(Неофицијално резиме) 

Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права (1966), заедно со Универзалната декларација за правата на човекот (1948) и Меѓународниот пакт за граѓански и граѓански и политички права (1966), го сочинуваат Меѓународниот Закон на правата на човекот (International Bill of Human Rights). Во согласност со Универзалната декларација, Пактот признаваат дека „... идеалот на слободните човечки суштества кои уживаат граѓанска и политичка слобода и слободни од страв може да се постигне само ако се создадат услови при што секој може да ужива во неговите граѓански и политички права, како и неговите економски, социјални и културни права“

Пактот влезе во сила во 1976 година и до мај 2012 година тој беше ратификуван од 160 земји.


Член 1

Сите народи имаат право на самоопределување, вклучувајќи го и правото слободно да го определуваат својот политички статус и слободно да го обезбедуваат нивниот економски, социјален и културен развој.

Член 2

Секоја држава - страна се обврзува да преземе чекори до максимум од своите расположиви ресурси за да се постигне постепено целосно остварување на правата во овој пакт. Секој има право (е подобен) на истите права без никаква дискриминација.

Член 3

Државите се обврзуваат да обезбедат еднакво право на мажите и жените да уживаатво сите права во овој договор.

Член 4

Ограничувања на овие права може да се постават само ако се компатибилни со природата на овие праваи само за целите на промовирање на општата благосостојба во едно демократско општество.

Член 5

Ниту едно лице, група или влада нема право да го уништи било кое од овие права.

Член 6

Секој има право на работа, вклучувајќи го и правото на заработка за живот со работа избрана по слободен избор и прифатена.

Член 7

Секој има право на праведни услови за работа; фер плати обезбедување пристојно живеење за себе и неговото семејство; еднаква плата за еднаква работа; безбедни и здрави работни услови; еднакви можности за секој да биде промовиран; одмор и слободно време.

Член 8

Секој има право да формира и да се приклучи на синдикати, право на штрајк.

Член 9

Секој има право на социјална безбедност, вклучувајќи социјално осигурување.

Член 10

Заштита и помош треба да му се припише на семејството. Бракот мора да се склучи со слободна согласност на двата брачни другари. Посебна заштита треба да се обезбеди за мајките. Посебни мерки треба да се преземат во име на децата, без дискриминација. Децатa и младите треба да бидат заштитени од економска експлоатација. Нивно вработување во опасни или штетни работи треба да биде забрането. Треба да има старосни ограничувања под кои работата за децата треба да биде забранета.

Член 11

Секој има право на соодветен стандард на живеење за себе и за неговото семејство, вклучувајќи соодветна храна, облека и домување. Секој има право да биде ослободен и од глад.

Член 12

Секој има право на уживање на највисокиот достижен стандард на физичко и менталното здравје.

Член 13

Секој има право на образование. Основното образование треба да биде задолжително и бесплатно на сите.

Член 14

Оние држави каде што бесплатно основно образование е задолжително, но не е достапно за сите, треба да изготват план за обезбедување на такво образование.

Член 15

Секој има право да земе дел од културниот живот; ужива во придобивките од научниот напредок.


Пактот е мониториран од Комитетот на Обединетите нации за економски, социјални и културни права.

Извор: Ресурсен центар за човекови права во Минесота, базиран врз основа на Центарот на ОН за човекови права, Меѓународниот закон за правата, Информативен лист # 2.