(Неофицијално резиме) 

Овој пакт беше усвоен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации на 16 декември 1966 година и стапи на сила 23 март 1976 година. До мај 2012 година, Пактот беше ратификуван од 167 држави.

Пактот понатаму ги елаборира граѓанските и политичките права и слободи наведени во Универзалната декларација на правата на човекот.

Според член 1 од Пактот, државите се обврзуваат да го промовираат правото на самоопределување и да го почитуваат тоа право. Исто така, ги признаваат правата на народите за слободно владеење, трговија и располагање со нивното природно богатство и ресурси.


Меѓу правата на поединците загарантирани од Пактот се :

Член 2

Право на правен надомест кога нивните права се прекршени, дури и ако насилникот дејствувал со официјален капацитет

Член 3

Правото на еднаквост помеѓу мажите и жените во уживањето на нивните граѓански и политички права.

Член 6

Право на живот и опстанок. 

Член 7

Слободата од нечовечки или понижувачки третман или казна.

Член 8

Слобода од ропство и поробување.

Член 9

Право на слобода и безбедност на личноста и слобода од произволно апсење или притвор.

Член 11

Слободата од затвор поради долг.

Член 12

Право на слобода на движење и слобода на избор на престојувалиште.

Член 14

Правото на еднаквост пред Законот; правото на претпоставка на невиност додека не се докаже вината и да се има фер и јавна расправа од непристрасен суд.

Член 16

Право на признавање како лице пред законот

Член 17

Правото на приватност и неговата заштита со закон

Член 18

Слободата на мислата, совеста и религијата.

Член 19

Слобода на мислење и изразување

Член 20

Забрана за пропаганда залагање за војна или национално,расна или верска омраза.

Член 21

Право на мирно собирање. 

Член 22

Право на слобода на здружување.

Член 23

Право на брак и основање на семејство

Член 24

Правата на деца (статус на малолетници, националност, регистрација и име).

Член 25

Право на учество во спроведување на јавни работи, да се гласа и да се биде избран и пристап до јавна услуга.

Член 26

Правото на еднаквост пред законот и еднаква заштита

Член 27

Правото, на членовите на верските, етничките или јазичните малцинства, да уживаат во својата култура, да ја практикуваат нивната религија и да го употребуваат нивниот јазик.


Пактот е правно обврзувачки; Комитетот за човекови права, воспоставен согласно член 28, го следи неговото спроведување. Првиот Факултативен протокол утврдува индивидуален жалбен механизми за ICCP. До мај 2012 година протоколот беше ратификувана од 114 држави. Вториот Факултативен протокол влезе во сила во 1991 година и има за цел укинување на смртната казна. До мај 2012 година тој беше ратификувана од 74 држави.