ОПИС НА ПРОЕКТОТ

ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Проектот „Заштита на слободата на изразување и интегритетот на информациите во Северна Македонија“ има за цел да ги зајакне слободата на изразување, слободата на медиумите и пристапот до веродостојни информации, истовремено придонесувајќи кон зајакнување на институционалната и општествената отпорност на дезинформации.

Надоврзувајќи се на долгогодишната соработка на Советот на Европа со националните институции, медиумските организации и граѓанското општество, проектот придонесува кон создавање транспарентна, плуралистичка и отпорна информативна средина во Северна Македонија, во согласност со стандардите на Советот на Европа и релевантното законодавство на Европската Унија.

Финансирање: Проектот е финансиран од Швајцарската Конфедерација преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Времетраење на проектот: 15 октомври 2026 – 31 декември 2027 година.

Имплементација: Совет на Европа, Оддел за соработка во областа на слободата на изразување.

КОЈА Е ЦЕЛТА НА ПРОЕКТОТ?       

Општата цел на проектот е зајакнување на заштитата на слободата на изразување и пристапот до информации во Северна Македонија, преку подобрување на отпорноста на дезинформации и унапредување на интегритетот на информациите.

Проектот се фокусира на две главни области:

  • Зајакнување на отпорноста на дезинформации и интегритетот на информациите преку поддршка на професионалното и етичкото новинарство, медиумската саморегулација, медиумската и дигиталната писменост и соработката меѓу релевантните чинители.
  • Зајакнување на институционалните механизми за заштита на слободата на изразување преку унапредување на капацитетите на јавните институции за заштита на слободата на медиумите, обезбедување пристап до информации и усогласување на националните практики со европските стандарди.

КОЈ ИМА ПРИДОБИВКИ ОД ПРОЕКТОТ? 

Проектот е наменет за јавните институции, медиумските професионалци, новинарите, медиумските организации, граѓанското општество и пошироката јавност во Северна Македонија.

Клучни партнери се Министерство за дигитална траснформација, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, јавниот радиодифузен сервис, новинарските здруженија, релевантните министерства, граѓанските организации и академската заедница.

Граѓаните ќе имаат придобивки преку подобрен пристап до веродостојни, независни и разновидни информации.

КАКО СЕ СПРОВЕДУВА ПРОЕКТОТ?    

Проектот комбинира експертска поддршка, градење капацитети, истражувања, дијалог за јавни политики и соработка меѓу релевантните чинители, со цел да придонесе кон одржливи подобрувања во медиумската и информативната средина.

Активностите вклучуваат:

  • Поддршка на институционалната соработка и координација во справувањето со дезинформациите.
  • Зајакнување на професионалното новинарство, етичките стандарди и медиумската саморегулација.
  • Унапредување на медиумската и дигиталната писменост, вклучително и подигнување на свеста за новите предизвици поврзани со вештачката интелигенција.
  • Обезбедување експертска и техничка поддршка и јакнење на капацитетите на јавните институции и медиумските чинители.
  • Поддршка на усогласувањето со стандардите на Советот на Европа и релевантното законодавство на ЕУ, вклучително и Европскиот акт за слобода на медиумите (EMFA) и Актот за дигитални услуги (DSA).

  КОИ РЕЗУЛТАТИ СЕ ОЧЕКУВААТ?   

Се очекува проектот да придонесе кон:

  • Зајакнати институционални капацитети за заштита на слободата на изразување, слободата на медиумите и пристапот до информации.
  • Подобрена соработка меѓу јавните институции, медиумските организации и граѓанското општество во справувањето со дезинформациите.
  • Поотпорни и попрофесионални медиуми, преку унапредување на етичкото новинарство и ефективната медиумска саморегулација.
  • Подобрена медиумска и дигитална писменост, што ќе им овозможи на граѓаните полесно да ги препознаваат дезинформациите и соодветно да реагираат на нив.
  • Поголема усогласеност со европските стандарди, придонесувајќи кон потранспарентна, плуралистичка и доверлива информативна средина.

КРАТОК ОПИС НА ПРОГРАМАТА

Проектот „Заштита на слободата на изразување и интегритетот на информациите во Северна Македонија“ се спроведува од страна на Советот на Европа, со финансиска поддршка од Швајцарската Конфедерација преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Проектот придонесува кон унапредување на слободата на изразување, слободата на медиумите и пристапот до информации, како и кон зајакнување на отпорноста на дезинформации, во согласност со европските стандарди.

Референтни документи

  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
КОНТАКТИ

Програмска канцеларија на Совет на Европа во Скопје                                    Мерсиха Усеин               Раководителка на проект     +389 2 3100 323                контакт

 

Одделение за соработка во областа на слободата на изразување при Советот на Европа          Пол Мејер                      Раководител на програма        контакт