Тероризмот никогаш не може да се прифати.
Ние мора да се бориме заедно, со методи кои не го компромитираат нашето почитување на владеење на правото и човековите права, или пак се користат како изговор за другите да прават исто. 

Ана Линд

Преглед

Користејќи студии на случај, учесниците дискутираат што е тоа што го прави некој акт -терористички и формулирање на дефиниција за тероризам.   

Поврзани права
  • Право на живот, слобода и безбедност на личноста
  • Слобода од тортура и деградирачки третман
  • Право на мир
Цели
  • Да се продлабочи разбирањето на причините за тероризмот и како да се бориме против него
  • Да развијат вештини за анализа на информации и критички да размислуваат
  • Да се поттикне рефлективен став и независно размислување
Материјали
  • Картички на случаи
  • Материјал „Поенти за разгледување”
  • Лист хартија A4 и молив за секоја мала група
  • Флипчарт и маркери
Подготовка
  • Фотокопирајте и исечете ги Картичките на случаи. Ќе ви биде потребен по еден сет за секоја група.
  • Направете копија од листот „Поенти за разгледување”, по една за секоја група. 
compass-key-date
  • 21 МајСветски ден против тероризмот

Инструкции

Прашајте ја групата што подразбираат под зборот „тероризам“. Со бура на идеи дајте неколку идеи и видете дали некој може да даде работна дефиниција. Запишете ги сите предлози на флипчартот.
1. Кажете им на учесниците дека иако постојат бројни меѓународни договори против тероризмот ниту еден од нив всушност не го дефинира терминот „тероризам“! Една од причините за ова може да биде тоа што земјите-членки на Обединетите нации честопати имаат различни толкувања на тековните конфликти и различни интереси за да класификуваат одредени дејства како „терористички“ или не.
2. Предложете дека она што можеби е потребно за да се создаде дефиниција е група на земји кои не се членки, како што е вашата група учесници! Објаснете дека активноста треба да помогне, за тие да дојдат до нивна дефиниција на тероризмот до завршување на сесијата.
3. Поделете ги учесниците во групи од по 4-5 лица и на секоја мала група дајте им по еден сет од картички со случаи и лист хартија. Замолете ги да разговараат за секоја изјава по ред и да одлучат дали истата треба да ја сметаат за чин на тероризам или не, давајќи нивни причини за тоа.
4. По околу 20 минути, доведете ги групите заедно и соберете ги резултатите. Обидете се да ги забележите главните причини кои биле дадени за некои случаи да не бидат вклучени како случаи на тероризам.
5. Накратко разговарајте за разликите меѓу групите, давајќи им на секоја страна можност да ја објасни својата одлука. Прашајте ги учесниците кои од случаите им биле најтешки да ги оценат.
6. Замолете ги учесниците да се вратат во групите за да ги формулираат сопствените дефиниции за тероризам, во согласност со одлуките што ги донесоа претходно, или врз основа на некои размислувања наведени во дискусиите.
7. По 10-15 минути, замолете ги групите да ги презентираат нивните предлози. Потоа преминете кон резимирање и евалуација.

Резимирање и евалуацијаGoto top

  • Дали беше потешко или полесно отколку што замислувавте, да го дефинирате „тероризмот“? Зошто?
  • Дали сметате дека случаите биле реални: дали некој „препозна“ некој од случаите како да се однесуваат на вистински настани? На кои настани? Дали тоа влијаеше на вашето мислење?
  • Зошто мислите дека им е толку тешко за земјите-членки на Обединетите нации да постигнат договор за дефиниција?
  • На кои начини - доколку ги има - терористичките дејствија се различни од воените? Дали мислите дека едните се повеќе оправдани од другите?
  • Дали мислите дека треба да постојат одредени основни правила кои се однесуваат на сите страни (вклучително и државите) во „војната против тероризмот“? Дали има работи што на ниту една страна не треба да му бидат дозволени да ги прави? Што?
  • Дали мислите дека дејствијата во некои од случаите може некогаш да бидат оправдани? Зошто да или зошто не?
  • Кои човекови права мислите дека се релевантни за случаите за кои разговаравте?
  • Дали некој од случаите може да се оправда од “гледна точка на човековите права”?
  • Зошто луѓето стануваат терористи? Зошто луѓето прават злосторства кои имаат за цел да предизвикаат болка или страв кај другите?
  • Дали е можно да се каже какви типови на луѓе стануваат терористи? Можете ли да замислите некогаш да имате толку силно чувство за нешто, за да размислувате да му го одземете животот на некој?
  • Дали може некогаш да биде оправдано да им се одземат животи на цивили? На терорист? Или животот на било кој?

Совети за обучувачитеGoto top

Ова прашање е очигледно многу чувствително и контроверзно, и како ќе одлучите да му пристапите во голема мера зависи од специфичните карактеристики на вашиот регион или вашата група. Чувствувајте се слободни да ги изоставите сите картичките што можеби се несоодветни, а истото очигледно се однесува и за прашањата во резимирањето. Но, исто така можеби ќе сакате да вклучите други случаи кои се повеќе релевантни за секојдневието и реалноста на вашата група.

Ако сакате активноста да биде плодна, учесниците ќе треба да имаат чувство дека можат да го изразат своето вистинско мислење без да бидат цензурирани, или од вас или од други членови на групата. Можеби ова ќе треба да го кажете на почеток и од секого да добиете потврда и согласност за доверливост. Кажете им дека целта на активноста е да се работи на тешки прашања каде што нашите емоции може да бидат во конфликт со онај одговор кој луѓето чувствуваат дека е „правилен“ 

Ако сакате неколку факти и бројки за да го стимулирате интересот на учесниците на почетокот на активноста, можете да најдете интересни статистички податоци за тероризмот на www.nationmaster.com.

Во точка 6, каде што групите се обидуваат да изнајдат сопствени дефиниции за тероризмот, би можело да биде од корист да се обезбедат некои укажувања во врска со претходните случаи, со цел да се разјаснат некои од основните заклучоци. На учесниците може да им се даде материјалот „Поенти за разгледување“ пред да работат на нивните дефиниции, или пак, можете да ги користите прашањата на крајот за да ги тестирате различните дефиниции.

Кога разговарате за димензиите на човековите права на тероризмот, бидете сигурни учесниците да бидат свесни за следниве прашања:
а) Правото на живот е сопственост на сите, како што е загарантирано во член 3 од УДЧП,
Член 2 од Европската конвенција за човекови права, како и во други меѓународни документи.
б) Дури и во време на војна - кога правилата за ангажирање се водени од меѓународното хуманитарно право (МХП) - не се дозволени намерни напади врз цивилни цели. МХП поставува одредени основни правила кои мора да се почитуваат од секоја од страните во вооружениот конфликт. (Погледнете ги дополнителните информации подолу)

Предлози за следни активности Goto top

Поттикнете ја групата да дознае повеќе за случаите во примерите, или да размислува за други случаи на тероризам во минатото и како тие напади завршиле.
Ако групата сака да ги разгледа причините зошто луѓето се вклучуваат во насилни дела, тогаш погледнете ја активноста "Фрлање камења". Ако сакате да истражите други пра[1]шања за насилството, можеби ќе сакате да ја користите активноста "Насилство во мојот живот".

Понатамошни информации Goto top

Релевантни статии во меѓународните човекови права и меѓународното хуманитарно право:

Закон за човекови права: Правото на живот
Универзална декларација за човекови права:
  „Секој има право на живот, слобода и безбедност на личноста“. (Член 3)
Европска конвенција за човекови права:
   „Правото на живот на секое лице ќе биде заштитено со закон (...)“ (Член 2)

Меѓународно хуманитарно право: Принципот на разликување
Меѓународното хуманитарно право (МХП) е тело на меѓународното право кое се применува во периоди на вооружен конфликт. МХП се однесува на сите страни во вооружениот конфликт, без разлика дали едната страна дејствува во самоодбрана или не. Тоа, исто така се однесува на меѓународни конфликти и на не-меѓународни конфликти, и се применува подеднакво на вооружените групи кои се борат против државата, но и на самата држава. Еден од најважните принципи на МХП е „Принципот на разликување“, во кој се вели дека завојуваните страни мора да прават разлика помеѓу цивилите и борците и помеѓу цивилните објекти и воените цели.
Протокол I кон Женевските конвенции:
„Цивилното население како такво, како и поединечните цивили, нема да бидат предмет на напад. Дејства или закани на насилство, чија примарна цел е ширење на терор меѓу цивилното население, се забранети“. (Член 51.2)

Меѓународно хуманитарно право: Забрана за акти на тероризам
Четврта Женевска конвенција:
„Колективните казни како и сите мерки на заплашување или на тероризам се забранети“ (член 33)
Протоколите 1 и 2 кон Женевските конвенции:
Цивилното население како такво, како и поединечните цивили, нема да биде предмет на напад. Дејства или закани на насилство, чија примарна цел е ширење на терор меѓу цивилното население, се забранети. (Член 51.2, Протокол 1 и Член 13.2, Протокол 2)

Други статии од МХП забрануваат земање на заложници и напади врз места за богослужба.

За информации за работата на Советот на Европа за тероризам, вклучувајќи ги и нејзините упатства за борбата против тероризмот и почитувањето на човековите права, погледнете ги информациите за војна и тероризам во "Глава 5".

ПрилозиGoto top

Преземи во PDF

Картички на случаи 

Случај 1: Една група води вооружена кампања за да се ослободи од тоталитарна влада. Тие ставиле бомба во Министерството за одбрана, која експлодира, при што загинаа 12 лица. Случај 2: Поединец цели на самохрани мајки заканувајќи им се преку писма за нивните бебиња. Нема случаи на пријавено насилство, но жените се премногу исплашени да ги извадат децата надвор од дома.
Случај 3: Во војна меѓу две земји, едната фрла нуклеарна бомба на другата, при што загинуваат околу 100.000 цивили.

 
Случај 4: Писмо – бомба е испратено до директорот на голема козметичка компанија, која сериозно го повредува. Анонимниот бомбаш ја обвини компанијата за искористување на животни.
Случај 5: Група води подолга кампања против воени инсталации, вклучувајќи редовна употреба на експлозиви. Голем број од припадниците на вооружените сили се убиени.
 
Случај 6: Во кампања за добивање независност, членови на етничко малцинство редовно бомбардираат јавни места. Тие претходно предупредуваат за да можат луѓето да ги евакуираат зградите, но убиени се цивили.
Случај 7: Земја поседува хемиско оружје и вели дека е подготвена да го употреби доколку се чувствува загрозена од било која друга земја. Случај 8: Група криминалци држат банка, земаат вработени како заложници, а подоцна заложниците ги убиваат за да ги покријат своите траги.
Случај 9: Националистичките групи патролираат и контролираат поголеми градови и редовно ги тепаат или заплашуваат луѓето од други етнички групи.
 
Случај 10: Тоталитарната држава го контролира своето население преку страв: секој кој зборува против неа е уапсен; луѓето редовно се апсат, се измачуваат, па дури и се егзекутираат.
Случај 11: Група организирани криминалци извлекуваат пари од локални бизнисмени. Оние кои одбиваат да ги почитуваат, ги гледаат своите имоти изгорени, а понекогаш ги убиваат и нив. Случај 12: Во тек на војна против бунтовници, окупаторската армија ги напаѓа селата со дронови (беспилотни летала).Пријавени се неколку цивилни жртви, некаде се убиени цели семејства.
Случај 13: Работниците од земјата А секој ден мора да преминат во земја Б. Пограничните чувари на Б секогаш ги малтретираат граѓаните на А,темелно проверувајќи им ги документите за лична идентификација, а често им ги претресуваат и телата. Тие често произволно ги притвораат луѓето од А. Случај 14: За време на една децениска граѓанска војна, една 19-годишна жена наишла на група од 10 бунтовници. Прво ја силувал лидерот, а потоа им заповедал на своите луѓе да го направат истото.


 
Случај 15: Во градот има меѓународна конференција. Полицијата има овластување да уапси секого и да го задржи без обвинение 12 часа. Тие ги предупредуваат луѓето да не демонстрираат. Случај 16: „Треба да работите повеќе, гробовите не се полни“, повикува гласот од радиото во Руанда.

 

 

Поенти за разгледување  

Поенти што треба да се разгледаат за време на вашите дискусии:
• Дали терористичката акција секогаш има за цел да предизвика страв (терор) меѓу населението?
• Дали некој акт ги тера луѓето да се плашат од тероризам?
• Дали држава (влада) може да се вклучи во тероризам или тероризмот секогаш е акт против формалните институции во земјата?
• Дали тероризмот секогаш има за цел да предизвика цивилни жртви или може да биде насочен против воени цели или против имот?
• Дали акт на тероризам може некогаш да биде оправдан?