Гласањето е граѓанска света тајна (светост).

Теодор Хесбург

Преглед

Оваа активност вклучува анкета на луѓе од заедницата за да истражуваат прашања во врска со гласање на избори и граѓанско учество.

Поврзани права
  • Право да се учествува во владеење и во слободни избори
  • Слобода на мислење и изразување
  • Право на мирно собирање и здружување
Цели
  • Да ги ценат причините за користење на сопствениот глас на избори
  • Да се развијат вештини за критички да се разберат и анализираат информациите
  • Да се вреднува личниот придонес на секој граѓанин во демократијата
Материјали
  • Анкетни листови 1 и 2, по еден комплет по пар
  • Копии од табела 1, белешки за тоа како да се спроведе анкетирањето, една за еден пар
  • Пенкала или моливи за секого
  • Големи листови хартија (A3) или флипчарт хартија и маркери
  • Самолеплива лента
Подготовка
  • Копираајте ја табела 2, примерок од анкетен лист, на голем лист хартија како помош за давање инструкции.
  • На флипчарт хартија, направете копии од анкетните листови 1 и 2 за запишување на резултатите.
  • Планирајте го распоредот за активноста. Ќе бидат потребни 60 минути за дел 1 (запознавање со анкетата), минимум 120 минути за дел 2 (испитување) и 90 минути за дел 3 (анализа на резултатите и резимирање и евалуација).
compass-key-date
  • 18 MартПрви парламентарни избори со универзално право на глас во Европа - во Финска во 1917 година

Инструкции

Дел 1: Воведување во истражувањето
1. Објаснете дека главната цел на оваа прва сесија е групата да се подготви да излезе во заедницата и да ги анкетира луѓето за причините за гласање или не гласање.
2. Замолете ги учесниците да се изјаснат дали планираат да гласаат на (првите) наредни национални или локални избори, или не, ако имаат можност да го направат тоа? Нека се изјаснат со дигање на рака, а потоа поделете ја групата според оние кои имаат намера да гласаат (А) и оние кои немаат намера да гласаат (Б). „Не знае“ може да се распределат по случаен избор на било која група, со цел да се балансира колку што е можно повеќе.
3. Побарајте од секоја група да состават листа на причини зошто имаат, или немаат намера да гласаат, и истите да ги запишат на големиот лист хартија. Дајте им околу 15 минути за да ги подготват нивните листи.
4. Доведете ги групите заедно и побарајте еден претставник од А и Б да „поминат“ низ листите. Дозволете време за кратка дискусија на крајот, и додадете некои дополнителни предлози за листите.
5. Разделете ги копиите од анкетните листови 1 и 2. Погледнете во големата копија што ја направивте. Бидете сигурни дека луѓето сфаќаат дека листот 1 е за запишување на одговорите на оние кои нема да гласаат (не –гласачи), а листот 2 е за запишување на одговорите на оние кои ќе гласаат (гласачи). Нагласете дека листите се слични, освен за прашањето 2, што е различно на двете листи. Поминете низ прашањата, за да бидете сигурни дека секој ги разбира.
6. Сега објаснете го методот на запишување на одговорите. Покажете ѝ на групата пример и објаснете ѝм како да го користат методот на „5-цртички“ за забележување во табелата.
7. Разделете ги копиите од белешките за тоа како да се спроведе интервју, по една копија за секој пар. Поминете преку нив и разговарајте за:

  • Како да бидат сигурни дека испитаниците се избираат по случаен избор
  • Колку луѓе ќе бидат прашани? (Колку повеќе толку подобро!)
  • Кога и каде ќе се спроведе анкетата
  • Кога ќе заврши анкетирањето
  • Времето кога треба да се вратат назад и да се дискутираат резултатите.

Дел 2: Истражувањето
1. Осигурајте се дека на сите ѝм е јасно за нивните задачи, а потоа започнете со правење на анкетата.
2. Договорете го времето за враќање.

Дел 3: Анализа на резултатите
Групите се состануваат за да ги соберат, анализираат и дискутираат резултатите. За ова треба да се дозволат 60 минути.
1. Побарајте од паровите да ги додадат своите вкупни вредности во секој квадрат и нив да ги напишат на двете големи листи. На овој начин, информациите од секоја група се организирани и вкупните вредности за целата група може да се пресметаат. Исто така, треба да ги евидентираат „причините“ што испитаниците ги имаат дадено. Ако истата причина била дадена неколку пати, избројте и забележете колку често, повторно користејќи го методот на „5-цртички“
2. Кога сите информации се организирани, замолете ги луѓето да ги пресметаат следниве статистики:

  • Вкупниот број на испитаници
  • Процентот на гласачи во вкупниот примерок и процентот на не-гласачи во вкупен примерок
  • Односот на испитаници на мажи и жени
  • Процентот на луѓе кои биле прашани во секоја возрасна група
  • Возрасна група со најмал број гласачи
  • Возрасната група со најголем број на гласачи
  • Најчесто дадени причини за не-гласање
  • Најчесто дадени причини за гласање
  • Дали повеќе луѓе дале причини (било какви) поврзани со луѓе или партии.

3. Сега продолжете да разговарате за тоа дали луѓето уживале правејќи ја анкетата, нивните искуства и што тие научиле.

Резимирање и евалуација Goto top

Во општата дискусија за резултатите можеби ќе сакате да допрете до повеќе различни прашања, на пример:

  • Какви беа чувствата на групите при спроведувањето на анкетата? Дали луѓето воглавно беа подготвени да одговораат на прашањата од анкетата?
  • Дали е тешко да се направи анкета? Дали уживаа во тоа?
  • Дали групата успеа да добие „репрезентативен“ примерок од населението како целина? Кои беа тешкотиите?
  • Кои се проблемите во извлекувањето на заклучоци од резултатите на групите? Како тие може да се избегнат?
  • Дали имаше статистички податоци кои особено ја изненадија групата?
  • Дали резултатите од истражувањето на било кој начин беа неочекувани?
  • Дали одговорите дадени од луѓето имаат тенденција да кореспондираат со чувствата во вашатa група? Дали мислите дека вашата група е „претставник“ на населението како целина?
  • Дали би направиле нешто поинаку ако повторно го спроведете анкетирањето? Дали биле направени некакви грешки?
  • Дали резултатите од вашето истражување даваат реална слика на моделите на гласање во вашата заедница? Зошто? Зошто не?
  • Дали може да се потпрете на заклучоците? Или треба да ги прифатите резултатите како несигурни (привремени)?
  • Статистиките често се презентирани како факти за поддршка на аргументите. Колку луѓето треба да бидат претпазливи со статистиката?
  • Која е сега перцепцијата во групата за потребата да го користи гласањето, или пак спротивно? Дали се сменило мислењето на некој (во било која насока!)? Ако е така, кои беа најубедливи аргументи?
  • Дали имаме човеково право да гласаме? Како демократијата се гарантира во документите за човекови права?

Совети за обучувачите Goto top

Дел 1, планирањето на истражувањето има за цел да се постават основите за вистинското анкетирање во дел 2. На самиот почеток на проектот, можеби ќе сакате експлицитно да кажете дека целта на активноста е да им даде на младите луѓе чувство за нивната сопствена вредност во придонесот кон демократскиот процес. Препорачливо е да се истакне овој аспект, наместо да се зборува за “убедување” да го користат нивниот глас. Објаснете дека сакате секој член на групата да ја донесе својата одлука на крајот од сесиите, но за да го стори тоа, за нив ќе биде важно да ги ценат многуте различни причини за гласањето кои постојат.
Обидете се да дискутирате за тоа дали луѓето гласале или не (точка 4) колку што е можно „пообјективно”, отколку да се охрабруваат „гласачите” да ги променат „не-гласачите”. Не се задржувајте премногу долго на оваа дискусија; таа е наменета да се постави сцената за истражувањето.

Пример за пополнување на листот
Анкетен лист 1: Не гласачи
Прашање 1. Во која возрасна група сте вие? (по избор ) 

  Под 25 25 – 40 40 – 60 Над 60 Не би сакал/а да кажам
Мажи
Жени

Прашање 2. Која беше вашата главна причина да не гласате на последните избори? 

Мислев дека тоа
нема да влијае
на резултатот
Не сакав да
гласам за никој 


 
Не се
согласував
со ниту една
од
предложените политики
Не сакав
да се вознемирувам



 
Друга причина (дадете детали):



 
- Не бев тука во тоа време
- Не ѝм верувам на политичарите
- Некој ме замоли да не гласам

Предлози за следни активностиGoto top

Погледнете ги информациите во материјалот за Демократија а исто така дознаjте во која година жените во вашата земја за првпат добија право на глас. Исто така, може да откриете кои групи во вашето општество денес, немаат право на глас (на пример - деца, имигранти или затвореници). Разговарајте за причините за ова и дали сметате дека е фер.
Можете исто така да организирате дебата со други групи или училишта за тоа дали возраста на која младите луѓе можат да гласаат треба да се промени.
Во едно демократско општество, има многу можности за луѓето да преземат акција за прашања кои ги засегаат нив. Активноста, "Електрична централа" им дава можност на учесниците да размислат за начините за промовирање на општествените промени.

Идеи за акција Goto top

Организирајте прослава на денот кога жените добија право на глас во вашата земја. 

Ако пронајдовте групи во вашето општество без право на глас и сте почувствувале дека ова не е праведно, напишете писмо до вашите пратеници во кое се изразува загриженоста на вашата група. Обидете се да добиете и други потписи.

Понатамошни информацииGoto top

Можеби сте заинтересирани да дознаете за Точкократија (Dotmocracy) како алатка за промовирање на учество преку гласање. Точкократија, еднаква можност и процес на партиципативно донесување на одлуки, е воспоставен метод на олеснување за собирање и приоретизирање на идеи меѓу голем број луѓе. Учесниците запишуваат идеи и ставаат точки под секоја идеја за да покажат кои од идеите ги преферираат. Конечниот резултат е визуелно, еден вид на графичко претставување на заедничките преференции на групата. http://www.dotmocracy.org/

ПрилозиGoto top

Преземи во PDF

Белешки за тоа како да се спроведе анкетирањето
Наоѓање испитаници 


Пристапете им на потенцијалните испитаници по случаен избор: со други зборови, не треба да „избирате“ луѓе кои треба да бидат вклучени или исклучени од истражувањето, бидејќи тие се млади, стари, убави или женски, и така натаму. Обидете се да избегнувате пристрасност.
Прашајте го лицето кое сакате да го анкетирате дали ќе му пречи да одговори на неколку прашања од анкета. Објаснете му кои сте, кажете му дека одговорите ќе бидат анонимни и дека резултатите од истражувањето нема да бидат јавно објавени; тие ќе се користат само во оваа група

Снимање на интервјуто 

Доколку лицето на кое му се пријде се согласи да учествува во анкетата, тогаш прашајте дали го искористиле своето право на глас во последните избори. Ако одговорот е „не“, тогаш пополнете го листот 1, Листот за „не-гласачи“. Ако одговорот е „да“ тогаш пополнете го листот 2, „Листот за гласачи“.

Прашање 1: Учесниците треба да ја кажат својата возраст само ако сакаат и ако тоа не ѝм смета. Во спротивно, треба да се стави штикла во последната колона.
Прашање 2:
Покажете ѝм ги на испитаниците опциите и замолете ги да изберат една од нив. Ако имаат поинаква причина, запишете го тоа во колоната Д. Забелешка: Разликата помеѓу Б и В е дека Б е причина која вклучува одредена личност, а В е причина која вклучува партија.

Ознаките треба да бидат јасни, за подоцна да може да се избројат. На еден лист треба да се запишат колку што е можно повеќе луѓе.За секое лице и за секое прашање треба да се стави само по една белешка.

Анкетен лист 1: не-гласачи 

Прашање 1. Во која возрасна група сте вие? (по избор) 

  Под 25 25 – 40 40 – 60 Над 60 Не би сакал/а да кажам
Мажи          
Жени          

 

Прашање 2. Која беше вашата главна причина да не гласате на последните избори? 

A. Мислев дека тоа нема да влијае на резултатот
Б. Не сакав да гласам за никого
В. Не се согласував со ниту една од предложените политики
Г. Не сакав да се вознемирувам
Д. Друга причина (дадете детали):

A B C D E

 

 

 

       

 

Анкетен лист 2: гласачи 

Прашање 1. Во која возрасна група сте вие? (по избор) 

  Под 25 25 – 40 40 – 60 Над 60 Не би сакал/а да кажам
Мажи          
Жени          

 

Прашање 2. Која беше вашата главна причина да гласате на последните избори? 

A. Чувствував дека тоа е моја демократска обврска
Б. Сакав да гласам за [лице]
В. Сакав да гласам за [партија]
Г. Не сакав [друга личност / партија] да победи
Д. Друга причина (дадете детали):

A B C D E