Проектот "Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија" се имплементира во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа "Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022"

Која е целта? 

Проектот за “Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија” ги поддржува властите во Северна Македонија во подобрување на идентификувањето, заштитата и помошта за жртвите на трговија со луѓе, во согласност со европските стандарди, како што е пропишано во препораките што произлегуваат од следењето на Конвенција на Советот на Европа за борбата против трговија со луѓе.

Кој има придобивки од проектот?

клучните институции: Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд, Министерството за правда, Министерството за образование и Министерството за здравство;

граѓанските организации и други клучни актери од јавниот /приватниот сектор (Стопанска комора, Агросиндикат);

групи под ризик од трговија со луѓе (вклучително и жртвите на трговија со луѓе и нивните семејства);

пошироката јавност.

Како функционира проектот?

Проектот ќе ги поддржи властите во спречувањето и борбата против трговијата со луѓе преку обезбедување на експертска помош, зголемување на капацитетите и поддршка на напорите што ги прават клучните чинители. Во оваа смисла, проектот поконкретно ќе се насочи кон:

интервенции во законодавството, поддршка во креирањето на на политики и истражувања;

мулти-дисциплинарни обуки за клучните актери;

семинари и работилници за партнерските институции;

подигање на свеста и информативни настани за граѓаните/јавноста.

Очекувани резултати:

Очекувани резултати од проектот се

 откривањето, идентификацијата и помошта на жртвите на трговија со луѓе заради трудова експлоатација ќе се подобри;

откривањето, идентификацијата и заштитата на децата – жртви на трговија со луѓе ќе се зајакне;

 пристап до обесштетување на жртвите на трговија со луѓе ќе се подобри;

 сите актери во областа на борбата против трговија со луѓе, и пошироката јавност, ќе бидат поинформирани и свесни за специфичните ранливости во ситуации на трговија со луѓе и за правата на тргуваните лица

Како да добиеме повеќе информации?

 Конвенција на Советот на Европа за борба против трговија со луѓе https://www.coe.int/en/web/conventions/full-list/-/conventions/rms/090000168008371d

 ГРЕТА извештај за земјата https://www.coe.int/en/web/anti-human-trafficking/-the-former-yugoslav-republic-of-macedonia-

ТЕЛО ЗА НАБЉУДУВАЊЕ - ГРЕТА
ПУБЛИКАЦИИ
ХЕЛП КУРС
СЛЕДЕТЕ НЕ
  
ТВИТЕР
КОНТАКТИ

Јасмина Димитриева          Раководителка на проект            + 389 2 3100 334                   контакт

Александар Ефремов         Проектен асистент                   + 389 2 3100 333                   контакт