Back СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ: Во Северна Македонија одбележан Европскиот ден на правдата 2022г.: Услугите за бесплатна правна помош го подобруваат пристапот на граѓаните до правдата

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ: Во Северна Македонија одбележан Европскиот ден на правдата 2022г.: Услугите за бесплатна правна помош го подобруваат пристапот на граѓаните до правдата

Европскиот ден на правдата 2022 денес во Северна Македонија беше одбележан со конференција на високо ниво, организирана во соработка со Министерството за правда. На конференцијата се презентираа резултатите од кампањата за подигање на свеста за бесплатна правна помош во Северна Македонија, иницијатива на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа, “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”. Претставници од Министерството за правда и неговите подрачни одделенија и канцеларии, меѓународни организации, претставници од граѓанското општество, правни клиники и други правници и адвокати се собраа на едно место да ги разменат нивните мислења, да го нагласат успехот и предизвиците поврзани со напорите за зголемување на пристапот до правда за граѓаните.

Никола Тупанчески – Министер за правда на Северна Македонија нагласи дека сите граѓани треба да имаат загарантиран пристап до правдата и до фер судење. „Системот за бесплатна правна помош гарантира дека граѓаните кои се во тешка финансиска ситуација можат да се обратат до давателите на правна помош и да побараат правна помош и адвокат финансиран од државата. Задоцнетата правда е негирана правда” истакна Тупанчески.

Во своето обраќање, Кристоф Поарел – Директор на Директоратот за човекови права при Совет на Европа се фокусираше на напредокот постигнат во остварување на услугите за бесплатна правна помош во Северна Македонија. Тој нагласи дека јавната свест и информациите се од суштинско значење. „Обезбедувајќи бесплатна правна помош за оние коишто не можат да си дозволат, системот за правна помош придонесува кон поправедно и поеднакво општество каде правдата е достапна секому, без дискриминација. Општество во кое сите можат – и треба – комплетно да ги уживаат нивните човекови права, без разлика на нивното потекло и социо-економски статус”, истакна Поарел.

Мари-Маделин Каналопулоу – Оперативна директорка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, зборуваше за поддршката која ЕУ досега ја има дадено за подобрување на правдата, нагласувајќи ја важноста од информирање на граѓаните за услугите за бесплатна правна помош. “Оваа кампања е добра можност за луѓето да дознаат, да бидат свесни за нив и да ги користат алатките коишто им се на располагање” заклучи Kанелопулоу.

Љубомир Михајловски – Претседател на Адвокатската комора ја нотираше важноста на улогата на адвокатите во давањето на бесплатна правна помош, нагласувајќи дека адвокатите имаат одговорност да им помогнат на граѓаните да добијат правда.

 

Европската унија и Советот на Европа го прославуваат Европскиот ден на правдата од 2004 година, со цел да ја доближат правдата до граѓаните и да ги информираат за нивните права и за можностите за добивање на услуги за правна помош. Кампањата за подигање на свеста за бесплатната правна помош во Северна Македонија која отпочна во октомври 2020 година допре до повеќе од половина милион луѓе, информирајќи ги како да пристапат и да ги искористат услугите за правна помош, со особен фокус на жените и на ранливите групи. Како резултат на кампањата, бројот на лица кои побарале примарна правна помош преку подрачните одделенија и канцеларии на Министерството за правда трикратно се зголеми, а вкупниот број на одобрени барања за секундарна правна помош е зголемен за 125%.

Настанот беше организиран со поддршка на заедничкиот проект на Европската унија и Совет на Европа, „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”, кој е дел од програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022”, во соработка со Министерството за правда на Северна Македонија.

Скопје 25 октомври 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page