Back

Отпочна нов курс за правда за деца за Адвокатската комора во Северна Македонија

Скопје 7 јуни 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Отпочна нов курс за правда за деца за Адвокатската комора во Северна Македонија

Повеќе од 100 адвокати во Северна Македонија се регистрирани да присуствуваат на новиот онлајн курс на ХЕЛП (Human Rights Education for Legal Professionals) за правда за деца.

Курсот започна со поддршка на заедничките проекти на Европската унија и на Советот на Европа "Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија" ” и “HELP in the Western Balkans”, во соработка со Адвокатската комора на Северна Македонија.

Кога се соочуваат со правниот систем, децата се фрлаат директно во застрашувачкиот свет на возрасните којшто тие не можат да го разберат. Затоа е неопходно да се направи и пристапот и процесите во тој правен систем да бидат благонаклонети кон децата. Во согласност со Брајтонската декларација од 2012 година, важно е да се осигури дека професионалците кои работат во овластените институции на земјите-членки на Советот на Европа, поседуваат сеопфатни и професионални познавања за Европскиот суд за човекови права и неговата судска пракса за правда за деца.

Целта на курсот е да им се помогне на соодветните професионалци да добијат сеопфатен преглед за европските стандарди во врска со правда за деца. Ова ќе придонесе кон поуспешна и поконзистентна примена на европските стандарди во нивната секојдневна работа.

Курсот беше преведен и прилагоден на македонски јазик во 2020 година и веќе беше успешно имплементиран четири пати, во соработка со Адвокатската комора, во 2020 и во 2021 година. Успехот на првиот круг од овој курс предизвика интерес и потреба да се отпочне со нов курс со Адвокатската комора на Северна Македонија за правда за деца.

На настанот по повод отпочнување на курсот, учесниците ги добија неопходните информации за техничките аспекти на онлајн обуката за правда за деца преку HELP platform. По успешното завршување на овој курс, учесниците ќе добијат сертификати кои ќе им послужат при формалното сертифицирање на адвокати кои ќе работат на случаи со деца, во согласност со Законот за правда за деца.

Спроведувањето на онлајн курсот на ХЕЛП за правда за деца, е заедничка активност на проектите " Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија од Програмата Хоризонтален инструмент II" и “ХЕЛП за Западен Балкан” во рамките на заедничката програма на Европската унија и на Советот на Европа "Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2020".