(резиме)

Европската социјална повелба (ревидирана) од 1996 година, која стапи на сила на 1 јули 1999 година, во еден инструмент ги отелотворува сите права гарантирани со Европската социјална повелба од 1961 година, нејзиниот дополнителен Протокол од 1988 година и додава нови права и амандмани усвоени од страните. Постепено го заменува првичниот договор од 1961 година. Повелбата ги гарантира правата и слободите кои се однесуваат на сите поединци во нивното секојдневно постоење. 

Основните права утврдени во Повелбата се како што следува:

Домување:

  • пристап до соодветно и достапно домување;
  • намалување на бездомништвото; политика за домување насочена кон сите обесправени категории;
  • процедури за ограничување на присилно иселување;
  • еднаков пристап за лицата кои не се државјани на социјално домување и бенефиции за домување;
  • домување и бенефиции за домување поврзани со потребите на семејството.

Здравје

  • достапни, ефективни здравствени установи за целото население;
  • политика за спречување на болести, вклучувајќи гаранција за здрава животна средина;
  • отстранување на професионални опасности за да се обезбеди здравјето и безбедноста при работа се предвидени со закон и гарантирани во пракса;
  • заштита на мајчинството.

Образование

  • бесплатно основно и средно образование;
  • бесплатни и ефективни услуги за професионална ориентација (насочување);
  • пристап до почетна обука (општо и стручно средно oбразование), универзитетско и не-универзитетско повисоко образование,стручна обука, вклучувајќи континуирана обука;
  • посебни мерки за странски државјани;
  • школска интеграција на децата со попреченост;
  • пристап до образование и стручна обука за лица со попреченост.

Вработување

Слобода да се работи

  • забрана за принудна работа;
  • забрана за вработување на деца под 15 години;
  • посебни работни услови за возраст помеѓу 15 и 18 години;
  • правото на заработка за живот во слободно избрана професија;

Фер услови за работа

  • економска и социјална политика со цел да се обезбеди целосна вработеност;
  • пристап до работа за лицата со посебни потреби;
  • фер работни услови во однос на платите и работното време;
  • заштита во случај на отшуштање; • заштита од сексуално и психичко вознемирување.

Колективни права

  • слобода на формирање на синдикати и организации на работодавачи за одбрана на економските и социјалните интереси; индивидуална слобода да се одлучи дали да се приклучат или не;
  • промоција на заеднички консултации, колективно договарање, помирување и доброволна арбитража;
  • право на штрајк.

Правна и социјална заштита

  • правен статус на детето;
  • третман на млади престапници;
  • заштита од малтретирање и злоупотреба;
  • забрана на било каква форма на експлоатација (сексуална или друга);
  • правна заштита на семејството (еднаквост на брачните другари во рамките на парот и кон децата, заштита на деца во случај на распаѓање на семејството );
  • право на социјално осигурување, социјална помош и социјални услуги;
  • право да се биде заштитен од сиромаштија и социјална исклученост;
  • згрижување на деца;
  • специјални мерки кои ги задоволуваат постарите лица.

Движење на лица

  • право на повторно обединување на семејството;
  • право на државјаните да ја напуштат земјата;
  • процедурални заштитни мерки во случај на протерување;
  • поедноставување на емиграциските формалности.

Недискриминација

  • правото на жените и мажите на еднаков третман и еднакви можности за вработување;
  • гаранција за сите државјани и странци кои законски престојуваат и /или работат, дека сите права утврдени во Повелбата се применуваат без оглед на расата, полот, возраста, бојата, јазикот, религијата, мислењата,национално потекло, социјално потекло, здравствена состојба или здружување со национално малцинство;
  • забрана за дискриминација врз основа на семејни обврски;
  • Право на лицата со посебни потреби на социјална интеграција и учество во животот на заедницата.

Повелбата има механизам за контрола базиран на презентација на националните извештаи од страна на државите членки (Протокол од 1991 година) како и систем на колективна жалба (Протокол од 1995 година), што дозволува, „меѓу другото“, синдикатите и невладините организации да презентираат колективни барања.

Европскиот комитет за социјални права (ЕКСП) е тело одговорно за следење на усогласеноста во државите членки со Повелбата.

Комитетот е составен од 15 независни, непристрасни членови кои ги избира Комитетот на Советот на министрите на Европа за период од шест години, обновлив еднаш.