата?
  • Дали имаше некакви несогласувања во групите заради кои некои барања требаше да се прифатат или да се отфрлат?
  • Кои од барањата, направени во другите групи, тие не ги прифаќаат како одговорности? Зошто беше така? Дали мислите дека ваквите случаи би предизвикале некакви проблеми во реалноста?
  • Дали имаше одговорности кои беа прифатени од секоја група, но кои не беа претходно признати? Како се чувствуваат поради тоа, сега?
  • Дали активноста им покажа на луѓето нешто ново за демократското општество кое тие не го знаеле порано? Имаше ли некакви изненадувања?
  • Кои права се опфатени во оваа активност?
  • Членот 29, од Универзалната декларација за човекови права при ОН наведува: „Секој има обврски кон заедницата која единствено овозможува слободно и целосно развивање на неговата личност.“ Кои се најважните обврски кои ги имаш сега во твојот живот?
  • Кои се улогите на различните актери во овозможувањето да не се кршат ничии права?
  • Кои се улогите на различните актери во овозможувањето сите да имаат пристап до образованието за човекови права?

Совети за обучувачите Goto top

Употребувајќи 4 различни бои на волница (секоја боја е асоцијација на еден „актер“) ја прави мапата попривлечна и полесно е да се следат врските, на пример, сите барања на граѓаните можат да бидат жолти, а оние на медиумите – црни. Во петтиот чекор од инструкциите, откако групите ќе ги состават нивните листи со функции, не трошете многу време на долги дискусии за прашањата како цела група. Вие ова треба да го искористите како обид за наредната мала групна работа која тие ќе ја работат. Групите можеби ќе сакаат да си прибележуваат функции од другите групи.

Ако групите се борат со договор околу функциите, обидете се да ги замолите да размислат за видот на работата која ја изведува нивниот „актер“, дали и што би недостасувало, ако таа не постои! Можеби ќе сакате да кажете некои добри примери за да им помогнете на групите да започнат:

  • Владата прави нацрт на законите, одлучува за генералната политика и води сметка буџетот е доволен за потребите на таа земја.
  • Невладините организации лобираат за интересите на малцинствата, преземаат прашања, кои владата (или опозицијата) неуспешно ги насочува и организирааат кампањи за промени во легислативата.
  • Медиумите даваат извештај за политиката на владата, истражуваат прашања и обезбедуваат анализи и коментари.
  • „Функциите“ на граѓаните вклучуваат сé што е значајно во едно демократско општество: идеите можат да се рангираат од застапување на парламентот, вклучување во активизам за човекови права, формирање организации за да се заштитат одредени групи, поставување прашања и вклучување во политичкиот живот, итн.

Кога тие ќе ја состават нивната листа на барања (чекор 5), кажете им да не бидат нереалистични во нивните барања за другите „актери“! Овие одговорности треба да се прифатливи, па така тие не треба да прават неправедни и неразумни барања. 

Во чекор 9, преговорите не треба да се презентираат како „натпревар“, ниту да одземаат премногу време. Нагласете им на групите дека тие треба да соработуваат едни со други: целта е да се формира општество во кое сите „актери“ ќе работат заедно за доброто на сите. Според тоа, трансакциите треба да се релативно брзи: кажете им на групите да ги прифатат барањата, ако им изгледаат разумни, во спротивно нека ги одбијат, а за контроверзните ќе дискутираат во подоцнежна фаза. Ако на групите им е потребна помош околу размислувањето за барањата и одговорностите, можете да искористите пример со медиуми и граѓани: на новинарите им е потребно да добијат информација за тоа каде се случуваат настаните, а граѓаните имаат одговорност да ги предупредат медиумите и да обезбедат изјави од сведоци.

ВаријацииGoto top

Активноста може да биде повеќе или помалку комплицирана, користејќи различен број на „актери“ во едно општество. На пример, можеби ќе сакате да додадете „бизнис“, „малцинства“ или ”маргинализирани групи”. Според тоа, ова ќе го направи процесот на преговори покомплициран и вие можеби нема да сакате сите да користат различни категории на групи за да ги разменат барањата едни со други. Можете да направите измени со работи кои имаат директно значење во реалноста на младите луѓе – на пример, заменете ги „граѓани“ со „млади луѓе“, а „влада“ со „училиште“.

Активноста може да биде поедноставна со отстранување на една или повеќе групи. На пример, работејќи само со „граѓани“ и „влада“. Ова е препорачливо, доколку имате мала група.

Можеби ќе сакате да се обидете со активноста без употреба на „листови за евиденција“: за време на процесот на преговарање, некој од првата група треба да го држи крајот од парчето волница и да го понуди другиот крај на некој од втората група. Ако луѓето продолжат да ги држат нивните краеви, целото „општество“ ќе биде физички поврзано до крајот на процесот!

Предлози за идни активности Goto top

Групата може да продолжи да додава на мапата, вклучувајќи различни групи во општеството (погледни под насловот „Варијации“). Тие можеби сакаат да ја префрлат мапата на друг лист хартија за поголема јасност. Размислете кои врски во вашето општество не се добро развиените и што може да се направи за да се надмине тоа. 

Ако групата сака да размислува кон кој правец се движи општеството, а особено како сакаат тие да се развива, тогаш тие можеби би уживале во активноста "Нашите иднини".

Идеи за акција Goto top

Повторно направете ја активност, но овој пат како метод за анализа на тоа какви интерактивни меѓусебни врски имаат вашата локална влада, локалните медиуми, локалните невладини организации и граѓаните. Идентификувајте каде врските би можеле да бидат подобри и за тоа треба да им се сврти вниманието на „актерите“, или преку пишување на писма, блог или статија во локален медиум. Можете да направите практичен почеток за да ги подобрите врските помеѓу вашата организација, училиште, факултет или клуб со другите „актери“.

ПрилозиGoto top

Преземи во PDF

Правила на играта 

1. Целта на вежбата е секој „актер“ да ги добие своите барања, прифатени од сите други „актери“.
2. Преговорите се прават помеѓу парови од „актери“ во три кругови:

  • Прв круг: граѓаните и невладините организации преговараат и медиумите и владата преговараат.
  • Втор круг: граѓаните и медиумите преговараат и невладините организации и владата преговараат.
  • Трет круг: граѓаните и владата преговараат и медиумите и невладините организации преговараат.

3. Во секој круг, паровите сами одлучуваат кој ќе почне и по ред започнуваат да си поставуваат барања едни со други.
4. Кога се прави барање, луѓето треба јасно и прецизно да го постават. Исто така, треба да објаснат што вклучува тоа и зошто се прави ова конкретно барање, кое е значајно за исполнување на нивните функции. 
5. Кога се одлучува дали да се прифати или да не се прифати едно барање, луѓето треба да одлучат дали она што се бара е праведно и дали тие ќе можат тоа да го исполнат.
6. Ако барањето се прифати, тогаш паровите користат едно од нишките на „барателот“ и го лепат помеѓу двата „листа за евиденција“ како знак дека е постигнат договор. Групата која прифаќа треба да направи кратка белешка на нивниот „лист за евиденција“ со син фломастер за да ги потсети на нивните одговорности и за тоа што се согласиле да прават.
7. Ако втората група го отфрли барањето, парчето волница се става настрана.
8. Повторете ги преговорите, сé додека сите барања не се издискутираат.
9. Во секој круг, процесот се повторува сé додека има врски помеѓу сите четири „актери“.
10. На крајот од процесот, ќе има мапа која ќе ги претставува врските помеѓу различните актери во демократијата. Секој од актерите ќе има „лист за евиденција“ со листа на нивните функции со црвен фломастер, листа на барања од другите „актери“ со зелен фломастер и листа на акции за кои тие се согласиле да ги преземат со цел да ги исполнат барањата на другите „актери“, запишани со син фломастер. Барањата и акциите се претставени со волница во боја.

Image : Record sheet in activity Making links