Што е Horizontal Facility?

Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facility II) 2019-2022 е иницијатива за соработка на Европската унија и Советот на Европа за регионот на Западен Балкан и Турција. Нејзината имплементација е еден од резултатите од изјавата за намери потпишана на 1 април 2014 година од страна на генералниот секретар на Советот на Европа и комесарот за проширување и евро соседска политика на Европската унија, во кој двете организации се согласија да ја зајакнат својата соработка во клучни области од заеднички интерес како што се ефикасноста и независноста на судството, борбата против корупцијата, организираниот криминал и економскиот криминал, слободата на изразување и медиумите и антидискриминацијата и заштитата на правата на ранливите групи.

Во првата фаза од програмата беа вклучени разни кориснички специфични и регионални иницијативи и истата траеше од 2016 до 2019 година. Втората фаза од програмата продолжува да ги гради резултатите од првата фаза и ги проширува тематските области со нови теми клучни за регионот – како што е слобода на изразување и медиуми.

Втората фаза од програмата покрива активности во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово *, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, како и Турција и ја зајакнува регионалната димензија на програмата. Дополнително, механизмот за координација на експертизата кој обезбедува законодавна експертиза и совети за политики во рамките на системот на Советот на Европа останува важен дел од програмата достапна за сите корисници.

Програмата Horizontal Facility е развиена како флексибилен механизам кој ќе ги поддржува реформските процеси прилагодени на корисниците во областите на владеењето на правото, демократијата и човековите права, со цел нејзините корисници да ги исполнат европските стандарди.

Со подобрување на капацитетите на корисниците на програмата за справување со клучните прашања во овие области и имплементирање на препораки од релевантни мониторинг и стручни тела на Советот на Европа, Horizontal Facility придонесува за подобар живот на граѓаните од Западен Балкан и Турција.

Зошто Horizontal Facility II?

Програмата Horizontal Facility е развиена како флексибилен механизам кој ги поддржува реформските процеси прилагодени на корисниците во областите на владеењето на правото, демократијата и човековите права, со цел нејзините корисници да ги исполнат европските стандарди.

Со зајакнување на капацитетите на корисниците за справување со клучните прашања во овие области и имплементирање на препораки од релевантни мониторинг и стручни тела на Советот на Европа, Horizontal Facility придонесува кон подобар живот за граѓаните од Западен Балкан и Турција.

Колку ќе трае Horizontal Facility II?

Horizontal Facility II го спроведува Советот на Европа од мај 2019 година во период од 36 месеци.

Колку чини Horizontal Facility II?

Фондот за програмата изнесува околу 41 милиони евра (85% финансирани од Европската унија, 15% од Советот на Европа).

Што ќе направи Horizontal Facility II?

Преку Horizontal Facility, Европската унија и Советот на Европа ќе им помогнат на корисниците да се усогласат со стандардите на Советот на Европа и правото на Европската унија во рамките на процесот на проширување. Horizontal Facility се потпира на единствените методи на работа на Советот на Европа, при што активностите за техничка соработка по мерка се засноваат на заклучоците и препораките на телата за следење на Советот на Европа. Овие заклучоци и препораки ги истакнуваат за корисниците областите каде што се потребни подобрувања во нивното законодавството и политиките за усогласување со договори на oрганизацијата и други стандарди.

Темите опфатени со Horizontal Facility вклучуваат:

• Обезбедување правда;

• Борба против економскиот криминал;

• Борба против дискриминацијата и заштита на правата на ранливите групи (вклучително и ЛГБТИ, малцинствата и Ромите) и

• Слобода на изразување и слобода на медиумите.

Сите теми се клучни приоритети на двете организации во регионот на Западен Балкан и во Турција.

Сите активности на Horizontal Facility ги опфатат меѓусекторските прашања како што се вклучување на родовите аспекти во главните политики, заштитата на малцинствата и ранливите групи и на ангажирање на организации на граѓанското општество во спроведувањето на програмата.

Кој го координира Horizontal Facility II?

Механизам за координација меѓу Советот на Европа, Европската унија, канцелариите на терен на Советот на Европа, Делегациите на Европската унија и т.н. координатори на корисници на Horizontal Facility (претставници на министерствата за надворешни работи или канцеларии за европска интеграција назначени од властите на корисниците да дејствуваат како фокусни точки за имплементација на Horizontal Facility) е воспоставена со цел да се обезбеди сеопфатна и сеопфатна координација помеѓу Советот на Европа, Европската унија, заинтересираните страни и партнерите во соодветните јурисдикции, како и со други меѓународни организации.

Овој механизам за координација обезбедува синергија со другите постоечки и планирани проекти во регионот и gi olesnuva видливи и одржливи резултати на Horizontal Facility за крајните корисници и пошироката јавност.

Повеќе информации за Horizontal Facility II

* Ова назначување не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на ОБСЕ и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Сите проекти од програмата „Horizontal Facility’’ ќе се фокусираат на прашања кои покриваат повеќе области, како креирање родово свесни политики, заштита на малцинства и ранливи групи и предвидуваат вклучување на невладините организации во спроведувањето на истата.