Back Европскиот ден против трговија со луѓе одбележан на Западен Балкан

photo: Shutterstock

photo: Shutterstock

Трговијата со луѓе е сериозно прекршување на човековите права и само преку здружена акција на сите релевантни фактори - институции, граѓанското општество и професионалци, може ефективно да му се спротивставиме на овој феномен. Превенцијата и борбата против трговијата со луѓе останува еден од приоритетите на соработката помеѓу Европската Унија и Советот на Европа за Западен Балкан и Турција. Денеска, 18 октомври-Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, претставува уште еден потсетник дека оваа борба мора да биде водена од Европските стандарди, посебно од Конвенцијата за акција против трговијата со луѓе.

Групата на експерти за акција против трговија со луѓе (GRETA) ги повика властите да се спротивстават на трговијата со луѓе со употреба на технологијата и да го земат во предвид најдобриот интерес на жртвите при дизајнирање и употреба на технолошки алатки за борба против трговијата со луѓе. “Teхнологијата треба да се употреби за намалување на товарот на жртвите, пример во однос на истрагата и обвинувањето. Најдобриот интерес на жртвите треба да е средиште на секоја акција”- рече Helga Gayer, Претседателката на Групата на експерти за акција против трговијата со луѓе (GRETA), на одблежувањето на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе.

Проектите на Хоризонталната програма за Западен Балкан го одбележаа Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе.

Во соработка со Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина (БиХ) и Министерството за човекови права и бегалци, заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа “Спречување и борба против трговија со луѓе во Босна и Херцеговина организираа тркалезна маса за да го одбележат денот против трговијата со луѓе. “Трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација е во пораст, станува предоминатна во некои земји. Поради тоа, последните години, Совет на Европа вложува поголеми напори за борба против овој вид на модерно ропство”-изјави Бojaнa Урумова, Шеф на Канцеларијата на Совет на Европа во Сараево во оваа прилика.

Он-лајн панел дискусија беше одржана во Северна Македонија, во соработка со Бирото за развој на образованието за да се презентираат клучните достигнувања во однос на постигнатите ефекти за превенција и борба против трговијата со деца. Во дискусијата учествуваа претставници на Бирото, организации на граѓанското општество и експерти за проактивна идентификација и упатување на деца потенцијални жртви на трговијата со луѓе. Некои од едукативните материјали за наставниот кадар, учениците од основните и средните училишта и родителите подготвени од заедничкиот проект на Европската Унија и Совет на Европа “Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“, беа споделени на панел дискусијата.

Дигиталната платформа наменета за омладината од средни училишта, именувана Како да се заштитите од трговијата со луѓе беше лансирано пред Европскиот ден за борба против трговија со луѓе во Србија. Платформата беше креирана од страна на организациите на граѓанското општество Aтина и Центарот за заштита на човековите права, преку грант добиен од проектот на Европска Унија и Совет на Европа “Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија”. Платформата дава одговори на најзначајните прашања за проблемот: што е трговија со луѓе, како да се препознае трговец со луѓе или жртва, што може младите да направат да и помогнат на жртвата или на себе во таква ситуација, на кого да се пријави сомнение за трговија со луѓе, како да се заштитат поединците од трговија со луѓе и како да се надминат предрасудите поврзани со овој феномен.

Цврстото партнерство помеѓу Европската Унија и Совет на Европа и локалните актери, вклучително и засегнатите институции и организациите на граѓанското општество, останува камен-темелник на борбата против трговија со луѓе во регионот, со цел подобра заштита на жртвите на трговијата со луѓе согласно Европските стандарди.

Сараево, Скопје, Белград 18 октомври 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page