Back Вториот состанок на Управниот одбор на проектот “Јакнење на активностите против трговијата со луѓе во Северна Македонија” се одржа во Скопје

Вториот состанок на Управниот одбор на проектот “Јакнење на активностите против трговијата со луѓе во Северна Македонија” се одржа во Скопје

Целта на вториот Управен одбор на проектот Јакнење на активностите против трговија со луѓе со цел трудова експлоатација во Северна Македонија, кој се одржа во Скопје на 12 декември, беше да се презентира целокупен преглед на имплементираните активности во 2023 и да се овозможи дискусија за позитивниот развој и за предизвиците во спречувањето и борбата против трговија со луѓе. Претставници на Делегацијата на Европската Унија, Националната Комисија за борба против трговија со луѓе, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Академијата за судии и обвинители и граѓанскиот сектор разменија мислења за различни интегрирани перспективи за ефективна и одлучна акција против трговијата со луѓе.

Клучните резултати, кои беа постигнати во соработка со институциите и граѓанскиот сектор, вклучуваат подобрена превенција за трговијата со деца преку стратегиски активности и иницијативи за подигање на свесност со деца од основни училишта. Понатаму, има подобрување во капацитетите за меѓу-институционална соработка за идентификување и упатување на жртви на трговија со луѓе за трудова експлоатација, а се комплетираа и истражувањата за новите трендови во трговијата со луѓе и за стандардите на згрижување на различни категории на жртви на трговија со луѓе. Овие тактички чекори беа преземени со целосна поддршка и посветеност на локалните корисници.  

Исто така, Управниот одбор го одобри работниот план на проектот за следните 6 месеци, додека партнерските институции и граѓанскиот сектор ги споделија своите приоритети за 2024, со цел креирање синергија и засновање на партнерство за постигнување на максимални резултати. Дискутираните приоритети вклучуваат превенција на трговија со деца за питачење, пристап кон бесплатна правна помош за жртви на трговија со луѓе, справување со трговија за трудова експлоатација и примена на препораките од истражувањето за згрижување на жртви на трговија со луѓе согласно Европските стандарди.

Проектот “Jaкнење на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија” е дел од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа  “Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција”.  

Скопје, Северна Македонија 12 декември 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page