Back Единицата за интервенции на затворската полиција на Северна Македонија се стекна искуство од полските колеги

Единицата за интервенции на затворската полиција на Северна Македонија се стекна искуство од полските колеги

Припадниците на Единицата за интервенции на затворската полиција на Северна Македонија ја оствари првата службена студиска посета во Варшава, разменувајќи искуство и најдобри практики со полската интервентна група на затворската служба (ПСИГ).

Делегацијата беше водена од в.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, заедно со пет затворски полицајци кои работат во КПУ Идризово, најголемиот затвор во Северна Македонија. Тие ја посетија казнено-поправната установа Биалолека, како и базата на полската интервентна група на затворската служба, каде имаа можност да ги видат капацитетите за обука и опрема. Во текот на вториот ден, посетителите го посетија затворот Попово, каде се наоѓа центарот за обука за затворските службеници. Се разговараше и за постапката за вработување и интерна селекција на затворската полиција, како и можностите за ресоцијализација на осудените лица.

Во изминатите две години, Советот на Европа, со поддршка од Европската Унија, ѝ помага на Управата за извршување на санкции во градењето капацитети и воспоставувањето правна рамка за интервентните единици, утврдувајќи ги правилата за ангажирање и известување, со фокус на нивната отчетност и почитување на човековите права.

Оваа активност беше спроведена во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција, односно проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија”.

Варшава, Полска 29-30 јуни 2026
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page