Back Во Северна Македонија отпочнаа два курса за адвокати на платформата HELP

Во Северна Македонија отпочнаа два курса за адвокати на платформата HELP

Во Северна Македонија отпочнаа два важни курса на платформата HELP за правници и адвокати, „Насилство врз жени и домашно насилство“ и „Борба против расизам, хомофобија и трансфобија”. Околу 100 адвокати беа пријавени да ги следат онлајн курсевите на HELP организирани во соработка со Адвокатската комора на Северна Македонија и поддржани од заедничките проекти на ЕУ и на Советот на Европа, „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија ", „Промоција на разноликоста и еднаквоста во Северна Македонија“ и “HELP за Западен Балкан”.

На одржувањето на настанот, свое обраќање имаа Лејла Дервишагиќ, раководителка на оперативно работење во Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје и Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатската комора на Северна Македонија. Раководителките на проектите од Совет на Европа направија преглед на остварените постигнувања во рамките на проектот на HELP за Западен Балкан и на нивната онлајн платформа. Конкретните курсеви за „Борба против расизам, хомофобија и трансфобија” и „Насилство врз жените и домашно насилство” за адвокати во Северна Македонија коишто ќе бидат спроведени во следните недели преку тутори од Северна Македонија, сертифицирани од HELP.

Спроведувањето на онлајн курсевите на HELP за „Борба против расизам, хомофобија и трансфобија” и „Насилство врз жените и домашно насилство” е заедничка иницијатива на проектите кои се спроведуваат во Северна Македонија во рамките на заедничката програма на Европската унија и на Советот на Европа, „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022", коишто им овозможуваат на земјите-кориснички да ги постигнат европските стандарди и каде што е соодветно, да се усогласат со законодавството во рамките на процесот на проширување на ЕУ.

Скопје 30 септември 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page