Back Потпишан Меморандум за воспоставување на Мрежата на демократски и инклузивни училишта во Северна Македонија

Дваесет и пет училишта ги здружуваат силите за унапредување на демократската култура, човековите права и инклузивното образование преку национална платформа за соработка и меѓусебно учење.
Потпишан Меморандум за воспоставување на Мрежата на демократски и инклузивни училишта во Северна Македонија

Претставници на 25 училишта од Северна Македонија на 10 март 2026 година потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на Мрежата на демократски и инклузивни училишта на настан одржан во Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје. Настанот беше организиран во рамки на проектот Квалитетно образование за сите – Северна Македонија“, имплементиран од Советот на Европа со финансиска поддршка од Сојузна Република Германија.

Мрежата ги поврзува училиштата кои во изминатите три години беа вклучени во проектот и работат на зајакнување на демократското управување со училиштата, инклузивната средина за учење и соработката со локалните заедници. Преку оваа платформа, училиштата ќе продолжат да разменуваат искуства, ресурси и добри практики и да се поддржуваат меѓусебно во развојот на демократски и инклузивни образовни практики.

Иницијативата се темели на долгогодишната заложба на Советот на Европа за подготовка на младите за живот во демократски општества. Таа се потпира на клучни стандарди на Советот на Европа, вклучувајќи ја Повелбата за образование за демократско граѓанство и образование за човекови права и Референтната рамка на компетенции за демократска култура (RFCDC), кои ги промовираат дијалогот, почитувањето на различностите, инклузијата и активното учество.

За време на настанот, училиштата ја валидираа наставната публикација „Демократски училишни практики за демократски вредности – наставен ресурс за демократско поучување и учење “. Материјалот е развиен во тесна соработка со наставници, училишни тимови и национални образовни институции и содржи практични методологии и примери засновани на искуствата на 25-те пилот училишта. Неговата валидација ја потврдува неговата практична вредност како алатка за поддршка на наставниците и училишното раководство во интегрирање на демократската култура и инклузивните пристапи во наставата и училиштниот живот.

Од почетокот на имплементацијата, проектот „Квалитетно образование за сите – Северна Македонија“ придонесе за развој на демократски и инклузивни практики во 25 пилот училишта во сите статистички региони на земјата, при што во активностите беа вклучени повеќе од 1 000 образовни професионалци и засегнати страни преку обуки, менторски циклуси и политики дијалог. Проектот исто така придонесе кон унапредување на образовните политики преку Мапинг извештај и 21 препорака, кои беа земени предвид во подготовката на Националната стратегија за образование 2026–2032.

Новоформираната Мрежа на демократски и инклузивни училишта се надоврзува на овие резултати и ќе функционира како одржлива заедница на пракса, поддржувајќи меѓусебно учење, размена на добри практики и понатамошен развој на демократската култура, човековите права и инклузивното образование во националниот образовен систем.


 

Скопје, Северна Македонија 10 март 2026
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page