
Добредојдовте во Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје
Северна Македонија и Советот на Европа имаат долгогодишна соработка, чии темели се поставуваат во почитувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Северна Македонија стана 38-та земја-членка на Советот на Европа на 9 ноември 1995 година и е активно вклучена во сите аспекти на мисијата и работата на нашата организација. Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје е основана во 2012 година, опфаќајќи различни проекти за соработка.
Работејќи во тесна соработка со националните власти, претставници на граѓанското општество и други партнери, канцеларијата во моментов спроведува клучни заеднички програми на Европската унија и Советот на Европа, особено Horizontal Facility II за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022 година (Horizontal Facility II), со фокус на реформата во правосудниот систем, борба против економскиот криминал, промовирање на антидискриминација и заштита на правата на ранливите групи, како и подобрување на примената на европските стандарди во областа на слободата на изразување и слободата на медиумите.
Дополнителни активности за соработка се спроведуваат во рамките на другите регионални програми, насочени кон вклучување на Ромите на локално ниво (РОМАКТЕД) и борбата против компјутерскиот криминал (iPROCEEDS).
На нашата страница можете да најдете вредни информации и клучни ресурси во врска со тековните и минатите иницијативи што се спроведуваат во рамките на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, како и важна комуникација во врска со работата и активностите на Советот на Европа. За подетални информации за активностите на проектите, исто така можете да нè следите на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.



- Канцеларија на генералниот директорат на програми
- ХЕЛП - Европска програма за Човекови права Едукација за правни професионалци
- ХЕЛП електронски курсеви
- Европска комисија за ефикасност на правдата на Советот на Европа (CEPEJ)
- Мултимедијален канал за човекови права
- Horizontal Facility 2 публикации
- ГРЕКО годишен извештај 2020


2017 извештај - Состојба на демократија, човекови права и владеење на правото

Соравиа Центар, Филип Втори Македонски бр. 3
Скопје, 1000
+ 389 (2) 3100 330