Оваа активност вклучува соработка и симболизира заедничка работа за изнаоѓање решенија за проблемите.

Инструкции

1. Побарајте од учесниците да направат мали групи од по 6-8.
2. Кажете им на сите да стојат рамо до рамо во круг, со рацете испружени нанапред пред нив.
3. Тие сега треба да се посегнат и да ги фатат рацете на другите. Условите се дека: а) две лица не може да ги држат двете раце еден со друг и б) никој не треба да ја држи раката на некој кој е веднаш до него. (Резултатот е нешто што изгледа голем јазол од раце!)
4. Сега кажете им на учесниците да го расплеткаат јазолот без да ги пуштат рацете..

Совети за обучувачитеGoto top

Учесниците ќе треба да се искачат над и под своите раце. Потребно е малку трпеливост, но изненадувачкиот резултат ќе биде еден или два големи круга.

Оваа активност функционира добро како забавен начин за енергизирање. Ако сакате да направите поента, тогаш можете да ги прашате групите како се чувствувале кога првпат го направиле јазолот: Дали изгледало како луда или безнадежна задача да го отплеткаат јазолот? Кога ја завршија задачата, дали беа изненадени од таквиот резултат? Може да продолжите и да кажете дека треба да се сетат на зборовите на Махатма Ганди, „разликата помеѓу она што ние го правиме и она што сме способни да го правиме би било доволно за да ги решиме повеќето од светските проблеми“.