Ова е невербална вежба и забавен начин да се претстави Компас на нова публика.

Инструкции

1. Ставете копија од Компас на подот и замолете ги учесниците да застанат околу него во круг.

2. Објаснете дека ова е активност со мимика и дека учесниците мора со мимика да претстават дејство користејќи го Компас на било кој начин –само не како да е книга! Остатокот од групата треба да погоди што претставува книгата.

3. Демонстрирајте со подигање на книгата и велејќи: „Ова не е книга ... што е ова?“ Потоа преправајте се дека јадете сендвич. Кога некој ќе погоди „сендвич“, ставете ја книгата назад на подот и вратете се на вашето место во кругот.

4. Нека учесниците со мимика претстават нешто еден по еден. Нека се инспирираат едни со други со идеи и нека истапат напред кога се подготвени.

Совети за обучувачитеGoto top

Овој метод исто така може да се користи кога започнува оценувањето на активностите и методите за време на курсот за обука.