(Резиме)

Повелбата е дизајнирана од една страна за заштита и унапредување на регионалните и малцинските јазици како загрозени аспекти на Европското културно наследство, а од друга страна да им овозможи на говорниците на регионалниот или малцински јазик да го користат во приватниот и јавниот живот. Тоа ги опфаќа регионалните и малцинските јазици, не-територијалните јазици и помалку познатите официјални јазици.

Повелбата ги поставува главните принципи и цели врз кои државите мора да ги базираат своите политики, законодавство и пракса, и кои се сметаат како обезбедување на потребната рамка за зачувување на односните јазици.

Осумте основни принципи и цели се како што следува:

  • Признавање на регионалните или малцинските јазици како израз на културното богатство.
  • Почитување на географската област на секој регионален или малцински јазик.
  • Потребата од решителна акција за промовирање на таквите јазици.
  • Олеснување и/или поттикнување на употребата на овие јазици, во говор и пишување, во јавниот и приватниот живот.
  • Обезбедување на соодветни форми и средства за предавање и изучување на ваквите јазици во сите соодветни фази.
  • Промоција на релевантни транснационални размени.
  • Забраната на сите форми на неоправдано дистинкција, исклучување, ограничување или преферирање во врска со употребата на регионалениот или малцински јазик, а наменети да го обесхрабрат или да го загрозат неговото одржување или развој.
  • Промоција од страна на држави на меѓусебно разбирање меѓу сите јазични групи во земјата..

Понатаму, Повелбата поставува неколку конкретни мерки за промовирање на употребата на регионалните или малцинските јазици во јавниот живот. Овие мерки ги опфаќаат следните области: образование, правда, административни власти и јавни служби, медиуми, културни активности и објекти, економски и социјални активности и прекугранични размени.

Повелбата предвидува механизам за следење за да се оцени начинот на кој Повелбата се применува во државите членки со цел, каде е потребно, да дадат препораки за подобрување на своето законодавство, политика и пракса. Централен елемент механизмот на мониторингот е Комитет на независни експерти. Овој комитет:

  • го разгледува периодичниот извештај на државата;
  • онаму каде што е неопходно, се обраќа до страната со прашања во врска со нејасни делови од извештајот;
  • организира „посета на лице место“ на државата, да се сретне со властите, невладините организации или кое било друго надлежно тело со цел да се оцени примената на Повелбата;
  • ги испитува сите дополнителни информации доставени од страна на здруженија и други тела законски основани во засегнатата држава, а со интерес во областа на јазиците
  • изготвува сопствен извештај за евалуација врз основа на добиените информации и го адресира до Комитетот на министри, вклучувајќи и предлози за препораки до државите.

Еднаш на секои две години, генералниот секретар на Советот на Европа треба да го претстави деталниот извештај до Парламентарното собрание во врска со примената на Повелбата. Ова осигурува дека членовите на парламентите во Европа се постојано информирани за примената на Повелба, овозможувајќи им да направат политички притисок доколку тоа е потребно, за да ги поттикнат националните влади да преземат соодветни мерки.