(Неофицијално резиме) 

Меѓународната конвенција на Обединетите нации за елиминација на сите форми на расна дискриминација (КЕРД) се базира на Декларација за елиминација на сите форми на расна дискриминација од 1963 година.

Декларацијата има четири главни точки: 

Секоја доктрина за расна диференцијација или супериорност е научно лажна, морално осудена, социјално неправедна и опасна и нема основа во теоријата или праксата;

Расна дискриминација - и уште повеќе, владини политики засновани на расна супериорност или омраза - ги нарушуваат фундаменталните човекови права, ги загрозуваат пријателските односи меѓу луѓето, соработката меѓу народите и меѓународниот мир и безбедност;

Расната дискриминација му штети не само на оние кои се нејзин објект, туку и на оние што ја спроведуваат; 

Светско општество ослободено од расна сегрегација и дискриминација и фактори кои создаваат омраза и поделба, се фундаментална цел на Обединетите нации.


Член 1

Дефиниција за расна дискриминација: секоја дистинкција, исклучување, ограничување или претпочитање врз основа на раса, боја, потекло или национално или етничко потекло со цел или со ефект на нарушување на уживањето на човековите права на еднакво рамниште. Афирмативните акциски политики или мерки не треба да се сметаат за расна дискриминација.

Член 2

Државите членки ја осудуваат расната дискриминација и се обврзуваат да се стремат кон политика на нејзино елиминирање во сите нејзини форми. Државите членки нема да се вклучат во расна дискриминација и ќе дејствуваат за да осигураат дека ниту еден јавен орган и институција не се вклучени во дискриминација. Државите членки се обврзуваат да не спонзорираат,бранат или поддржуваат расна дискриминација од страна на било кои лица или организации. Државите членки ќе ги надгледуваат владите, националните и локалните политики и ќе изменат или укинат закони и прописи кои создаваат или одржуваат расна дискриминација. Државите членки ќе забранат и ќе стават крај на расната дискриминација од страна на сите лица, групи или организации. Државите членки ќе преземат потребни афирмативни акциски мерки за да обезбедат развој и заштита на лицата кои припаѓаат на одредени расни групи со цел да им гарантираат целосно и еднакво уживање на човековите права.

Член 3

Државите членки го осудуваат апартхејдот и се обврзуваат да ги спречат, забранат и искоренат сите такви практики на нивните територии.

Член 4

Државите членки осудуваат секаква пропаганда и сите организации засновани на идеи за расна супериорност. Државите членки се обврзуваат да дејствува за искоренување на сите поттикнувања на дискриминација и ќе забранат дисеминација на идеи засновани на расна супериорност и акти на насилство или поттикнување на насилство против која било раса.

Член 5

Државите членки се обврзуваат да ја забранат и да ја елиминираат расната дискриминација и да им гарантираат на сите без разлика, еднаквост пред законот, особено во уживањето на правата пред лицето на правдата; безбедност на личноста; политички права, вклучително и правото на глас и кандидирање за избори, на учество во владините и јавните работи, и да имаат еднаков пристап до јавната служба; правото на слобода на движење и престој; правото да напушти било која земја, вклучувајќи ја и сопствената, и да се врати во некоја земја; на право на националност; право на брак и избор на брачен другар;право на сопственост; правото на наследство; правото на слобода на мислата, совеста и религијата; правото на слобода на мислење и изразување; правото на мирно собирање и здружување; економски, социјални и културни права, а особено: правото на работа, слободен избор на вработување, на еднаква плата за еднаква работа, на праведен и поволен надомест; право да формираат и да се приклучат во синдикат; правото на домување; право на јавното здравство, медицинска грижа, социјална сигурност и социјални услуги; на право на образование и обука; право на еднакво учество во културни активности; правото на пристап до кое било место или услуга наменети за користење од страна на пошироката јавност.

Член 6

Државите членки на сите, во рамките на нивната јурисдикција, ќе им обезбедат ефективна заштита и правни лекови против акти на расна дискриминација.

Член 7

Државите членки се обврзуваат да усвојат мерки во образованието, наставата и сл. за борба против предрасудите што доведуваат до расна дискриминација.

Извор: Центар за човекови права на ОН и народно движење за учење на човековите права www.pdhre.org