Back Два курсеви на ХЕЛП промовирани за судиите и обвинителите во Северна Македонија

Два курсеви на ХЕЛП промовирани за судиите и обвинителите во Северна Македонија

Два онлајн курсеви на HELP (Европска програма за едукација за човекови права за правни професионалци) беа промовирани за правните професионалци во Северна Македонија. Курсевите на тема Биоетика - Клучни човечки принципи за човековите права во биомедицината, како и Стандардите на Европскиот комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување (КСТ) се сега достапни и на истите веќе се запишани околу 100 судии, обвинители, затворски и пробациски службеници.

Курсевите се организираат во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија, со поддршка на два заеднички проекти на Европската Унија и Советот на Европа: Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола во Северна Македонија, ХЕЛП во Западен Балкан, како и Одделението за човекови права и биомедицина при Советот на Европа.

Хибридниот промотивен настан беше отворен од Лејла Дервишагиќ, раководителка на оперативно работење на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, како и проф. д-р. Наташа Габер Дамјановска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители. Ли Хибард од Одделението за човекови права и биомедицина ја презентираше работата на Советот на Европа во полето на биоетиката, додека Кристиан Лода, деск офицер за Северна Македонија во Секретаријатот на КСТ, делот поврзан со Управата за извршување на санкции.

Службениците на Советот на Европа дадоа краток осврт на досегашните успеси на ХЕЛП во Западен Балкан, како и ХЕЛП онлајн платформата. Наведените курсеви ќе бидат спроведени со правните професионалци во земјава во идните недели, од страна на сертифицирани ХЕЛП тутори од Северна Македонија.

Спроведувањето на двата курсеви за основните човечки принципи во биомедицината, како и за стандардите на КСТ се дел од заедничката иницијатива на проектите кои се спроведуваат во Северна Македонија, во рамките на заедничкиот проект Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022, кој им овозможува на институциите-корисници да ги исполнуваат европските стандарди кои се релевантни за рамките на процесот за проширување на ЕУ.

Скопје 5 - 7 октомври 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page