Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија
Кратка содржина
Проектот "Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош (БПП)во Северна Македонија" има за цел да се зголеми ефикасноста, квалитетот, пристапот и свеста за бесплатната правна помош во Северна Македонија. Поконкретно, проектот ќе се фокусира на:
- хармонизација на уредбите, политиките и праксата поврзани со бесплатната правна помош во Северна Македонија;
- градење на капацитетите на главните чинители во оваа област (Министерството за правда, Адвокатската комора и граѓанските здруженија) вклучувајќи и поструктурирана и континуирана координација меѓу главните засегнати страни;
- подигање на свеста на јавноста и на засегнатите институции во земјата за да се поддржи подобар пристап до бесплатната правна помош.
Овој проект е дел од заедничката програма на Европска Унија/Совет на Европа is part of the "Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција - фаза 2"
Очекувани резултати:
Да се хармонизираат правната рамка и политиките во однос на бесплатната правна помош во согласност со стандардите на Совет на Европа.
Да се зајакнат капацитетите на давателите на бесплатна правна помош за давање на квалитетни услуги.
Да се зголеми пристапот до бесплатната правна помош за граѓаните и да се подобри ефикасноста на бесплатната правна помош во Северна Македонија.

Времетраење: 36 месеци (мај 2019 – мај 2022)
Корисници/партнери: Северна Македонија
Финнсирање: Европска унија и Совет на Европа
Буџет: 800 000 ЕУР
*Ова назначување не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на ОБСЕ и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.