Борба против омраза и нетолеранција во Северна Македонија
Овој проект нуди поддршка во подобрување на ефективноста во борбата против дискриминацијата, говорот на омраза и злосторствата од омраза во Северна Македонија. Борбата против дискриминацијата и говорот на омраза се исто така многу тесно поврзани со ЕУ интеграциите. Овој проект нуди уникатен пристап за справување со овие појави и го поддржува зацврстувањето на капацитетите на клучните корисници и чинители за подобро да ги адресираат проблемите поврзани со антидискриминација, борба против говор на омраза и заштита на правата на ЛГБТИ лицата во линија со стандардите и препораките на Совет на Европа, особено оние на Европската комисија против расизам и нетолеранција (EКРИ), како и да го поддржи усогласувањето на Северна Македонија со европските стандарди во областа на основните човекови права.
Кои се целите на проектот?
Главните цели на проектот се:
-
Да се поддржат напорите на институциите да развијат хармонизиран институционален пристап за борба против дискриминација и говор на омраза.
-
Да се зголеми свесноста кај населението во Северна Македонија во поглед на опасностите од говорот на омраза и различните постоечки алатки за спречување и борба против говорот на омраза.
Кој има поволности од проектот?
Јавните институции и клучните чинители во овие области во Северна Македонија ќе имаат поволност и корист од техничката поддршка и иницијативите за кревање на свеста, за тие да можат да придонесат кон подобрување на политиките за недискриминација, како и политики за справување со говорот на омраза и злосторствата од омраза, како и механизмите за надомест и поддршка на страните засегнати од говор на омраза.
Крајни корисници се луѓето кои живеат во Северна Македонија и ранливите групи како ЛГБТИ лицата, помалите етнички групи, чија заштита на човековите права ќе биде подобрена.
Како ќе функционира проектот?
Проектот се надоврзува на спроведените активности и резултати од претходната фаза на програмата „Хоризонтален инструмент“ во линија со последните фокусирани теми во областа на расизмот и нетолеранцијата во Европа пренесени во годишните извештаи на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ECRI).
Проектот обезбедува поддршка за иницијативи за градање капацитети, прилагодување на постоечки алатки и методологии на Совет на Европа, техничка поддршка како дел од процесот на ЕУ интеграција на Северна Македонија, како и кревање на свеста во поглед на борбата против дискриминацијата и промоција на разноликост кај младите и населението.
Овој проект работи со претставници на Владата чиј фокус е борба против дискриминација и говор на омраза; претставници од полицијата, правосудството и правни професионалци, како и претставници од граѓанското општество и младински активисти.
Што очекуваме да постигнеме?
-
Подобрување на ефикасноста на јавните институции во поглед на реформите за борба против дискриминација, омраза и расизам во линија со европските стандарди
-
Зацврстување на капцитетите на телата за еднаквост и институциите во Северна Македонија за борба против дискриминација во линија со стандардите и препораките на ЕКИ и Акциониот план на ЕУ за борба против расизмот.
-
Зголемена и подобрена борба против говор на омраза и злосторства од омраза на централните и локалните институции на Северна Македонија и подобра заштита на жртвите
-
Зголемена свесност кај луѓето во Северна Македонија, особено ранливите групи, во поглед на опасностите кои омразата и расизмот ги предизвикуваат врз општествената кохезија и начините за справување со нив.
Колкав е буџетот на проектот?
Комплетниот буџет на проектот е 450,000 евра.
Буџетот кој е алоциран на целокупната програма „Хоризонтален инструмент“ изнесува околу 41 милион евра (85% финансирано од Европската Унија, 15% од Советот на Европа)
За „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“
„Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ е заедничка иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа кој овозможува корисниците од Западен Балкан и Турција да ги остварат своите реформски планови во полето на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што исто така е приоритет за процесот на проширување на ЕУ.
Времетраење: 48 месеци (јануари 2023 до декември 2026)
Корисници:
► Граѓаните на Северна Македонија
► Јавните институции, особено телата за еднаквост
► Полицијата, јавните обвинители и судскиот сектор
► Граѓанските организации кои работат на промоција и заштита на човековите права
Финансиран од Европската Унија и Советот на Европа
Буџет: 450,000 евра
Марија Андреева Раководителка на проект +389 2 3100 322
контакт