— 10 Items per Page
Showing 1 - 10 of 15 results.

ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

Промовирање на демократијата и човековите права во образованието како и подготовка на младите луѓе со потребните вештини и алатки за да живеат во мултикултурно општество.

Креаторите на образовните политики, како и директорите на училиштата, наставниците, учениците и училишниот персонал од избраните основни и средни училишта и локални заедници се целните групи на проектот.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

  • Зајакнување на имплементацијата на одредбите поврзани со инклузивно и мултикултурно образование во Националната образовна стратегија од страна на креаторите на образовните политики, институциите и професионалците.
  • 25 пилот училишта ќе бидат поканети за да се вмрежат со локалните заедници и граѓанските организации за да обезбедат инклузивна и овозможувачка средина за учење за сите ученици.
  • Наставниците ќе добијат алатки за развивање на нови професионални вештини, практики и ставови кои подобро придонесуваат за развој на вештините за демократска култура кај учениците.

АКТИВНОСТИ

  • Извештај за мапирање и препораки за политики за имплементација на националната стратегија за образование со фокус на стратешката цел за демократска култура, човекови права и инклузивно и мултикултурно образование
  • Градење на капацитети: обуки, менторство и размена ќе бидат организирани за наставниците од полето на образование за демократско граѓанство, вештини за демократска култура и за целокупниот училишен пристап
  • Создавање национална демократска и инклузивна училишна мрежа за споделување и промовирање на добри практики
  • Училишни проекти: училиштата ќе соработуваат со граѓанските организации и другите засегнати страни во заедницата за да го имплементираат моделот на демократско управување со училиштата
  • Регионална студиска посета и размена на искуства: добри практики во создавањето демократско и инклузивно училишно управување и средини ќе бидат споделени преку студиска посета за училишни тимови и две летни академии за ученички и ученици
  • Подигање на свеста: конференции, тркалезни маси и настани за подигање на свеста на кои ќе се презентираат резултатите од проектот и ќе се подигне свеста за инклузивно и демократско образование 

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ

Овој проект е имплементиран од страна на Советот на Европа, а финансиран од Германија. Се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија од декември 2022 до ноември 2025 година.

  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page


 

КОНТАКТИ НА ПРОЕКТОТ

Ромела Поповиќ                Раководителка на проект          +389 2 3100 334                  контакт

Никола Аспровски                Проектен Асистент                                                                    контакт