Припадниците на затворската полиција, како и високи претставници на Управата за извршување на санкции (УИС) ги изготвија нацрт Стандардните оперативни постапки (СОП) за Интервентните единици на затворската полиција. Оваа новина беше воведена со измените на Законот за извршување на санкции во 2024 година, кога овие единици добија мандат за справување со осудени лица од висок и многу висок ризик.
СОП ги утврдува чекорите на постапување на овие единици, вклучително и спроводот на осудените лица, претресите и постапките за известување и отчетност, со кои се обезбедува зголемена безбедност и поддршка за припадниците на затворската полиција.
Изминатата година, заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа работеше заедно со УИС на изготвување на правилникот, со што се постави правната основа за единиците за интервенции, кои влегоа во сила во ноември 2024 год. Освен одговорностите на тимот, командната структура и управувањето, правилникот ги поставува и заштитните механизми за користење на средствата за присилба, како и дисциплинската одговорност. Целта на обезбедената експертиза е да се заштитат човековите права на осудените лица, паралелно со поставувањето на ефективни процедури со кои ќе се зголеми генералната безбедност на затворите на Северна Македонија.
Оваа активност беше организирана во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција, односно проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија”.
