Проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија” им помага на властите на Северна Македонија во јакнење на реформата на затворскиот систем, како и во заштита на човековите права на осудените лица.
Во согласност со стандардите и најдобрите практики на Советот на Европа, проектот придонесува во процесот на подобрување на заштитата на човековите права на лицата кои се лишени од слобода. Проектот се спроведува во соработка со Управата за извршување на санкции (Министерство за правда), како и со Министерството за здравство.
Овој проект е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа “Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција”, кој се спроведува од 2023 до декември 2026 година.
Кои се целите и намерите на овој проект?
-
Поддржување на корисниците во јакнење на обезбедената здравствена заштита за осудените лица, како и сеопштата координација на надлежните институции
-
Подобрување на капацитетите за обука на затворскиот персонал, со што ќе се обезбеди постојана и одржлива програма, која се основа на идентификуваните потреби
-
Јакнење на процесот на подготовка за отпуст на осудените лица, како и пост-пенална помош
-
Јакнење на надзорот и мониторингот врз полицијата и затворскиот систем
-
Претставување на ефективна структура за комуницирање во затворскиот систем
Кој придобива од проектот?
Како функционира проектот?
Што очекуваме да се исполни?
Овој проект се гради врз резултатите кои беа исполнети во претходната фаза на програмата Horizontal Facility, за да се постигне подобра заштита на осудените лица, во согласност во европските стандарди. Се очекува дека преку овој проект, ќе се постигне:
-
Сеопшто подобрување во обезбедувањето здравствена заштита во затворите
-
Зајакнати капацитети за координација во Министерството за здравство, во поглед на обезбедување здравствена заштита во затворите
-
Подобрување на процесот на реинтеграција на осудените лица, како и поддршка од надлежните институции
-
Изготвување на стратегија за обука, како и програми за затворскиот персонал, кои би биле оперативни според потребите на Центарот за обука
-
Зајакнат надзор и мониторинг врз полицијата и затворите, за да се обезбеди заштита на човековите права на лицата кои се лишени од слобода.
Колкав е вкупниот буџет на овој проект?
Вкупниот буџет на проектот е 950,000 ЕУР.
Овој буџет е финансиран преку програмата Horizontal Facility, со вкупна сума од околу 41 милион ЕУР (85% финансирани од страна на ЕУ и 15% од Советот на Европа).
Како да добиете дополнителни информации?
https://www.coe.int/en/web/cooperation-in-police-and-deprivation-of-liberty
Хоризонтален инструмент веб-страна како и e-mail адреса
Повеќе информации за Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција
„Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ е заедничка иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа, со која им се овозможува на страните кои придобиваат во Западен Балкан и Турција, исполнување на нивните реформски агенди во полето на човековите права, владеењето на правото, демократијата, како и исполнувањето на европските стандарди, што е исто така приоритет на процесот на проширување на ЕУ.