(Неофицијално резиме) 

Член 1: Цел 

Целта на Конвенцијата е да се промовира, да се заштити и да се обезбеди целосно уживање на сите човекови права и фундаментални слободи на сите лица со попреченост. Лица со попреченост ги вклучуваат оние кои имаат долгорочни физички, ментални, интелектуални или сензорни оштетувања кои, во интеракција со различни бариери, можат да го попречат нивното целосно и ефективно учество во општеството на рамноправна основа со другите. 

Член 2: Дефиниции 

Овој член ги дефинира некои од клучните термини што се користат во Конвенцијата вклучувајќи “комуникација”; “јазик”; “дискриминација по основ на попреченост “; “разумно приспособување” и “универзален” дизајн “. 

Член 3: Општи принципи 

Конвенцијата се заснова на принципите на почитување на достоинството; недискриминација; учество и вклучување; почитување на разликата; еднаквост на можности; пристапност; еднаквост меѓу мажите и жените; и почит кон децата. 

Член 4: Општи обврски 

Земјите мора да преземат низа мерки, со активно вклучување на лицата со попреченост, за да обезбедат и да промовираат целосно остварување на сите човекови права и основни слободи за сите лица со попреченост без дискриминација по било кој основа.

Член 5: Еднаквост и недискриминација 

Секој е еднаков пред и под законот. Секој има право на еднаква заштита и корист од законот без дискриминација. 

Член 6: Жени со попреченост 

Жените и девојките со попреченост се соочуваат со повеќекратна дискриминација. Земјите мора да ги преземат сите соодветни мерки за да обезбедат дека жените со попреченост можат целосно да ги уживаат правата и слободите утврдени во Конвенцијата. 

Член 7: Деца со попреченост 

Децата со попреченост ги имаат истите човекови права како и сите други деца. Најдобрите интереси на детето мора да бидат примарно грижа во сите активности што се однесуваат на децата со попреченост. Децата со посебни потреби имаат право да ги искажат своите ставови по сите прашања што ги засегаат. 

Член 8: Подигање на свеста 

Земјите мора да ја подигнат свеста за правата, способностите и придонесите на лицата со посебни потреби. Земјите мора да ги оспорат стереотипите и предрасудите кои се однесуваат на лицата со попреченост преку кампањи, едукација, медиуми и програми за подигање на свеста. 

Член 9: Пристапност 

Лицата со посебни потреби имаат право на пристап до сите аспекти на општеството на еднаква основа со другите, вклучувајќи ја и физичката средина, транспортот, информациите и комуникациите и други објекти и услуги обезбедени за јавноста.

Член 10: Право на живот 

Лицата со посебни потреби имаат право на живот. Земјите мора да ги преземат сите неопходни мерки за да се обезбеди дека луѓето со попреченост можат ефикасно да го уживаат ова право на еднаква основа со другите 

Член 11: Ситуации на ризик и хуманитарни итни случаи (катастрофи) 

Земјите мора да ги преземат сите неопходни мерки за да обезбедат заштита и безбедност на сите лица со попреченост во ситуации на ризик,вклучувајќи вооружен конфликт, хуманитарни итни случаи и природни катастрофи. 

Член 12: Еднакво признавање пред законот 

Лицата со попреченост,пред законот, имаат право на признавање како лица. Лицата со посебни потреби имаат правен капацитет на рамноправна основа со другите во сите аспекти на животот. Земјата мора да преземе соодветни мерки за да обезбеди поддршка за лицата со посебни потреби, така што тие можат ефикасно да го остварат својот правен капацитет. 

Член 13: Пристап до правдата 

Лицата со попреченост имаат право на ефективен пристап до правдата на еднаква основа со другите, вклучително и преку обезбедување на соодветно сместување. 

Член 14: Слобода и безбедност на личноста 

Лицата со попреченост имаат право на слобода и безбедност на личноста на еднаква основа со другите. Постоење на попреченост само по себе, не може да се користи за да се оправда лишувањето од слобода. 

Член 15:Слобода од измачување или сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување 

Лицата со попреченост имаат право да бидат ослободени од измачување и од сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување. Никој не смее да биде подложен на медицинско или научно експериментирање без негова или нејзина слободна согласност. 

Член 16: Слобода од експлоатација, насилство и злоупотреба 

Лицата со попреченост имаат право да бидат заштитени од сите форми на експлоатација, насилство и злоупотреба, вклучувајќи го и нивниот полово базиран аспект, во и надвор од домот.

Член 17: Заштита на интегритетот на личноста 

Секоја личноста со попреченост има право на почит на неговиот или нејзиниот физички и ментален интегритет на еднаква основа со другите. 

Член 18: Слобода на движење и националност

 Лицата со попреченост имаат право на државјанство. Деца со попреченост имаат право на име и да знаат (за)и да бидат згрижени од нивните родители. 

Член 19: Независно живеење и вклученост во заедницата 

Лицата со попреченост имаат право да живеат независно возаедницата. Земјите мора да обезбедат за да луѓето со попреченост имаат можност да изберат каде живеат и со кого живеат и дека им се дава потребната поддршка да го направат ова. 

Член 20: Лична мобилност 

Земјите мора да преземат ефикасни и соодветни мерки за да обезбедат лична мобилност за лицата со попреченост на начини време по нивен избор, и по пристапна цена. Луѓето сопопреченост, исто така, имаат право на пристап до квалитетни помагала за мобилност, помошни технологии и форми на помош за живот ( директна асистенција) и посредници. 

Член 21: Слобода на изразување и мислење и пристап доинформации 

Лицата со посебни потреби имаат право да се изразат, вклучувајќи ја и слободата да даваат и примаат информации и идеи преку сите форми на комуникација, вклучително и преку достапни формати и технологии, знаковни јазици, Брајово писмо, аугментативна и алтернативна комуникација, средства за јавно информирање и сите останати достапни средства за комуникација.

Член 22: Почитување на приватноста

Лицата со попреченост имаат право на приватност. Информации за лицата со посебни потреби, вклучувајќи лични информациии, информации за нивното здравје треба да бидат заштитени.

Член 23: Почитување на домот и семејството 

Лицата со попреченост имаат право да стапат во брак и да основаат семејство. Земјите мора да обезбедат ефикасна и соодветна поддршка за лицата со попреченост во подигање на децата и да обезбедат алтернативна грижа за децата со попреченост, каде што потесното семејство не е во состојба да се грижи за нив. 

Член 24: Образование 

Лицата со попреченост имаат право на образование без дискриминација. Земјите мора да обезбедат дека луѓето со попреченост можат да пристапат до инклузивно, квалитетно и бесплатно основно и средно образование во нивната заедница. Земјите исто така мора да обезбедат разумно сместување и индивидуализирана поддршка за да го максимизираат академскиот и социјалниот развој. 

Член 25: Здравје 

Лицата со попреченост имаат право да уживаат највисок достапен здравствен стандард без дискриминација.Земјите мора да ги преземат сите соодветни мерки, вклучувајќи ги и мерките што се родово сензитивни, за да се осигури дека лицата со попреченост имаат пристап до истиот опсег, квалитет и стандард на здравствена заштита која е достапна за сите други, а кои се блиску до сопствените заедници на луѓето. 

Член 26: Хабилитација и рехабилитација 

Земјите мора да преземат ефикасни и соодветни мерки за да им овозможат на лицата со попреченост да развијат, постигнат и одржат максимална способност, независност и учество преку обезбедување услуги и програми за хабилитација и рехабилитација. 

Член 27: Работа и вработување 

Лицата со попреченост имаат право на работа, вклучувајќи го и правото да работат во средина која е отворена, инклузивна и достапна.Земјите мора да преземат соодветни чекори за промовирање на можности за вработување и напредување во кариерата за лицата со посебни потреби. 

Член 28: Соодветен стандард на живеење и социјална заштита 

Лицата со попреченост имаат право на соодветен стандард на живеење, вклучувајќи храна, вода, облека и домување, како и ефикасна социјална заштита, вклучувајќи намалувањето на сиромаштијата и јавни програми за домување. 

Член 29: Учество во политичкиот и јавниот живот 

Лицата со попреченост имаат право да учествуваат во политиката и во јавните работи, како и да гласаат и да бидат избрани. 

Член 30: Учество во културен живот, рекреација, слободно време и спорт 

Лицата со попреченост имаат право да учествуваат во културниот живот на еднаква основа со другите, вклучувајќи и пристап до културни материјали, изведби и услуги, како и во рекреативни активности, активности во слободното време и спортски активности. 

Член 31: Статистика и собирање податоци 

Земјите мора да собираат информации за лицата со попреченост, со активно вклучување на лицата со посебни потреби, со што ќе можат подобро да ги разберат бариерите со кои се среќаваат и ќе ги направат правата од Конвенцијата реални. 

Членови 32-50 

Членовите 32-50 објаснуваат како земјите кои се обврзани со Конвенцијата мора да му дадат целосен ефект. Тие, исто така, ја објаснуваат одговорноста на земјите да го известат Комитетот на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост за тоа како тие ја ставаат Конвенцијата во сила.

Извор: Центар за човекови права за лица со попреченост www.disabilityhumanrights.org