1. Постојат многу различни начини на предавање и учење на човековите права. Каков пристап ќе одберете за темата зависи од тоа дали работите во формален или неформален сектор, од политичките, социјалните и економските услови во вашата земја, возраста на младите луѓе, како и нивните интереси и мотивација да учат за човековите права. Тоа сигурно ќе зависи и од вашето искуство со прашањата за човековите права и образованието за човекови права.

Вие можете да бидете младински работник, обучувач, наставник во училиште или учител за образование на возрасни, член на црковна група за дискусија или млад активист. Кој и да сте и каде и да работите, ние веруваме дека ќе најдете нешто за вас во овој прирачник. Ние не правиме претпоставки за вештините за предавање или претходното знаење во врска со човековите права. Компас треба да се смета како флексибилен ресурс. Промовирањето на човековите права е тековен и креативен процес, од кој вие – како корисници на оваа книга – сте интегрален дел. Се надеваме дека ќе ги искористите идеите кои ги презентиравме, ќе ги користите и развивате за да ги задоволите вашите потреби и потребите на младите луѓе со кои работите. Се надеваме дека ќе направите преглед на наученото и дека ќе ни дадете повратна информација за вашите искуства. Формата за повратна информација се наоѓа на следниот линк: www.coe.int/compass.

Ниту еден од нас не знае толку, колку што сите ние знаеме заедно.                  Лао Це

Што има во Компас

Ви препорачуваме да започнете со кратко разгледување на целиот прирачник за да стекнете целосен впечаток за содржините. Не постои посебна почетна точка; нашата цел беше вие сами да можете да ги изберете деловите кои се значајни за вас.

Поглавје 1: Ова е вовед во човековите права и ОЧП и како да се користи прирачникот.
Поглавје 2: Поглавјето ги содржи активностите. Тука ќе најдете 58 активности на различни нивоа за истражување на човековите права и како тие се поврзуваат со избраните теми и различните права. Овие активности се алатки за вашата работа со младите луѓе.
Поглавје 3: „Преземање акција“ објаснува што ние мислиме со овој термин и содржи идеи и совети за начините на промовирање на човековите права во заедницата и во светот пошироко. 
Поглавје 4: Ова поглавје обезбедува информации за човековите права и нивниот историски развој заедно со меѓународните стандарди и документи.
Поглавје 5: Овде ќе најдете краток преглед за информациите за глобалните теми од Компас.
Прилози: Резиме од главните декларации, конвенции, текстови за човекови права и речник на најчесто користени термини.

Тука би требало да најдете доволно материјал за да можете да започнете со работа во полето на ОЧП со млади луѓе. Компас е пишуван за секого кој посакува да се ангажира во ОЧП, без разлика дали има обука или вештини за поучување. Вие не треба да сте „експерти“ за човекови права за да почнете; доволни квалификации се да се има интерес за човековите права и образованието за човекови права.

Теми за човековите права

Не можеме да се надеваме дека ќе ги решиме сите прашања за човековите права во оваа книга. Она што ние го направивме е избор на најзначајните теми за животот на младите луѓе и ги собравме во 20 теми.  Дополнителни забелешки за секоја тема има во  Поглавје 5 , како и референци помеѓу активностите и темите во краткиот преглед на активности.

20 глобални теми се: 

1. Деца
2. Граѓанство и учество
3. Култура и спорт
4. Демократија
5. Попреченост и дискриминација на луѓето со попреченост
6. Дискриминација и нетолеранција
7. Образование
8. Животна средина
9. Род
10. Општи човекови права
11. Глобализација
12. Здравје
13. Медиуми
14. Миграции
15.  Мир и насилство
16. Сиромаштија
17. Вероисповед и убедување
18. Сеќавање
19. Сеќавање
20. Работа

Фацилитација

Во Компас го користиме зборот „фацилитатори“ за луѓе кои ги подготвуваат, презентираат и координираат активностите. Фацилитаторот е некој кој „прави нештата да се случат“, кој „помага“ и кој ги поттикнува другите да учат и да го развиваат нивниот потенцијал. Со фацилитирање вие креирате една безбедна средина во која луѓето учат низ експериментирање, истражување, давање и земање. Не станува збор само за една личност, лидер, кој е „експерт“ за давање знаење на другите. Секој треба да расте преку споделување искуства, и од учесниците и од фацилитаторите.

Можностите да се биде фацилитатор на млади луѓе и да се работи во една атмосфера на рамноправност и соработка се разликуваат низ Европа. Во формално- образовниот сектор се среќаваат разлики во целите и филозофиите за образованието, техниките на менаџирање на наставата и курикулумите. Не е вообичаено учениците и студентите да одлучуваат што ќе учат, ниту пак е вообичаено наставниците да ја преземат улогата на фацилитатор.Во неформалниот сектор има подеднакво големи варијации, не само во целите и филозофиите на различни организации, туку и во активностите и можностите кои ги нудат. Стиловите на лидерство варираат од автократски до демократски. Овие разлики се очигледни и помеѓу државите, како и во самата држава.

Сите ние живееме и работиме рамките на образовните и социјалните норми на нашите општества, што прави лесно да ја превидиме или да ја заборавиме неизбежноста на нашиот етноцентризам. Како резултат на тоа, го преземаме начинот на кој ги правиме работите здраво за готово и нормално. Може да биде корисно доколку размислиме за својот стил и практики, како и односите со младите луѓе со кои работиме, со цел развивање на своите вештини за фацилитирање11.

Бидете подготвени да ја предадете одговорноста на учениците за нивното учење.

Тешко е да се биде во лидерска позиција и да се „испуштаат“ работите од контрола, но како фацилитатор за ОЧП треба да сте подготвени да ја предадете одговорноста на учениците за нивното учење и да им дозволите да ја анализираат ситуацијата или проблемот, самостојно да размислуваат и да донесат свои заклучоци. Ова не значи дека целата одговорност треба да им се предаде на младите луѓе. Обучувачите имаат тешка задача да креираат безбеден простор во кој младите луѓе можат да учат во средина која е соодветна на нивото на нивната зрелост и способноста да учествуваат.

Контекстот на активностите може да бара поголема адаптација и може да го стави фацилитаторот, едукаторот или наставникот во подлабоки дилеми. На пример, онаму каде часовите или курсевите за ОЧП се задолжителни ова може да има влијание врз резултатите и врз ставовите кои учениците ги имаат кон човековите права. Другиот аспект е поврзан со оценувањето кое е карактеристично за многу формални образовни системи, особено кога оценуваното сериозно се сфаќа во училиштето. Корисни идеи за тоа како да се реши ова, можат да се најдат во Образование за демократија: Материјали за демократско граѓанство и образование за човекови права12.

„Техничката“ страна на обучувањето во училиштето или училницата не секогаш се разликува од неформалниот контекст на учење. Инструкциите за активностите на Компас се целосно релевантни и во двата случаи.

Решавањето проблеми како основа за ОЧП

Прашањата за човековите права, често, се контроверзни, бидејќи различни луѓе имаат различни вредносни системи, па според тоа, гледаат на правата и одговорностите на различни начини. Овие разлики, кои се манифестираат како разлики во мислењето, се основа на нашата образовна работа. Две значајни цели на ОЧП се, прво, оспособување на младите луѓе со вештини за да ги ценат – но не и да се согласат со – различните погледи за некое прашање и второ, да им се помогне да развиваат вештини за изнаоѓање заеднички решенија за проблемите со договор.Овој прирачник и неговите активности се базирани на претпоставка дека разликите во мислењата можат конструктивно да се искористат во процесот на учење. Како и во многу други неформално-образовни активности, целта не е сите да се согласат, туку учесниците да развијат вештини критички да размислуваат, да се слушаат едни со други, да ги искажуваат своите мислења и да ги почитуваат различните мислења. Фацилитирањето на активностите и конструктивното справување со конфликти може да изгледа застрашувачко, но не морааат да бидат. Секоја активност Образование за човекови права и Компас: вовед Компас - прирачник за образование за човекови права со млади луѓе 49 има „Совети за фацилитаторите“ и „Понатамошни информации“ за да ве поддржат во вашата работа.

Општи совети за корисниците

Компас треба да се користи на начин што ќе излезе во пресрет на вашите потреби и на потребите на младите луѓе со кои работите. Не е важно на која страница прво ќе отворите. Можете да го користите Компас како извор на информации за човековите права – главните конвенции, како тие биле првпат формулирани во 1948 година и како истите се развивале оттогаш. Исто така, Компас може да се користи и како краток преглед на информации за човековите права во врска со сиромаштијата, родовите прашања и други теми. Како и да е, делот со Активностите е она што ги интересира повеќето луѓе, бидејќи тие се алатки со кои се испорачува ОЧП.

Како да се избере активност 

Пред било што да направите, треба да ви е јасно што е она што би сакале да го постигнете; треба да ги поставите целите. Потоа, можете да продолжите со избирање на активност која е значајна за темата на која сакате да работите и која користи метод кој е соодветен за вас и за младите луѓе со кои работите. Тоа треба да е на вистинско ниво за вас и за вашата група и треба да се вклопи во времето со кое располагате.

Внимателно прочитајте ја активноста, најмалку два пати и обидете се да замислите како би реагирала групата и кои работи би ги кажувала. Многу е веројатно дека ќе сакате да ја менувате активноста на некој начин, a не само да ги прилагодите прашањата во делот „Резимирање и оценување“, за да овозможите учењето кое го посакувате, да се случи. Бидете сигурни дека ги имате потребните материјали. Проверете дали има доволно простор, особено ако учесниците треба да се поделат и да работат во мали групи.

Секоја активност е претставена во стандарден формат. Икони и наслови се користат за да има полесен преглед на целината.

Клуч за симболите и насловите кои се користат за претставување на активностите
Теми

Темите се оние кои ние ги избравме за да ги претставиме во Компас, на пример општи човекови права, сиромаштија и здравје.Човековите права се меѓусебно поврзани и неделиви и различни прашања се преклопуваат, што значи секоја активност неизбежно е поврзана со неколку теми. Ние означуваме три теми со кои активноста е очигледно поврзана.

Сложеност

Со сложеноста ние сакаме да укажеме колку е сложен методот и колкаво критичко мислење, аналитички и комуникациски вештини им се потребни на учесниците да уживаат во активноста. Повеќето активности кои бараат основни вештини имаат и едноставен метод, за нив е потребна мала подготовка и не траат многу долго. Од друга страна, оние активности кои бараат добри комуникациски и мисловни вештини често се поделени во компоненти, за нив е потребна поголема подготовка и траат подолго.

Активностите од ниво 1 се кратки и едноставни.Според тоа, овие активности се од вредност бидејќи ги тераат луѓето на интерактивност и комуникација едни со други. Во оваа категорија влегуваат игри за загревање, игри за „кршење на мразот“ и активности за преглед. Активностите од ниво 2 не бараат претходно знаење за темите од човековите права и не бараат добро развиени лични или групни работни вештини. Многу активности од ова ниво се дизајнирани да им помогнат на луѓето во развивањето на комуникациските и групните работни вештини, додека, во исто време, го стимулираат и интересот за човековите права. Активностите од ниво 3 се посложени и дизајнирани да развијат подлабоко разбирање и навлегување во темата. Тие бараат повисоко ниво на компетентност во дискусијата и вештини за работа во група. Активностите од ниво 4 се подолги, бараат добра групна работа и вештини во дискусијата, концентрација и соработка од учесниците, како и подолга подготовка. Тие се сеопфатни, а со тоа овозможуваат пошироко и подлабоко разбирање на прашањата.

Големина на групата 

Ние го означуваме бројот на луѓе, кој е потребен, за успешно водење на активноста. Ако дел од активноста вклучува работа во мали групи, тогаш големината на малите групи е означена во загради.

Време

Ние даваме општо означување на времето, пресметано во минути, потребно да се спроведе целата активност, влучувајќи ги и резимирањето и дискусијата, со одреден број на учесници. Проценетото време не вклучува дискусија или дејство поврзано со фазата на идните активности. Потребно е вие да направите сопствена проценка на потребното време. Ако работите со многу мали групи, тогаш треба да дозволите повеќе време за повратна иформација во пленарниот дел. Ако групата е голема, тогаш треба секому да дадете можност да придонесе во резимирањето и оценувањето.

Преглед

Ние даваме ознака за која тема се работи и кој основен метод се користи во активноста. На пример, дали активноста е за луѓето кои бараат азил или за пристрасноста во медиумите и дали активноста вклучува дискусија во мали групи или играње на улоги.

Поврзани права 

Способноста да се поврзат искуствата и настаните со специфични човекови права е клучна цел на образованието за човекови права. Човековите права се меѓусебно поврзани и неделиви и различни прашања се преклопуваат, што значи секоја активност неизбежно е поврзана со неколку теми. Според тоа, со референца до краткиот преглед на Универзалната декларација за човекови права, ние означуваме три права кои служат како пример во активноста и кои треба да се дискутираат во резимирањето и евалуацијата.

Цели

Целите се поврзани со целите на ОЧП за учење базирано врз компетенции, кои се однесуваат на знаење, вештини, ставови и вредности, опишани  тука.

Материјали

Ова е листа на потребни материјали и опрема за водење на активноста. 

Подготовка

Ова е листа за проверка на обучувачот за тоа што треба да се направи пред да започне активноста. Предвидуваме дека обучувачите ќе се информираат за темите и ќе ги прочитаат информациите во Поглавје 5 доколку е потребно.  Според тоа, ова не се повторува после секоја активност. 

Инструкции         

Ова е листа на инструкции за тоа како да се води активноста. 

Резимирање и евалуација 

Овде ние предлагаме прашања за да му/ѝ помогнеме на обучувачот да ги води резимирањето и евалуацијата. Целта е тие да бидат водич, а ние предвидуваме дека ќе развиете и некои ваши прашања за да бидете сигурни дека извлекувате заклучоци од учењето, кои се во согласност со вашите цели.

Совети за обучувачите 

Овие се белешки за водење и објаснувања за методот и работите за кои треба да бидеме свесни. На пример, ако работите на стереотипи за малцинствата, дали има некој од тоа малцинство во вашата група?

Варијации

Овде претставуваме некои идеи за тоа како може да се прилагоди активноста и да се користи во различни ситуации и како тоа да се развива. Како и да е, овие се само предлози и вие, обучувачите, мора слободно да се чувствувате и да ја модифицирате активноста на начин како вие сакате, така што најдобро ќе се задоволат потребите на групата.

Предлози за идни активности 

Водењето на активноста не е доволно; потребни се идни активности кога учењето се зацврстува и не се заборава. Во продолжение потребно е да запомнеме дека една важна цел на ОЧП е да ги оспособи младите луѓе да преземат акции за прашањата кои ги засегаат.

Според тоа, ние презентираме некои идеи за тоа што треба да се прави во иднина, на пример, предлози за теми кои ќе се истражуваат во локалната библиотека или на Интернет, а кои потоа можат да бидат претставени пред целата група. Ние, исто, даваме идеи за други активности кои можеби ќе сакате да ги користите во наредна прилика.

Идеи за акција 

Преземањето акција е важна цел на ОЧП; ние би сакале да им дадеме вештини на младите луѓе да преземаат акции за прашањата кои нив ги засегаат. Ние го нагласуваме ова и затоа има посебно поглавје за преземањето акции, Поглавје 3, и затоа вклучуваме и идеи за акција со секоја активност.

Клучни датуми 

Обединетите нации и многу други организации ја користат идејата за ден за одбележување или ден за сеќавање за да го свртат вниманието на јавноста кон различни аспекти на човековите права. Ние собравме над деведесет такви „клучни датуми“ и предлагаме тие да се користат како клинови на кои ќе се закачуваат вашите акции. На пример, една група на млади баратели на азил во Данска, се поврзуваат со локалната организација на Данскиот младински Црвен крст, која има кафуле, и одржуваат јавен настан на Денот на бегалците, 20 јуни.

Понатамошни информации 

Овде даваме дополнителни информации кои се од исклучително значење за активноста. Во секој случај ве советуваме да се навраќате на Поглавје 5 каде што ќе најдете информации значајни за одредени прашања посочени во активноста.

Работни материјали 

Овие се картички со улоги, листови со податоци и картички за дискусија кои треба да ги испечатите/копирате. Чувствувајте се слободни и менувајте ги за потребите на вашата група.

Општи совети за водење на активностите

Активностите ретко се одвиваат онака како ние очекуваме. Тоа е истовремено и награда и предизвик во работењето со активностите од Компас. Треба брзо да реагирате на работите кои се случуваат и брзо да размислувате. Главните работи кои треба да се запомнат се: поставете јасни цели и бидете подготвени.

Обука со двајца фацилитатори 

Доколку е можно, секогаш фацилитирајте заедно со некој друг. Наставниците ќе го препознаат ова како „предавање во тим“. Постојат и практични предности во тоа кога двајца ќе ја делат одговорноста при помагање на работата во мали групи или при справувањето со индивидуалните потреби. Кога двајца ја водат сесијата, полесно е да се променат темпото и ритамот за да се задржи интересот. Двајца обучувачи можат да се поддржуваат еден/на со друг/а, ако работите не одат според планот, а и резимирањето е покорисно со некој друг, отколку да го правиш сам. И двајцата обучувачи ја подготвуваат активноста заедно и секој треба да ја знае својата улога. Подобро е да се разиваат активности во тим, особено кога се вклучени млади луѓе.

Внимателно подготвување 

Бидете сигурни дека ги прочитавте сите информации за активноста, препорачливо е два пати. Водете ја во вашата глава; обидете се да визуелизирате како ќе оди. Обидете се да замислите како ќе реагира групата и што ќе кажат тие. Тие, несомнено, ќе поставуваат прашања на кои не им ги знаеш одговорите. Така и треба да биде; и ти си таму да учиш заедно со младите луѓе. Според тоа, треба да си сигурен дека си добро информиран преку читање на понудените информации.

Бидете сигурни дека ги имате сите потребни материјали и материјали плус, во случај да се појават повеќе луѓе од очекуваното, или ако некому се скрши моливот или пак, ако препише маркерот.

Планирање на времето 

Внимателно планирајте и времето, кое го имате на располагање, не се обидувајте да го преполнувате со активности. Ако активноста трае подолго од предвиденото, обидете се да ја скратите, така што ќе имате доволно време за дискусијата (видете ги забелешките за циклусот на учење).  Често, добра идеја е да се вклучат учесниците и да се консултираат за тоа дали веднаш да се запре активноста, за пет минути или некако поинаку да се реши проблемот.Од друга страна, ако имате многу време, не се обидувајте да ја развлекувате дискусијата, направете пауза или некаква брза игра за енергизирање и забава.

Креирање безбедна средина 

Младите луѓе со кои работите мора слободно да се чувствуваат за да истражуваат и откриваат, да комуницираат и споделуваат едни со други. Бидете оригинални, пријателски настроени, поттикнувајте и бидете хумористични. Не употребувајте жаргон или јазик кој учесниците не го разбираат. Луѓето се чувствуваат безбедно кога знаат што се случува, па затоа воведот во активноста е многу важен. Вие не можете одеднаш да започнете; потребно е активноста да се стави во некаков распоред. Еден начин тоа да се направи е да се употреби игра за „кршење на мразот“.

Поставување на основни правила 

Важно е секој во групата да разбере дека има правила за учество и искуствените активности. На пример, секој треба да има своја одговорност за време на сесијата; секој треба да има можност да биде сослушан, да зборува и да учествува. Никој не треба да чувствува притисок да зборува за нешто што му/ѝ е непријатно. За овие основни правила треба да се дискутира и сите да се согласат, кога за прв пат се почнува да се работи со класот или групата. Одвреме-навреме, тие правила треба повторно да се разгледуваат, особено ако на групата ѝ се приклучат нови членови.

Давање јасни инструкции 

Секогаш бидете сигурни дека сите ги разбрале инструкциите и знаат што треба да прават. Од помош е да се започне со објаснување, во главни црти, на што се однесува активноста и што вклучува, на пример, активноста е играње улоги. Кажете им на луѓето колку време имаат за да ја завршат дадената задача и предупредете ги пет минути пред да заврши времето за да можат да привршуваат.

Водење на дискусиите 

Дискусијата е централна во процесот на ОЧП. Посебно внимание обрнете дали секој од групата може да учествува доколку го сака тоа. Користете зборови, изрази и јазик заеднички за групата и објаснувајте ги непознатите зборови; има и речник. Поканете ги учесниците да ги кажат нивните мислења. Овозможете баланс на глобални и локални аспекти така што луѓето директно ќе го согледаат прашањето кое се однесува на нивните животи.

Понекогаш дискусиите „заглавуваат“. Вие ќе мора да ја идентификувате причината. На пример, тоа може да се случи бидејќи темата е исцрпена или пак е премногу чувствителна. Вие ќе одлучите дали ќе се обидете со прашање, ќе ја смените тактиката или ќе продолжите натаму. Вие никогаш не треба да дадете одговори на прашањата или проблемите од учесниците; самата група мора да си најде сопствени одговори преку слушање едни со други и споделување. Се разбира дека тие можат да ве прашаат за ваше мислење или совет, но групата мора да донесе сопствени одлуки.

Резимирање и евалуација 

Ниту една активност од Компас не може да биде комплетна без резимирање и евалуација; овој дел од активноста дава клучеви за учење и им помага на учесниците да го стават наученото во поширок контекст. Дајте им на учесниците доволно време да ја комплетираат активноста и, доколку е потребно, да излезат од улогата пред да дискутираат што се случило и што научиле. На крајот од секоја активност, потрошете малку време зборувајќи за она што луѓето го научиле и како е тоа поврзано со нивните животи, нивната заедница и светот пошироко. Без размислување, луѓето нема многу да научат од нивните искуства. Ние предлагаме да го поминете процесот на резимирање и оценување по редослед, поставувајќи им на учесниците прашања кои се поврзани со тоа:

  • што се случило за време на активноста и како тие се чувствуваат
  • што тие научиле за себе
  • што тие научиле за темите од активноста и за поврзаноста со одредени човекови права
  • како тие можат да се придвижат напред и да го користат она што го научиле.

Преглед

Без размислување, луѓето нема многу да научат од нивните искуства.

Периодичното проценување или истражување на она што го правите и на учењето е значајно, бидејќи тоа ви помага да добиете целосна слика за тоа како одат нештата и ве оспособува да се подобрите во практиката. Кога правите преглед, тоа зависи од околностите: тоа може да биде на крајот од денот на семинарот или на крајот од серија на две или три лекции или средби. Секогаш кога прегледувате, треба да најдете место и време за опуштање, без стрес и да размислите за:

  • Како одела активноста (активностите) од ваша гледна точка: подготовка, време итн
  • Што научиле учесниците и дали ги оствариле целите на учењето
  • Кои се резултатите: што ќе прави групата сега како резултат на реализираните активности
  • Што научивте вие за темите и за фацилитирањето

Периодичните прегледи со групата се, исто така, значајни и треба да биде забавно, па затоа прегледот не го претворајте во уште една дискусија, особено ако сте потрошиле доволно време на резимирање и дискусија. Ќе најдете неколку техники, вклучувајќи ги и оние кои користат јазик на телото, цртање и скулптура во Поглавје 2 под наслов “Активности за разгледување”.

Темпо

Повеќето активности можат да се завршат во 90 минути, па не би требало да е тешко да се зачува таа динамика. Затоа, правете кратки паузи, на пример помеѓу активноста и резимирањето и евалуацијата или, пак, помеѓу резимирањето и евалуацијата и дискусијата за идните активности. Тоа е корисно и ги ангажира луѓето. Ако енергијата паѓа, можете да искористите игра за размрдување. Запомнете дека е многу важно да им дозволите на луѓето да се релаксираат после активноста.

Давање повратна информација 

Повратната информација е коментар на нешто кое некој го кажал или го направил. Давањето или примањето на повратна информација е вештина и вие треба да им помогнете на членовите на групата да научат како да го прават тоа. Многу често, повратната информација се прима како деструктивна критика, дури и кога тоа не е намера на оној кој зборува. Клучните зборови во врска со повратната информација се „почит“, „конкретно“ и „аргументи“.

Кога се дава повратна информација, важно е да се почитува другата личност, да се стави фокус на она што е кажано или направено и да се дадат причини за вашата гледна точка. Можете да речете: „Јас не се согласувам со тоа што сега го кажа, бидејќи...“ Давањето негативна повратна информација многу луѓего прават лесно, а тоа може да биде болно. Вашата улога, како обучувачи, е да најдете начини и да ги оспособите луѓето да даваат повратна информација низ поддршка. На пример:

  • да се осигурате дека луѓето ќе почнат да даваат повратна информација со позитивна конотација,
  • почитување на другата личност без давање на некакви погрдни забелешки,
  • фокусирање врз однесувањето, не врз личноста
  • да се наведе причината за она што се кажува
  • преземање одговорност за она што се кажува со користење на „Јас-пораки“.

Примањето повратна информација е тешко, особено ако постои несогласување. Вашата улога е да им помогнете на младите луѓе да учат од нивните искуства и да им помогнете да се чувствуваат поддржано, а не понижено. Поттикнете ги луѓето внимателно да ја слушаат повратната информација без веднаш да се бранат себеси или нивната позиција. Особено е важно луѓето точно да сфатат што мисли личноста која ја дава повратната информација и да имаат време да го оценат кажаното, пред да го прифатат или отфрлат.

Отпор од страна на учесниците 

Да се биде вклучен во активности со учество е напорно и со оглед дека ќе користите различни техники, на пример, дискусија, цртање, играње на улоги или музика, несомнено е дека не сите активности ќе им одговараат на сите учесници цело време. Доколку учесникот е самоуверен и способен да објасни зошто не им се допаѓа одредена активност, тогаш вие треба да сте способни за прилагодување на неговите/ нејзините потреби преку дијалог и преговарање.

Под „отпор“ подразбираме однесување кое е намерно деструктивно. Сите обучувачи го искусуваат отпорот од учесниците во некој период. Отпорот може да се јави во неколку форми. Една несигурна млада личност може да вознемирува гребејќи со столот, мрморејќи или зборувајќи со учесникот до него. Многу посуптилни начини на нарушување на сесијата се поставувањето на неважни прашања или правењето непотребни шеги. Друга „игра“ која ја играат учесниците е „закопај го обучувачот“. Тогаш тие би можеле да кажат: „Ти не разбираш, помина долго време откако ти беше млад/а“ или „нешто друго место дискусии, не може да имаме само активности?“  Третиот тип на „игра“ е обидот да се избегне учењето, на пример, кога луѓето велат: „да, но...“

Очигледно, најдобро е доколку може да се избегне отпорот. На пример, бидете свесни за секоја личност во групата и за тоа дека некакви сензитивни моменти може да се предизвикаат од одредена активност или од одредена улога при играњето улоги или симулацијата. Бидете сигурни дека сите се чувствуваат безбедно и знаат дека не се под никаков притисок да кажат или откријат нешто за нив, кое не им е пријатно. Дозволете им на учесниците да се загреат пред некоја активност и да се релаксираат потоа. На крај, дозволете им доволно време за резимирање и дискусија така што секој/а да почувствува дека неговото/нејзиното мислење и учество вредат.

Вие сами треба да одлучите кој е најдобриот начин за справување со тешка ситуација, но имајте во предвид дека, обично, најдобриот начин да се реши некој проблем е да се отвори проблемот пред групата и групата како целина да најде решение. Не влегувајте во долги дискусии или расправии со ниту еден член од групата. Тоа може да предизвика огорченост и фрустрација помеѓу другите учесници и може да се случи да го загубат интересот.

Справување со конфликт 

Конфликтот е неизбежна и неопходна димензија во ОЧП.

Конфликтот може да биде корисен и креативен доколку соодветно се управува; всушност, тоа е една неизбежна и неопходна состојка на ОЧП! Несогласувањето и емоцијата се неизбежни кога се во прашање човековите права, бидејќи луѓето различно го гледаат светот и нивните верувања, претпоставки и предрасуди се доведуваат во прашање. Конфликтот, како дел од образованието за човекови права, им дава можности на луѓето да развиваат вештини и ставови, како што се критичкото мислење и соработката, емпатијата и чувството за правда.

Конфликтите тешко се предвидуваат и можеби тешко се решаваат особено ако тие произлезат кога учесниците се чувствуваат несигурни при справувањето со емоции и вредности, кога тие немаат доволно компетенции за групна работа или ако имаат целосно различни пристапи кон прашањето или различни вредности. Обидете се да останете смирени и не се вклучувајте во конфликтите помеѓу поединците во групата.

Активностите од Компас имаат за цел да овозможат искуствено учење во безбедна средина. Изберете ги внимателно и прилагодете ги по потреба. Користете ги за да извлечете различни мислења од учесниците за темите; дајте им до знаење дека несогласувањето е сосема нормално и дека универзалноста на човековите права не значи дека секој треба на нив да гледа на ист начин. Неколку совети:

  • Одвојте доволно време за резимирање и дискусија. Ако е потребно, искористете повеќе време.
  • Помогнете при појаснување на позициите, мислењата и интересите на луѓето.
  • Олеснете ги тензиите во групата. На пример, замолете ги сите да седнат или да зборуваат околу три минути во мали подгрупи или кажете нешто и разјаснете ја ситуацијата. 
  • Поттикнете ги сите активно да се слушаат еден со друг.
  • Нагласете што ги обединува луѓето, а помалку спомнувајте што ги разделува.
  • Барајте консензус. Подобро натерајте ги луѓето да ги разгледуваат нивните заеднички интереси, наместо да се обидуваат да направат компромиси и да се поместат од своите почетни позиции.
  • Барајте решенија кои можат да го решат проблемот без „повторно да создадат“ конфликт. 
  • Понудете се да разговарате насамо со вклучените во конфликтот, но во друго време.

Ако произлезат посериозни и подлабоки конфликти, можеби би било подобро да се одложи барањето решение и да се побара посоодветна можност за справување со проблемот. Во меѓувреме, вие можете да размислите како да го решите проблемот од друг агол. Според тоа, со одложување на обидот за решавање на проблемот, вие оставате време на оние кои се вклучени во конфликтот да размислат за ситуацијата и да се произнесат со нови пристапи или решенија.

Конфликтите кои се појавуваат во групата и начините за нивно решавање можат да се искористат за развој на разбирање и увид на причините и тешкотиите од конфликтите во светот пошироко. Исто така, и спротивното е точно; дискусијата за меѓународните конфликти може да даде многу поблизок увид во конфликтите.

Прилагодување на активностите од Компас на вашите потреби

Активностите во Компас беа испробани и тестирани во формални и неформални образовни околности и повратната информација од корисниците ни кажа дека, како што Абрахам Линколн знаел да рече: „Вие можете да ги задоволите неколку луѓе цело време и да ги задоволувате сите луѓе некое време, но не можете да ги задоволувате сите луѓе цело време“, што е перфектно разумно! Компас има за цел да биде водич и да ви помогне во вашата работа; тој не е книга со рецепти, ниту пак канон запишан на камени плочи.
Авторите на Компас се соочија со два главни предизвика. Првиот предизвик беше активностите да бидат доволно општи така што елаборираните теми да се значајни за широката публика, но во исто време и доволно детални да допрат до срцето на специфичните групи кои би можеле да се засегнати од тие теми. Вториот предизвик е спротивен: да се презентираат активности кои длабоко навлегуваат во темите кои се значајни за некои групи, но кои, исто така, не се важни или се премногу чувствителни за други групи.
Заради овие причини, активностите сигурно ќе се прилагодуваат или развиваат за да ги задоволат потребите на младите луѓе со кои работите. Има дел за “основните методи” кои ги користевме во Компас. Кога ќе разберете како се работи со различните техники, тоа ќе ви помогне да ги прилагодувате активностите.

Прилагодување на активностите 

Активностите се алатки со кои работите: треба да сте сигурни дека избраната активност ќе одговара и на темите, кои сакаме да ги решиме, како и на методот кој одговара на вашата група. Одговорност на обучувачот е да биде прецизен, да прави приспособувања и да ја прилагоди активноста така што таа ќе биде соодветна за потребите на младите луѓе со кои работите.

Практични работи 

Кога се размислува за адекватноста на методот, размислете и за овие практични работи:

Сложеност: Ако нивото е превисоко, разгледајте начини како да ја направите таа активност поедноставна. На пример, ограничете ги темите, повторно напишете ги картичките со изјави или смислете други прашања за резимирањето и дискусијата. Ако сметате дека постои ризик на луѓето да им е досадно или ако нивната интелигенција се навредува со некоја активност со ниско ниво на сложеност, тогаш тоа третирајте го како краток и забавен вовед во темата.

Големина на групата: Ако имате голема група можеби ќе ви требаат повеќе обучувачи и подолго време. Ако дозволите повеќе време, внимавајте да не се развлече активноста, како и резимирањето и евалуацијата. Размислете да ја поделите групата на два дела за резимирањето и евалуацијата, а потоа дозволете им накратко да известат во пленарна сесија. Ако имате играње на улоги, тогаш дозволете двајца да ја играат или споделуваат секоја улога. Ако имате мал број на учесници и ако активноста вклучува работа во мали групи, намалете го бројот на малите групи, а не го намалувајте бројот на луѓе во секоја мала група. На овој начин, вие ја одржувате разновидноста на инпутот во секоја група.

Време: Можеби треба да размислите за водење на активноста во текот на две сесии. Во замена, обидете се да организирате водење на активност кога имате повеќе време, на пример во училиште кога има два часа, едно по едно, на распоредот. Ако работите во младински клуб, направете ја активноста за време на викенд.

Преглед: Овде ќе најдете краток опис на основната техника врз која се заснова активноста, вклучувајќи и општи совети за користење на методот.

Материјали: Импровизирајте! Ако немате хартија за флип-чарт табла, тогаш купете хартија во ролна и сечете ја по должина. Ако просторијата, која ја имате, е мала или полна со мебел, така што има малку простор за движење, работете во мали групи, а потоа обидете се да најдете друга која е доволно голема, или ако е времето убаво, тогаш зошто да не излезете надвор?

Подготовка: Размислувајте креативно! Ако сакате да копирате нешто, а немате пристап до фотокопир, но имате компјутер и печатач, тогаш земете дигитална фотографија и печатете копии преку компјутерот.

Инструкции: Некои активности се во два дела. Можеби првиот дел ќе ви овозможи исполнување на целите.

Варијации: За варијациите ќе биде потребно повеќе или помалку време отколку за оригиналната активност. Дозволете го ова.

Резимирање и евалуација: Ако предложените прашања не ги задоволуваат вашите потреби, тогаш подгответе други. Искористете ги основните белешки како инспирација. Според тоа, бидете сигурни поврзаноста со темите за човековите права секогаш да ви биде експлицитна.

Предлози за идни активности: Ако препорачаните активности не се соодветни, не се значајни или тие претставуваат практичен проблем, тогаш најдете други. Употребете ја содржината на активностите на страница 72 и најдете активност која може да биде идна активност.

Идеи за акција: Ако препорачаните активности не се соодветни, не се значајни или тие претставуваат практични проблеми, тогаш најдете други.  Погледнете го Поглавје 3 – „Преземање акција“.

Развивање активности 

Развивањето на активност е порадикално од нејзиното прилагодување. Вам може да ви се допадне содржината, на пример, картичките со изјави или картичките со улоги, онака како што се претставени во активноста, но вие можеби ќе најдете друг метод кој е посоодветен. На пример, вие можете да користите картичка со изјава од активноста  „Само една минута“ а да го користите методот кој е елабориран во активноста „Каде стоиш ти“ .

Алтернативно, можеби ќе сакате да работите на темите за азил и бегалци и да ви се допаднат идеите во активноста  “Дали може да влезам?”  но, поради една или друга причина, може да почувствувате, дека играњето улоги не е соодветно. Во тој случај, вие би можеле да ја поделите групата во групи, како што е опишано во картичките за улоги, но потоа можете да ја употребите техниката Аквариум и да им дадете време на двајца бегалци и двајца имиграциски службеници да расправаат за нивните случаи. Друга опција, особено за наставниците кои работат со голем клас, би била панел дебата или дозволете им на сите да се информираат за темите, преку читање на картичките со изјави и потоа одржете целосна дебата, на пример: „Овој клас верува дека сите бегалци би требало да се добредојдени во нашата земја“.

Општи совети 

Поттикнете ги младите луѓе да бидат свесни за тоа што се случува во светот околу нив, локално и глобално, и одберете теми, кои ги интересираат, како почетна точка за вашата работа – вашата заедничка работа. Секогаш обидувајте се да ги вклучувате младите луѓе во одлуките како и што сакаат тие да учат. Како тие ќе бидат вклучени во практиката, зависи од тоа дали ќе работите во неформално или формално образовно опкружување, возраста на младите луѓе, времето кое ви е достапно и ресурсите. Според тоа, секогаш кога е можно, вклучувајте ги учесниците во одлучувањето каков вид активности би сакале тие да работат.

Учесниците не треба да се чувствуваат засрамено или да бидат присилувани да откријат повеќе, отколку што сакаат, за нив или за нивните верувања.

Справувајте се со контроверзните и провокативни теми со промисленост и внимателност. Ако некоја тема е табу во вашето општество и веројатно ќепредизвика отпор кај луѓето во власта, разгледајте ја темата „од околу“ наместо директно, или поставете ја во друга рамка. На пример, наведете ги луѓето да размислат за правата поврзани со слободата на изразување, користејќи еден историски пример.  На ваков начин се работи на прашања поврзани со религијата, правата на ЛГБТ заедницата и правото на брак и семејство, во активноста “Верници”  или “Наскоро ќе бидат застарени”.

Соочувањето со реалноста, дека живееме во свет каде што одредени прашања се контроверзни или поделени, е важен дел од ОЧП. Според тоа, кога се работи за правата поврзани со контроверзни или провокативни теми, треба да сме сигурни дека учесниците чувствуваат сигурност и дека нема да се чувствуваат засрамено или да се присилуваат да откријат повеќе за нив или нивните верувања. Методите, како што се вежбите со изјави или студии на случај се добри методи кои креираат одредена дистанца помеѓу личноста и темата. Друг пристап би бил да се поттикнат учесниците да истражуваат различни гледни точки. На пример, тие би можеле да поканат некој, од некоја малцинска група, да разговара со групата. Ако луѓето од групата се поделат за некое прашање, на пример ако малцинството смета дека одредено прашање не е важно или релевантно за нивните животи, тогаш замолете ги да објаснат и да ги оправдаат нивните мислења. Вие треба да ги доловите нивните претстави така што тие ќе бидат отворени кон идејата за истражување на тоа прашање. Прикажувањето филм, посетата (на центар за бегалци, центар за бездомни луѓе или некоја етничка продавница или кафуле) или поканувањето говорник секогаш се добри начини да се побуди љубопитноста.

Кога младите луѓе размислуваат за преземање акции, вие треба да сте подготвени да ги советувате за последиците од она што тие планираат да го прават. Тие треба да се целосно свесни за можни лични, социјални и политички ефекти од нивната предложена акција. Поттикнувањето на младите луѓе да размислуваат за себе и да преземаат одговорност е значајна цел на ОЧП; според тоа, вие треба да ги опишете сите тешкотии кои ги предвидувате, да дадете причини за вашето мислење и да советувате. Ако е потребно да ги разубедувате дека некои форми на акции се непрепорачливи, тогаш треба да им предложите алтернативи (  Поглавје 3 “Преземање акции“ за идеи и различни форми на преземање дејства).

Посебни белешки за наставниците

Повратните информации од наставниците ни кажуваат дека Компас се употребува и во училиштата низ цела Европа и тоа на часовите по јазик, географија, историја, граѓанство и политички студии. На пример, на часовите по јазици, изреките во активноста „Сите еднакви – сите различни“, можат да се користат како текстови за развивање на вокабуларот и разбирање, а  „Само една минута“ може да се користи за развивање на говорните вештини. На пример, статистиката за детскиот труд, родовите разлики и пристапот до образование (кои можат да се најдат  во различни делови од информациите во Поглавје 5) можат да се употребат во лекциите по математика со замена на примерите од учебникот и на овој начин придонесуваат да се подигне свесноста и интересот за темите од човековите права.  „Веб на животот“ може да се искористи на часовите по биологија како вовед во лекциите за синџирот на исхрана или био-разновидноста; „Приказна за два града“ на часовите по социологија;  “Верници” во религиското образование; „Приказната за Ашик“ и “Внимавајте, ве набљудуваме” даваат друга перспектива за трговијата, на часовите по географија, а примерите од “Борци за права” додаваат интерес за лекциите по меѓународна политика. Можностите се бескрајни.

Може да постојат фундаментални предизвици за остварување на целите на ОЧП во училницата.

Мора да се признае дека постојат фундаментални предизвици за остварување на целите на ОЧП во училницата. На пример, еден типичен период за лекцијата може да биде прекраток за да се заврши сé, освен најкратките активности или учениците можеби нема да се во можност да влијаат врз одлуките за она што го учат. Во продолжение, опциите за примена на наученото можат да бидат поограничени, но овие тешкотии не се несовладливи. Наставниците наоѓаат начини да ги надминат проблемите, на пример, како што е притисокот од времетраењето, преку проширување на некоја активност на два часа или со користење на можностите за време на „тематските недели“, кога нема вообичаен распоред.

Во некои земји, ОЧП бара промена на практиката во училницата со цел да се оддалечи од „кредата и зборувањето“ (наставникот им дава информации на учениците кои треба да се научат напамет) и да се помести кон поттикнување на критичко рамислување и самостојно учење. Во земјите каде наставниците, вообичаено немаат улога на тренер, советувач или фацилитатор, промените треба постепено да се воведуваат и на тој начин и наставниците и учениците ќе се чувствуваат самоуверено, работејќи во демократска атмосфера каде што прашувањето и слободата на изразување напредуваат. Разбирањето на методите и техниките, употребени во Компас, ќе им помогнат на наставниците да направат промени; тие се опишани и вклучуваат совети за тоа како да се организираат дискусии во големи класови. Друг начин за развивање на вештини за фацилитирање е преку работење заедно со некој искусен во ваков начин на работа. На пример, поканете тренер или тим од локална организација за човекови права да води сесија или да предава заедно со вас.

Идеално, наставниците по сите предмети потребно е систематски да се надградуваат со значајни компетенции во рамките на почетните и стручните усовршувања. Публикацијата „Како сите наставници можат да го поддржат граѓанството и образованието за човекови права: рамка за развој на компетенциите“ може да овозможи понатамошно водење низ тој процес.13 

Голем број на практични предизвици се идентификувани во еден скорешен, истражувачки проект за користење на искуствени активности од Компас и Образовниот пакет „Сите различни – сите еднакви“ на часовите по јазик во средните училишта во Данска.

Истражувањето откри дека учениците уживаа во активностите, а наставниците забележаа дека учениците беа многу вклучени. Сепак, потешкотии беа забележани во фазата на резимирање и евалуација. Учениците открија дека им беше тешко да го избегнат нивниот вообичаен начин на учење во училница, а полесно им беше коментарите да ги упатуваат до наставникот отколку до некој друг, што значи немаше многу дијалог, слободна размена на идеи или врсничко учење. Учениците очекуваа коментар или корекција од наставникот, како и покана да зборуваат. Резултатот беше дека учениците тежнееја да го поминат нивното време размислувајќи за она што сакаа да го кажат отколку да го слушаат она што беше кажано и да одговараат едни на други. Понатаму, се докажа дека е тешко да се промени вообичаената динамика во училницата, така што доминантниот ученик остана доминантен, а смешниот ученик изигруваше будала.

ОЧП не може да се наметнува или диктира.

Заклучоците беа дека користењето на активностите во училницата може да вреди, доколку ги ангажираат учениците во темата, но веројатно има и ограничување до тој степен, така што сите цели на ОЧП, особено оние за развивање на соработка и вештини за преземање одговорност и дејствување, не ќе можат да се постигнат. Според тоа, училиштата можат да направат значаен придонес за развивање на некои од компетенциите, кои се наброени тука како резултати на ОЧП, како на пример, активно слушање и комуникациски вештини, критичко мислење и љубопитност. Слично на тоа, на прв поглед, преземањето акции може да изгледа дека е проблематично во училишна средина. Како и да е, преземањето акции може да значи многу различни работи, а во училницата може да значи подобрување на општото однесување, земање предвид на врсниците, самостојно одлучување за тоа кои се хероите за човекови права и да се дознае нешто повеќе за нив или користење на пристап на поставување прашања по историја. Има повеќе идеи за тоа како да се преземе акција во Поглавје 3.
Ако на наставниците им е тешко е да користат многу од активностите, тие треба да имаат во предвид дека ОЧП развива и знаење и разбирање, на пример, знаење за тоа што се човекови права, историскиот развој на правата, правните инструменти и важноста на човековите права за развој на граѓанско општество и мир во светот. Сето ова може да најде свое место во формалниот образовен систем. Информациите за човековите права и глобалните теми (Поглавја 4, 5 и прилозите) , го прават вреден, материјалот за предавање и учење.

Наставниците, кои работат со деца од 7 до 13, исто сакаат од поблиску да го погледнат Компасито, прирачник за образование за човекови права со деца,чии активности подобро можат да се вклопат во структурата на училишните часови.

Конечно, коментарот за „ѓубрето ОЧП“, под кое подразбираме предавање кое настојува да биде ОЧП, но кое, заради начинот на кој се испорачува, нема да се квалифиува да се признае како образование за човекови права. Постојат многу начини за испорачување на образование за човекови права, но како што беше објаснето на почетокот од ова поглавје, процесот е важен. Според тоа, секое предавање поврзано со човековите права за да биде препознато како ОЧП, мора да се испорачува на начин кој ќе ги почитува учениците и ќе ги оспособи да ги почитуваат и вреднуваат човековите права. ОЧП не може да биде наметнато или диктирано. Понатаму, ОЧП не може да се гледа како на изолирано нешто кое се случува во училницата; тоа мора да се прошири во целото училиште и пошироката заедница.

Основни методи кои ги поткрепуваат активностите во Компас

Сфаќањето на основните методи или техники, кои ги поткрепуваат активностите во Компас,е суштинско во смисла на успешно користење на активностите. Ние ги нарекуваме методи, а користиме „активности“, бидејќи учесниците се умствено активни, но исто така и физички активни. Сепак, тие се повеќе од активности – не се нешто за пополнување на времето: тие имаат јасни образовни цели и ги користиме со некаква цел. Понекогаш, активностите се нарекуваат „игри“. Тоа наведува дека активностите се, исто така, забавни. Тие, всушност, и се забавни! За жал, некои луѓе го поврзуваат зборот „игра“ со она што го играат малите деца и тие ја забораваат сериозната образовна вредност на игрите. Разбирањето на основната методологија ќе ви помогне кога ќе треба да прилагодувате индивудални активности за да се исполнат потребите на младите луѓе со кои работите и кога развивате сопствени активности. Понатаму, кога пишувавме инструкции за тоа како да се водат активности, ние оценивме дека луѓето ги знаат и ги разбираат термините како што се „групна работа“, „бура на идеи“ и „играње на улоги“. Тие се појаснети овде.

Групна работа 

Групната работа е основа на многу од вежбите; таа се случува кога луѓето работат заедно, ги комбинираат нивните различни вештини и таленти и се потпираат заемно врз сопствените сили за да ја комплетираат задачата. Таа:

  • Поттикнува на одговорност. Кога луѓето се чувствуваат свои кога прават некоја активност, тие, обично, се посветени на исходот и се грижат да обезбедат добар резултат.
  • Развива комуникациски вештини. Луѓето треба да слушаат, да разбираат што кажуваат другите, да реагираат на нивните идеи и да ги истакнуваат сопствените мисли.
  • Развива соработка. Луѓето учат дека кога тие работат кон остварување на заедничка цел, тоа подобро го прават ако соработуваат, а не ако се натпреваруваат еден со друг.
  • Вклучува вештини за донесување одлуки. Луѓето брзо учат дека најдобриот начин да се донесе одлука е да се погледнат сите достапни информации и да се направи обид за наоѓање      решение кое ќе ги задоволи сите. Некој, кој ќе се почувствува изоставен од процесот на донесување одлуки, може да ја наруши групната работа и да не ги почитува одлуките кои се донесени од остатокот на групата.

Важно е да се напомене дека успешната групна работа мора да биде ориентирана кон задачите; треба да се постави јасно прашање кое треба да се одговори или јасно поставен проблем кој бара решенија. Не е продуктивно да им се каже на луѓето само „да се дискутира за прашањето“. Која и да е темата, суштинско е работата да биде јасно дефинирана и учесниците да се фокусираат кон остварување на целта, а тоа бара од нив и повратна информација пред целата група. Ова не значи дека само производот е единствената важна работа! Поентата е дека, преку заедничко работење и со јасно дефинирана рамка, учесниците подобро можат да учат низ процесот.

Поголемиот број активности во Компас користат работа во мали групи во „искуствената“ фаза (активност) и работа со целата група во фазите „рефлектирање“ и “„генерализирање“ од циклусот на учење (резимирање и евалуирање). Работата во мали групи ги поттикнува сите да учествуваат и помага да се развие кооперативна тимска работа. Бројот на малата група ќе зависи од практични работи, како што се колку вкупно луѓе има и колкав е просторот. Малата група може да биде од 2 или 3 луѓе, но малите групи најдобро функционираат со 6 до 8 луѓе. Работата во мали групи може да трае 15 минути, еден час или еден ден, зависно од дадената задача

Бура на идеи 

Image: Brainstorming

Бурата на идеи е начин за вовед во нова тема, поттикнување креативност и за брзо генерирање на идеи. Може да се користи за решавање на специфичен проблем или за одговарање на некое прашање. Како се прави бура на идеи:

  1. Одлучете за кое прашање сакате да правите бура на идеи и формулирајте го во едноставно прашање или изјава.
  2. Напишете го прашањето на голем лист хартија или табла и поставете го на место каде што сите можат да го гледаат.
  3. Замолете ги луѓето да придонесат со нивните идеи. Вие запишувајте ги идеите под прашањето или изјавата. Користете само зборови или кратки фрази.
  4. Запрете ја бурата на идеи штом идеите се потрошат.
  5. Разгледајте ги предлозите, барајќи и коментари.
  6. Потоа сумирајте, и земајќи го новото знаење, преминете на активноста или дискусијата.

Правила за бура на идеи: 

  1. Запишете го СЕКОЈ нов предлог. Најчесто најкреативните или „луди“ предлози се најкорисни и најинтересни.
  2. Никој не коментира и не суди за напишаното сé до крајот.
  3. Обесхрабрете ги кога повторуваат. Ако некој предложи идеја која е веќе на таблата, заблагодарете се и суптилно покажете каде е истото веќе напишано.
  4. Поттикнувајте ги сите да придонесуваат.
  5. Вашите сопствени идеи давајте ги ако е апсолутно потребно за да се охрабри групата.
  6. Ако предлогот е нејасен, побарајте појаснување.

Пишување на ѕид 

Image: Wall writing

Ова е форма на бура на идеи. Обучувачот ја запишува изјавата или прашањето за кои е потребна бура на идеи. Пожелно би било, ѕидот да биде широк и празен. Откако обучувачот ќе го напише предлогот, учесниците ги запишуваат нивните идеи на малечки парчиња хартија и самите ги лепат на ѕидот. Предностите на овој метод се дека луѓето можат да седат и да размислуваат во тишина, пред да бидат под влијание идеите на другите луѓе, а парчињата хартија можат да се разместуваат и да помогнат во групирањето на слични идеи заедно, за време на дискусијата.

Игра на асоцијација 

Image: The association game

Ова е уште една форма на бура на идеи која може да се користи како игра за кршење на мраз или како вовед во дискусија или активност. Учесниците седат во круг и обучувачот започнува со кажување на клучен збор (збор кој е веќе избран од сржта на темата за која е потребен вовед). Во круг, секој по ред, прво го повторува клучниот збор, а потоа првиот збор кој му се појавува во главата како асоцијација на клучниот збор. Варијанта е секој да одговори на зборот кој го кажал последниот учесник.

 

 

Активности за дискусија 

 

Дискусиите се интегрален дел од ОЧП, бидејќи преку дискусија луѓето учат да ги анализираат информациите, критички да размислуваат, да развиваат комуникациски вештини, да споделуваат мислења и да учат од искуството, па затоа „резимирањето и евалуацијата“ се суштински дел од секоја активност.Image: Discussion activities

Постојат многу различни начини да се води дискусија и некои начини, особено оние кои вклучуваат степен на соработка и учество, оправдано може да се сметаат како активности, сами по себе. На пример, дискусиите во мали групи, каде луѓето треба да решат проблем, може да се сметаат и како „активности“, на  „Само една минута“ и „Ајде да зборуваме за секс!“.  Не е потребно да се каже дека после „активноста со диксусија“, луѓето продолжуваат понатаму со резимирање и евалуација на она што го научиле

Дискусии во големи групи 

Image: Buzz groups

Buzz - групи 

Овој е корисен метод ако не се појават идеи во дискусијата со целата група. Замолете ги луѓето да ја дискутираат темата во парови или мали групи неколку минути и потоа да ги споделат нивните идеи со остатокот од групата. Вие наскоро ќе откриете една атмосфера на „зуење“ со разговори и луѓе кои „зујат“ со идеи!

Вежба со изјави 

Оваа техника ги оспособува учесниците да искажат мислење без потреба истото да го оправдаат. Тоа е суптилен начин да се поттикнат луѓето да бидат самоуверени да ги споделат нивните мислења.

Подгответе неколку изјави (4-6 би биле доволни) за темата или темите кои сакате да ги истражувате со групата. Направете два знака „Се согласувам“ и „Не се согласувам“ и ставете ги на подот, оддалечени на околу 6-8 метри една од друга. Ако сакате, можете да ставите и јаже или лента на подот помеѓу двата знака како симбол на средината помеѓу две крајности во мислењето.Image: The statement exercise

Прочитајте една од подготвените изјави и замолете ги учесниците да се позиционираат помеѓу понудените опции, согласно нивното мислење; оние кои се неодлучни, застануваат на средина. Поканете ги учесниците, ако сакаат, да објаснат зошто стојат таму каде што се. Охрабрете ги луѓето да ја сменат нивната позиција, ако го сменат нивното мислење, како резултат на аргументите кои ги слушаат.

Варијантата е наречена „Гледни точки“. Направете четири знаци и залепете ги на четири ѕидови во собата: „Се согласувам“, „Не се согласувам“, „Не знам“ и „Сакам да кажам нешто“. Како и претходно, луѓето се разместуваат согласно со нивниот одговор и тие можат да ја сменат позицијата во секое време.

Аквариум 

Image: Fish bowl

Овој метод им помага на учесниците да ги упатат нивните коментари еден кон друг, а помалку кон обучувачот или наставникот. Поканете неколку – идеално помеѓу 4 до 6 – учесници да седнат заедно во мал круг во средината на собата за да ја дискутираат темата, додека сите други седат околу и ги слушаат „рибите во аквариумот“. Кога некој од набљудувачите ќе посака да учествува во дискусијата, тие истапуваат напред и се местат зад една од „рибите“. Оваа „риба“ се заменува и се придружува кон оние кои слушаат. Постојат неколку корисни работи при употребата на овој метод. Главна корист е таа дека учесниците имаат контрола над дискусијата и учесникот зборува тогаш кога сам ќе одлучи, но исто така, и другите членови од групата можат да замолчат некој кој прави долги говори или се повторува и истиот го заменуваат.

Дебати

Image: Debates

Традиционалните домашни дебати се корисни, особено во училницата каде има неколку можности за користење на други методи на дискусија. Ако целиот клас дискутира, на пример: „Ние веруваме дека човековите права се измислени од Западот и тие не се универзални“, тогаш дозволете, место наставникот, заседавач да биде еден од учениците.

Друга форма на дебата е панел дебата каде се поканува панел на „експерти“, од страна на публиката, за да одговараат на прашања. Овој е добар начин за добивање информации, поттикнување на прашања, оспособување на луѓето да истражуваат различни гледни точки и да покажат дека човековите права се сложени. На пример, дајте им картички со улоги од активноста „Ловење на китови“на 8 доброволци (по двајца луѓе за да ги претставуваат секоја од организациите кои имаат спор). Овие 8 луѓе ги користат картичките за да ги подготват позициите и потоа седнуваат во панел да одговорат на прашањата и да дискутираат за нивните гледишта пред останатите од класот. На крајот, класот може да гласа дали ловењето китови треба или не треба да биде забрането.

Дискусии во мали групи 

Image: Discussions in small groups

Дискусиите најдобро се реализираат во мали групи, бидејќи тогаш секој има подобра можност да придонесува. Во помалите групи, не само што луѓето имаат повеќе самодоверба да се искажат, туку и секој добива повеќе време за зборување.

Активностите за дискусии се темелат на стимулативни материјали, обично претставени со картички. Примери за стимулативни материјали вклучуваат наслови на ТВ вести, постери, картички со изјави, студии на случај и слики. Кога се подготвуваат стимулативните материјали, важно е да се размисли за вашата целна група и да се избегне вклучување на информации кои можат да предизвикаат навреда или да се премногу лични. Исто така, треба да се има во предвид нивото на вештините за читање на помладите групи, како и јазичните вештини, ако се работи со мултикултурна група; во овие случаи јазикот треба да е едноставен. Информациите на картичките треба да се, колку што е можно, пократки, пожелно е 2-8 редови на половина страница од А4 формат, како апсолутен максимум.

AAA BBB CCC

Image: AAA BBB CCC

Ова е многу корисна техника кога сакате луѓето да го развиваат нивното знаење и да разберат без вашето „предавање“. Луѓето работат во мали групи за да развијат експертиза за некој аспект од темата. Потоа, групите повторно се групираат и го споделуваат нивното знаење.

Подгответе картичка со изјава или прашање за секоја група за некоја тема на која сакате да работите. Секоја група работи на различен аспект од истата тема. Учесниците треба да формираат три мали групи; едната група е група А, втората е група В и третата група е С. Дајте ѝ на секоја група одредено време во кое ќе се дискутира за проблемот. Потоа формирајте нови групи така што секоја од новите групи ќе има еден член од претходните групи; со други зборови, новите групи ќе бидат составени како АВС, АВС и АВС. Дајте им на АВС групите задача да решат проблем или да постигнат консензус кој бара учество од секој член.

Image: Statements in a hat

Изјави во шешир 

 

Оваа техника е еден суптилен начин за вовед во темата, да се поттикнат луѓето да зборуваат или да се генерираат идеи. Направете неколку картички со изјави или прашања и ставете ги во еден шешир. Или подавајте го шеширот наоколу или ставете го во средината на кругот. Замолете ги луѓето да земат една картичка и да коментираат.

Наместо обучувачот да ги прави картичките, тој/таа може да ги замоли учесниците да направат свои картички со изјави или прашања. На овој начин, прашањата анонимно ќе се поставуваат до групата, што може да биде многу корисно, особено ако темата за дискусија е чувствителна.

Image: Ranking

Рангирање

 

Оваа е корисна форма на дискусија кога сакате да стимулирате фокусирана дискусија во мали групи. Потребен ви е еден комплет на картички со изјави за секоја мала група; соодветни се 9 до 12 изјави. Вие ги избирате изјавите поврзани со темата за која сакате луѓето да дискутираат и пишувате по една изјава на секоја картичка. Групите дискутираат за изјавите и се обидуваат да постигнат согласност за редот според нивната важност. Ова може да се направи или како скала или како дијамант. Во скалестото рангирање, најважната изјава се става на врвот, наредната важна под неа и така до крај, додека не се стигне до најмалку важната изјава која се става најдолу.

Pour le classement en « diamant », il vous faudra neuf cartes. Les participants conviennent de ce qui leur semble être la déclaration la plus importante et la placent au sommet du diamant. En dessous, ils positionnent les deux affirmations les plus importantes après la première. Au rang inférieur apparaissent les trois affirmations qu’ils jugent d’importance moyenne, et ainsi de suite, comme le montre le diagramme. Ce type de classement est souvent plus approprié que le classement en échelle car la hiérarchie entre les différents énoncés est moins tranchée. Il s’agit d’une méthode moins rigide et donc plus acceptable pour les participants.

За рангирањето во форма на дијамант, потребни се 9 картички со изјави. Луѓето преговараат која изјава е најважна, потоа кои две наредни се важни, потоа три со помало значење и така до крај, како што е покажано и на дијаграмот. Бидејќи темите се ретко јасни, рангирањето во форма на дијамант е често многу погоден метод во однос на простото рангирање. Помалку е напорно и според тоа, е повеќе прифатливо за учесниците. Исто така, дава подобри можности за градење консензус. Варијанта на рангирање во форма на дијамант е да се напишат 8 изјави, а една картичка да се остави празна за да ја напишат учесниците. 

 

Студија на случај 

Студиите на случај се кратки „приказни“ за луѓе или настани кои илустрираат проблем. Како и картичките со изјави, тие се корисни алатки за презентирање на информации на недидактички начин. Тие се, исто така, вредни бидејќи создаваат дистанца помеѓу учесниците и проблемот, а со тоа и дискусијата на темата е помалку заканувачка. На пример, ако има насилници во групата и ако вие сакате да се справите со проблемот, вие можете да претставите приказна за булингот која содржи паралели со реалната ситуација. Учесниците ја читаат студијата на случајот, го анализираат проблемот и се обидуваат да даваат предлози за решавање на проблемот.

Image: Case Studies

Драма

Истражувањето на идеи и теми преку драма ќе им овозможи на луѓето изразување на емоциите, мислите, соништата и креативноста, кои на друг начин не би можеле да ги изразат. Драмата ја вклучува личноста во целина, нејзината глава, срце и раце, па според тоа, не го вклучува само интелектот, туку и чувствата и емоциите, правејќи ја моќна алатка. Понатаму, тоа е најефикасна техника, бидејќи им се допаѓа на луѓето од сите стилови на учење, а тоа се аудитивен, визуелен, кинестетички или тактилен ученик.

Резимирањето е посебно значајно после активности засновани врз некаква форма на драма, вклучувајќи играње на улоги и симулации. На глумците можеби ќе им е потребно време да излезат од улогата, пред да започнат да дискутираат за нивните чувства и зошто одлучиле да ги преземат тие дејства кои ги направиле.

Играње улоги 

Image: Role-playing

Играњето улоги е кратка драма која се игра од страна на учесниците. Исто така, учесниците внесуваат и нивни животни искуства да одглумат ситуација. Играњето улоги скоро секогаш е импровизирано. Играњето улоги може да го подобри разбирањето на ситуацијата и да поттикне емпатија кон луѓето кои ги прикажуваат. Тоа ги оспособува луѓето да искусат предизвикувачки ситуации, но во безбедна атмосфера.

Играњето улоги треба суптилно да се користи. Прво, суштинско е луѓето да имаат време на крајот за да излезат од улогата. Второ, секој треба да ги почитува чувствата на поединците и социјалната структура на групата. На пример, при играње улоги за лица со попреченост треба да се земе во предвид фактот дека некои од учесниците може да страдаат од некаква попреченост (која, можеби, не е видлива) или може да имаат роднини или блиски пријатели кои се со попреченост. Тие не треба да се чувствуваат повредено, да се присилат на изложување или да се маргинализирани. Ако се случи тоа, сфатете го сериозно, извинете се и објаснете им.

Исто така, бидете свесни и за стереотипите. Играњето улоги го изразува она што го мислат учесниците за другите луѓе преку нивната „способност“ да глумат и да ги имитираат. Токму ова ги прави овие активности многу забавни! При резимирањето, корисно е да се праша: „Дали мислите дека луѓето кои ги глумите се вистински такви?“ Секогаш е едукативно да ги направите луѓето свесни за потребата постојано и критички да ги разгледуваат информациите; прашајте ги учесниците каде ја добиле информацијата врз која тие го развиле ликот.

Симулации

Симулациите може да се сметаат како проширено и структурирано играње на улоги (тие не го вклучуваат истиот степен на импровизација) кое ги води учесниците кон непознати ситуации и улоги. На пример, судницата во активноста „Пристап до лекови“ (страница 91) е дефинирана и мапирана, а на учесниците им се дадени детални упатства за улогите кои ќе ги играат. Симулациите бараат високо ниво на емоционално вклучување и интелектуална способност, особено за оние кои треба да се докажуваат од гледна точка со која лично не се согласуваат.

Форум театар 

Форум театарот е интерактивна форма на театар кој ја поттикнува публиката на интеракција и истражува различни опции за тоа како да се реши проблемот или прашањето. Форум театарот (исто познат и како Театар на Боал, „Театар на угнетените“ или „Театар за развој“) беше создаден во раните 1970-ти години од Аугусто Боал, кој сакал да ја зајакне неговата публика.

Форум театарот е форма на играње улоги. Публиката гледа кратка претстава во која централниот лик открива угнетување или пречка која тој/таа не може да ја надмине; темата е претставена на начин кој е поврзан со животите на публиката. Кога ќе се одигра претставата, таа се повторува и публиката може да излезе на сцената и да предлага можни опции за тоа како протагонистот би можел да глуми. Актерите ги истражуваат резултатите од овие избори со публиката, креирајќи еден вид театарска дебата во која искуствата и идеите се повторуваат и се споделуваат, генерирајќи и солидарност и чувство на моќ.

Форум театарот е многу корисна алатка за испорачување на ОЧП, на пример, кога се истражуваат начини за решавање на проблеми или конфликти. Тој им дозволува на луѓето да стапнат на сцената и да истражуваат различни можности. На овој начин, претставата може да се користи како вежба за некој непосреден настан или да открива и анализира алтернативи во секоја ситуација – мината, сегашна или идна.

Аудио-визуелни методи 

Користење слики: фотографии, стрипови, цртеж, колаж 

„Една слика кажува илјадници зборови“. Визуелните слики се моќна алатка и за обезбедување на информации и за стимулирање на интерес. Запомнете дека цртежот  е важно средство за себе-изразување и комуникација, не само за оние чиј мисловен стил е визуелниот, туку и за оние чија слаба страна е вербалното изразување. Идеите за активности со користење на слики и цртежи заедно се претставени во Поглавје 2, под заеднички наслов  “Играње со слики”.

Совети за креирање на збирка од слики 

Сликите се повеќенаменска алатка така што добра идеја е обучувачите да имаат сопствена збирка. Слики можат да се собираат од, на пример, весници, списанија, постери, брошури за патувања, разгледници и честитки.

Исечете ги сликите, поставете ги на картичка и обложете ги со провидна, самолеплива фолија (која се продава за покривање на книги) за да ги направите трајни, лесни и пријатни за употреба. Збирката ќе изгледа како комплет, ако картичките бидат направени во една големина. А4 е идеално, но А5 е добар и практичен компромис. Би можело да биде добра идеја, пишувањето на референтен број, позади на секоја слика и да се запишат изворот, оргиналниот наслов или други корисни информации. Според тоа, луѓето ќе ја имаат само сликата пред нив и нема да им се одзема вниманието во друга насока.

Кога избирате слики, обидете се да направите селекција на слики од север, југ, исток и запад, како и од различни природни и социјални средини. Кога избирате слики од луѓе, барајте разновидност и бидете свесни за полот, расата, способностите и недостатоците, возраста, националноста и културата. Исто, имајте го во предвид влијанието кое го имаат поединечните слики поради нивната големина и боја. Овој ефект може да ја изобличи перцепцијата на луѓето за сликата, па затоа обидете се да ја хармонизирате вашата збирка, така што ќе добиете разумен хомоген комплет.

Имајте во предвид и проверете дали има авторски права на сликите и фотографиите кои сакате да ги користите.

Користење на филмови, видеа и радио-драми 

Филмовите, видеата и радио-драмите се моќни алатки за ОЧП и се популарни меѓу младите луѓе. Дискусијата по гледањето филм треба да направи добра почетна точка за понатамошната работа. Работите за кои се зборува се почетна реакција на луѓето за филмот, колку беше вистински до „реалниот живот“, дали ликовите беа реалистично прикажани, дали тие се обидуваа да промовираат одредени политички и морални гледни точки и да не заборавиме, кои човекови права се вклучени.Image: Taking photographs, making films and videos

Имајте во предвид да проверите дали има авторски права или некакви забрани за јавно прикажување на видеата кои сакате да ги користите. Прикажувањето пред класот или пред група млади може да се смета како јавно прикажување.

Фотографирање, снимање филмови и видеа 

Технологијата на видео-камери, дигитални камери и мобилни телефони денес го прави снимањето филмови и фотографирањето достапно за сите. Сликите и филмовите на младите луѓе живописно ги покажуваат нивните гледни точки и ставови и прават одличен материјал за прикажување.

Видео-писма 

Видео-писмата се докажан начин да се срушат бариерите и предрасудите. Тие им овозможуваат на луѓето, кои инаку не се сретнале да „разговараат“ лице в лице и споделуваат увиди за тоа како живеат и што им е значајно. Еден пример е британски ТВ проект, каде што една Ромка и една жителка, која живеела блиску до ромскиот камп, одбивале да разговараат една со друга. Медијаторот успеал да ги убеди да испратат серија на видео-писма една на друга. Секое започнувало со прикажување на нивните домови и со претставување на нивните семејства. Постепено, во наредните писма, тие сé повеќе откривале детали од нивните животи, предрасудите биле минимизирани и заменети со разбирање и сочувство. Секоја од нив открила дека тие имале повеќе заеднички работи отколку што можеле да замислат и на крај се согласиле да се сретнат во живо.

Медиуми: весници, списанија, радио, телевизија, Интернет

Медиумите се сигурен извор за добар материјал за дискусија. Секогаш е интересно да се дискутира за начинот на кој се презентираат вестите или информациите и да се анализираат предрасудите и стереотипите. Понатамошните дискусии можат да вклучат теми како што се сопственост на медиумите, политичко изобличување, цензура и слобода на изразување. Активноста „Насловна страна“, е специфична за овие теми, а повеќе идеи ќе најдете во информациите за  медиумите во поглавје 5.Уште еднаш, проверете со сигурност дали има авторски права на материјалите кои сакате да ги користите.

11 Тренинг пакетите „Основи на тренингот“ и „Организационен менаџмент“ овозможуваат корисни стартни точки за стиловите на учење и ставовите на тренерите и обучувачите. Т-пакетот „Организационен менаџмент“, Издваштво на Совет на Европа, 2000. Може да се преземе од www.youth-partnership-eu.coe.int
12Gollob, R. , Krapf, P. , Ólafsdóttir, Ó., и Weidinger, W (2010) Образование за демократија: Материјали за демократско граѓанство и образование за човекови права. Стразбур: Совет на Европа
13 Brett, P., Mompoint-Gaillard, P. и Salema M.H. (2009) Како сите наставници можат да го поддржат граѓанството и образованието за човекови права: рамка за развој на компетенциите. Стразбур: Совет на Европа