Усвоен во рамките на Препораката CM / Rec (2010) 7 на Комитетот на министри

ДЕЛ I - ОПШТИ ОДРЕДБИ

Делокруг

Оваа повелба се занимава со образование за демократско граѓанствои образование за човекови права како што е дефинирано во став 2.Не се занимава експлицитно со сродни области како што се интеркултурното образование, образованието за рамноправност, образованието за одржлив развој и образованието за мир, освен кога тие се преклопуваат и се во интеракција со образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права.

Дефиниции

За целите на оваа повелба:

a. “Образование за демократско граѓанство” значи образование,обука, подигање на свеста, информации, практики и активности кои имаат за цел, со обезбедување на лицата кои учат со знаење,вештини и разбирање и развивање на нивните ставови и однесување, да ги поттикнат да ги практикуваат и да ги бранат своите демократските права и одговорности во општеството, да ја вреднуваат различноста и да играат активно учество во демократскиот живот, со поглед кон унапредување и заштита на демократијата и владеење на правото.

б) “Образование за човекови права” значи образование, обука,подигање на свеста, информации, практики и активности кои имаат за цел, со обезбедување на лицата кои учат со знаење, вештини и разбирање и развивање на нивните ставови и однесување, да ги поттикне учениците да придонесат во градењето и одбраната на универзалната култура на човековите права во општеството, со цел промоција и заштита на човековите права и фундаментални слободи.

в. “Формално образование” значи структурирано образование и систем за обука кој се одвива од пред-основно и основно преку средно училиште и потоа на универзитет. По правило, се одвива во општи или стручни образовни институции и води кон сертификација.

г. “Неформално образование” значи секоја планирана програма на образование направена со цел да се подобрат низа на вештини и компетенции, надвор од формалното образовно опкружување.

д. “ Информално учење” значи доживотен процес при што секој поединец стекнува ставови, вредности, вештини и знаење од образовните влијанија и ресурси во неговата или нејзината средина и од секојдневно искуство (семејство, врсничка група, соседи, средби, библиотека, медиуми,работа, игра, итн.).

Однос помеѓу образованието за демократско граѓанство и образование за човекови права

Образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права се меѓусебно тесно поврзани и взаемно се поддржуваат. Се разликуваат во фокус и опсегот отколку во целите и практиките. Образование за демократското граѓанство главно се фокусира на демократските права и одговорности и активното учество, во однос на граѓанските, политичките, социјалните, економските, правните и културните сфери на општеството, додека образованието за човекови права се занимава со поширокиот спектар на човековите права и фундаментални слободи во секој аспект на животот на луѓето.

Уставни структури и приоритети на земјите-членки

Целите, принципите и политиките наведени подолу треба да се применат:

a. со должно почитување на уставните структури на секоја земјачленка, користејќи средства соодветни на таквите структури;

б, имајќи ги предвид приоритетите и потребите на секоја земја членка.

ДЕЛ II - ЦЕЛИ И ПРИНЦИПИ

Цели и принципи

Следниве цели и принципи треба да им бидат водич на државите членки во врамување на нивните политики, законодавство и пракса.

a. Цел да се обезбеди можност за едукација за демократско граѓанство и образование за човекови права на секое лице во нивната територија.

б. Учењето за образование за демократско граѓанство и образование за човекови права е доживотен процес. Ефективното учење во овие области вклучува широк спектар на засегнати страни, вклучувајќи ги оние кои ја креираат политиката,образовни професионалци, оние кои учат, родители, образовни институции, образовни авторитети, државни службеници, невладини организации, младински организации, медиуми и пошироката јавност.

в. Сите средства за образование и обука, без оглед дали се формални, неформални или информални (животни), имаат улога во овој процес на учење и се вредни во промовирањето на нивните принципи и постигнувањата на нивните цели.

г. Невладини организации и младински организации имаат значаен придонес за образование за демократско граѓанство и образование за човекови права, особено преку неформалното образование и информално (животно) учење , и согласно на тоа им се потребни можности и поддршка за да го направат тој придонес.

д. Практиките и активностите на предавање и учење треба да ги следат и промовираат демократските и вредностите на човековите права; особено, управувањето со образовните институции, вклучувајќи ги и училиштата, треба да ги одразуваат и промовираат вредностите на човековите права и да го поттикнуваат зајакнувањето и активното учество на учениците, образовниот кадар и засегнатите страни,вклучувајќи ги и родителите.

ѓ. Суштински елемент на целото образование за демократско граѓанство и образование за човекови права е промоција на општествената кохезија и меѓукултурен дијалог и вреднување на различноста и еднаквоста, вклучувајќи ја родовата еднаквост; за таа цел, од суштинско значење е развивање на знаења, лични и социјални вештинии разбирање кои го намалуваат конфликтот, го зголемуваат ценењето и разбирањето на разликите меѓу верата и етничките групи, градат взаемно почитување за човековото достоинство и споделени вредности, го поттикнуваат дијалогот и промовираат ненасилство во решавањето на проблемите и споровите.

е.Една од основните цели на целото образование за демократско граѓанство и образование за човекови права не е само опремување на оние кои учат со знаење, разбирање и вештини, ами исто така, и нивно зајакнување со подготвеност да се преземе акција во општеството во одбрана и унапредување на човековите права, демократијата и владеење на правото.

ж. Тековна обука и развој на образовни професионалци и младински лидери, како и на самите обучувачи,со принципите и практиките на образование за демократско граѓанството и образованието за човекови права што е витален дел за испорака и одржливост на ефективно образование во оваа област и според тоа треба соодветно да се планираат и да се обезбедат ресурси.

з. Партнерството и соработката треба да бидат охрабрени помеѓу различните засегнати страни вклучени во образованието за демократско граѓанство и образование за човекови права на државно, регионално и на локално ниво со цел да се извлече максимумот од нивните придонеси, вклучително помеѓу креаторите на политиките, образовните професионалци, учениците, родителите, образовните институции,невладините организации, младинските организации, медиумите и јавноста. 

ѕ. Со оглед на меѓународната природа на вредностите за човекови права и обврските и заедничките принципи кои ја поткрепуваат демократијата и владеењето на правото, важно е земјите-членки да продолжат да ја поттикнуваат меѓународната и регионалната соработка во активностите опфатени со оваа повелба и да идентификуваат и разменуваат добри практики.

ДЕЛ III - ПОЛИТИКИ

Формално општо и стручно образование

Земјите-членки треба да вклучат образованието за демократско граѓанство и образование за човекови права во наставните програми за формално образование на предучилишно, основно и средно образование, како и општо и стручно образование и обука. Земјите членки исто така, треба да продолжат да го поддржуваат, прегледуваат и ажурираат образованието за демократско граѓанство и едукација за човековите права во овие наставни програми со цел да се обезбеди нивна релевантност и да се поттикне одржливоста на оваа област.

Високо образование

Земјите-членки треба да промовираат, секако со должна почит на принципот на академската слобода, вклучување на образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права во високообразовните институции, особено за идните образовни професионалци.

Демократско владеење

Земјите-членки треба да го промовираат демократското управување во сите образовни институции и како посакуван и корисен метод на владеење сам по себе, и како практично средство за учење и искусување на демократијата и почитувањето на човековите права. Тие треба да го поттикнат и да им го олеснат, со соодветни средства, активното учество на оние кои учат, образовниот кадар и засегнатите страни, вклучувајќи ги и родителите, управувањето со образовните институции.

Обука

Земјите-членки треба да обезбедат наставници, друг образовен кадар,младински лидери и обучувачи со потребните почетни и тековни обуки и развој во образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права. Ова треба да осигура дека тие имаат темелно познавање и разбирање на целите и принципите на дисциплината, соодветни методи за настава и учење, како и други клучни вештини соодветни на нивната област на образование.

Улогата на невладините организации, младинските организации и другите чинители

Земјите-членки треба да ја поттикнат улогата на невладините организации и младинските организации во образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права, особено во неформалното образование. Тие треба да ги препознаат овие организации и нивните активности како вреден дел од образовниот систем, да ги обезбедат, каде што е можно, со потребната поддршка и целосно да се искористи експертизата со која тие можат да придонесат во сите форми на образованието. Земјите-членки, исто така, треба да го промовираат и публикуваат образованието за демократско граѓанство и образованието за човековите права на другите засегнати страни, особено на медиумите и пошироката јавност, со цел да го зголемат придонесот што тие можат да го направат во оваа област.

Критериуми за евалуација

Земјите-членки треба да развијат критериуми за оценување на ефективноста на програмите за образование за демократско граѓанство и образование за човекови права. Повратните информации од лицата кои учат треба да бидат составен дел на сите вакви евалуации (оценувања).

Истражување

Земјите-членки треба да иницираат и промовираат истражувања за образованието за демократско граѓанство и образование за човекови права за да се согледаат моментните состојби во областа и да им обезбедат компаративни информации на засегнати страни, вклучувајќи ги креаторите на политиките, образовните институции, училишните лидери,наставниците, оние кои учат, невладините организации и младинските организации за да ѝм помогнат да се измери и да се зголеми нивната ефикасност и да се подобрат нивните практики. Ваквото истражување може да вклучи, меѓу другото, истражување за наставните планови, иновативни практики, методи за предавање и развојна системи за евалуација, вклучувајќи критериуми за оценување и показатели. Земјите-членки треба да ги споделат резултатите од нивното истражување со другите земји-членки и заинтересираните страни, онаму каде што е соодветно.

Вештини за промовирање на социјалната кохезија, вреднување на различноста и справување со разлики и конфликти

Во сите области на образование, земјите-членки треба да промовираат образовни пристапи и наставни методи чијашто цел е учење да се живее заедно во демократско и мултикултурно општество и да им овозможи на оние кои учат да стекнат знаења и вештини за промоција на социјална кохезија, да ги вреднуваат разновидноста и еднаквоста, да ги ценат разликитеособено помеѓу различните вери и етнички групи – и решавање на несогласувањата и конфликтите на ненасилен начин почитувајќи ги правата на другите, како и борба против сите форми на дискриминација и насилство, особено малтретирање (булинг) и и заплашување.

ДЕЛ IV - ЕВАЛУАЦИЈА И СОРАБОТКА

Евалуација и преглед

Земјите-членки треба редовно да ги проценуваат стратегиите и политиките што ги презеле во однос на постоечката Повелба и да ги приспособуваат овие стратегии и политики, како што е соодветно. Тие можат да го направат тоа во соработка со други земји-членки, на пример, на регионална основа. Секоја земјачленка може исто така да побара помош од Советот на Европа.

Соработка во понатамошните активности

Земјите-членки треба, каде што е соодветно, да соработуваат меѓусебно во остварување на целите и принципите на оваа повелба и преку Советот на Европа преку:

a. следење на темите од заеднички интерес и утврдените приоритети;

б. поттикнување на мултилатерални и прекугранични активности, вклучувајќи постојната мрежа на координатори за едукација за демократско граѓанство и образование за човекови права;

в. размена, развивање, кодирање и обезбедување на проширување на добри практики;

г.информирање на сите чинители, вклучувајќи ја и јавноста, за целите и спроведувањето на Повелбата;

д. поддржување на европските мрежи на невладини организации, младински организации и образовни професионалци и соработка меѓу нив. 

Меѓународна соработка

Земјите-членки треба да ги споделат резултатите од нивната работа за образованието за демократско граѓанство и образование за човекови права во рамки на Советот на Европа со други меѓународни организации.