Кратка содржина

Проектот “Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија” има за цел зајакнување на капацитетот на националните и локалните засегнати страни за подобро решавање на прашањата поврзани со антидискриминацијата, борба против говорот на омраза и заштита на правата на ЛГБТИ лицата во согласност со стандардите и препораките утврдени од Советот на Европа - особено оние на Европската комисија за расизам и нетолеранција (ЕКРИ), за поддршка на усогласувањето на Северна Македонија со европските стандарди во областа на основните права.

Проектот ќе работи преку комбинација на правна и стратешка поддршка на институциите; активности за градење на капацитети; размена на искуства со регионални и европски партнери; кампањи за подигнување на свеста и јавни дискусии за избрани теми против дискриминација; поддршка на невладините организации и локалните власти со мали грантови, за зајакнување на нивните капацитети за справување со дискриминацијата и подобар пристап до граѓаните.

Овој проект е дел од програмата на Советот на Европа / Европската унија „Horizontal Faclity за Западен Балкан и Турција II“.

Очекувани резултати:

Очекувани резултати од проектот се:

 да се подобри спроведувањето на анти-дискриминаторни политики и легислатива, на централно и локално ниво (особено во областа на заштита на правата на ЛГБТИ лицата и борбата против говор на омраза/криминал од омраза);

 да се подобри и зголеми дијалогот и соработката помеѓу институциите и граѓанските организации во областа на промоција и заштита на човековите права;

 да се зголеми свесноста на граѓаните за нивните права и механизмите кои ги имаат за да ги заштитат и одбранат своите права;

 да се подобри заштитата на човековите права на граѓаните на Северна Македонија и градењето на поразнолико, еднакво и толерантно општество.

ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ПРОЕКТОТ

Времетраење: 36 месеци (мај 2019 – мај 2022)

Корисници/партнери: Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Косово*, Црна Гора, Србија и Турција

Финнсирање: Европска унија и Совет на Европа

Буџет: 250 000 ЕУР

*Ова назначување не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на ОБСЕ и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

КОНТАКТ КОНТАКТ

Марија Андреева                Раководител на проект           + 389 2 3100 332                    контакт